бугарски свет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-svet/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Apr 2022 10:11:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски свет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-svet/ 32 32 Радев најави побрзо добивање пасоши за сите што сакаат да бидат Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-najavi-pobrzo-dobivanje-pasoshi-za-site-shto-sakaat-da-bidat-bugari/ Wed, 06 Apr 2022 10:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=483993

Спроведувањето на Законот за бугарско државјанство мора да доведе до трајна интеграција во Бугарија на претставниците на бугарските историски заедници во странство.

Ова вчера го изјави претседателот Румен Радев на работна средба посветена на политиката за доделување бугарско државјанство на Бугарите во странство, соопшти прес-службата на шефот на државата, пренесува Трибуна.мк.

На средбата присуствуваа потпретседателката Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерката за правда Надежда Јорданова и заменик министерката за правда Јулија Ковачева.

„Претседателската институција добила бројни сигнали на наши сонародници од странство, кои се соочуваат со непремостливи пречки за добивање бугарско државјанство“, рече шефот на државата.

Договорено е да се формира работна група за обединување на напорите на институциите вклучени во процесот на издавање бугарско државјанство, која ќе ги идентификува мерките за надминување на дефицитите и контрадикторното спроведување на постојната легислатива.

Заеднички став беше дека досегашната практика доведува до тоа илјадници барања на наши сонародници во странство за бугарско државјанство да останат неодговорени со години или да се вратат поради немање доволно документи за докажување бугарско потекло, иако тоа може да се докаже на други начини предвидени со прописите. Се разговараше и за можноста за формирање привремена комисија за разгледување на неодговорени барања или одбиени барања поради формална некомплетност.

 

The post Радев најави побрзо добивање пасоши за сите што сакаат да бидат Бугари appeared first on Република.

]]>

Спроведувањето на Законот за бугарско државјанство мора да доведе до трајна интеграција во Бугарија на претставниците на бугарските историски заедници во странство.

Ова вчера го изјави претседателот Румен Радев на работна средба посветена на политиката за доделување бугарско државјанство на Бугарите во странство, соопшти прес-службата на шефот на државата, пренесува Трибуна.мк.

На средбата присуствуваа потпретседателката Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерката за правда Надежда Јорданова и заменик министерката за правда Јулија Ковачева.
„Претседателската институција добила бројни сигнали на наши сонародници од странство, кои се соочуваат со непремостливи пречки за добивање бугарско државјанство“, рече шефот на државата.
Договорено е да се формира работна група за обединување на напорите на институциите вклучени во процесот на издавање бугарско државјанство, која ќе ги идентификува мерките за надминување на дефицитите и контрадикторното спроведување на постојната легислатива. Заеднички став беше дека досегашната практика доведува до тоа илјадници барања на наши сонародници во странство за бугарско државјанство да останат неодговорени со години или да се вратат поради немање доволно документи за докажување бугарско потекло, иако тоа може да се докаже на други начини предвидени со прописите. Се разговараше и за можноста за формирање привремена комисија за разгледување на неодговорени барања или одбиени барања поради формална некомплетност.  

The post Радев најави побрзо добивање пасоши за сите што сакаат да бидат Бугари appeared first on Република.

]]>