бугарски пасоши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-pasoshi/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 13:38:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски пасоши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-pasoshi/ 32 32 Бугарски пасош во Албанија се купува на Фејсбук, како што може да купиш детска играчка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarski-pasosh-vo-albanija-se-kupuva-na-fejsbuk-kako-shto-mozhe-da-kupish-detska-igrachka/ Wed, 27 Dec 2023 13:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=727128

По скандалот со купувањето потврди за „букарско потекло“ во село Острени, Голо Брдо, што го открија новинарите на Фикс Фаре на Топ чанел, нов скандал открива Клан телевизија.

Под наслов „Расте цената на бугарскиот пасош во Албанија, сатирично-истражувачката емисија „Стоп“ на албанската телевизија Тв Клан открива колку „доходовен е бизнисот со бугарските пасоши во земјата, кој може да се купи преку нтернет како детска играчка“.

Се тврди дека по објавувањето на пријавата на албанска граѓанка против Лумтурие Ѓана од Тирана која и земала 8.850 евра за два бугарски пасоши, Ѓана била уапсена од страна на албанската полиција.

Уште една пријава до емисијата „Стоп“ дојде од граѓанинот Х со ветување за вадење на бугарски пасош од страна на Блерим Даци. Вели дека дал 15.000 евра, а уште 15.000 ќе ги дадел кога ќе го добиел бугарскиот пасош. Контактирал со посредникот откако имало објава на интернет дека прават оригинални бугарски пасоши. Реков да го запознаам одблиску за да го видам кој е, вели Х.

На прашањето на новинарката за што разговарале. Тој отсечно одговара – за бугарски пасош.

Чинеше 35 илјади фунти. Мене ми остави за 30 илјади евра. Прво му дадов половина, а другата половина откако ќе го добиев бугарскиот пасош. Ми рече дека во рок од 4 месеци ќе добиеш бугарска лична карта и после уште 6 месеци и пасошот и ќе ги предадеш останатите пари. Му дадов 15 илјади евра. Беше септември минатата година. Помина една година откако се занимавам со оваа приказна. Му одам дома, се расправаме за парите, ми го одложува датумот. Таткото на Блерим прифаќа. Таткото на Блерим се вика Хашим Даци, ми потпиша писмо. Барам да ги добијам парите заработени со пот, нагласува тој.

Дали сте сеуште заинтересиран за бугарскиот пасош? прашува новинарката. Граѓанинот: Не го сакам повеќе.

Откако ја добил сумата, Блерим Даци повеќе не се јавувал, а на сцена стапува неговиот татко Хашим Даци, кој преку изјава прифаќа долг од 10.000 евра но до крајот на 30 ноември кога треба да ги врати парите не го направил тоа.

Даци во видео снимка кажува дека има канцеларија во Камза (населба во Тирана), дека во моментот подготвува пасоши за други 4-5 лица, а за биде поверодостоен дека се ќе биде регулатно а не фалсификат, тој му дава број на „Албанец од Тетово кој живее во Софија и кој се занимава со вадење на бугарски пасоши“.

Тетовецот во разговорот со албанскиот граѓанин прво напоменува дека не „работат со лица кои не ги познаваат“, но отакако го споменува името на Блерим Даци, вели дека го познава, најавува дека ќе дојде „следната недела во Македонија“ и закажува средба во близина на Гостивар, каде „ ќе ручаме заедно и ќе разговараме“

Новинарите во емисијата прашуваат како полицијата не ја открива ова мрежа со бизнисот со бугарски пасоши кога се продаваат на интернет.

Бугарскиот пасош подолг период е феномен. Имам 4-5 другари кои неочекувано во 2022 им излегоа дедовците Бугари и зедоа бугарски пасоши. Бугарскиот пасош можи да го купиш на фејсбук како што можи да купиш шаховска табла, играчка за деца. Има рубрики се продаваат гуми за коли, бугарски пасоши, се неведува во емисијата.

