бугарски клубови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klubovi/ За подобро да се разбереме Tue, 16 May 2023 12:02:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски клубови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klubovi/ 32 32 Стејт департмент: Статусот на МПЦ-ОА сè уште не е разрешен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-statusot-na-mpts-oa-se-ushte-ne-e-razreshen/ Tue, 16 May 2023 12:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=641375

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.

Извештајот исто така истакнува и дека новиот статус на МПЦ-ОА се уште не е разрешен.

Во допис до јавноста по повод објавувањето на извештајот за верските слободи во светот во 2022 годинаа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „слободата на вероисповест е животно важна за стабилноста и безбедноста на општествата“.

-Кога на личноста ѝ се почитуваат индивидуалните убедувања, таа има повеќе сила да го достигне својот целосен потенцијал, со што се подигаат цели заедници и општества, изјави Блинкен.

Во делот за Македонија, извештајот нотира и дека лани во февруари полицијата подигнала обвиненија за говор на омраза против жена за нејзнините коментари на социјалните медиуми во текот на посета на ортодоксна група Евреи и дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изјавила дека наводот бил „антисемитски инцидент“.

Извештајот го подвлекува и признавањето лани на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, „окончувајќи долг период на непризнавање од глобалната православна црква и поплочувајќи го патот за автокефалност на МПЦ-ОА“.

Се истакнува и дека Српската православна црква (СПЦ), „од која МПЦ-ОА се оддели во 1962 година“ ја признала автокефалноста на МПЦ-ОА, иако некои црковни аналитичари истакнале дека само Вселенската патријаршија има право да додели автокефалност.

-Новиот статус на МПЦ-ОА не беше целосно разрешен кон крајот на годината.

Иднината на Православната охридска архиепископија (ПОА), која според документите за признавање на СПЦ треба да се спои со МПЦ-ОА, се уште не беше јасна кон крајот на годината, оценува Стејт департментот.

Се наведува и дека меѓу владата и бекташката заедница од Тетово продолжиле разликите околу регистрацијата на верската група.

-Заедницата нема повторно поднесено апликација за регистрација од 2000 година поради загриженост од промена на името, што ќе биде закана за постоењето на групата, се вели во извештајот.

Се додава дека членови на бекташката заедница  повторно пријавиле напади од владини и претставници од друга ривалска група која сакала да го презеде нивното седиште лани во август, и дека светскиот бекташки лидер апелирал до владата за заштита на слободата на бекташите од Тетово и да се одговори на провокациите и заканите кон нив изнесени во социјалните медиуми.

Други проблеми нотирани во извештајот се спората и некомплетна денационализација на државниот имот, фаворизирањето на некои верски групи и акредитација на верските школи „иако овие школи, раководени од МПЦ-ОА и ИВЗ, останаа нерегистрирани, со што студентите од тие школи беа спречени да се запишат во секуларни универзитети“.

Извештајот нотира и дека првенците на ИВЗ изјавиле дека односите со владата продолжиле да се подобруваат, но дека владата продолжила да покажува поголема наклонетост кон МПЦ-ОА.

Се укажува и дека меѓуагенциската работна група оформена во 2021 година продолжила со разгледување на амандмани во законот да се овозможи индивидуални цркви и џамии да добијат статус на правни лица, долгогодишно барање на МПЦ-ОА и ИВЗ во Македонија.

Медиумите известиле дека лани се случил инцидент на вандализам против еден манастир лоциран во област со муслиманско мнозинство и 13 инциденти на кражба од цркви, манастири и џамии.

МПЦ-ОА и ИВЗ не сметале дека кражбите и вандализмот имаат верска основа.  Се посочува и дека американскиот амбасадор во Македонија, Анџела П.

Агелер, и други американски дипломати дискутирале со владини претставници за меѓуверскиот дијалог и важноста од толеранција и разбирање меѓу разните верски групи.

Дискусии имало и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со градоначалници и други службеници.

Со парлементарците се дискутирало за денационализација на имотот на црквите и џамиите, и за амандмани за средните училишта вклучително и за акредитација на верските училишта.

Од Амбасадата на САД се сретнале и со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски македонски г-н Стефан и лидерот на ИВЗ, реис Шакир Фетаху а за дискусија на религиските слободи , вклучително и наводната фаворизација кон некои религиски групи.

The post Стејт департмент: Статусот на МПЦ-ОА сè уште не е разрешен appeared first on Република.

]]>

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.
  Извештајот исто така истакнува и дека новиот статус на МПЦ-ОА се уште не е разрешен.   Во допис до јавноста по повод објавувањето на извештајот за верските слободи во светот во 2022 годинаа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „слободата на вероисповест е животно важна за стабилноста и безбедноста на општествата“. -Кога на личноста ѝ се почитуваат индивидуалните убедувања, таа има повеќе сила да го достигне својот целосен потенцијал, со што се подигаат цели заедници и општества, изјави Блинкен.   Во делот за Македонија, извештајот нотира и дека лани во февруари полицијата подигнала обвиненија за говор на омраза против жена за нејзнините коментари на социјалните медиуми во текот на посета на ортодоксна група Евреи и дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изјавила дека наводот бил „антисемитски инцидент“. Извештајот го подвлекува и признавањето лани на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, „окончувајќи долг период на непризнавање од глобалната православна црква и поплочувајќи го патот за автокефалност на МПЦ-ОА“.   Се истакнува и дека Српската православна црква (СПЦ), „од која МПЦ-ОА се оддели во 1962 година“ ја признала автокефалноста на МПЦ-ОА, иако некои црковни аналитичари истакнале дека само Вселенската патријаршија има право да додели автокефалност. -Новиот статус на МПЦ-ОА не беше целосно разрешен кон крајот на годината.   Иднината на Православната охридска архиепископија (ПОА), која според документите за признавање на СПЦ треба да се спои со МПЦ-ОА, се уште не беше јасна кон крајот на годината, оценува Стејт департментот. Се наведува и дека меѓу владата и бекташката заедница од Тетово продолжиле разликите околу регистрацијата на верската група. -Заедницата нема повторно поднесено апликација за регистрација од 2000 година поради загриженост од промена на името, што ќе биде закана за постоењето на групата, се вели во извештајот. Се додава дека членови на бекташката заедница  повторно пријавиле напади од владини и претставници од друга ривалска група која сакала да го презеде нивното седиште лани во август, и дека светскиот бекташки лидер апелирал до владата за заштита на слободата на бекташите од Тетово и да се одговори на провокациите и заканите кон нив изнесени во социјалните медиуми. Други проблеми нотирани во извештајот се спората и некомплетна денационализација на државниот имот, фаворизирањето на некои верски групи и акредитација на верските школи „иако овие школи, раководени од МПЦ-ОА и ИВЗ, останаа нерегистрирани, со што студентите од тие школи беа спречени да се запишат во секуларни универзитети“. Извештајот нотира и дека првенците на ИВЗ изјавиле дека односите со владата продолжиле да се подобруваат, но дека владата продолжила да покажува поголема наклонетост кон МПЦ-ОА. Се укажува и дека меѓуагенциската работна група оформена во 2021 година продолжила со разгледување на амандмани во законот да се овозможи индивидуални цркви и џамии да добијат статус на правни лица, долгогодишно барање на МПЦ-ОА и ИВЗ во Македонија. Медиумите известиле дека лани се случил инцидент на вандализам против еден манастир лоциран во област со муслиманско мнозинство и 13 инциденти на кражба од цркви, манастири и џамии. МПЦ-ОА и ИВЗ не сметале дека кражбите и вандализмот имаат верска основа.  Се посочува и дека американскиот амбасадор во Македонија, Анџела П. Агелер, и други американски дипломати дискутирале со владини претставници за меѓуверскиот дијалог и важноста од толеранција и разбирање меѓу разните верски групи. Дискусии имало и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со градоначалници и други службеници. Со парлементарците се дискутирало за денационализација на имотот на црквите и џамиите, и за амандмани за средните училишта вклучително и за акредитација на верските училишта. Од Амбасадата на САД се сретнале и со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски македонски г-н Стефан и лидерот на ИВЗ, реис Шакир Фетаху а за дискусија на религиските слободи , вклучително и наводната фаворизација кон некои религиски групи.

