бугарски културен клуб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-kulturen-klub/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Dec 2022 15:01:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски културен клуб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-kulturen-klub/ 32 32 Во Прилеп отворено Здружение на Бугарите, постои веќе седум месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prilep-otvoreno-zdruzenie-na-bugarite-postoi-vekje-sedum-meseci/ Sat, 24 Dec 2022 14:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=589490

Се шири мрежата на бугарски клубови и здруженија во Македонија. Освен веќе постоечките во Битола и во Охрид, од мај годинава во Централниот регистар на Република Македонија, егзистира уште едно Здружение на Бугарите, овој пат, регистрирано во Прилеп. Според информациите кои што ги објави Алфа, повикувајќи се на податоци од Централниот регистар, ова Здружение, регистрирано е под називот „Југ“ и е основано од петмина основачи. Неофицијално, негов претседател е извесен Зоран Мрчески, а како седиште на Здружението во Регистарот е наведена улицата „Максим Горки“ број 126 во Прилеп.

„Цел на Здружението е создавање на промени во Република Македонија и свест од неопходноста за зближување и меѓукултурна толеранција на културите на соседните држави“, стои меѓудругото во образложението за дејноста на Здружението и се додава дека нивните активности ќе подразбираат „организирање на конференции, семинари, симпозиуми, обуки и сл. со цел надоградување на доминантните културни модели и заложби за создавање реални услови за искажување на културниот идентитет и реализација на индивидуалните права во контекст на мултукултурното општество во Македонија“.

Досега, во овие седум месеци од постоењето, ова Здружение немало некои јавни активности, се’ до завчера кога заедно со претставниците од Здруженијата во Битола и Охрид, не се пожалија во Софија пред пратениците кои се членови на парламентарната комисија за Бугарите во странство дека во Македонија систематски им биле прекршени основните човекови права, не можеле слободно да се изразуваат или пак јавно да се самопределат. За дел од нив односот на официјална Софија кон земјава бил премногу мек, некои пак оценија дека во Македонија се водела војна против нив.

„Бугарите во моментов во Македонија се војна. Вие, не знам колку сте свесни што се случува во моментов во Македонија за сите Бугари и децата на тие Бугари“, – изјавил Зоран Мрчески – од Здружението „Југ“ од Прилеп за Алфа.

И додека бугарските клубови и здруженија во земјава никнуваат како печурки по дожд, на единствениит клуб на Македонците во Бугарија, „Никола Вапцаров“, отворен неодамна во Благоевград, му се заканува реална опасност да биде затворен откако бугарскиот суд оцени дека целите на Клубот биле спротивни на Уставот на Бугарија.

The post Во Прилеп отворено Здружение на Бугарите, постои веќе седум месеци appeared first on Република.

]]>

Бугарија му врачи протестна нота на македонскиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-mu-vrachi-protestna-nota-na-makedonskiot-ambasador/ Sat, 04 Jun 2022 18:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=511187

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Македонија во Софија, Владимир Крстевски, по повод пожарот во Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола, соопшти бугарското МНР.

На вонредната средба што се одржа денеска во МНР, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова изрази загриженост и најостро го осуди делото извршено од непознати лица, поради што е причинета материјална штета на објектот. Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем.

Бугарската страна е убедена дека инцидентот во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Република Македонија, пренесува БГНЕС.

The post Бугарија му врачи протестна нота на македонскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Македонија во Софија, Владимир Крстевски, по повод пожарот во Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола, соопшти бугарското МНР. На вонредната средба што се одржа денеска во МНР, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова изрази загриженост и најостро го осуди делото извршено од непознати лица, поради што е причинета материјална штета на објектот. Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем. Бугарската страна е убедена дека инцидентот во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Република Македонија, пренесува БГНЕС.

The post Бугарија му врачи протестна нота на македонскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Настанот во Битола е провокација која не оди во насока на подобрување на односите со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-nastanot-vo-bitola-e-provokacija-koja-ne-odi-vo-nasoka-na-podobruvanje-na-odnosite-so-bugarija/ Thu, 21 Apr 2022 10:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=491701

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање истакна дека настанот во Битола може да претставува единствено провокација која што не оди во насока на подобрување на односите и во финализирање на еден успешен дијалог со постигнување на договор кој ќе значи брзо отворање на преговорите за Македонија со ЕУ.

Во однос на настанат кој се случи во саботата, тој не претставува ништо повеќе од провокација бидејќи ги буди духовите од минатото. Се работи за личност која што била соработник и на Хитлерова Германија и на Мусолинова Италија и на Павелиќ и која со тоа воопшто не може да придонесе како личност што може да биде мост за иднината, за пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата“, нагласи Ковачевски.

Претседателот на Владата додаде дека Македонија има јасно дефиниран државен статус и сите граѓани во неа имаат свој јасно дефиниран идентитет кој е определен со јазикот на граѓаните кои живеат во неа и дека тоа е дел од достоинството на секој еден граѓанин во светот вклучително и на нашите македонски граѓани.

Ние со соседните држави треба да градиме мостови на пријателство, да гледаме кон иднината, а доколку се навратиме на личности од минатото за кои има различно мислење тоа нема да биде во корист на никого и ќе влијае на влошување на односите меѓу граѓаните на двете држави“, рече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Настанот во Битола е провокација која не оди во насока на подобрување на односите со Бугарија appeared first on Република.