Во првиот случај што го разоткрила телевизијата бугарски пасош вредел 9 илјади евра, сега, се додава, цената за бугарски пасош е 35 илјади фунти.

Ова е проблем кој треба да се решат државните структури, зашто пополека не само Голо Брдо, Булќиза и Пешкопеа, Бугари ќе станат многу поголерм број албански граѓани, констатира телевизијата.

The post Бугарски пасош во Албанија се купува на Фејсбук, како што може да купиш детска играчка appeared first on Република.

]]>

По скандалот со купувањето потврди за „букарско потекло“ во село Острени, Голо Брдо, што го открија новинарите на Фикс Фаре на Топ чанел, нов скандал открива Клан телевизија. Под наслов „Расте цената на бугарскиот пасош во Албанија, сатирично-истражувачката емисија „Стоп“ на албанската телевизија Тв Клан открива колку „доходовен е бизнисот со бугарските пасоши во земјата, кој може да се купи преку нтернет како детска играчка“. Се тврди дека по објавувањето на пријавата на албанска граѓанка против Лумтурие Ѓана од Тирана која и земала 8.850 евра за два бугарски пасоши, Ѓана била уапсена од страна на албанската полиција.
Уште една пријава до емисијата „Стоп“ дојде од граѓанинот Х со ветување за вадење на бугарски пасош од страна на Блерим Даци. Вели дека дал 15.000 евра, а уште 15.000 ќе ги дадел кога ќе го добиел бугарскиот пасош. Контактирал со посредникот откако имало објава на интернет дека прават оригинални бугарски пасоши. Реков да го запознаам одблиску за да го видам кој е, вели Х.
На прашањето на новинарката за што разговарале. Тој отсечно одговара – за бугарски пасош.
Чинеше 35 илјади фунти. Мене ми остави за 30 илјади евра. Прво му дадов половина, а другата половина откако ќе го добиев бугарскиот пасош. Ми рече дека во рок од 4 месеци ќе добиеш бугарска лична карта и после уште 6 месеци и пасошот и ќе ги предадеш останатите пари. Му дадов 15 илјади евра. Беше септември минатата година. Помина една година откако се занимавам со оваа приказна. Му одам дома, се расправаме за парите, ми го одложува датумот. Таткото на Блерим прифаќа. Таткото на Блерим се вика Хашим Даци, ми потпиша писмо. Барам да ги добијам парите заработени со пот, нагласува тој.
Дали сте сеуште заинтересиран за бугарскиот пасош? прашува новинарката. Граѓанинот: Не го сакам повеќе. Откако ја добил сумата, Блерим Даци повеќе не се јавувал, а на сцена стапува неговиот татко Хашим Даци, кој преку изјава прифаќа долг од 10.000 евра но до крајот на 30 ноември кога треба да ги врати парите не го направил тоа. Даци во видео снимка кажува дека има канцеларија во Камза (населба во Тирана), дека во моментот подготвува пасоши за други 4-5 лица, а за биде поверодостоен дека се ќе биде регулатно а не фалсификат, тој му дава број на „Албанец од Тетово кој живее во Софија и кој се занимава со вадење на бугарски пасоши“. Тетовецот во разговорот со албанскиот граѓанин прво напоменува дека не „работат со лица кои не ги познаваат“, но отакако го споменува името на Блерим Даци, вели дека го познава, најавува дека ќе дојде „следната недела во Македонија“ и закажува средба во близина на Гостивар, каде „ ќе ручаме заедно и ќе разговараме“ Новинарите во емисијата прашуваат како полицијата не ја открива ова мрежа со бизнисот со бугарски пасоши кога се продаваат на интернет.
Бугарскиот пасош подолг период е феномен. Имам 4-5 другари кои неочекувано во 2022 им излегоа дедовците Бугари и зедоа бугарски пасоши. Бугарскиот пасош можи да го купиш на фејсбук како што можи да купиш шаховска табла, играчка за деца. Има рубрики се продаваат гуми за коли, бугарски пасоши, се неведува во емисијата.
Во првиот случај што го разоткрила телевизијата бугарски пасош вредел 9 илјади евра, сега, се додава, цената за бугарски пасош е 35 илјади фунти.
Ова е проблем кој треба да се решат државните структури, зашто пополека не само Голо Брдо, Булќиза и Пешкопеа, Бугари ќе станат многу поголерм број албански граѓани, констатира телевизијата.