The post Стејт департмент: Статусот на МПЦ-ОА сè уште не е разрешен appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Бугарските клубови не се опасност за нашиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-bugarskite-klubovi-ne-se-opasnost-za-nashiot-identitet/ Sat, 25 Feb 2023 08:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=612998

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното интервју за новинската агенција „Макфакс“ рече дека секоја провокација го отежнува патот кон ЕУ и завршувањето на обврските, додавајќи бугарските клубови сами по себе не се опасност за нашиот идентитет.

Со Џамбаски и Ковачев сум имал прилика да се судрам во Европскиот парламент и во салата и надвор од неа. Ние никогаш не сме се обидувале да ги убедиме нив дека ние сме Македонци. Нашето постоење како Македонци не зависи од нив, тоа треба сите да го знаеме, изјави Маричиќ, посочувајќи дека не можеме врз основа на нивните лични навреди и провокации, да креираме политика кон ЕУ или Бугарија.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, во интервјуто уверува дека не треба да се плашат граѓаните од вето, бидејќи тоа не е во рацете на Бугарија, туку во наши раце и затоа ако не ги изгласаме уставните измени тогаш сами ќе се блокираме.

Условите се тешки и не е праведно, не било лесно ни за нас, кои сме седеле на таа маса и сме преговарале ни било лесно и едноставно, напротив. Но, тоа беше единствената шанса, единствениот начин да ги почнеме преговорите, после изгубени десет години и многу пропуштени шанси, вели Маричиќ, додавајќи дека многу покомотно ќе било за Владата да не ги прифати никакви услови, да го стават Гоце Делчев на местото на Александар Македонски на плоштад и следните десет години да владеат на оваа тема.

На прашањето дали се почнати преговорите со ЕУ, Маричиќ вели дека скринингот е почнат, а тоа може да се случи кога преговорите се формално почнати.

Јас можам да ви потврдам дека 2022 е историска година за нас бидејќи по прв пат ги почнавме преговорите. Чешкиот министер за надворешни работи, на Меѓувладината конференција, рече дека преговорите се отворени и дека почнува да тече преговарачкиот процес. Имаме определени услови и фази што треба да ги поминеме за да продолжиме со преговорите кога и ќе ги отвориме поглавјата. Колку брзо тоа ќе се одвива зависи од нас и од тоа дали ќе ги исполниме обврските од преговарачката рамка, вели Маричиќ.

На прашањето да даде коментар за ниската доверба на граѓаните во правосудството, како поранешен министер за правда, Маричиќ рече дека министерот и Владата имаат ингеренции да создаваат услови за работа, но не може да работат наместо судиите и обвинителите.

За моите 16 месеци министерување, направено е колку што може да се направи во тие услови. Многу процеси почнаа, меѓу кои и процесот на дигитализација. 34 судови почнаа процес на дигитализација, а процесот за целосно дигитализирање на сите судови трае сè уште, вели Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека додека во негово време почна да се применува и новата методологија за оценување и разрешување на судии, а беше зголемен и буџетот на судството и пораснаа платите на судиите и обвинителите.

Горд сум и на пописот кој беше спроведен по 20 години, а се донесоа и законски измени. Од една страна на Изборниот законик, по барање на ВМРО-ДПМНЕ се внесе фингерпринтот и се направија законски измени на Кривичниот законик со кој се зајакнува заштитата на новинарите како службени лица, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој прави компарација со судските реформи кои ги направи Албанија, распуштувајќи го целиот судски систем, бидејќи беше со години блокирана и не можеше да избере Уставен суд и Врховен суд, укажувајќи Маричиќ дека нам не ни било дозволено тоа да го направиме, без поддршка од Европска комисија, поради научените лекции од Албанија.

Околу прашањата за трошењето на државна сметка, вицепремиерот Маричиќ одговори дека сите сметки потпишани од него се поврзани со некоја службена активност и не отскокнуваат од просекот на министрите.

Немам што да кријам, затоа што не ја злоупотребувам никогаш сметката, картичката. Владата има правилник, којшто ги третира службените трошоци и точно за секоја сметка имам извештај. Има правилник по којшто се цени колку смее да чини еден оброк и не било секогаш до максимум. Секогаш се било во рамките на законот, вели Маричиќ.

Тој вели дека тоа е секаде така, така било и така е сега, и така и ќе биде и дека не е врзано со него и неговата функција, објаснувајќи дека неговиот потпис стои и на трошоци коишто се однесуваат на големи настани, но и дека често, колку што тоа дозволува и расположливоста на капацитетите, но и од програмата на гостите, делегациите на кои е домаќин ги носи во државните објекти каде храната е поевтина.

