бугарски клуб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klub/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jan 2024 15:11:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски клуб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klub/ 32 32 На Врабевски му е забранет влез во Македонија, но отвори нов бугарски клуб во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-vrabevski-mu-e-zabranet-vlez-vo-makedonija-no-otvori-nov-bugarski-klub-vo-bitola/ Wed, 03 Jan 2024 14:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=729332

Во Битола се отвори нов бугарск клуб„Балкански мост“ и не е поврзано со ниту една историска личност, како што  беше случајот со клубот „Ванчо Михајлов“.

Зад клубот сто контроверзниот бугарски бизнисмен Милен Врабевски.

https://republika.mk/vesti/balkan/vrabevski-najavi-otvoranje-na-ushte-20-bugarski-kulturni-klubovi-vo-makedonija/

Новото здружение фокусирано на културата, образованието и традицијата и во овие празнични денови е прилично активно со донации, а било дел од вмрежување на исти вакви клубови во Албанија и други балкански држави.

Претседател на новото здружение е битолчанецот Љупчо Јошевски, вработен во РЕК „Битола“.

Кој е Милен Врабевски

Врабевски е бизнисмен и сопственик на голема компанија за клинички истражувања. На почетокот на пандемијата, тој донираше и заштитна опрема на болници во Македонија.
Исто така, тој го основал и пишува музика и текстови за рок бендот ,,Intelligent music project”.Поседува градинки и училиште, и често изјавува дека најмногу сака да инвестира во младите.

https://republika.mk/vesti/balkan/kovachev-i-vrabevski-dobile-zabrana-za-vlez-vo-makedonija/

The post На Врабевски му е забранет влез во Македонија, но отвори нов бугарски клуб во Битола appeared first on Република.

]]>

Во Битола се отвори нов бугарск клуб„Балкански мост“ и не е поврзано со ниту една историска личност, како што  беше случајот со клубот „Ванчо Михајлов“. Зад клубот сто контроверзниот бугарски бизнисмен Милен Врабевски. https://republika.mk/vesti/balkan/vrabevski-najavi-otvoranje-na-ushte-20-bugarski-kulturni-klubovi-vo-makedonija/ Новото здружение фокусирано на културата, образованието и традицијата и во овие празнични денови е прилично активно со донации, а било дел од вмрежување на исти вакви клубови во Албанија и други балкански држави. Претседател на новото здружение е битолчанецот Љупчо Јошевски, вработен во РЕК „Битола“.

Кој е Милен Врабевски

Врабевски е бизнисмен и сопственик на голема компанија за клинички истражувања. На почетокот на пандемијата, тој донираше и заштитна опрема на болници во Македонија. Исто така, тој го основал и пишува музика и текстови за рок бендот ,,Intelligent music project”.Поседува градинки и училиште, и често изјавува дека најмногу сака да инвестира во младите. https://republika.mk/vesti/balkan/kovachev-i-vrabevski-dobile-zabrana-za-vlez-vo-makedonija/

The post На Врабевски му е забранет влез во Македонија, но отвори нов бугарски клуб во Битола appeared first on Република.

]]>
Нема отворање на бугарски клуб во Пустец, ќе чекaле регистрација пред државните институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-otvorane-na-bugarski-klub-vo-pustets-ke-chekale-registratsija-pred-drzhavnite-institutsii/ Wed, 24 May 2023 08:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=644156

Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија.

Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.

– Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата.

Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот.

– Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски.

Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.

Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации.

– Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава.

За оваа најава, навремено биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец.

Сега на потег е Македонската партија (МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски која е дел од власта, односно во коалиција со социјалистичката партија на Еди Рама, од каде и токму може да се изврши и притисок и да не се дозволи отварање на бугарски клуб во Мала Преспа, бидејќи во оваа област и на цела територија живеат само чистокрвни Македонци, а неколку Бугари можат да се најдат само во нивната амбасада во Тирана.

Време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да го блокира овој процес на постојани провокации и омаловажувања на македонската заедница од страна на Бугарија.

The post Нема отворање на бугарски клуб во Пустец, ќе чекaле регистрација пред државните институции appeared first on Република.

]]>

Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија. Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.
– Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата.
Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот.
– Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски.
Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект. Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации.
– Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава.
За оваа најава, навремено биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец. Сега на потег е Македонската партија (МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски која е дел од власта, односно во коалиција со социјалистичката партија на Еди Рама, од каде и токму може да се изврши и притисок и да не се дозволи отварање на бугарски клуб во Мала Преспа, бидејќи во оваа област и на цела територија живеат само чистокрвни Македонци, а неколку Бугари можат да се најдат само во нивната амбасада во Тирана. Време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да го блокира овој процес на постојани провокации и омаловажувања на македонската заедница од страна на Бугарија.

The post Нема отворање на бугарски клуб во Пустец, ќе чекaле регистрација пред државните институции appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-izbrishan-od-registarot/ Wed, 22 Mar 2023 17:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=622570

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија.

Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.

Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

The post Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија. Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството. Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март. Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

The post Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот appeared first on Република.