The post Бугарски пасош во Албанија се купува на Фејсбук, како што може да купиш детска играчка appeared first on Република.

]]>
Измамничка им ги собрала парите, а не им обезбедила бугарски пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izmamnichka-im-gi-sobrala-parite-a-ne-im-obezbedila-bugarski-pasoshi/ Wed, 27 Dec 2023 10:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=727043

Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера во 14 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи. Но, до пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари.

Истото лице, поради сомнение за иста измама вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел и платил 25.800 денари.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, велат од СВР Тетово.

The post Измамничка им ги собрала парите, а не им обезбедила бугарски пасоши appeared first on Република.

]]>

Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера во 14 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи. Но, до пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради сомнение за иста измама вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел и платил 25.800 денари. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, велат од СВР Тетово.

The post Измамничка им ги собрала парите, а не им обезбедила бугарски пасоши appeared first on Република.

]]>
Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-tri-litsa-za-izdavane-lazhni-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-vo-golo-brdo/ Thu, 21 Dec 2023 13:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=725332

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло.

Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра).

Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.

Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Брдо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.

Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени.

Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

The post Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло. Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра). Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.
Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Брдо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.
Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени. Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

The post Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>
Поднесени преку 20.000 барања за бугарски пасош по основ на потекло https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/podneseni-preku-20-000-barana-za-bugarski-pasosh-po-osnov-na-poteklo/ Mon, 04 Dec 2023 20:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=719646

Документи за стекнување бугарско државјанство по основ на потекло годинава поднеле вкупно 20.817 странци, соопшти бугарскиот министерот за правда Атанас Славов во одговор на пратеничко прашање.

Како што пренесува бугарскиот портал Медиапул, оваа година е забележан значителен пораст на интересот за бугарски пасоши по основ на потекло од Бугарија. За цела 2022 година имало 16.711, во 2021 година – 15.809, а во 2020 година биле креирани 9.639 досиеја.

Најголем број барања поднеле турски државјани (5935), потоа, на второ место се барањата за државјанство од Украина (3141), каде што има голема бугарска дијаспора. Следуваат барања за државјанство од Албанија (2.992), Македонија (2.990), Русија – 2.261, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361 и само четири барања од државјани на Косово.

Минатата година најголем број нови процедури за државјанство поднеле државјани на Украина (4.508), а многу помалку државјани на Турција (3.031), пренесува БТА.

Одделно, во 2023 година се покренати вкупно 2.695 постапки за стекнување бугарско државјанство по основ на натурализација. Станува збор за државјани на Русија, Украина, Ерменија, Ирак, Сирија, Авганистан, Либан, како и лица без државјанство, лица со хуманитарен статус и бегалци. Според законот, бугарски пасоши можат да добијат лица кои претходно добиле право на постојан престој во земјата.

The post Поднесени преку 20.000 барања за бугарски пасош по основ на потекло appeared first on Република.

]]>

Документи за стекнување бугарско државјанство по основ на потекло годинава поднеле вкупно 20.817 странци, соопшти бугарскиот министерот за правда Атанас Славов во одговор на пратеничко прашање. Како што пренесува бугарскиот портал Медиапул, оваа година е забележан значителен пораст на интересот за бугарски пасоши по основ на потекло од Бугарија. За цела 2022 година имало 16.711, во 2021 година – 15.809, а во 2020 година биле креирани 9.639 досиеја. Најголем број барања поднеле турски државјани (5935), потоа, на второ место се барањата за државјанство од Украина (3141), каде што има голема бугарска дијаспора. Следуваат барања за државјанство од Албанија (2.992), Македонија (2.990), Русија – 2.261, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361 и само четири барања од државјани на Косово. Минатата година најголем број нови процедури за државјанство поднеле државјани на Украина (4.508), а многу помалку државјани на Турција (3.031), пренесува БТА. Одделно, во 2023 година се покренати вкупно 2.695 постапки за стекнување бугарско државјанство по основ на натурализација. Станува збор за државјани на Русија, Украина, Ерменија, Ирак, Сирија, Авганистан, Либан, како и лица без државјанство, лица со хуманитарен статус и бегалци. Според законот, бугарски пасоши можат да добијат лица кои претходно добиле право на постојан престој во земјата.