The post Маричиќ: Бугарските клубови не се опасност за нашиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното интервју за новинската агенција „Макфакс“ рече дека секоја провокација го отежнува патот кон ЕУ и завршувањето на обврските, додавајќи бугарските клубови сами по себе не се опасност за нашиот идентитет.
Со Џамбаски и Ковачев сум имал прилика да се судрам во Европскиот парламент и во салата и надвор од неа. Ние никогаш не сме се обидувале да ги убедиме нив дека ние сме Македонци. Нашето постоење како Македонци не зависи од нив, тоа треба сите да го знаеме, изјави Маричиќ, посочувајќи дека не можеме врз основа на нивните лични навреди и провокации, да креираме политика кон ЕУ или Бугарија.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, во интервјуто уверува дека не треба да се плашат граѓаните од вето, бидејќи тоа не е во рацете на Бугарија, туку во наши раце и затоа ако не ги изгласаме уставните измени тогаш сами ќе се блокираме.
Условите се тешки и не е праведно, не било лесно ни за нас, кои сме седеле на таа маса и сме преговарале ни било лесно и едноставно, напротив. Но, тоа беше единствената шанса, единствениот начин да ги почнеме преговорите, после изгубени десет години и многу пропуштени шанси, вели Маричиќ, додавајќи дека многу покомотно ќе било за Владата да не ги прифати никакви услови, да го стават Гоце Делчев на местото на Александар Македонски на плоштад и следните десет години да владеат на оваа тема.
На прашањето дали се почнати преговорите со ЕУ, Маричиќ вели дека скринингот е почнат, а тоа може да се случи кога преговорите се формално почнати.
Јас можам да ви потврдам дека 2022 е историска година за нас бидејќи по прв пат ги почнавме преговорите. Чешкиот министер за надворешни работи, на Меѓувладината конференција, рече дека преговорите се отворени и дека почнува да тече преговарачкиот процес. Имаме определени услови и фази што треба да ги поминеме за да продолжиме со преговорите кога и ќе ги отвориме поглавјата. Колку брзо тоа ќе се одвива зависи од нас и од тоа дали ќе ги исполниме обврските од преговарачката рамка, вели Маричиќ.
На прашањето да даде коментар за ниската доверба на граѓаните во правосудството, како поранешен министер за правда, Маричиќ рече дека министерот и Владата имаат ингеренции да создаваат услови за работа, но не може да работат наместо судиите и обвинителите.
За моите 16 месеци министерување, направено е колку што може да се направи во тие услови. Многу процеси почнаа, меѓу кои и процесот на дигитализација. 34 судови почнаа процес на дигитализација, а процесот за целосно дигитализирање на сите судови трае сè уште, вели Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека додека во негово време почна да се применува и новата методологија за оценување и разрешување на судии, а беше зголемен и буџетот на судството и пораснаа платите на судиите и обвинителите.
Горд сум и на пописот кој беше спроведен по 20 години, а се донесоа и законски измени. Од една страна на Изборниот законик, по барање на ВМРО-ДПМНЕ се внесе фингерпринтот и се направија законски измени на Кривичниот законик со кој се зајакнува заштитата на новинарите како службени лица, рече вицепремиерот Маричиќ.
Тој прави компарација со судските реформи кои ги направи Албанија, распуштувајќи го целиот судски систем, бидејќи беше со години блокирана и не можеше да избере Уставен суд и Врховен суд, укажувајќи Маричиќ дека нам не ни било дозволено тоа да го направиме, без поддршка од Европска комисија, поради научените лекции од Албанија. Околу прашањата за трошењето на државна сметка, вицепремиерот Маричиќ одговори дека сите сметки потпишани од него се поврзани со некоја службена активност и не отскокнуваат од просекот на министрите.
Немам што да кријам, затоа што не ја злоупотребувам никогаш сметката, картичката. Владата има правилник, којшто ги третира службените трошоци и точно за секоја сметка имам извештај. Има правилник по којшто се цени колку смее да чини еден оброк и не било секогаш до максимум. Секогаш се било во рамките на законот, вели Маричиќ.
Тој вели дека тоа е секаде така, така било и така е сега, и така и ќе биде и дека не е врзано со него и неговата функција, објаснувајќи дека неговиот потпис стои и на трошоци коишто се однесуваат на големи настани, но и дека често, колку што тоа дозволува и расположливоста на капацитетите, но и од програмата на гостите, делегациите на кои е домаќин ги носи во државните објекти каде храната е поевтина.

The post Маричиќ: Бугарските клубови не се опасност за нашиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-zdruzhenijata-koishto-nema-da-go-pochituvaat-zakonot-ke-postapuva-tsentralniot-registar/ Fri, 24 Feb 2023 12:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=612755

Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови.

Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.

Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2.

Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат

The post Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар appeared first on Република.

]]>

Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови. Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.
Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2.
Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат

The post Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар appeared first on Република.

]]>
„Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivan-mihailov-nema-da-go-smeni-imeto-poracha-pretsedatelot-na-bugarskiot-klub/ Sun, 19 Feb 2023 16:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=610752

Културниот центар „Иван Михаилов“ нема да го смени името, изјави претседателот на културниот центар Лупчо Георгиевски по повод истекот на рокот за промена на имињата на здруженијата кои во Скопје се сметаат за контроверзни, пишува БГНЕС.

Во ноември 2022 година, парламентот донесе легислатива, според која веќе законски регистрираните здруженија и клубови може да се избришат од Централниот регистар поради нивните имиња.

Правата ќе си ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели Георгиевски.

По повод средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела, Георгиевски изјави дека оваа прва средба е само еден чекор напред.

Во разговорот со него изјавивме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Cеверна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Властите не разговарале со нас досега. Подготвени сме да разговараме со секој што сака разговор со нас. РСМ мора да го почитува францускиот предлог, рече Георгиевски.

Тој појасни дека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има друга кривична постапка – од Комисијата за заштита од дискриминација за непромена на таблата на која пишува „Културен клуб Иван Михаилов“.

И откако се вративме од Брисел (каде се одржа средба со еврокомесарот Вархеи) – има и нова постапка против мене – овој пат за ширење говор на омраза кон луѓе кои имаа македонска национална самодоверба. Тие продолжуваат со обвинувањата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да се решат проблемите, но од друга страна продолжуваат со обвинувањата кои може да се реализираат утре со казна до 15.000 евра, а постапката за говор на омраза може да доведе и до затвор. Ние македонските бугари не знаеме како ќе падне тензијата што ја чувствуваме на грб затоа што живееме овде и имаме стравови за нашата безбедност, рече Лупчо Георгиевски.