]]>
Клубот „Иван Михајлов“ нема да го смени името, правата ќе ги бараме на суд, подготвени се да одат до Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klubot-ivan-mihajlov-nema-da-go-smeni-imeto-pravata-ke-gi-barame-na-sud-podgotveni-se-da-odat-do-strazbur/ Mon, 20 Feb 2023 11:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=611032

Културниот центар „Иван Михајлов“ нема да го смени името, тврди претседателот на центарот Љупчо Георгиевски во интервју за „Бг он еир“ во врска со законот донесен во македонскиот Парламент за затворање на здруженијата и клубовите кои нема да ги сменат спорните имиња.

„Ако не избришат од Централниот регистар ќе си ги барам правата на суд. А ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги барам во Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, вели Георгиевски.

Притоа се потсетува на случајот со здружението „Радко“ ( Радко е псевдонимот на Иван Михајлов) кое во Македонија беше забрането во 2001 година а Судот во Стразбур одлучи дека името на здружението не е закана за јавниот ред.

Во врска со средбата на министерот Бујар Османи со претставници на македонските Бугари, Георгиевски рече дека оваа прва средба е само еден чекор напред.

– На средбата му кажавме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Властите досега не разговараа со нас. Ние сме спремни да разговараме со сите кои сакаат средба со нас и очекуваме да не внесат во Уставот. РСМ треба да го почитува францускиот предлог со кој што се согласи, исто како и Договорот со Бугарија, изјави Георгиевски.

Тој додава дцека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има уште една кривична постапка, иницирана од Комисијата за заштита од дискриминација за тоа што не е сменета таблата “Културен клуб Иван Михајлов“.

– По враќањето од Брисел и средбата со еврокомесарот Оливер Вархеји има нова постапка против мене, овојпат за ширење говор на омраза против луѓе кои имале македонско национално чувство. Значи, тие не запираат, туку продолжуваат со обвиненијата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да ги решаваме проблемите, а од друга страна се продолжува со обвиненијата кои утре може да се реализираат со глоба од 15.000 евра, а говорот на омраза може да доведе и до затвор. Ние, македонските Бугари не знаеме како ќе се намали тензијата која ние ја чувствуваме на наша кожа, зашто живееме тука и се плашиме за нашата безбедност, вели Георгиевски.

Тој уште додава дека има здружение „Дело“ во кое има и адвокати кои поднеле 20 жалби за говор на омраза против нив, Бугарите во РСМ, но на тие 20 жалби немало ниту еден одговор.

The post Клубот „Иван Михајлов“ нема да го смени името, правата ќе ги бараме на суд, подготвени се да одат до Стразбур appeared first on Република.

Димитриевски: Кумановчани од добронамерен народ стануваат пркосни и реагираат ако има обид за бугарски клуб со несоодветно име https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kumanovchani-od-dobronameren-narod-stanuvaat-prkosni-i-reagiraat-ako-ima-obid-za-bugarski-klub-so-nesoodvetno-ime/ Mon, 30 Jan 2023 13:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=602652

Во име на мојата општина, на 4 февруари полагам цвеќе на гробот на Гоце Делчев. И годинава сме пријавени и очекувам одобрување. Апелирам до граѓаните на достоинствен начин да го испочитуваме ликот и делото на Делчев. Исто така, апелирам до оние кои ќе дојдат од Бугарија да покажат достоинство оти доаѓаат да почитуваат еден голем ревелуционерен лик. Не смееме да забрануваме некој да влезе во земјата, но полицијата и безбедносните служби треба да ги детектира личностите кои сакаат да направат проблем и тоа да го решат со време, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

И Џамбаски и кој било друг што нема да ја почитува земјата, што ќе ја негира земјата, ако го сторат тоа сега треба да им се забрани понатамошен влез во Македонија, вели Димитриевски.

Тоа што го кажа Османи во Бугарија повлекува барање за оставка, вели Димитриевски за изјавата на министерот за надворешни работи со која рече дека повеќе ѝ верува на една странка во случајот отколку на органите на законот и правдата.

Македонија е демонтирана држава, службите се демонтирани. Денес нема кој да соработува со службите во заштита на државата - а тоа не е срамно - затоа што луѓе беа лустрирани затоа што работеле за Македонија, вели Димитриевски додавајќи дека државата станува се послаба.

Куманово е мултикултурен град на толерантни луѓе, вели Димитриевски за најавите за отворање уште еден бугарски клуб овојпат во Куманово. -Кај нас сите се добредојдени ако сте добронамерни. Ако не сте добронамерни и не негирате, кумановчани од добронамерен народ стануваат пркосни и реагираат, вели Димитриевски додавајќи дека прагот на толеранција не смее да се премине.

Ако има обид да се отвори бугарски клуб со несоодветно име ќе ги повикаме официјалните, државните служби да реагираат. Ако тоа не се случи, никој не може да ги спречи кумановци да се самоорганизираат, вели Димитриевски.

The post Димитриевски: Кумановчани од добронамерен народ стануваат пркосни и реагираат ако има обид за бугарски клуб со несоодветно име appeared first on Република.