The post Поднесени преку 20.000 барања за бугарски пасош по основ на потекло appeared first on Република.

]]>
Албански политичари помагаат во делење на бугарски пасоши меѓу Македонците во Голобрдо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanski-politichari-pomagaat-vo-delene-na-bugarski-pasoshi-megu-makedontsite-vo-golobrdo/ Tue, 06 Jun 2023 08:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=648270

Покрај во Македонија, Бугарија не бира начин и пари да „создадат“ нови Бугари во соседните земји. Давањето бугарски пасоши зема завав во Албанија во деловите населени со македонско малцинство. Во тоа помош имаат од официјалните албански власти кои се фалат за логистичката поддршка што им им ја даваат на пријателите од Бугарија.

Претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за малцинства во Албанија, Милена Селими на својот Фејсбук прифил се пофали дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши.

На средбата со македонското малцинство присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала.

Дел од Македонците во Албанија поради лошата економска состојба се принудени да вадат бугарски пасоши а официјалната политика во Софија тоа вешто го користи.

Во целава ситација проблматично е однесувањето на овие службеници кои ги плаќа албанската држава а која отворено работи за бугарските интереси.

Се очекува со свој став да излезат со реакција официјалните албански власти, нашинците во Албанија, но и канцеларијата на ЕУ во Бугарија која треба да се изјасни дали ја поддржува Бугарија во асимилацијата на Македонците.

The post Албански политичари помагаат во делење на бугарски пасоши меѓу Македонците во Голобрдо appeared first on Република.

]]>

Покрај во Македонија, Бугарија не бира начин и пари да „создадат“ нови Бугари во соседните земји. Давањето бугарски пасоши зема завав во Албанија во деловите населени со македонско малцинство. Во тоа помош имаат од официјалните албански власти кои се фалат за логистичката поддршка што им им ја даваат на пријателите од Бугарија. Претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за малцинства во Албанија, Милена Селими на својот Фејсбук прифил се пофали дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши. На средбата со македонското малцинство присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала. Дел од Македонците во Албанија поради лошата економска состојба се принудени да вадат бугарски пасоши а официјалната политика во Софија тоа вешто го користи. Во целава ситација проблматично е однесувањето на овие службеници кои ги плаќа албанската држава а која отворено работи за бугарските интереси. Се очекува со свој став да излезат со реакција официјалните албански власти, нашинците во Албанија, но и канцеларијата на ЕУ во Бугарија која треба да се изјасни дали ја поддржува Бугарија во асимилацијата на Македонците.  

The post Албански политичари помагаат во делење на бугарски пасоши меѓу Македонците во Голобрдо appeared first on Република.

]]>
По Пендиков, бугарски пасоши добиваат и првите луѓе на затворениот клуб „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-pendikov-bugarski-pasoshi-dobivaat-i-prvite-luge-na-zatvoreniot-klub-vancho-mihajlov/ Fri, 19 May 2023 07:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=642526

Претседателот и секретарот на затворениот бугарски културен центар „Иван Михајлов“ од Битола ќе добијат бугарско државјанство. На Љупчо Георгиевски и Благоја Шаторов бугарските пасоши ќе им ги врачи претседателот Румен Радев на свечена церемонија во неговата резиденција, соопшти БНР.