The post „Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>

Културниот центар „Иван Михаилов“ нема да го смени името, изјави претседателот на културниот центар Лупчо Георгиевски по повод истекот на рокот за промена на имињата на здруженијата кои во Скопје се сметаат за контроверзни, пишува БГНЕС. Во ноември 2022 година, парламентот донесе легислатива, според која веќе законски регистрираните здруженија и клубови може да се избришат од Централниот регистар поради нивните имиња.
Правата ќе си ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели Георгиевски.
По повод средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела, Георгиевски изјави дека оваа прва средба е само еден чекор напред.
Во разговорот со него изјавивме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Cеверна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Властите не разговарале со нас досега. Подготвени сме да разговараме со секој што сака разговор со нас. РСМ мора да го почитува францускиот предлог, рече Георгиевски.
Тој појасни дека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има друга кривична постапка – од Комисијата за заштита од дискриминација за непромена на таблата на која пишува „Културен клуб Иван Михаилов“.
И откако се вративме од Брисел (каде се одржа средба со еврокомесарот Вархеи) – има и нова постапка против мене – овој пат за ширење говор на омраза кон луѓе кои имаа македонска национална самодоверба. Тие продолжуваат со обвинувањата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да се решат проблемите, но од друга страна продолжуваат со обвинувањата кои може да се реализираат утре со казна до 15.000 евра, а постапката за говор на омраза може да доведе и до затвор. Ние македонските бугари не знаеме како ќе падне тензијата што ја чувствуваме на грб затоа што живееме овде и имаме стравови за нашата безбедност, рече Лупчо Георгиевски.
 
The post „Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>
Централен регистар: Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат од Регистарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsentralen-registar-zdruzhenijata-koi-nema-da-gi-usoglasat-iminata-se-brishat-od-registarot/ Thu, 16 Feb 2023 13:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=609800

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централен регистар.

Го пренесуваме соопштението од Централен регистар во целост:

„Ја информираме јавноста во врска со усогласувањето на здруженијата согласно Законот за здруженија и фондации,

Согласно измените од Законот за здруженија и фондации бр.239/2022, здруженијата се должни во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат своето име и/или назив, скратено име, програма, цели и дејности, согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации. Рокот за усогласување истекува денес – 16.02.2023.

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ број 52/10, 135/11 и 55/16), кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката за неусогласеност од страна на Министерството за правда се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

До Централен регистар на ден 10.02.2023 година е доставен Допис со наслов - Предмет: Барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид со Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации( Службен весник на Република Македонија број 239/2022).

На Допис - барањето од подносителот, Централениот регистар до подносителот на Дописот, достави Известување за поднесување на пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации.

Во текот на утрешниот ден, Централниот регистар ќе достави список на здруженија кои понатаму треба да бидат предмет на анализа од страна на Министерството за правда. Дополнително, Централен регистар ќе достави информација до Министерството за правда дали Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид постапило по Известувањето од Централен регистар, односно дали поднело пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации“

The post Централен регистар: Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат од Регистарот appeared first on Република.

]]>

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централен регистар. Го пренесуваме соопштението од Централен регистар во целост:

„Ја информираме јавноста во врска со усогласувањето на здруженијата согласно Законот за здруженија и фондации,

Согласно измените од Законот за здруженија и фондации бр.239/2022, здруженијата се должни во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат своето име и/или назив, скратено име, програма, цели и дејности, согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации. Рокот за усогласување истекува денес – 16.02.2023.

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ број 52/10, 135/11 и 55/16), кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката за неусогласеност од страна на Министерството за правда се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

До Централен регистар на ден 10.02.2023 година е доставен Допис со наслов - Предмет: Барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид со Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации( Службен весник на Република Македонија број 239/2022).

На Допис - барањето од подносителот, Централениот регистар до подносителот на Дописот, достави Известување за поднесување на пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации.

Во текот на утрешниот ден, Централниот регистар ќе достави список на здруженија кои понатаму треба да бидат предмет на анализа од страна на Министерството за правда. Дополнително, Централен регистар ќе достави информација до Министерството за правда дали Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид постапило по Известувањето од Централен регистар, односно дали поднело пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации“

The post Централен регистар: Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат од Регистарот appeared first on Република.

]]>
И Чернева потврди дека Македонија не почна преговори со ЕУ, како што ни тврдат дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-cherneva-potvrdi-deka-makedonija-ne-pochna-pregovori-so-eu-kako-shto-ni-tvrdat-doma/ Thu, 16 Feb 2023 10:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=609674

Секое влошување на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во уставот, туку е во интерес на руските цели на Балканот, смета Весела Чернева, заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика и советничка на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков.

Чернева во изјава за БТВ ја посочува одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни лани, кога пратениците усвоија листа услови за односите со Скопје за кои требаше да почнат разговори, но наместо тоа се случило спротивното.

Таа смета дека односите меѓу Софија и Скопје ќе ги регулира Брисел кога ќе почнат преговорите за членство на Македонија.

Европската унија ќе влезе во својата улога на контролно тело кога Македонија ќе ги почне преговорите. Македонија сè уште не почнала да преговара во ЕУ, бидејќи имаше еден услов - Бугарите да бидат вклучени во уставот. Тоа се уште не е наравено, истакна Чернева.

За да се постигне оваа промена, според неа, мора да има соодветен амбиент, а во моментов се забележува ескалација.

Двете страни се виновни. Ако нè интересира судбината на Бугарите во Македонија, задача на Бугарија е да создаде поволни услови за да можат многу брзо да ги добијат правата што ги сакаме, смета Чернева.

Грешката на Бугарија, како што посочува, е и во имињата на културните клубови што се отворени во Македонија, чија цел е да провоцираат, а не да ги подобрат односите.

Тоа е направено за да провоцира другата страна. Кога отворате клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа за да ја навредува другата страна, изјави Чернева.

The post И Чернева потврди дека Македонија не почна преговори со ЕУ, како што ни тврдат дома appeared first on Република.

