Бугарски парламент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-parlament/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 15:58:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бугарски парламент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-parlament/ 32 32 Бугарскиот парламент на вонредна седница ќе расправа за скандалот со резолуцијата за Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bugarskiot-parlament-na-vonredna-sednitsa-ke-rasprava-za-skandalot-so-rezolutsijata-za-srebrenitsa/ Sat, 01 Jun 2024 15:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=783916

Бугарскиот парламентот ќе се состане на вонредна седница в недела поради скандалот околу резолуцијата за Сребреница. Ова ќе се случи само 7 дена пред претстојните избори за европратеници и за нови народни претставници.

Одлуката за распоред ја потпиша Росица Кирова од ГЕРБ. Објавувањето на датумот на состанокот само еден ден порано, како и неговото закажување на одмор за време на предизборна кампања, го наметнува прашањето дали ќе се собере кворум или дали состанокот има намера да пропадне.

На дневен ред на пратениците е предвидено сослушување на вршителот на должноста премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев поради доставените документи дека тој ѝ наредил на бугарската амбасадорка во ОН, Лечезара Стоева, да гласа „воздржано“ во име на Бугарија и покрај тоа што Софија е меѓу коспонзорите на документот со кој минатиот четврток датумот 11 јули беше потврден како „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“. Меѓутоа, таа одбила. Според неофицијални информации, наредбата на Главчев, кој е и министер за надворешни работи, дошла по притисокот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на барање на српскиот претседател Александар Вучиќ. ГЕРБ јавно демантира дека му се мешале на Главчев, а преодната влада во скандалот виде „хибриден напад“.

Во саботата долгогодишниот кадар на ГЕРБ, Главчев, повторно не објасни зошто побарал од Бугарија да гласа „воздржано“, наместо тоа најави дека нема да коментира за „криминалното протекување на работни документи во недовршена фаза на одлучување“.

„Нема никаков скандал, некој се обидува да направи скандал. Имаме официјален став искажан со гласање на нашиот постојан претставник во ОН. Не знам зошто овој факт се испушта и се поминува низ работни документи, дел од процесот на одлучување. Нема да учествувам на предизборни спектакли што ќе се организираат во последната недела пред изборите“, додаде Главчев пред официјално да биде објавено дека утре ќе биде вонредната седница на парламентот.

Барањето за седницата беше поднесено во петокот од „Продолжување на промената – Демократска Бугарија“ и беше потпишано од повеќе од 48 пратеници.

 

The post Бугарскиот парламент на вонредна седница ќе расправа за скандалот со резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот парламентот ќе се состане на вонредна седница в недела поради скандалот околу резолуцијата за Сребреница. Ова ќе се случи само 7 дена пред претстојните избори за европратеници и за нови народни претставници. Одлуката за распоред ја потпиша Росица Кирова од ГЕРБ. Објавувањето на датумот на состанокот само еден ден порано, како и неговото закажување на одмор за време на предизборна кампања, го наметнува прашањето дали ќе се собере кворум или дали состанокот има намера да пропадне. На дневен ред на пратениците е предвидено сослушување на вршителот на должноста премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев поради доставените документи дека тој ѝ наредил на бугарската амбасадорка во ОН, Лечезара Стоева, да гласа „воздржано“ во име на Бугарија и покрај тоа што Софија е меѓу коспонзорите на документот со кој минатиот четврток датумот 11 јули беше потврден како „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“. Меѓутоа, таа одбила. Според неофицијални информации, наредбата на Главчев, кој е и министер за надворешни работи, дошла по притисокот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на барање на српскиот претседател Александар Вучиќ. ГЕРБ јавно демантира дека му се мешале на Главчев, а преодната влада во скандалот виде „хибриден напад“. Во саботата долгогодишниот кадар на ГЕРБ, Главчев, повторно не објасни зошто побарал од Бугарија да гласа „воздржано“, наместо тоа најави дека нема да коментира за „криминалното протекување на работни документи во недовршена фаза на одлучување“. „Нема никаков скандал, некој се обидува да направи скандал. Имаме официјален став искажан со гласање на нашиот постојан претставник во ОН. Не знам зошто овој факт се испушта и се поминува низ работни документи, дел од процесот на одлучување. Нема да учествувам на предизборни спектакли што ќе се организираат во последната недела пред изборите“, додаде Главчев пред официјално да биде објавено дека утре ќе биде вонредната седница на парламентот. Барањето за седницата беше поднесено во петокот од „Продолжување на промената – Демократска Бугарија“ и беше потпишано од повеќе од 48 пратеници.  