Николоски: Власта очигледно има договор со Бугарија и затоа сака да го одложи законот за бугарските здруженија и да не важи за веќе отворените https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vlasta-ochigledno-ima-dogovor-so-bugarija-i-zatoa-saka-da-go-odlozi-zakonot-za-bugarskite-zdruzenija-i-da-ne-vazi-za-vekje-otvorenite/ Fri, 21 Oct 2022 17:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=564160

Власта е дволична во целата работа со бугарските здруженија. Во најава на седницата која почна во понеделникот кажав дека власта не е искрена во односот, затоа што законот за здруженија и фондации не ја стави како прва точка на дневен ред, туку како 20 точка. На таа седница досега затворена е само една точка и има уште 19 додека стигне - изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Што не е јасно“ на Алфа.

Тој потенцира дека власта ја одолговлекува целата работа затоа што очигледно е договорена со Бугарија.

Така да возможно е овој закон да дојде и следна година на дневен ред, што мислам дека е и целта за во меѓувреме да се формира здружението „Цар Фердинанд“ кое треба да се формира. Очигледно е дека има политички договор помеѓу власта на СДСМ и ДУИ и Бугарија за оваа работа - изјави Николоски.

Тој посочи дека главниот финансиер на овие здруженија кој нити Агенцијата за национална безбедност, нити Агенцијата за разузнавање, нити финансиско разузнавање се занимава, јавно кажа дека имал средби и со Зоран Заев и со Стево Пендаровски на кои се договориле за здруженијата да се отворат.

Што значи иницијатори на ваквите здруженија се бугарските служби или оние кои сакаат да направат раздор во Македонија, а поддржувачи на отворање на овие здруженија се Зоран Заев и Стево Пендаровски. Пендаровски е сеуште актуелен претседател и не излегува со никаков став за оваа работа затоа што претходно ја одобрил оваа постапка. Власта нема чесна намера во носењето на овој закон - истакна Николоски.

Тој појасни дека втора причина зошто нема чесна намера е затоа што три месеци го најавуваа дека ќе се донесе закон за здруженија и граѓани со кој ќе се спречи имиња на вакви ликови да бидат имиња на здруженија, но три месеци не го ни предложија затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе ваков закон.

Тие немаат сега избор и затоа одат на карта на одлагање и Тупанчевски јавно си кажа која им е целта кога рече дека законот не можел ретроактивно и дека министерството за правда ќе поднесе нов закон со кој ќе се поништи законот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека договорот кој го направиле да се формираат најмалце 3 здруженија, ќе се реализира - изјави Николоски.

The post Николоски: Власта очигледно има договор со Бугарија и затоа сака да го одложи законот за бугарските здруженија и да не важи за веќе отворените appeared first on Република.

Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче https://arhiva3.republika.mk/kolumni/vo-makedonija-zenite-se-mazi-vesna-bendevska-so-tri-rala-pogolemi-m-od-tache-stevo-i-bujar-na-kupche/ Sat, 15 Oct 2022 17:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=561539

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство.

Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно!

Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија.

И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството.

Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир.

Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев.

Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство. Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно! Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија. И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството. Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир. Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев. Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>
Искршена таблата на бугарскиот клуб во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/iskrshena-tablata-na-bugarskiot-klub-vo-ohrid/ Wed, 12 Oct 2022 11:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=560093

Искршена е таблата и оштетени се просториите на бугарскиот клуб во Охрид.

Како што објави порталот „Охрид1“, инцидентот се случил околу пладне.

View this post on Instagram

A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)

The post Искршена таблата на бугарскиот клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>

Искршена е таблата и оштетени се просториите на бугарскиот клуб во Охрид. Како што објави порталот „Охрид1“, инцидентот се случил околу пладне.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)

The post Искршена таблата на бугарскиот клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>
Д-р Ефраим Зуроф: Сегашната бугарска влада со овие два таканаречени „културни центри“ сака да ги избрише нивните злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-efraim-zurof-segashnata-bugarska-vlada-so-ovie-dva-takanarecheni-kulturni-centri-saka-da-gi-izbrishe-nivnite-zlostorstva/ Tue, 11 Oct 2022 14:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=559740

Центарот „Симон Визентал“ преку соопштение го поддржа предлог законот на пратеничката Рашела Мизрахи, со кој се предвидува да се забранат сите културни институции кои промовираат нацизам или фашизам. Предложениот закон утре треба да се гласа во Собранието.

Заднината на предложената легислатива е неодамнешното формирање во Македонија на два бугарски културни центри, именувани по бугарските нацистички соработници, еден во Битола минатиот април, именуван по Иван Михајлов и вториот пред неколку дена во Охрид, именуван по царот Борис III. И двајцата го поддржуваа сојузот на Бугарија со нацистичка Германија, се наведува во соопштението.