]]>

Секое влошување на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во уставот, туку е во интерес на руските цели на Балканот, смета Весела Чернева, заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика и советничка на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков. Чернева во изјава за БТВ ја посочува одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни лани, кога пратениците усвоија листа услови за односите со Скопје за кои требаше да почнат разговори, но наместо тоа се случило спротивното. Таа смета дека односите меѓу Софија и Скопје ќе ги регулира Брисел кога ќе почнат преговорите за членство на Македонија.
Европската унија ќе влезе во својата улога на контролно тело кога Македонија ќе ги почне преговорите. Македонија сè уште не почнала да преговара во ЕУ, бидејќи имаше еден услов - Бугарите да бидат вклучени во уставот. Тоа се уште не е наравено, истакна Чернева.
За да се постигне оваа промена, според неа, мора да има соодветен амбиент, а во моментов се забележува ескалација.
Двете страни се виновни. Ако нè интересира судбината на Бугарите во Македонија, задача на Бугарија е да создаде поволни услови за да можат многу брзо да ги добијат правата што ги сакаме, смета Чернева.
Грешката на Бугарија, како што посочува, е и во имињата на културните клубови што се отворени во Македонија, чија цел е да провоцираат, а не да ги подобрат односите.
Тоа е направено за да провоцира другата страна. Кога отворате клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа за да ја навредува другата страна, изјави Чернева.

The post И Чернева потврди дека Македонија не почна преговори со ЕУ, како што ни тврдат дома appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Бугарските клубови ќе продолжат да работат ако ги променат имињата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-bugarskite-klubovi-ke-prodolzhat-da-rabotat-ako-gi-promenat-iminata/ Thu, 16 Feb 2023 10:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=609667

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека бугарските клубови штом ги променат спорните имињата, ќе продолжат да работат согласно законите.

Тие што нема да поднесат барање до Централниот регистар, нема да продолжат да работат согласно законите. Културните клубови треба да бидат место каде што ги зближуваат народите и граѓаните, а не да бидат места каде што со своите имиња будат негативните чувства и ги разединуваат граѓаните. Законот ќе биде спроведен во целост како што се спроведуваат сите други закони - порача Ковачевски за имињата на клубовите „Цар Борис Трети“ во Охрид и „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Клубот во Охрид пред шест дена веќе поднел барање за промена на своето име.

The post Ковачевски: Бугарските клубови ќе продолжат да работат ако ги променат имињата appeared first on Република.

Денеска е последен ден за пререгистрација на бугарските клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-e-posleden-den-za-preregistratsija-na-bugarskite-klubovi/ Thu, 16 Feb 2023 07:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=609519

Денеска истекува рокот за преименување на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и претставуваат провокација што предизвикува тензии меѓу Македонија и Бугарија, во спротивно, согласно законските измени за здруженија и политички партии од ноември 2022 година, ќе бидат затворени. Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаат доставено барање за измени.

Бугарските клубови, согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување.

Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид  и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола  досега не е поднесено барање.

Според постоечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.

Според измените на Законот за здруженија и фондации, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Со измените се уредува дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на  Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“.

Со отворањето клубови кои носат имиња на личности коишто будат негативни чувства кај нашите граѓани, а пред се кај Еврејската заедница сметам дека се повредуваат прво чувствата на македонскит

Тогаш бугарското МНР изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии во македонското Собрание, оценувајќи дека „измените имаат за цел дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, бидејќи има еднострано толкување на историските факти“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија при што биле размените мислења за прашања што ја засегаат бугарската заедница во Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.

-На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, информираа од МНР.

The post Денеска е последен ден за пререгистрација на бугарските клубови appeared first on Република.

]]>

Денеска истекува рокот за преименување на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и претставуваат провокација што предизвикува тензии меѓу Македонија и Бугарија, во спротивно, согласно законските измени за здруженија и политички партии од ноември 2022 година, ќе бидат затворени. Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаат доставено барање за измени.   Бугарските клубови, согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување.   Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид  и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола  досега не е поднесено барање.   Според постоечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.   Според измените на Законот за здруженија и фондации, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда. Со измените се уредува дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на  Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“.   Со отворањето клубови кои носат имиња на личности коишто будат негативни чувства кај нашите граѓани, а пред се кај Еврејската заедница сметам дека се повредуваат прво чувствата на македонскит   Тогаш бугарското МНР изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии во македонското Собрание, оценувајќи дека „измените имаат за цел дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, бидејќи има еднострано толкување на историските факти“.   Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија при што биле размените мислења за прашања што ја засегаат бугарската заедница во Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.  
-На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, информираа од МНР.

The post Денеска е последен ден за пререгистрација на бугарските клубови appeared first on Република.

]]>
Власта да каже кои се тие странски агентури и служби што работат на нарушување на односите помеѓу Македонија и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-da-kazhe-koi-se-tie-stranski-agenturi-i-sluzhbi-shto-rabotat-na-narushuvane-na-odnosite-pomegu-makedonija-i-bugarija/ Thu, 02 Feb 2023 14:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=603909

При денешната посета во Битола, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што власта вели дека зад бугарските здруженија стојат агентури и многу пари истакна дека власта треба јасно да излезе и да каже кои се тие агентурни мрежи и странски служби кои што работат на нарушување на односите помеѓу Македонија и Бугарија, да се провери финансирањето на тие здруженија и на поединци за да се види потеклото на парите и од каде тие пари доаѓаат.

Па ова е добра тема особено тука во Битола имајќи предвид дека провокациите почнаа токму од Битола, мислам дека односот на власта кој што е однос на постојано попуштање и постојано виткање на кичмата го доживеа своето фијаско и се удри во ѕид со последните случувања во Бугарија се покажа дека таа политика на постојани попуштања носи само порази за Македонија, и се виде дека секогаш кога има политички потреби во Бугарија Македонија влегува во криза, како што е оваа последна криза во односите со Бугарија во таа насока самите претставници на власта кажаа дека се работи за луѓе кои што се здруженија позади кои што стои агентура и нелегално финансирање јас минатата недела точно во недела, побарав да се дадат неколку одговори од кои што првиот одговор е власта треба јасно да излезе и да каже кои се тие агентурни мрежи и странски служби кои што работат на нарушување на односите помеѓу Македонија и Бугарија и за истото да поднесат детален извештај во јавноста, со што јавноста би била запознаена. Втората работа е да се провери финансирањето на овие здруженија и на поединци да се види потеклото на парите и од каде тие пари доаѓаат. До денес немаме одговор на овие две барања како и барањето за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човековите права, на поголема ажурност на македонските институции и на правата на Македонците во Албанија. На овие барања немаме одговори што само говори дека или блефираат или безбедносните служби не ја работат својата работа и затоа целата јавност сега е во грч што ќе се случи во сабота на 4 ти февруари кога гледаме дека бројни граѓани од Бугарија велат дека дури ќе бидат и придружувани  и аскортирани од полицијата како да се работи за високи вип гости а не за провокатори кои што доаѓаат на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Јас се надевам дека ќе помине во мирна атмосфера, се надевам дека ќе помине достоинствено и тука од Битола сакам уште еднаш да ја обновам иницијативата која што ја дадовме а тоа е македонската влада да побара од грчката влада во Кукуш родниот град на Гоце Делчев да се изгради спомен куќа музеј на Гоце Делчев во кој што ќе биде претставен неговиот живот и животот на неговото семејство како родно место на Гоце Делчев, тоа е начинот на кој што може да се градат мостови меѓу државите и народите , нагласи Николоски.

