Бугарски културен центар во Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-kulturen-centar-vo-skopje/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Nov 2022 08:13:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бугарски културен центар во Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-kulturen-centar-vo-skopje/ 32 32 Илија Пенушлиски бара да биде тргната неговата слика од изложбата „Заедно“ во Бугарскиот културен центар во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ilija-penushliski-bara-da-bide-trgnata-negovata-slika-od-izlozbata-zaedno-vo-bugarskiot-kulturen-centar-vo-skopje/ Tue, 29 Nov 2022 16:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=579706

Пред четири дена во Скопје беше отворена заедничка изложба на уметници од Македонија и Бугарија, насловена „Заедно". На изложбата е изложена и една слика на сликарот Илија Пенушлиски од Галичката колонија, без негово знаење. Тој бара неговата слика да биде тргната од изложбата.

Ова е неговата реакција:

„Се прашувам, која е смислата на оваа изложба? Кого таа го претставува? Во некој нормален свет една ваква изложба би била вообичаен пример за културна соработка меѓу два народа. Но, со оглед на зацементираниот бугарски став за непостоење на македонска нација, на македонски јазик, па од таму и на македонско сликарство и култура, одговорот се наметнува - за нив, Бугарите, изложбата не може да биде ништо друго освен изложба на дела од бугарски Бугари и македонски Бугари.

А на таа изложба ме убутале и мене. Со слика што сум ја насликал на Галичката ликовна колонија пред дваесетина години. Од изненадени пријатели дознавам дека моето име стои и на излогот на центарот. Демек, чаршијата да види кој сѐ учествува во овој настан.

Ја замолувам Галичката колонија да ја повлечете мојата слика од оваа изложба. Барам бугарскиот центар да го избрише моето име од излогот. Cѐ додека бугарската политиката не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на на нашето постоење, секоја 'културна соработка' ќе биде травестија“.

Пенушлиски е сопруг на Илинка Митрева, поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина летово.

Новите простории на бугарскиот КИЦ на 25 ноември ги отворија министерите за култура на Македонија и Бугарија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Велислав Минеков со изложба на дела од современи уметници од Македонија и од Бугарија.

 

The post Илија Пенушлиски бара да биде тргната неговата слика од изложбата „Заедно“ во Бугарскиот културен центар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Пред четири дена во Скопје беше отворена заедничка изложба на уметници од Македонија и Бугарија, насловена „Заедно". На изложбата е изложена и една слика на сликарот Илија Пенушлиски од Галичката колонија, без негово знаење. Тој бара неговата слика да биде тргната од изложбата. Ова е неговата реакција:
„Се прашувам, која е смислата на оваа изложба? Кого таа го претставува? Во некој нормален свет една ваква изложба би била вообичаен пример за културна соработка меѓу два народа. Но, со оглед на зацементираниот бугарски став за непостоење на македонска нација, на македонски јазик, па од таму и на македонско сликарство и култура, одговорот се наметнува - за нив, Бугарите, изложбата не може да биде ништо друго освен изложба на дела од бугарски Бугари и македонски Бугари. А на таа изложба ме убутале и мене. Со слика што сум ја насликал на Галичката ликовна колонија пред дваесетина години. Од изненадени пријатели дознавам дека моето име стои и на излогот на центарот. Демек, чаршијата да види кој сѐ учествува во овој настан. Ја замолувам Галичката колонија да ја повлечете мојата слика од оваа изложба. Барам бугарскиот центар да го избрише моето име од излогот. Cѐ додека бугарската политиката не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на на нашето постоење, секоја 'културна соработка' ќе биде травестија“.
Пенушлиски е сопруг на Илинка Митрева, поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина летово. Новите простории на бугарскиот КИЦ на 25 ноември ги отворија министерите за култура на Македонија и Бугарија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Велислав Минеков со изложба на дела од современи уметници од Македонија и од Бугарија.  

The post Илија Пенушлиски бара да биде тргната неговата слика од изложбата „Заедно“ во Бугарскиот културен центар во Скопје appeared first on Република.

]]>