бугарски писател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-pisatel/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 09:01:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски писател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-pisatel/ 32 32 „Малиот Бог на земјотресот” на Петар Денчев е приказна која проникнува во скриените односи на животот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/maliot-bog-na-zemjotresot-na-petar-denchev-e-prikazna-koja-proniknuva-vo-skrienite-odnosi-na-zhivotot/ Thu, 30 May 2024 09:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=783077

Во книжарницата „Антолог” во центарот на Скопје вчера се оддржа промоција на „Малиот бог на земјотресот”, роман од авторот Петар Денчев, во издание на „Антолог”.

Книгата низ разговор со авторот ја претстави модераторот Пепи Стамков и преведувачот на романот, Душко Крстевски.

„Малиот Бог на земјотресот” претставува приказна која проникнува во скриените односи на животот.

Книгата започнува како и многу други: со разделба. Една жена го напушта својот маж без некоја посебна причина. Го прави тоа старомодно, со белешка напишана на рака. Тој не изгледа изненаден, дури на почетокот воздивнува со олеснување дека не ѝ се случило ништо лошо. Така навлегуваме во светот на еден нереализиран филозоф кој е сопственик на цвеќарница. Во обид да ја открие мистеријата на исчезнувањето на неговата сопруга, презема трауматично патување во минатото – во својот гардеробер, среде руините на татковата куќа, по софиските улици, на брегот на Дунав, среде чаршијата во Скопје.

Преживувајќи го распаѓањето на љубовната врска, за да преживее по трагите на изгубеното, тој се става себеси на влезовите и излезите на сегашноста. Дали оваа интензивна потрага е во состојба да го надмине чувството за живот составено од страв и недостиг? Возможно ли е еден личен Бог да го стабилизира свлечиштето на животот за да го забави напредувањето на лудоста, која ги претвора луѓето во машини?

Петар Денчев е бугарски писател и театарски режисер. Дипломирал театарска режија и поставил претстави во најголемите театри во Бугарија. Книжевното деби го прави со раскази и поезија кои веднаш се наградени или номинирани на разни конкурси. Автор е на книги поезија, раскази и романи. Има објавувано во речиси сите бугарски весници и списанија како и во американското „The Litter Box Magazine” и на хрватскиот сајт „Критична маса”. Преведен е на неколку јазици.

The post „Малиот Бог на земјотресот” на Петар Денчев е приказна која проникнува во скриените односи на животот appeared first on Република.

]]>

Во книжарницата „Антолог” во центарот на Скопје вчера се оддржа промоција на „Малиот бог на земјотресот”, роман од авторот Петар Денчев, во издание на „Антолог”. Книгата низ разговор со авторот ја претстави модераторот Пепи Стамков и преведувачот на романот, Душко Крстевски.
„Малиот Бог на земјотресот” претставува приказна која проникнува во скриените односи на животот. Книгата започнува како и многу други: со разделба. Една жена го напушта својот маж без некоја посебна причина. Го прави тоа старомодно, со белешка напишана на рака. Тој не изгледа изненаден, дури на почетокот воздивнува со олеснување дека не ѝ се случило ништо лошо. Така навлегуваме во светот на еден нереализиран филозоф кој е сопственик на цвеќарница. Во обид да ја открие мистеријата на исчезнувањето на неговата сопруга, презема трауматично патување во минатото – во својот гардеробер, среде руините на татковата куќа, по софиските улици, на брегот на Дунав, среде чаршијата во Скопје. Преживувајќи го распаѓањето на љубовната врска, за да преживее по трагите на изгубеното, тој се става себеси на влезовите и излезите на сегашноста. Дали оваа интензивна потрага е во состојба да го надмине чувството за живот составено од страв и недостиг? Возможно ли е еден личен Бог да го стабилизира свлечиштето на животот за да го забави напредувањето на лудоста, која ги претвора луѓето во машини?
Петар Денчев е бугарски писател и театарски режисер. Дипломирал театарска режија и поставил претстави во најголемите театри во Бугарија. Книжевното деби го прави со раскази и поезија кои веднаш се наградени или номинирани на разни конкурси. Автор е на книги поезија, раскази и романи. Има објавувано во речиси сите бугарски весници и списанија како и во американското „The Litter Box Magazine” и на хрватскиот сајт „Критична маса”. Преведен е на неколку јазици.

The post „Малиот Бог на земјотресот” на Петар Денчев е приказна која проникнува во скриените односи на животот appeared first on Република.

]]>