The post Власта да каже кои се тие странски агентури и служби што работат на нарушување на односите помеѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

Пендаровски да каже кои се агентурните мрежи и финансирањето на бугарските здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-da-kazhe-koi-se-agenturnite-mrezhi-i-finansiraneto-na-bugarskite-zdruzhenija/ Mon, 30 Jan 2023 10:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=602561

Владата на СДС да не ги крие агентурните мрежи и финансирањето на бугарските здруженија.Стево Пендаровски кажа дека агентурни мрежи ги загрозувале односите со Бугарија и шират антимакедонска пропаганда во Македонија. Пендаровски да не молчи и да ги каже кои се, бара  ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено власта преку финансиските институции да ги обелодени изворите на финансирање на здруженијата, како и на потеклото на парите.

СДС да не молчи на секоја провокација, и да не ја ведне кичмата на народот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-go-proveri-finansiraneto-na-bugarskite-zdruzhenija-i-potekloto-na-parite/

Бугарските барања и понижувања за Македонија немаат крај, затоа што власта нема отстапка преку која нема да помине-смета опозициската партија.

The post Пендаровски да каже кои се агентурните мрежи и финансирањето на бугарските здруженија appeared first on Република.

]]>

Владата на СДС да не ги крие агентурните мрежи и финансирањето на бугарските здруженија.Стево Пендаровски кажа дека агентурни мрежи ги загрозувале односите со Бугарија и шират антимакедонска пропаганда во Македонија. Пендаровски да не молчи и да ги каже кои се, бара  ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено власта преку финансиските институции да ги обелодени изворите на финансирање на здруженијата, како и на потеклото на парите.
СДС да не молчи на секоја провокација, и да не ја ведне кичмата на народот. https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-go-proveri-finansiraneto-na-bugarskite-zdruzhenija-i-potekloto-na-parite/
Бугарските барања и понижувања за Македонија немаат крај, затоа што власта нема отстапка преку која нема да помине-смета опозициската партија.

The post Пендаровски да каже кои се агентурните мрежи и финансирањето на бугарските здруженија appeared first on Република.

]]>
Власта да го провери финансирањето на бугарските здруженија и потеклото на парите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-go-proveri-finansiraneto-na-bugarskite-zdruzhenija-i-potekloto-na-parite/ Mon, 30 Jan 2023 07:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=602445

Поданичкиот однос на владата допринесе Македонија да биде понижувана од Бугарија. Веднењето на кичма е причина на барањата на Бугарија кои секој ден се се повеќе, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, оваа власт трајно ги оштети македонските позиции, и ја стави државата во подредена положба. Цела извршна власт со денови не може да одлучи дали некого прогласува или не персона нон грата, и наместо реална реакција, само подгрева атмосфера, а потоа се повлекува.

Македонија не смее повеќе да биде ставана на позиција за поткусурување по потреба на Ковачевски и Османи. Затоа бараме:

Прво, власта на Ковачевски и Пендаровски да не ги крие и јавно да ги каже кои се тие агентурни мрежи и странски агенти кои работат на преку здруженија и фондации за поттикнување на антижакедонски ставови.

Второ, финаниските институции да го проверат финансирањето на дел од овие здруженија и потеклото на парите, бидејќи со овие здруженија се шири антимакедонска политика.

Трето, владата да се заинтересираат за делувањето, целта и постоењето на бугарско здружение во Корча, соседна Албанија, каде што во целата област живее мнозинско македонско население. Зошто досега не се побарани одговори за ова ниту од Еди Рама, ниту од властите во Албанија на кои начин дозволуваат да се негира постоењето на македонското национално малцинство во Албанија кое што таму живее со векови.

Четврто, владата досега нема ниту една посериозна реакција во однос на било кое отворено негирање на македонската нација, историја и јазик. Затоа постојат македонски институции и тие мора да се спротистават на отворената кампања против Македонија.

Петто, бараме македонската влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија, нивното право на здружување, нивното право на учество на избори, нивното право на образование на мајчин јазик како и нивното право на национално определување како Македонци. Должност е на Македонија да се грижи со сета сила и аргументи за правото на сите Македонци каде и да се наоѓаат.

Владата да почне да работи, за Македонија, а за почеток може да ја почитува Резолуцијата од Собранието, која и самите ја гласаа.

The post Власта да го провери финансирањето на бугарските здруженија и потеклото на парите appeared first on Република.

]]>

Поданичкиот однос на владата допринесе Македонија да биде понижувана од Бугарија. Веднењето на кичма е причина на барањата на Бугарија кои секој ден се се повеќе, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, оваа власт трајно ги оштети македонските позиции, и ја стави државата во подредена положба. Цела извршна власт со денови не може да одлучи дали некого прогласува или не персона нон грата, и наместо реална реакција, само подгрева атмосфера, а потоа се повлекува. Македонија не смее повеќе да биде ставана на позиција за поткусурување по потреба на Ковачевски и Османи. Затоа бараме: Прво, власта на Ковачевски и Пендаровски да не ги крие и јавно да ги каже кои се тие агентурни мрежи и странски агенти кои работат на преку здруженија и фондации за поттикнување на антижакедонски ставови. Второ, финаниските институции да го проверат финансирањето на дел од овие здруженија и потеклото на парите, бидејќи со овие здруженија се шири антимакедонска политика. Трето, владата да се заинтересираат за делувањето, целта и постоењето на бугарско здружение во Корча, соседна Албанија, каде што во целата област живее мнозинско македонско население. Зошто досега не се побарани одговори за ова ниту од Еди Рама, ниту од властите во Албанија на кои начин дозволуваат да се негира постоењето на македонското национално малцинство во Албанија кое што таму живее со векови. Четврто, владата досега нема ниту една посериозна реакција во однос на било кое отворено негирање на македонската нација, историја и јазик. Затоа постојат македонски институции и тие мора да се спротистават на отворената кампања против Македонија.
Петто, бараме македонската влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија, нивното право на здружување, нивното право на учество на избори, нивното право на образование на мајчин јазик како и нивното право на национално определување како Македонци. Должност е на Македонија да се грижи со сета сила и аргументи за правото на сите Македонци каде и да се наоѓаат.
Владата да почне да работи, за Македонија, а за почеток може да ја почитува Резолуцијата од Собранието, која и самите ја гласаа.

