бугарски медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-mediumi/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 15:57:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-mediumi/ 32 32 Бугарски и грчки медиуми во оркестриран напад врз Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-i-grchki-mediumi-vo-orkestriran-napad-vrz-mitskoski/ Sun, 15 Sep 2024 15:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=816546

Премиерот Христијан Мицкоски е под диригиран напад од грчки и бугарски медиуми. Медиумите од јужниот и источниот сосед во речиси идентични текстови го напаѓаат македонскиот премиер за неговиот став дека својата земја ќе ја нарекува „Македонија“ оти тоа е негово човеково право но и дека е свесен за Договорот од Преспа и за обврските што произлегуваат од него. Во нападот од Грција предничи весникот „Етнос“.

Со наслов „Продолжуваат провокациите од Премиерот на Cеверна Македонија, Христијан Мицкоски, кој повтори дека ќе ја нарекува својата земја „Македонија“, повикувајќи се на неговото „човеково право“.

Ова го претставува моето право на (слободно) изразување. Јас го кажав ова. Онаму каде што е потребно да се почитуваат Уставот и законите морам да ги почитувам. Дали ми се допаѓа или не е друга работа. Дали ми се допаѓа или не, можам да кажам на друго место. Додека ја вршам оваа функција, каде што Уставот и законот мора да се почитуваат .Вака стојат работите. Но, моето право на слободно изразување, правото на (слободен) говор е неотуѓиво право. И, да, го користам терминот „Македонија“ и ќе го користам терминот „Македонија“, бидејќи тоа е мое човеково право и никој не може да ми го одземе“, рече Мицкоски во интервју за подкаст во Скопје. „Јас бев еден од оние политичари кои пред пет години кажаа дека Дооворот од Преспа е реалност, но дека е лошо, штетно, да, пак ќе кажам-ја цитира „Етнос“ изјавата на Мицкоски“.

Ништо понежен кон Мицкоски не е ниту весникот „Прототема“ со насловот „Мицкоски повторно предизвикува: Го користам и ќе го користам терминот Македонија, тоа е мое право“.

Со истите зборови Мицкоски го напаѓаат и телевизите „Скај“ и „Мега“

Што се однесува до Бугарија, најмногу ги погоди најавата на Мицкоски дека овој месец ќе оди во Брисел да го презентира предлогот за уставни измени со одложено дејство.Македонскиот премиер има дециден став дека Македонија не може да го исполни барањето без да има гаранции дека тоа е последно барање и дека потоа нема да има нови и нови услови од Софија.

Повикан за ова се најде поранешниот амбасадот во Македонија Ангел Димитров и актуелен претсадател на бугарската комисија за историја .

Тој смета дека т.н француски предлог не е бугарски туку европски став.

Тоа е, во одредена смисла, став и на самата држава Република  Македонија, со оглед на тоа што беше усвоен во парламентот. Односно, постои едно политичко однесување на новата влада кое ги доведува во прашање не само билатералните односи и сите договори потпишани меѓу нашите две земји, туку и она што го очекува ЕУ кон која тие се стремат.