Указите за добивање бугарско државјанство, врз основа на нивното бугарско потекло, ги потпишала потпретседателката Илијана Јотова.

Минатата недела бугарско државјанство доби и секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков.

The post По Пендиков, бугарски пасоши добиваат и првите луѓе на затворениот клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот и секретарот на затворениот бугарски културен центар „Иван Михајлов“ од Битола ќе добијат бугарско државјанство. На Љупчо Георгиевски и Благоја Шаторов бугарските пасоши ќе им ги врачи претседателот Румен Радев на свечена церемонија во неговата резиденција, соопшти БНР. Указите за добивање бугарско државјанство, врз основа на нивното бугарско потекло, ги потпишала потпретседателката Илијана Јотова.   Минатата недела бугарско државјанство доби и секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков.

The post По Пендиков, бугарски пасоши добиваат и првите луѓе на затворениот клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Петров: Бугаризација е кога 150.000 граѓани ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrov-bugarizacija-e-koga-150-000-gragjani-kje-zemat-bugarski-pasosh-za-da-baraat-perspektiva/ Fri, 07 Oct 2022 14:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=558482

Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна вистински патриотизам и штитење на македонските интереси е полноправно членство во ЕУ, додавајќи дека местото на државите од Западен Балкан е во ЕУ и нема друга алтернатива.

-Вистинско штитење на националните интереси е Македонија да стане членка на ЕУ, затоа што тоа е најголемиот штитник на националните интереси. Бугаризација е кога 150.000 граѓани на Македонија ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива од економски карактер, наместо тоа треба да им понудиме тука, како земја членка на ЕУ каде што никој нема потреба да прави такви работи и на тој начин посилно се бранат националните интереси, рече Петров.

Скринингот е во тек, а европската политичка заедница, треба да се искористи, земји кои не се членки на ЕУ на иста маса со членките на ЕУ да ги кажат своите заложби, без вообичаените стеги на строгата оранизација на ЕУ, истакна Петров, додавајќи дека треба да се користи секоја можност да се седне на маса со колегите од Европа да се разменат мислења.

Тој нагласи во интерес на државата е да го смени Уставот и да се додадат делови од други народи во нашиот устав.

Прво ова нема да наштети на националните интереси на државата, а од друга страна ќе се добие многу и второ тоа е гаранција дека ние сме посебен народ, штом дел од некој народ го внесувате во Уставот, тоа е најголем демант на тезата дека ова е еден народ во две држави, истакна Петров.

Државата има корист да ги разреши пречките што стојат на патот кон ЕУ, да најде консензус помеѓу клучните политички фактори во државата и да оди напред, да ја респектира изјавата на евро-амбасадорот дека очигледна е желбата на САД и ЕУ Македонија да се стави на брза трака заедно со Албанија да влезе во ЕУ што побрзо и на тој начин да се затворат отворените прашања на Балканот, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

The post Петров: Бугаризација е кога 150.000 граѓани ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива appeared first on Република.

]]>

Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна вистински патриотизам и штитење на македонските интереси е полноправно членство во ЕУ, додавајќи дека местото на државите од Западен Балкан е во ЕУ и нема друга алтернатива.
-Вистинско штитење на националните интереси е Македонија да стане членка на ЕУ, затоа што тоа е најголемиот штитник на националните интереси. Бугаризација е кога 150.000 граѓани на Македонија ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива од економски карактер, наместо тоа треба да им понудиме тука, како земја членка на ЕУ каде што никој нема потреба да прави такви работи и на тој начин посилно се бранат националните интереси, рече Петров.
Скринингот е во тек, а европската политичка заедница, треба да се искористи, земји кои не се членки на ЕУ на иста маса со членките на ЕУ да ги кажат своите заложби, без вообичаените стеги на строгата оранизација на ЕУ, истакна Петров, додавајќи дека треба да се користи секоја можност да се седне на маса со колегите од Европа да се разменат мислења. Тој нагласи во интерес на државата е да го смени Уставот и да се додадат делови од други народи во нашиот устав.