Според директорот за источноевропски прашања на Центарот, историчарот на холокаустот д-р Ефраим Зуроф, иако бугарското еврејство беше спасено од депортација во нацистичките логори на смртта, благодарение на напорите на бугарски функционери и црковни водачи, како што се потпретседателот на парламентот Димитри Пешев и митрополитите Стефан и Кирил, Бугарите кои ја анектираа Македонија депортираа повеќе од 7.000 Евреи.

Практично, целата еврејска заедница од Македонија беше однесена во Треблинка, каде што беше убиен секој депортиран Евреин, вклучително и повеќе од 2.000 деца. Сегашната бугарска влада, како и многу други поранешни комунистички режими во Источна Европа го преработи наративот на холокаустот, за да го избрише своето активно учество на холокаустот во злосторства и ги изгради овие два таканаречени „културни центри“ за препишување на историјата и за да ги избрише нивните злосторства, нагласува Зуроф.

The post Д-р Ефраим Зуроф: Сегашната бугарска влада со овие два таканаречени „културни центри“ сака да ги избрише нивните злосторства appeared first on Република.

Давитковски: Мора да покажеме заби и дигнитет, државата да ги поништи здруженијата со провокативни имиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/davitkovski-mora-da-pokazeme-zabi-i-dignitet-drzavata-da-gi-ponishti-zdruzenijata-so-provokativni-iminja/ Mon, 10 Oct 2022 10:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=559389

Македонија мора да ги почитува интересите на граѓаните и да спречи отворање на здруженија со провокативни имиња и програми, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски кој во „Студио 10“ зборуваше за бугарските културни центри со имиња на контраверзни личности кои никнуваат во Македонија.

Во насока на актуелните отворања на нови здруженија, како држава мора да покажеме заби и дигнитет. Мора да се почитуваат нашите закони. Уписот во регистарот на здруженија кои имаат имиња и програми кои ги иритираат граѓаните, мора да се поништи. Оние кои ги одобруваат овие работи пред се мора да ги проверат името и програмата. Ако не се реагира од државата, има како печурки секаде да изникнат. Морам да напоменам дека сами се ставаме во непријатни ситуации. Доколку некој смета дека е ускратен да отовори организација со провокативни натписи, слободно нека се обрати Стразбург. Ние веруваме за македонската држава која треба да си ги штити интересите на нашите граѓани, вели Борче Давитковски.

Давитковски, како еден од креаторите на Законот за здруженија и фондации, според кој е формиран бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека уште референтот на филијалата на Централен регистар во Охрид не смеел да дозволи негов упис.

По право на надзор, може да се бара поништување на регистрација, а тие имаат право на жалба кое може да дојде до Управен суд и таму да се повикаат вештаци кои треба да дадат свое мислење за тоа кој бил Цар Борис Трети. Но уште тие на шалтерот на Централен регистар во Охрид, референтот требало да ги пролиста програмата, статутот и името и да не изврши упис, рече професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Давитковски вели дека законот е направен да биде либерален, но ако државата сега не го спречи овој тренд на регистрирање на клубови со контроверзни историски имиња, тоа ќе се смета за преседан и дека таквите регистрации ќе продолжат до недоглед. Следно веќе е ново отворање на бугарски културен клуб во Богданци.

Треба минимум пет основачи, од кои тројца државјани на Македонија, да формираат органи, статут и програма за работа. Тие документи со потпишаните основачи се носат во Централниот регистар, кој ги гледа тие факти, треба да се види програмата, што значи тоа здружение и кои му се целите и задачите во статутот, смета тој.

The post Давитковски: Мора да покажеме заби и дигнитет, државата да ги поништи здруженијата со провокативни имиња appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС се против фашистичкиот клуб „Цар Борис“, зошто им смета законското регулирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ako-sds-se-protiv-fashistichkiot-klub-car-boris-zoshto-im-smeta-zakonskoto-reguliranje/ Sun, 09 Oct 2022 07:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=558965

Ако СДС се против фашистичкиот клуб Цар Борис, зошто им смета законското регулирање, нека го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ. Законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи и регулирање на постоечките клубови со цел промена на фашистичките имиња. Ако СДС е против клубовите со фашистички имиња, тогаш нека го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ - порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ всушност дозволила да се отворат клубовите и не направи ништо тоа да се спречи.

Власта е виновна и за политиката на асимилација и негација на Македонија која е резултат на политиките на самата СДС. Изјавите на Заев дека македонскиот и бугарскиот јазик и народ се исти, се изјави кои долгорочно ги поткопаа македонските позиции. Тие иако целосно неточни, ги подгреаја апетитите на шовинистички кругови и ја заострија нивната реторика. Политиките на СДС и нанесоа трајна штета на државата - се додава во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС се против фашистичкиот клуб „Цар Борис“, зошто им смета законското регулирање appeared first on Република.

Османи: Отворањето на бугарскит клуб е провокација на штета на бугарската заедница во државава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-otvoranjeto-na-bugarskit-klub-e-provokacija-na-shteta-na-bugarskata-zaednica-vo-drzavava/ Sat, 08 Oct 2022 09:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=558715

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација која оди на штета на бугарската заедница во државава.

Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Отука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на бугарската заедница во државава - порача Османи, одговарајќи на новинарско прашање на редовниот брифинг со новинарите.

The post Османи: Отворањето на бугарскит клуб е провокација на штета на бугарската заедница во државава appeared first on Република.

СДСМ и ДУИ свесно ја украинизираат Македонија: Што поддржува „Цар Борис Трети“ во ликот на Цар Борис Трети?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-svesno-ja-ukrainiziraat-makedonija-shto-poddrzuva-car-boris-treti-vo-likot-na-car-boris-treti/ Sat, 08 Oct 2022 09:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=558707

Целиот бугарски народ денес гледа како се остваруваат неговите идеали за создавањето на една моќна и обединета Бугарија од Дунав до Белото Море и од Охрид до Црно Море. Бугарскиот народ секогаш ќе искажува најголема благодарност и големо признание кон силите на Оската и кон нивните големи водачи Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, кои го остварија обединувањето на Бугарија. Овие чувства ќе се особено силни кон Германија, чии војски дејствуваат во Македонија и Беломорието и кои на тој начин беа непосредни ослободители на овие бугарски земји. Во знак на благодарност на оној кој не водеше мудро низ сите досегашни потешкотии и кој може да посведочи на обединувањето на Бугарија, за неговото величество Царот ослободител Борис Трети ура, ура, ура!!!

Ова е краткото обраќање на бугарскиот премиер Богдан Филов пред пратениците на бугарското Народно собрание од 19 април 1941 седница.

Вчера во Охрид, на свеченото отворање на здружението „Цар Борис Трети“, недостасуваше само неговиот претседател Томе Блажевски, членовите и гостите да почнат да извикуваат ура, ура, ура! А, за тоа имаа и повод и причина. Благодарение на власта на СДСМ и ДУИ одново го одбележаа новото политичко обединување на Бугарија, само во еден правец, од Охрид до Црното Море. За другиот, од Дунав до Белото Море ќе почекаат друга пригода.

Дефинитивно, целосно анацаионалната, антимакедонска власт на СДСМ и „непринципиелната албанско-бугарска коалиција“ на чело со ДУИ и бугарското политичко подземје свесно работат на украинизација на Република Македонија!!! Зашто, и законски и институционално дозволуваат фашизација на одредени структури во државата, кои за жал водат кон целосна негација на македонизмот и на Македонците и нивна бугаризација!!!

Целиот настан беше под висок напон и недостасуваше само мала искра, па работите да тргнат во несакан правец. Колку само наивно се обиде да изгледа Томе Блажевски! Човек да помисли дека мед и млеко му тече од устата! Тие сосема случајно го одбрале Царот Борис Трети, како само еден обичен бугарски цар, и станале почитувачи на неговиот лик и дело!

Последнава, скоро една година почна да се политизира целата работа и се крена глас против нас. Ние се оградивме дека немаме никаква соработка или некои неонацистички или фашистички движења. Доколку имаме, нас нека не судат. Меѓутоа, ние таква работа не сме направиле. Нашето е, како што кажав, само почитувачи и само го избравме ликот на цар Борис како еден бугарски цар и тоа беше се, изјави Блажевски.

Но, види чудо! Блажевски и компанија не знаеле дека Царот обединител, исто така случајно е царот, кој склучил договори за соработка со силите на Оската за време на Втората светска војна, царот кој ја окупирал Вардарска Македонија, кој во неа ги испратил своите бугарски воени и полициски сили, својата жандармерија, администрација, царот кој случајно го прифатил усвојувањето на антисемитските закони, царот кој ги депортирал македонските и тракиските Евреи, кој водел војна со македонските партизански единици, убивал и масакрирал цивили, палел цели села…Ситници! Не, за ова не знаел ништо, ама знаел дека е обединител, па како таков и самиот станува обединител на Македонија и Бугарија, а не окупатор на Вардарска Макдонија!

Вчера во Охрид, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, наспроти шпекулациите, настанот завршил без посебни нарушувања на јавниот ред и мир.

И каква фарса! СДСМ преку оној Коциќ Демир Хисар се правда дека бил против отворањето клубови на т.н. македонски Бугари според имиња на фашистички соработници! Кој е власт во Република Македонија се знае или не? СДСМ и ДУИ или некој друг? Да не е ГЕРБ на Бојко Борисов или социјалистите на Нинова и Румен Радев?

Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, според Блажевски, е отворено пред една година со сите документи, со целиот почит кон државата, институциите и законите. Што, значи дека власта, исто како и со клубот „Иван Михајлов“ во Битола, затворала очи, правдајќи се со бесмислени одговори и префрлајќи ја вината од институција на институција. Сега формираше ад хок тело од кое не може да се очекуваат никакви резултати. Зашто, на пример, нејзин член е неизбежниот „академик“ или „органски“ историчар Драги Ѓоргиев, кој веќе се изјасни дека за Бугарија може да се каже дека била окупатор, но не и оти била фашистичка. И како од него може да се види некаков аир?!