The post Бугарскиот парламент на вонредна седница ќе расправа за скандалот со резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>
Коалициите „ГЕРБ-СДС“ и „ПП-ДБ“ денеска ќе имаат лидерска средба во бугарскиот Парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koalitsiite-gerb-sds-i-pp-db-deneska-ke-imaat-liderska-sredba-vo-bugarskiot-parlament/ Tue, 25 Apr 2023 07:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=633752

Во бугарскиот Парламент претпладнево ќе се оддржи лидерска средба на коалициите ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“, на која ќе се обидат да најдат консензус за темите што ја засегаат агендата на државата и општеството во контекст на претстојното предавање на првиот истражувачки мандат, соопштија од прес-центарот на ГЕРБ, пренесе БТА.

Средбата е закажана за 10:30 часот во салата „Запад“ на Народното собрание.

ГЕРБ-СДС за неделава на состаноци ќе ги покани и лидерите на другите парламентарни партии застапени во 49. Народно собрание, информираа од прес-центарот на ГЕРБ.

Претседателот Румен Радев минатата недела имаше консултации со пратеничките групи пред да го врачи првиот истражувачки мандат. Меѓу прашањата за кои се разговараше беа опциите за формирање на редовна влада во ова ново Народно собрание, усвојувањето на годинашниот буџет и другите законски приоритети.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по консултациите со радеб кажа дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили – „ГЕРБ-СДС“ и „ПП-ДБ“. Тој посочи дека ГЕРБ-СДС има опција и за експертски и за партиски кабинет. Притоа Борисов децидно кажа дека „нема да бидам кандидат за премиер“.

Избирачите кажа – без ГЕРБ не се може, но иако се први, не можат сами да управуваат, додаде тој. „Затоа и ние покажуваме многу трпение“, увери Борисов.

Копретседателот на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков, изјави дека „ПП-ДБ“ не може да го поддржи првиот мандат на ГЕРБ-СДС.

Поставуваме јасен стандард во бугарската политика – тоа што го ветуваме пред избори ќе бидат нашите постапки по изборите, коментира тој. Во случај првиот мандат да не собере мнозинство, подготвени сме да понудиме јасна можност бугарскиот Парламент со вториот да избере влада, изјави и Петков на консултациите со претседателот Румен Радев.

Од ПП-ДБ изјавија дека се подготвени да побараат поддршка за вториот мандат од сите, како и да предложат опција за малцинска влада.

The post Коалициите „ГЕРБ-СДС“ и „ПП-ДБ“ денеска ќе имаат лидерска средба во бугарскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Во бугарскиот Парламент претпладнево ќе се оддржи лидерска средба на коалициите ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“, на која ќе се обидат да најдат консензус за темите што ја засегаат агендата на државата и општеството во контекст на претстојното предавање на првиот истражувачки мандат, соопштија од прес-центарот на ГЕРБ, пренесе БТА. Средбата е закажана за 10:30 часот во салата „Запад“ на Народното собрание. ГЕРБ-СДС за неделава на состаноци ќе ги покани и лидерите на другите парламентарни партии застапени во 49. Народно собрание, информираа од прес-центарот на ГЕРБ. Претседателот Румен Радев минатата недела имаше консултации со пратеничките групи пред да го врачи првиот истражувачки мандат. Меѓу прашањата за кои се разговараше беа опциите за формирање на редовна влада во ова ново Народно собрание, усвојувањето на годинашниот буџет и другите законски приоритети. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по консултациите со радеб кажа дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили – „ГЕРБ-СДС“ и „ПП-ДБ“. Тој посочи дека ГЕРБ-СДС има опција и за експертски и за партиски кабинет. Притоа Борисов децидно кажа дека „нема да бидам кандидат за премиер“. Избирачите кажа – без ГЕРБ не се може, но иако се први, не можат сами да управуваат, додаде тој. „Затоа и ние покажуваме многу трпение“, увери Борисов. Копретседателот на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков, изјави дека „ПП-ДБ“ не може да го поддржи првиот мандат на ГЕРБ-СДС. Поставуваме јасен стандард во бугарската политика – тоа што го ветуваме пред избори ќе бидат нашите постапки по изборите, коментира тој. Во случај првиот мандат да не собере мнозинство, подготвени сме да понудиме јасна можност бугарскиот Парламент со вториот да избере влада, изјави и Петков на консултациите со претседателот Румен Радев. Од ПП-ДБ изјавија дека се подготвени да побараат поддршка за вториот мандат од сите, како и да предложат опција за малцинска влада.

The post Коалициите „ГЕРБ-СДС“ и „ПП-ДБ“ денеска ќе имаат лидерска средба во бугарскиот Парламент appeared first on Република.

]]>