The post Власта да го провери финансирањето на бугарските здруженија и потеклото на парите appeared first on Република.

]]>
Имало и разумни во Софија: Бугарски новинар тврди дека имињата на клубовите се провокција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/imalo-i-razumni-vo-sofija-bugarski-novinar-tvrdi-deka-iminata-na-klubovite-se-provoktsija/ Thu, 26 Jan 2023 07:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=601136

Дека во Бугарија има разумни луѓе доказ е и новинарот Огњан Стефанов. Тој во текст за „фрогњус“ посочува дека имињата на бугарските клубови во Македонија се чиста провокација.

Се разбира, ова е провокација. Зошто ги затвораме очите и се правиме наудрени?Иван Михајлов, познат деец на ВМРО, е човек со сложена биографија. Во историјата на Југославија, чиј дел беше и Македонија, оставил спомен за учество во трагични епизоди. Организирал терористички акти, соработувал со СС рајхсфирерот Хајнрих Химлер, создавал пронацистички баталјони кои се бореле против југословенската Народно-ослободителна армија, бил збратимен со хрватските усташи – локалните поддржувачи на Хитлер итн. Уште многу може да се каже …Мора да се запамети дека Југославија храбро се бореше против хитлеровите трупи, не се предаде и плати со околу 2 милиони жртви. Дел од нив се Македонци.Борис III можеби за нас е обединувач, но за Македонците е освојувач-објаснува новинарот.

The post Имало и разумни во Софија: Бугарски новинар тврди дека имињата на клубовите се провокција appeared first on Република.

Османи: Бугарските клубови ќе мораат да ги променат своите имиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-bugarskite-klubovi-ke-moraat-da-gi-promenat-svoite-imina/ Mon, 23 Jan 2023 08:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=599789

Шефот на македонската дипломатијата Бујар Османи е дециден дека бугарските клубови во Македонија ќе мораат да ги променат своите имиња доколку сакаат и понатаму да функционираат.

Така вели законот. Ќе бидам доследен – јас лично имав дилеми околу ретроактивноста на одредени делови од законот. Но, одлуката на Собранието е таква што имињата не треба да се поврзуваат со периоди како што е фашистичкиот период од Втората светска војна, кои ги повредуваат чувствата на граѓаните. И клубовите ќе мора да го направат тоа. По следната недела планирам да ги поканам бугарските здруженија на собир, каде што ќе направиме план како да овозможиме бугарската заедница да ја декларира својата припадност, нејзиниот идентитет и културна припадност, да се интегрира во општеството. Имам искуство, имам волја и државата има волја да и помогне на бугарската заедница да се интегрира - рекол Османи во интервју за „БТВ“.

Тој потенцирал дека „чувството во Македонија за одбраните имиња на бугарските клубови покажува дека се провокации“.

Како што кажав за случајот на Христијан, не ми е гајле што ќе покаже истрагата. Важно ми е што родителот на Кристијан вели дека бил нападнат поради неговата бугарска етничка припадност. А мене ова ми е доволно за денес да дојдам во Софија и да испратам порака. Истото треба да го чувствува и бугарската заедница. Не треба да влегуваме во вистинска научна дебата за улогата на овие историски личности. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од ова, да ја разбереме оваа чувствителност на народот. И верувајте дека тоа е во интерес на бугарската заедница. Ова го велам како некој кој поминал низ слични тешкотии во обединувањето и интеграцијата на заедницата - кажал меѓу другото Османи.

The post Османи: Бугарските клубови ќе мораат да ги променат своите имиња appeared first on Република.

Отровна бугарска печурка никнува и во Кавадарци, ќе се вика „Балкански коридор“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otrovna-bugarska-pechurka-niknuva-i-vo-kavadarci-kje-se-vika-balkanski-koridor/ Fri, 02 Dec 2022 21:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=581177

На 11 декември во Кавадарци ќе биде отворен уште еден приватен бугарски клуб, дознава Плусинфо.

Според порталот, третиот бугарски клуб во македонија, покрај „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, ќе се вика „Балкански коридор“, а на отворањето ќе присуствува бугарскиот министер за надворешни работи Николај Миликов.

The post Отровна бугарска печурка никнува и во Кавадарци, ќе се вика „Балкански коридор“ appeared first on Република.

]]>

На 11 декември во Кавадарци ќе биде отворен уште еден приватен бугарски клуб, дознава Плусинфо. Според порталот, третиот бугарски клуб во македонија, покрај „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, ќе се вика „Балкански коридор“, а на отворањето ќе присуствува бугарскиот министер за надворешни работи Николај Миликов.  

The post Отровна бугарска печурка никнува и во Кавадарци, ќе се вика „Балкански коридор“ appeared first on Република.

]]>
Бугарското МНР внимателно ги следи ставовите на македонската опозиција за затворање на бугарските клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-mnr-vnimatelno-gi-sledi-stavovite-na-makedonskata-opozicija-za-zatvoranje-na-bugarskite-klubovi/ Fri, 18 Nov 2022 17:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=575560

Бугарското Министерство за надворешни работи со особено внимание ја следи, како што наведува, „кампањата на опозицијата во Република Македонија против бугарските клубови и нејзино инструментализирање за внатрешно политички цели“, изјави бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев.

Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Коџабашев, вакво однесување е единствено во корист на фактори или трети страни, кои имаат интерес да ја попречат европската интеграција на Македонија.

Коџабашев ги коментираше измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политички партии во Македонија, наведувајќи дека властите во Софија стравуваат дека со нив може да се ограничи правото на здружување.

Тој истакна дека со законските измени се воведува нова комисија за имиња на личности, прашувајќи кој ќе има контрола врз ставовите на комисијата, дали се обезбедува правото на обжалување на нејзините одлуки, какви се критериумите од кои комисијата ќе се води во својата работа.