The post Бугарски и грчки медиуми во оркестриран напад врз Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски е под диригиран напад од грчки и бугарски медиуми. Медиумите од јужниот и источниот сосед во речиси идентични текстови го напаѓаат македонскиот премиер за неговиот став дека својата земја ќе ја нарекува „Македонија“ оти тоа е негово човеково право но и дека е свесен за Договорот од Преспа и за обврските што произлегуваат од него. Во нападот од Грција предничи весникот „Етнос“. Со наслов „Продолжуваат провокациите од Премиерот на Cеверна Македонија, Христијан Мицкоски, кој повтори дека ќе ја нарекува својата земја „Македонија“, повикувајќи се на неговото „човеково право“.
Ова го претставува моето право на (слободно) изразување. Јас го кажав ова. Онаму каде што е потребно да се почитуваат Уставот и законите морам да ги почитувам. Дали ми се допаѓа или не е друга работа. Дали ми се допаѓа или не, можам да кажам на друго место. Додека ја вршам оваа функција, каде што Уставот и законот мора да се почитуваат .Вака стојат работите. Но, моето право на слободно изразување, правото на (слободен) говор е неотуѓиво право. И, да, го користам терминот „Македонија“ и ќе го користам терминот „Македонија“, бидејќи тоа е мое човеково право и никој не може да ми го одземе“, рече Мицкоски во интервју за подкаст во Скопје. „Јас бев еден од оние политичари кои пред пет години кажаа дека Дооворот од Преспа е реалност, но дека е лошо, штетно, да, пак ќе кажам-ја цитира „Етнос“ изјавата на Мицкоски“.
Ништо понежен кон Мицкоски не е ниту весникот „Прототема“ со насловот „Мицкоски повторно предизвикува: Го користам и ќе го користам терминот Македонија, тоа е мое право“. Со истите зборови Мицкоски го напаѓаат и телевизите „Скај“ и „Мега“ Што се однесува до Бугарија, најмногу ги погоди најавата на Мицкоски дека овој месец ќе оди во Брисел да го презентира предлогот за уставни измени со одложено дејство.Македонскиот премиер има дециден став дека Македонија не може да го исполни барањето без да има гаранции дека тоа е последно барање и дека потоа нема да има нови и нови услови од Софија. Повикан за ова се најде поранешниот амбасадот во Македонија Ангел Димитров и актуелен претсадател на бугарската комисија за историја . Тој смета дека т.н француски предлог не е бугарски туку европски став.
Тоа е, во одредена смисла, став и на самата држава Република  Македонија, со оглед на тоа што беше усвоен во парламентот. Односно, постои едно политичко однесување на новата влада кое ги доведува во прашање не само билатералните односи и сите договори потпишани меѓу нашите две земји, туку и она што го очекува ЕУ кон која тие се стремат.
     
The post Бугарски и грчки медиуми во оркестриран напад врз Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Бугарска инвазија во медиуми и во фудбал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarska-invazija-vo-mediumi-i-vo-fudbal/ Mon, 07 Aug 2023 11:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=669580

Бугарската „Фондација Македонија“ после влезот во македонскиот фудбал во клуб од втортата или третата лига планира да инвестира голема сума на средства во пет нови медиуми во Македонија.

Виктор Стојанов за „А1он“ вели дека со помош на донации од активисти во организацијата собрале средства за да отворат пет македонски онлајн медиуми во нашата земја кои според него ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи.

 Донациите се од активисти граѓани на Бугарија. Немаме некој голем инвеститор кој вложува сам во овој медиуми проект. Како активност во организација, ова е наша посебна работа да развиваме македонски медиуми во кои ќе работат македонски новинари кои ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи како што сум забележал дека има такви објективни кои не заземаат ниту една страна. Имаме два медиуми во моментов, подготвуваме уште три и сите тие ќе бидат онлајн – истакна Стојанов за „А1он“.
Повеќе на „А1он.мк“

The post Бугарска инвазија во медиуми и во фудбал appeared first on Република.

Митева: Тоа што за францускиот предлог се дознава од бугарските медиуми е доказ колку владината дипломатија оди во погрешна насока https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-toa-shto-za-francuskiot-predlog-se-doznava-od-bugarskite-mediumi-e-dokaz-kolku-vladinata-diplomatija-odi-vo-pogreshna-nasoka/ Fri, 17 Jun 2022 17:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=516469

Морам да кажам дека жалам што Македонија како најзасегната страна во овој спор нема информации каков е францускиот предлог. Очекувам дека една одговорна дипломатија треба да го знае барем костурот на кој се основал овој предлог, треба да има некакви информации македонската јавност за што се дискутирало и како е дојдено до таков предлог, изјави Портпаролката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева за „Само вистина“ на Канал 5 во врска со информациите кои се појавија по медиумите за францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.

Митева потенцираше дека тука се гледа колку нашата дипломатија оди во погрешна насока и колку може да биде штетен овој предлог и дека за жал сите се информираме од бугарските медиуми наместо да се информираме од министерството за надворешни работи кое го води овој процес.

Како ВМРО-ДПМНЕ многу пати кажувавме дека секогаш процесите се одвиваат во обратна насока, ние или сме последни информирани или дознаваме работи од медиумите што не би требало да биде случај. Доколку ние би имале добра надворешна политика немаше да имаме толку нарушени преговарачки позиции и можеби ќе беше спротивна состојбата, односно Македонија ќе знаеше што се зборува, ќе имаше индиции какви ќе бидат овие предлози и благовремено таму каде што треба и во Собрание и пред јавноста, оние кои се задолжени за оваа работа ќе информираа, истакна Митева.

