бугарски здруженија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-zdruzenija/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Feb 2023 07:54:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски здруженија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-zdruzenija/ 32 32 На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-den-pred-istekot-na-rokot-sredba-so-osmani-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-vancho-mihajlov-ke-ja-bara-pravdata-vo-strazbur/ Wed, 15 Feb 2023 07:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=609124

Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Средбата е на барање  на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија.

Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис III“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsar-boris-ke-si-go-smeni-imeto/

За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање за промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, велат од Централен регистар за DW.

Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ вели дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур.

Утре истекува рокот од три месециво кој бугарските здруженија треба да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх.

Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември. Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише.

Охридскиот клуб „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени. Неодамна, пак, во Охрид беше натепан секретарот на клубот Христијан Пендиков, по што Бугарија итно го евакуираше со авион, а охридското обвинителство за овој случај покрена обвинение против едно лице за напад врз етничка основа.

Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

The post На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Средбата е на барање  на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија. Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис III“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур. https://republika.mk/vesti/makedonija/tsar-boris-ke-si-go-smeni-imeto/
За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање за промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, велат од Централен регистар за DW.
Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ вели дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур. Утре истекува рокот од три месециво кој бугарските здруженија треба да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх. Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември. Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише. Охридскиот клуб „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени. Неодамна, пак, во Охрид беше натепан секретарот на клубот Христијан Пендиков, по што Бугарија итно го евакуираше со авион, а охридското обвинителство за овој случај покрена обвинение против едно лице за напад врз етничка основа. Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

The post На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава, вели ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-povekje-laze-gospodarot-ili-kalfata-zaev-veli-site-bugarski-zdruzenija-toj-gi-otvora-a-kovachevski-deka-ne-go-poznava-veli-vmro-dpmne/ Sat, 08 Oct 2022 11:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=558781

Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава тој што ги отвора, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение и видеото кое го испратија, ги пренесуваме во целост:

Зоран Заев јавно како премиер, на бугарска телевизија, обраќајќи се пред се на бугарската, но и на македонската јавност рече:

„Секогаш кога се отвораат бугарски здруженија, јас сум таму, јас ги отворам, имам роднини имам луѓе таму, кои што се секој ден околу мене“.

Ова го напишавме на македонски јазик, а оригинално Заев се обидува да зборува бугарски, додека ја понижува нацијата.

Кога СДС лаже? Кога Ковачевски вели дека СДС е втемелена на народноослободителната борба на државата, или Заев кога вели дека немало фашисти, туку бугарски администратори?

Заев, како премиер и СДС како партија се главни виновници за сите бугарски негации и асимилаторска политика. Дури и најголемите бугарски шовинисти беа радосни што дочекале во својот живот некој македонски политичар да има позиции како Заев.

СДС не се тргна од матрицата на Заев.

Дезертерот Ковачевски и СДС не спречија отворање на бугарските клубови со фашистички имиња Ванчо Михајлов и Цар Борис.

https://www.youtube.com/watch?v=HGIE_MnhLFM&t=1s

The post Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава, вели ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава тој што ги отвора, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Нивното соопштение и видеото кое го испратија, ги пренесуваме во целост: Зоран Заев јавно како премиер, на бугарска телевизија, обраќајќи се пред се на бугарската, но и на македонската јавност рече: „Секогаш кога се отвораат бугарски здруженија, јас сум таму, јас ги отворам, имам роднини имам луѓе таму, кои што се секој ден околу мене“. Ова го напишавме на македонски јазик, а оригинално Заев се обидува да зборува бугарски, додека ја понижува нацијата. Кога СДС лаже? Кога Ковачевски вели дека СДС е втемелена на народноослободителната борба на државата, или Заев кога вели дека немало фашисти, туку бугарски администратори? Заев, како премиер и СДС како партија се главни виновници за сите бугарски негации и асимилаторска политика. Дури и најголемите бугарски шовинисти беа радосни што дочекале во својот живот некој македонски политичар да има позиции како Заев. СДС не се тргна од матрицата на Заев. Дезертерот Ковачевски и СДС не спречија отворање на бугарските клубови со фашистички имиња Ванчо Михајлов и Цар Борис. https://www.youtube.com/watch?v=HGIE_MnhLFM&t=1s