Како тргнале да се одвиваат работите нема да биде никакво изненадување ако еден ден во блиска иднина, власта на СДСМ и ДУИ, со европско знаменце, не предложи до Собранието на Република Македонија донесување „Наредба за државјанство во земјите ослободени во 1941 година“, прифатена од бугарската влада на 5 јуни 1942 година. Наредбата има вкупно осум члена.

Во членот 1 стои: „Сите југословенски и грчки државјани со бугарско потекло по право го добиваат бугарското државјанство од денот на влегувањето на оваа наредба во сила, ако на тој датум тие живеат во земјите ослободени во 1941 година или во старите граници на Царството“. Членот 2, пак, вели: „Сите југословенски и грчки државјани со бугарско потекло што се родени во земјите ослободени во 1941 година и живеат надвор од тие земји и надвор од старите граници на Царството можат да добијат бугарско државјанство ако во рок од една година од влегувањето на оваа наредба во сила го побараат тоа со молба до Министерството за правда директно или преку царските дипломатски или конзуларни власти“.

The post СДСМ и ДУИ свесно ја украинизираат Македонија: Што поддржува „Цар Борис Трети“ во ликот на Цар Борис Трети?! appeared first on Република.

]]>

Целиот бугарски народ денес гледа како се остваруваат неговите идеали за создавањето на една моќна и обединета Бугарија од Дунав до Белото Море и од Охрид до Црно Море. Бугарскиот народ секогаш ќе искажува најголема благодарност и големо признание кон силите на Оската и кон нивните големи водачи Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, кои го остварија обединувањето на Бугарија. Овие чувства ќе се особено силни кон Германија, чии војски дејствуваат во Македонија и Беломорието и кои на тој начин беа непосредни ослободители на овие бугарски земји. Во знак на благодарност на оној кој не водеше мудро низ сите досегашни потешкотии и кој може да посведочи на обединувањето на Бугарија, за неговото величество Царот ослободител Борис Трети ура, ура, ура!!! Ова е краткото обраќање на бугарскиот премиер Богдан Филов пред пратениците на бугарското Народно собрание од 19 април 1941 седница. Вчера во Охрид, на свеченото отворање на здружението „Цар Борис Трети“, недостасуваше само неговиот претседател Томе Блажевски, членовите и гостите да почнат да извикуваат ура, ура, ура! А, за тоа имаа и повод и причина. Благодарение на власта на СДСМ и ДУИ одново го одбележаа новото политичко обединување на Бугарија, само во еден правец, од Охрид до Црното Море. За другиот, од Дунав до Белото Море ќе почекаат друга пригода. Дефинитивно, целосно анацаионалната, антимакедонска власт на СДСМ и „непринципиелната албанско-бугарска коалиција“ на чело со ДУИ и бугарското политичко подземје свесно работат на украинизација на Република Македонија!!! Зашто, и законски и институционално дозволуваат фашизација на одредени структури во државата, кои за жал водат кон целосна негација на македонизмот и на Македонците и нивна бугаризација!!! Целиот настан беше под висок напон и недостасуваше само мала искра, па работите да тргнат во несакан правец. Колку само наивно се обиде да изгледа Томе Блажевски! Човек да помисли дека мед и млеко му тече од устата! Тие сосема случајно го одбрале Царот Борис Трети, како само еден обичен бугарски цар, и станале почитувачи на неговиот лик и дело!
Последнава, скоро една година почна да се политизира целата работа и се крена глас против нас. Ние се оградивме дека немаме никаква соработка или некои неонацистички или фашистички движења. Доколку имаме, нас нека не судат. Меѓутоа, ние таква работа не сме направиле. Нашето е, како што кажав, само почитувачи и само го избравме ликот на цар Борис како еден бугарски цар и тоа беше се, изјави Блажевски.
Но, види чудо! Блажевски и компанија не знаеле дека Царот обединител, исто така случајно е царот, кој склучил договори за соработка со силите на Оската за време на Втората светска војна, царот кој ја окупирал Вардарска Македонија, кој во неа ги испратил своите бугарски воени и полициски сили, својата жандармерија, администрација, царот кој случајно го прифатил усвојувањето на антисемитските закони, царот кој ги депортирал македонските и тракиските Евреи, кој водел војна со македонските партизански единици, убивал и масакрирал цивили, палел цели села…Ситници! Не, за ова не знаел ништо, ама знаел дека е обединител, па како таков и самиот станува обединител на Македонија и Бугарија, а не окупатор на Вардарска Макдонија!     Вчера во Охрид, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, наспроти шпекулациите, настанот завршил без посебни нарушувања на јавниот ред и мир. И каква фарса! СДСМ преку оној Коциќ Демир Хисар се правда дека бил против отворањето клубови на т.н. македонски Бугари според имиња на фашистички соработници! Кој е власт во Република Македонија се знае или не? СДСМ и ДУИ или некој друг? Да не е ГЕРБ на Бојко Борисов или социјалистите на Нинова и Румен Радев? Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, според Блажевски, е отворено пред една година со сите документи, со целиот почит кон државата, институциите и законите. Што, значи дека власта, исто како и со клубот „Иван Михајлов“ во Битола, затворала очи, правдајќи се со бесмислени одговори и префрлајќи ја вината од институција на институција. Сега формираше ад хок тело од кое не може да се очекуваат никакви резултати. Зашто, на пример, нејзин член е неизбежниот „академик“ или „органски“ историчар Драги Ѓоргиев, кој веќе се изјасни дека за Бугарија може да се каже дека била окупатор, но не и оти била фашистичка. И како од него може да се види некаков аир?! Како тргнале да се одвиваат работите нема да биде никакво изненадување ако еден ден во блиска иднина, власта на СДСМ и ДУИ, со европско знаменце, не предложи до Собранието на Република Македонија донесување „Наредба за државјанство во земјите ослободени во 1941 година“, прифатена од бугарската влада на 5 јуни 1942 година. Наредбата има вкупно осум члена. Во членот 1 стои: „Сите југословенски и грчки државјани со бугарско потекло по право го добиваат бугарското државјанство од денот на влегувањето на оваа наредба во сила, ако на тој датум тие живеат во земјите ослободени во 1941 година или во старите граници на Царството“. Членот 2, пак, вели: „Сите југословенски и грчки државјани со бугарско потекло што се родени во земјите ослободени во 1941 година и живеат надвор од тие земји и надвор од старите граници на Царството можат да добијат бугарско државјанство ако во рок од една година од влегувањето на оваа наредба во сила го побараат тоа со молба до Министерството за правда директно или преку царските дипломатски или конзуларни власти“.  

