бугарскиот Навални Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarskiot-navalni/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Mar 2022 14:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарскиот Навални Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarskiot-navalni/ 32 32 Бојко Борисов вели: „Јас сум бугарскиот Навални“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bojko-borisov-veli-jas-sum-bugarskiot-navalni/ Thu, 24 Mar 2022 14:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=477779

Поранешниот премиер Бојко Борисов, кој минатата недела беше приведен 24 часа поради наводни корупциски дела, го поврза неговото апсење со војната во Украина. Во четвртокот, тој рече дека бил приведен откако изјавил дека ГЕРБ ќе ја поддржи владата во парламентот доколку сака да се гласа за воена помош. А бидејќи имаше загриженост дека некоја од партиите во коалицијата може да гласа против и одлуката да помине со гласовите на опозицијата, владејачката партија беше загрижена.

Моите претпоставки се овие, инаку поминаа две години, рече лидерот на ГЕРБ, пренесуваат бугарските медиуми.

Според Борисов, другата причина за неговото апсење е тоа што премиерот Кирил Петков бил убеден дека сепак доаѓаат избори и сакал во својата кампања да каже дека го уапсил Борисов. Поранешниот премиер тврди дека тоа го дознал од луѓе во владејачката коалиција.

Конкретната причина за 24-часовниот притвор на Борисов, неговиот поранешен министер за финансии Владислав Горанов и неговата советничка за медиуми, Севделина Арнаудова, беше истрагата за изнуда на коцкарскиот бос Васил Бошков, кој тврди дека им платил десетици милиони мито на Борисов и Горанов. Обвинителството сепак не виде доволно докази и приведените беа ослободени без обвинение.

Една недела по апсењето, Борисов се виде себеси во улогата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.

Сега ги имаме ситуација како во Русија, Путин со Навални, истата ситуација. Тој им наредува на сите – така, така, така – ајде, оди. Уште девет, уште осум, уште седум години затвор. Апсолутно иста ситуација. Важно е да не им објаснуваме. Зошто земаа нови кредити, зошто крадат бензин, да не ги спречуваме да ја крадат пченицата, а кога си во притвор не можеш, коментира поранешниот премиер.

The post Бојко Борисов вели: „Јас сум бугарскиот Навални“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Бојко Борисов, кој минатата недела беше приведен 24 часа поради наводни корупциски дела, го поврза неговото апсење со војната во Украина. Во четвртокот, тој рече дека бил приведен откако изјавил дека ГЕРБ ќе ја поддржи владата во парламентот доколку сака да се гласа за воена помош. А бидејќи имаше загриженост дека некоја од партиите во коалицијата може да гласа против и одлуката да помине со гласовите на опозицијата, владејачката партија беше загрижена.
Моите претпоставки се овие, инаку поминаа две години, рече лидерот на ГЕРБ, пренесуваат бугарските медиуми.
Според Борисов, другата причина за неговото апсење е тоа што премиерот Кирил Петков бил убеден дека сепак доаѓаат избори и сакал во својата кампања да каже дека го уапсил Борисов. Поранешниот премиер тврди дека тоа го дознал од луѓе во владејачката коалиција. Конкретната причина за 24-часовниот притвор на Борисов, неговиот поранешен министер за финансии Владислав Горанов и неговата советничка за медиуми, Севделина Арнаудова, беше истрагата за изнуда на коцкарскиот бос Васил Бошков, кој тврди дека им платил десетици милиони мито на Борисов и Горанов. Обвинителството сепак не виде доволно докази и приведените беа ослободени без обвинение. Една недела по апсењето, Борисов се виде себеси во улогата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.