The post Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава, вели ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Роднина на цар Борис од Бугарија дал согласност да се регистрира здружението во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rodnina-na-car-boris-od-bugarija-dal-soglasnost-da-se-registrira-zdruzenieto-vo-ohrid/ Thu, 11 Aug 2022 19:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=539280

Родинина на бугарскиот Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа здружението во Охрид. Ова може да се протолкува од одговорт кој на барање на Канал 5 го достави Централниот регистар. Откако Министерството за правда соопшти дека здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид не доставило барање за добивање на позитивно мислење во постапката за регистрација, од Централниот регистар велат дека здружението е впишано лани во ноември во согласност со Законот за здруженија и фондации.

„Согласност од Министерство за правда не е доставено како прилог кон пријавата за упис, од причина што подносителот на истата доставил прилог доказ согласно член 49 став 2 од Законот за трговски друштва, а во врска со 8 од Законот за здруженија и фондации, имено доставил согласност од сродник за внесување на името Цар Борис III во името на Здружението

Оттаму објасуваат дека за прашањата поврзани со името на здружението се применуваат одредбите од Законот за трговски друштва според кои може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

Иако наведуваат дека основачот на здружението доставил доказ за согласност од сродник за внесување на името Цар Борис Трети, кој е доказот и кој гарантира за неговата законитост, подетални информации нема. Случајот повторно отвори оправдани дилеми дека секој може да регистрира здружение со име на личности кои длабоко задираат во чувствата поврзани со историјата. Од Министерството за правда најавија дека ваквата пракса ќе заврши по измените на Законот за здруженија и фондации на кои во моментот е ангажирана работна група.

 

The post Роднина на цар Борис од Бугарија дал согласност да се регистрира здружението во Охрид appeared first on Република.

]]>

Родинина на бугарскиот Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа здружението во Охрид. Ова може да се протолкува од одговорт кој на барање на Канал 5 го достави Централниот регистар. Откако Министерството за правда соопшти дека здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид не доставило барање за добивање на позитивно мислење во постапката за регистрација, од Централниот регистар велат дека здружението е впишано лани во ноември во согласност со Законот за здруженија и фондации.
„Согласност од Министерство за правда не е доставено како прилог кон пријавата за упис, од причина што подносителот на истата доставил прилог доказ согласно член 49 став 2 од Законот за трговски друштва, а во врска со 8 од Законот за здруженија и фондации, имено доставил согласност од сродник за внесување на името Цар Борис III во името на Здружението
Оттаму објасуваат дека за прашањата поврзани со името на здружението се применуваат одредбите од Законот за трговски друштва според кои може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда. Иако наведуваат дека основачот на здружението доставил доказ за согласност од сродник за внесување на името Цар Борис Трети, кој е доказот и кој гарантира за неговата законитост, подетални информации нема. Случајот повторно отвори оправдани дилеми дека секој може да регистрира здружение со име на личности кои длабоко задираат во чувствата поврзани со историјата. Од Министерството за правда најавија дека ваквата пракса ќе заврши по измените на Законот за здруженија и фондации на кои во моментот е ангажирана работна група.  

The post Роднина на цар Борис од Бугарија дал согласност да се регистрира здружението во Охрид appeared first on Република.

]]>
Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evreite-od-makedonija-prashuvaat-do-koga-vladata-kje-go-tolerira-bugarskiot-fashizam-shto-e-sledno-zdruzenie-adolf-hitler/ Thu, 11 Aug 2022 19:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=539271

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза.

Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!

Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“.

Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите.

На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“.

Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?

Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија.

Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“?

Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование?

Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата.

Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза. Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?! Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“. Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите. На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“. Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер? Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија. Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“? Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование? Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата. Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>