The post СДСМ и ДУИ свесно ја украинизираат Македонија: Што поддржува „Цар Борис Трети“ во ликот на Цар Борис Трети?! appeared first on Република.

]]>
Телото за употреба на имиња на историски личности на здруженија ќе биде само советодавно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/teloto-za-upotreba-na-iminja-na-istoriski-lichnosti-na-zdruzenija-kje-bide-samo-sovetodavno/ Mon, 03 Oct 2022 13:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=556833

Со донесувањето на новиот Закон за здруженија и фондации, формиравме ад хок тело сакајќи на некој начин да го бајпасираме овој вакуум, што станува се понепријатен и мора како држава да бидеме подготвени за некакви идни потенцијални провокации, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Прашан дали ќе се дозволи отворање на нов бугарски Културен клуб во Охрид под името „Цар Борис“ без став од Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија, Тупанчевски рече дека најавите се такви, но дека, за жал, како Министерство за правда практично немаат никакви ингеренции, бидејќи тоа е владина комисија.

Сведоци сте дека ја формиравме пред месец дена работната група или ад хок телото во рамките на Владата, која што треба како советодавно тело да дава сопствено мислење околу карактерот на историските личности коишто треба да бидат составен дел од името на некое здружение или фондација. Чув дека постои таква најава, Комисијата е формирана и на последната седница е разговарано околу некои технички аспекти и тоа не е Комисија во рамките на Министерството за правда, туку е тоа владина комисија. Јас верувам дека за кратко време ќе биде одржана нивната конститутивна седница, бидејќи имињата се познати и би требало таа комисија да почне со работа, односно да биде на ниво на задачата која што е поставена пред нив, изјави Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на првиот академски час на Правниот факултет денеска во Скопје.

За тоа дали Комисијата ќе ги разгледува ретроактивно случаите, Тупанчески, рече дека доколку сакаме да направиме некакви „ретроакции“, неговото мислење и како професор и како министер за правда, е дека тоа треба да го направиме преку други институции.

Знаете дека кога станува збор за оваа хипер сензибилна сфера тогаш постојат и други институции каде што на некој начин би требало да се санкционира евентуалниот говор на омраза, негативните чувства и сето тоа е содржано и во Кривичниот законик, изјави Тупанчески.

The post Телото за употреба на имиња на историски личности на здруженија ќе биде само советодавно appeared first on Република.

]]>

Со донесувањето на новиот Закон за здруженија и фондации, формиравме ад хок тело сакајќи на некој начин да го бајпасираме овој вакуум, што станува се понепријатен и мора како држава да бидеме подготвени за некакви идни потенцијални провокации, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески. Прашан дали ќе се дозволи отворање на нов бугарски Културен клуб во Охрид под името „Цар Борис“ без став од Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија, Тупанчевски рече дека најавите се такви, но дека, за жал, како Министерство за правда практично немаат никакви ингеренции, бидејќи тоа е владина комисија.
Сведоци сте дека ја формиравме пред месец дена работната група или ад хок телото во рамките на Владата, која што треба како советодавно тело да дава сопствено мислење околу карактерот на историските личности коишто треба да бидат составен дел од името на некое здружение или фондација. Чув дека постои таква најава, Комисијата е формирана и на последната седница е разговарано околу некои технички аспекти и тоа не е Комисија во рамките на Министерството за правда, туку е тоа владина комисија. Јас верувам дека за кратко време ќе биде одржана нивната конститутивна седница, бидејќи имињата се познати и би требало таа комисија да почне со работа, односно да биде на ниво на задачата која што е поставена пред нив, изјави Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на првиот академски час на Правниот факултет денеска во Скопје.
За тоа дали Комисијата ќе ги разгледува ретроактивно случаите, Тупанчески, рече дека доколку сакаме да направиме некакви „ретроакции“, неговото мислење и како професор и како министер за правда, е дека тоа треба да го направиме преку други институции.
Знаете дека кога станува збор за оваа хипер сензибилна сфера тогаш постојат и други институции каде што на некој начин би требало да се санкционира евентуалниот говор на омраза, негативните чувства и сето тоа е содржано и во Кривичниот законик, изјави Тупанчески.