Коџабашев исто така наведе дека сега претстои дали Владата во Скопје ќе го испрати Законот за здруженија и фондации за мислење до Венецијанската комисија.

-Бугарија смета дека ако се водело соодветно внимание и грижа за човековите права, таков важен предлог-закон требало претходно да се испрати на мислење, бидејќи сега во практика законот почна да се применува, додаде тој.

The post Бугарското МНР внимателно ги следи ставовите на македонската опозиција за затворање на бугарските клубови appeared first on Република.

]]>

Бугарското Министерство за надворешни работи со особено внимание ја следи, како што наведува, „кампањата на опозицијата во Република Македонија против бугарските клубови и нејзино инструментализирање за внатрешно политички цели“, изјави бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Коџабашев, вакво однесување е единствено во корист на фактори или трети страни, кои имаат интерес да ја попречат европската интеграција на Македонија. Коџабашев ги коментираше измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политички партии во Македонија, наведувајќи дека властите во Софија стравуваат дека со нив може да се ограничи правото на здружување. Тој истакна дека со законските измени се воведува нова комисија за имиња на личности, прашувајќи кој ќе има контрола врз ставовите на комисијата, дали се обезбедува правото на обжалување на нејзините одлуки, какви се критериумите од кои комисијата ќе се води во својата работа. Коџабашев исто така наведе дека сега претстои дали Владата во Скопје ќе го испрати Законот за здруженија и фондации за мислење до Венецијанската комисија. -Бугарија смета дека ако се водело соодветно внимание и грижа за човековите права, таков важен предлог-закон требало претходно да се испрати на мислење, бидејќи сега во практика законот почна да се применува, додаде тој.

The post Бугарското МНР внимателно ги следи ставовите на македонската опозиција за затворање на бугарските клубови appeared first on Република.

]]>
Левица: ЕУ да го осуди промовирањето здруженија кои глорифицираат нацистички соработници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-eu-da-go-osudi-promoviranjeto-zdruzenija-koi-glorificiraat-nacistichki-sorabotnici/ Tue, 01 Nov 2022 10:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=568216

Партијата Левица испрати отворено писмо со кое бара институциите на ЕУ да ги осудат дејствата на Бугарија „за промовирање и поддршка на здруженија кои глорифицираат нацистички соработници“, оценувајќи дека трендот на отворање клубови во земјава кои носат имиња на фашистички дејци со цел рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот во нивните современи облици мора да престане.

Имајќи ги предвид резолуциите на ОН како највисок орган во светската политика кои ја осудуваат секоја форма и појава на фашизам и нацизам, како и Резолуцијата за подемот на неофашистичкото насилство во Европа донесена од страна на Европскиот парламент во 2018 година од една страна, како и молкот и изјавите на претставници на институциите на Унијата, кои во изминатиов период активно учествуваат, го набљудуваат и оценуваат односот помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, Левица образложувајќи ги дејствијата во Македонија од бугарска страна, побара највисоките и релевантни институции на Европската Унија да го обелоденат нивниот став по ваквите случувања и јавно да ги осудат дејствата на Бугарија за промовирање и поддршка на здруженија кои глорифицираат нацистички соработници со антисемитска, фашистичка и антимакедонска идеологија во трета земја преку злоупотреба на нејзините права на вето како земја членка на ЕУ, наведува Левица во денешното соопштение.

Партијата потенцира дека решила да го испрати отвореното писмо за да ја претстави „положбата во која се наоѓаат македонскиот народ и држава“, поради „целосно отсуство на претставување на вистинската слика за тоа што земја членка на ЕУ прави во трета држава“.

The post Левица: ЕУ да го осуди промовирањето здруженија кои глорифицираат нацистички соработници appeared first on Република.

ОМО Илинден Пирин: Бараме македонската влада да ги затвори сите фашистички бугарски клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omo-ilinden-pirin-barame-makedonskata-vlada-da-gi-zatvori-site-fashistichki-bugarski-klubovi/ Wed, 19 Oct 2022 21:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=563326

Со Бугарите само реципроцитет, кој е основно право во цел свет, и ништо друго. Ако Бугарија не дозволи да се отвори Македонски клуб во Благоевград и било каде на друго место во Бугарија каде што ќе побараат Македонците, тогаш бараме македонската влада да ги затвори не само трите фашистички бугарски клубови, туку и таканаречените лажни „културни клубови за бугаро-македонско пријателство“, кои веќе се отворени во дваесетина града во Македонија и преку кои на големо се шири бугарска пропаганда меѓу македонската младина! - реагира Обединета македонска организација "Илинден" - Партија за економски развој и интеграција на населението (ОМО "Илинден" - ПИРИН).

Ваквата реакција доаѓа откако Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет наведувајќи дека тоа е провокација.

Или реципроцитет и дозвола за неограничен број македонски клубови во Бугарија, или во Македонија нема да постои ни еден бугарски пропаганден антимакедонски клуб! - додаваат од ОМО "Илинден" - ПИРИН.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dvojnite-standardi-na-eu-i-bugarija-fashistichki-klubovi-vo-ohrid-i-bitola-moze-makedonski-vo-blagoevgrad-ne-moze/

The post ОМО Илинден Пирин: Бараме македонската влада да ги затвори сите фашистички бугарски клубови appeared first on Република.

Гир за бугарските клубови: Не сакам да навлегувам во толкување на историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-za-bugarskite-klubovi-ne-sakam-da-navleguvam-vo-tolkuvanje-na-istorijata/ Thu, 13 Oct 2022 10:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=560528

Евроамбасадорот Дејвид Гир не сакал да навлегува во толкување на историјата, во однос на отворањето на бугарските клубови со контроверзни имиња. Тој вели дека Македонија има добро досие што се однесува на односите помеѓу самите заедници во земјата.

Многу е важно правата на различните заедници да се почитуваат. Исто така е многу важно дека ќе се направат напори од сите страни за да се промовира заемно разбирање и да се избегнуваат тензии. Што се однесува на овој посебен инцидент што се случи пред неколку дена, Министерството за надворешни работи излезе многу јасно и кажа дека линијата беше пречекорена во врска со ова прашање. Толку имам да кажам, рече Гир на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Бојан Маричиќ, како одговор на прашањето како ги коментира имињата „Цар Борис Трети“ и „Ванчо Михајлов“ на бугарските здруженија и клубови во земјава.

The post Гир за бугарските клубови: Не сакам да навлегувам во толкување на историјата appeared first on Република.