Таа посочи дека жално е што немаме информации од нашата влада која треба тоа да го води, но власта е водена од партија која 5 пати е демантирана и лажно претставуваше дека ги започнавме преговорите со ЕУ и се сеќаваме добро и на селфито од авион.

ВМРО-ДПМНЕ најмалку има за цел на ова прашање да зборува неаргументирано, спротивно, напротив ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која благовремено ги информира граѓаните што се случува од информации кои ние ги добиваме, и имаме причина јавноста да знае и што содржи овој предлог. Затоа што знаеме дека со СДСМ секогаш договорите завршуваат многу катастрофално, така е со договорот за добрососедство кој беше презентиран како договор кој ќе донесе напредок, а гледаме дека е кочница, а тој договор го создаде СДСМ, изјави Митева.

The post Митева: Тоа што за францускиот предлог се дознава од бугарските медиуми е доказ колку владината дипломатија оди во погрешна насока appeared first on Република.

]]>

Морам да кажам дека жалам што Македонија како најзасегната страна во овој спор нема информации каков е францускиот предлог. Очекувам дека една одговорна дипломатија треба да го знае барем костурот на кој се основал овој предлог, треба да има некакви информации македонската јавност за што се дискутирало и како е дојдено до таков предлог, изјави Портпаролката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева за „Само вистина“ на Канал 5 во врска со информациите кои се појавија по медиумите за францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија. Митева потенцираше дека тука се гледа колку нашата дипломатија оди во погрешна насока и колку може да биде штетен овој предлог и дека за жал сите се информираме од бугарските медиуми наместо да се информираме од министерството за надворешни работи кое го води овој процес.
Како ВМРО-ДПМНЕ многу пати кажувавме дека секогаш процесите се одвиваат во обратна насока, ние или сме последни информирани или дознаваме работи од медиумите што не би требало да биде случај. Доколку ние би имале добра надворешна политика немаше да имаме толку нарушени преговарачки позиции и можеби ќе беше спротивна состојбата, односно Македонија ќе знаеше што се зборува, ќе имаше индиции какви ќе бидат овие предлози и благовремено таму каде што треба и во Собрание и пред јавноста, оние кои се задолжени за оваа работа ќе информираа, истакна Митева.
Таа посочи дека жално е што немаме информации од нашата влада која треба тоа да го води, но власта е водена од партија која 5 пати е демантирана и лажно претставуваше дека ги започнавме преговорите со ЕУ и се сеќаваме добро и на селфито од авион.
ВМРО-ДПМНЕ најмалку има за цел на ова прашање да зборува неаргументирано, спротивно, напротив ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која благовремено ги информира граѓаните што се случува од информации кои ние ги добиваме, и имаме причина јавноста да знае и што содржи овој предлог. Затоа што знаеме дека со СДСМ секогаш договорите завршуваат многу катастрофално, така е со договорот за добрососедство кој беше презентиран како договор кој ќе донесе напредок, а гледаме дека е кочница, а тој договор го создаде СДСМ, изјави Митева.
 
The post Митева: Тоа што за францускиот предлог се дознава од бугарските медиуми е доказ колку владината дипломатија оди во погрешна насока appeared first on Република.

]]>
Бугарите воодушевени што Рама го нарече Ковачевски иден премиер на Западна Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-voodusheveni-shto-rama-go-nareche-kovachevski-iden-premier-na-zapadna-bugarija/ Sat, 11 Jun 2022 16:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=513916

Бугарските медиуми се воодушевени откако премиерот на Албанија Еди Рама среде Атина го нарече премиерот на Македонија Димитар Ковачевски иден премиер на Западна Бугарија.

„Труд.бг“ забележува дек на зборовите на Еди Рама  Ковачевски само се насмеал што значело дека тоа му одговара.

https://www.youtube.com/watch?v=0lXzny1070Q&feature=emb_title

https://republika.mk/vesti/makedonija/skandal-od-nevideni-razmeri-rama-ne-nareche-idnata-zapadna-bugarija-na-shto-kovachevski-slatko-se-iznasmea/

The post Бугарите воодушевени што Рама го нарече Ковачевски иден премиер на Западна Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарските медиуми се воодушевени откако премиерот на Албанија Еди Рама среде Атина го нарече премиерот на Македонија Димитар Ковачевски иден премиер на Западна Бугарија. „Труд.бг“ забележува дек на зборовите на Еди Рама  Ковачевски само се насмеал што значело дека тоа му одговара. https://www.youtube.com/watch?v=0lXzny1070Q&feature=emb_title https://republika.mk/vesti/makedonija/skandal-od-nevideni-razmeri-rama-ne-nareche-idnata-zapadna-bugarija-na-shto-kovachevski-slatko-se-iznasmea/

The post Бугарите воодушевени што Рама го нарече Ковачевски иден премиер на Западна Бугарија appeared first on Република.

