бугарски предлог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-predlog/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 11:06:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски предлог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-predlog/ 32 32 Димитров: Ги предупредив Ковачевски и Османи за проблемите со францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/dimitrov-gi-preduprediv-kovachevski-i-osmani-za-problemite-so-frantsuskiot-predlog/ Fri, 18 Oct 2024 11:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=828454

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров вели дека на претходната влада предводена од Димитар Ковачевски и на екс-шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи им укажал на грешките околу блокадата од Бугарија и за проблемите со францускиот предлог.

Во ваква каша сме делумно од политика на паника и очај. Мора да созрее еден проблем за да се реши. Овој проблем ни го отворија соседите. И мора да најдеме начин да го решиме. Минатата влада го прифати проблемот и вети дека ќе направи нешто кое не можеше да се направи“, рече Димитров во гостувањето на емисијата „Дејли клик“.

Запрашан дали премиерот Христијан Мицкоски е во право кога вели дека претходните власти само климале со глава во Брисел и ветиле дека ќе направат нешто што не може да се направи, Димитров вели дека ова прашање е оставено од претходната влада.

Поради ова прашање се разделив од претходната влада. Јас го направив она во што верував и имав разлики кои беа јавно кажани додека бев во Владата. Предвидував што ќе се случи и се случи. Одговорноста на тогашните одлучувачи е голема, бидејќи атмосферата беше дека самите земји-членки ни рекоа: Никола, дури и за нас процесот за пристапување е црвена линија која мора да ја задржиме и да нема билатерални прашања за историја и идентитет – тоа ќе биде проширување на Пандорината кутија“, рече Димитров.

Димитров вели дека за францускиот предлог ги предупредил поранешниот премиер и поранешниот МНР.

Главните луѓе кои беа вклучени во овој процес. Ова се случи кога беа Ковачевски и Османи, а кога им се јавив да ги предупредам, одговорот беше: „ама вашата влада прифати“. И мислеа дека ќе испорачаат. Имав проблем со францускиот предлог и таа ситуација се покажа точна“, изјавил екс-министерот, на прашањето кој дозволил историјата и идентитетот да бидат вметнати во процесот.

The post Димитров: Ги предупредив Ковачевски и Османи за проблемите со францускиот предлог appeared first on Република.

]]>