]]>
Бугарски медиуми не можат да го прежалат признавањето на нашата црква од Вселенската патријаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarski-mediumi-skandal-skopje-ja-ukrade-bugarskata-ohridska-arhiepiskopija-od-bugarija/ Tue, 10 May 2022 09:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=500311

Скандал! Скопје ја украде Бугарската Охридска Архиепископија од Бугарија, е наслов во бугарскиот медиум Епицентар.

-Македонската православна црква беше изненадувачки призната од Вселенската патријаршија како Охридска архиепископија – во изминатите години Бугарската архиепископија во Охрид беше од големо значење за опстанокот на Бугарите како народ и духовност. Тоа е, исто така, најдолгата постоечка црковна институција – речиси 750 години, пишува медиумот.

Бугарската автокефална архиепископија во Охрид остана единствената бугарска духовна институција и со многу труд и работа успеа да го одржи жив христијанскиот дух кај Бугарите. Во XV и XVII век охридските архиепископи сè почесто почнале да се потпишуваат со титулата патријарх.

Признавањето на црквата „Охридска архиепископија за независна“ е предавство на националните интереси на Бугарија и ѝ штети на Бугарија и на бугарската кауза во Македонија, смета бугарскиот историчар проф. Божидор Димитров.

-Ова е нож во задниот дел на Бугарската православна црква, за кој Охридската архиепископија е дел од историскиот и духовниот простор, како и најстарата бугарска црковна институција, коментираат теолозите, пренесува Епицентар.

The post Бугарски медиуми не можат да го прежалат признавањето на нашата црква од Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>

Скандал! Скопје ја украде Бугарската Охридска Архиепископија од Бугарија, е наслов во бугарскиот медиум Епицентар.
-Македонската православна црква беше изненадувачки призната од Вселенската патријаршија како Охридска архиепископија – во изминатите години Бугарската архиепископија во Охрид беше од големо значење за опстанокот на Бугарите како народ и духовност. Тоа е, исто така, најдолгата постоечка црковна институција – речиси 750 години, пишува медиумот.
Бугарската автокефална архиепископија во Охрид остана единствената бугарска духовна институција и со многу труд и работа успеа да го одржи жив христијанскиот дух кај Бугарите. Во XV и XVII век охридските архиепископи сè почесто почнале да се потпишуваат со титулата патријарх. Признавањето на црквата „Охридска архиепископија за независна“ е предавство на националните интереси на Бугарија и ѝ штети на Бугарија и на бугарската кауза во Македонија, смета бугарскиот историчар проф. Божидор Димитров.
-Ова е нож во задниот дел на Бугарската православна црква, за кој Охридската архиепископија е дел од историскиот и духовниот простор, како и најстарата бугарска црковна институција, коментираат теолозите, пренесува Епицентар.
 
The post Бугарски медиуми не можат да го прежалат признавањето на нашата црква од Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>
Бетина Жотева, претседателка на Советот на електронски медиуми во Бугарија: Голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/betina-zoteva-pretsedatelka-na-sovetot-na-elektronski-mediumi-vo-bugarija-golem-broj-bugarski-mediumi-dobivaat-finansii-od-rusija/ Mon, 18 Apr 2022 12:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=490035

Претседателката на Советот за електронски медиуми (СЕМ) Бетина Жотева за ТВ Нова изјави дека голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија и дека е невозможно да се санкционираат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според неа, голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија во различни форми. Тоа се весници и веб-локации кои добиваат, на пример, спонзорство за рекламирање или спонзорство за некој настан. Според Жотева, имало примери за спротивното – западно влијание во бугарските медиуми.

Советот за електронски медиуми во Бугарија ги проверува сите овие информации.

Според Жотева, не може да се обвинат приватните медиуми што заземале една или друга страна во случајот. Секој можел да воспостави руско влијание, но никој не може да го санкционира, рече таа, додавајќи дека станува збор за саморегулација и чувство на професионализам.

Бетина Жотева го коментираше и случајот со новинарот на БНР, Петар Волгин, кој стана познат по ширење лажна вест, за што беше казнет од неговиот медиумски менаџмент. Таа рече дека случајот е испратен до етичката комисија.

На тема руско финансирање во бугарските медиуми, првиот човек на меѓународната платформа за истражувачко новинарство Bellingcat Христо Грозев за Нова коментира дека случајно дошле до писмени докази за плаќања на одреден интернет медиум во Бугарија. Тоа не е огромен медиум, но очигледно зазеде позиција да го брани наративот на Кремљ во Бугарија и врз основа на ова може да се заклучи дека и другите медиуми кои се поважни од него добиваат значително поголеми суми. Тој одби да им даде име на медиумите пред платформата да го објави и рече дека тоа ќе се случи во рок од неколку дена.

Според Грозев, станува збор за пари дадени специјално за објавување на материјали кои требало да се објават по одреден редослед на зборови даден од Москва и требало да бидат преведени и објавени, но се чини дека бугарскиот медиум сам ги објавил.

The post Бетина Жотева, претседателка на Советот на електронски медиуми во Бугарија: Голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Советот за електронски медиуми (СЕМ) Бетина Жотева за ТВ Нова изјави дека голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија и дека е невозможно да се санкционираат. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според неа, голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија во различни форми. Тоа се весници и веб-локации кои добиваат, на пример, спонзорство за рекламирање или спонзорство за некој настан. Според Жотева, имало примери за спротивното – западно влијание во бугарските медиуми.
Советот за електронски медиуми во Бугарија ги проверува сите овие информации. Според Жотева, не може да се обвинат приватните медиуми што заземале една или друга страна во случајот. Секој можел да воспостави руско влијание, но никој не може да го санкционира, рече таа, додавајќи дека станува збор за саморегулација и чувство на професионализам. Бетина Жотева го коментираше и случајот со новинарот на БНР, Петар Волгин, кој стана познат по ширење лажна вест, за што беше казнет од неговиот медиумски менаџмент. Таа рече дека случајот е испратен до етичката комисија. На тема руско финансирање во бугарските медиуми, првиот човек на меѓународната платформа за истражувачко новинарство Bellingcat Христо Грозев за Нова коментира дека случајно дошле до писмени докази за плаќања на одреден интернет медиум во Бугарија. Тоа не е огромен медиум, но очигледно зазеде позиција да го брани наративот на Кремљ во Бугарија и врз основа на ова може да се заклучи дека и другите медиуми кои се поважни од него добиваат значително поголеми суми. Тој одби да им даде име на медиумите пред платформата да го објави и рече дека тоа ќе се случи во рок од неколку дена. Според Грозев, станува збор за пари дадени специјално за објавување на материјали кои требало да се објават по одреден редослед на зборови даден од Москва и требало да бидат преведени и објавени, но се чини дека бугарскиот медиум сам ги објавил.

The post Бетина Жотева, претседателка на Советот на електронски медиуми во Бугарија: Голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија appeared first on Република.

]]>
Бугарските електронски медиуми хакирани – се појавила оваа слика https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskite-elektronski-mediumi-hakirani-se-pojavila-ovaa-slcel-na-hakerski-napad/ Mon, 07 Mar 2022 07:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=468715

Доцна синоќа биле хакирани голем број бугарски електронски медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на нивната содржина, се појави мим со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за илустрација во која Путин е облечен како Мерлин Монро во стилот на Енди Ворхол, на позадината на знамето на гордоста.

Визијата е добро познат мим, кој може да се најде под името „Gay Clown Putin“. Нова ТВ, БНТ, Спортал.ТВ, ТВ Бугарија Он Ер и другите бугарски електронски медиуми беа нападнати.

Само bTV не беше погодена од нападот.

The post Бугарските електронски медиуми хакирани – се појавила оваа слика appeared first on Република.

]]>

Доцна синоќа биле хакирани голем број бугарски електронски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на нивната содржина, се појави мим со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за илустрација во која Путин е облечен како Мерлин Монро во стилот на Енди Ворхол, на позадината на знамето на гордоста. Визијата е добро познат мим, кој може да се најде под името „Gay Clown Putin“. Нова ТВ, БНТ, Спортал.ТВ, ТВ Бугарија Он Ер и другите бугарски електронски медиуми беа нападнати. Само bTV не беше погодена од нападот.

The post Бугарските електронски медиуми хакирани – се појавила оваа слика appeared first on Република.

]]>