The post Телото за употреба на имиња на историски личности на здруженија ќе биде само советодавно appeared first on Република.

]]>
Бугарската влада одобри дополнителни 400.000 евра за бугарските здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskata-vlada-odobri-dopolnitelni-400-000-evra-za-bugarskite-zdruzenija/ Fri, 19 Aug 2022 17:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=542119

Додека во Македонија никнуваат бугарски здруженија со имиња на спорни историски личности од фашистичкото минато на Бугарија, бугарската влада ја одобри помошта за бугарските заедници. Веста ја сподели заменик министерот за надворешни работи, кој ги наведе само дополнителните 800.000 лева, но не ја кажа вкупната сума.

https://republika.mk/vesti/balkan/na-bugarskiot-minister-opozicijata-vo-makedonija-mu-e-vinovna-shto-bugarija-ne-moze-da-ostavri-se-shto-zamislila/

Претходно веќе се споделуваше информацијата дека Комитетот за политики за Бугарите во странство годинава повторно ја зголемува финансиската помош и сега биле одобрени 400.000 евра за поддршка на организациите на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓаните на Македонија со бугарски идентитет. Ако во 2020-та биле одвоени дури 250.000 евра, за 2021 година биле поддржани 40 проекти, а сумата е зголемена на 300.000 евра.

The post Бугарската влада одобри дополнителни 400.000 евра за бугарските здруженија appeared first on Република.

]]>

Додека во Македонија никнуваат бугарски здруженија со имиња на спорни историски личности од фашистичкото минато на Бугарија, бугарската влада ја одобри помошта за бугарските заедници. Веста ја сподели заменик министерот за надворешни работи, кој ги наведе само дополнителните 800.000 лева, но не ја кажа вкупната сума. https://republika.mk/vesti/balkan/na-bugarskiot-minister-opozicijata-vo-makedonija-mu-e-vinovna-shto-bugarija-ne-moze-da-ostavri-se-shto-zamislila/ Претходно веќе се споделуваше информацијата дека Комитетот за политики за Бугарите во странство годинава повторно ја зголемува финансиската помош и сега биле одобрени 400.000 евра за поддршка на организациите на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓаните на Македонија со бугарски идентитет. Ако во 2020-та биле одвоени дури 250.000 евра, за 2021 година биле поддржани 40 проекти, а сумата е зголемена на 300.000 евра.

The post Бугарската влада одобри дополнителни 400.000 евра за бугарските здруженија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски за новите бугарски клубови: Не извлековме поука – потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-novite-bugarski-klubovi-ne-izvlekovme-pouka-potrebni-se-itni-izmeni-na-zakonot-za-zdruzenija-i-fondacii/ Sat, 13 Aug 2022 15:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=539932

По Ванчо Михајлов во Битола, Цар Борис III во Охрид и Богданци ќе добие бугарски културен центар.

На ова со став се јави и претседателот Стево Пендаровски кој вели дека за жал, како држава, од неодамнешното именување на клубот во Битола според историски докажан соработник на нацистичкиот режим, не сме извлекле поука.

„Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој на недвосмислен начин правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности. За таа цел потребно е да се определи надлежна институција која ќе дава задолжителна согласност во постапката за регистрација, со претходна изработка на регистар на историски личности кои недвосмислено биле асоцирани со расистички идеологии, а не, како до сега, преку согласност на нивен роднина или наследник да може да се регистрира здружение со име на личност што неспорно ги повредува чувствата на дел од македонските граѓани“, порача Пендаровски.

Според него, потребно е да се нагласи дека и во постојните прописи и покрај правните празнини и недоречености, постојат правни можности за реакција на институциите и тие треба да дејствуваат во таа насока без да си ја префрлаат одговорноста.

The post Пендаровски за новите бугарски клубови: Не извлековме поука – потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>

По Ванчо Михајлов во Битола, Цар Борис III во Охрид и Богданци ќе добие бугарски културен центар. На ова со став се јави и претседателот Стево Пендаровски кој вели дека за жал, како држава, од неодамнешното именување на клубот во Битола според историски докажан соработник на нацистичкиот режим, не сме извлекле поука.
„Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој на недвосмислен начин правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности. За таа цел потребно е да се определи надлежна институција која ќе дава задолжителна согласност во постапката за регистрација, со претходна изработка на регистар на историски личности кои недвосмислено биле асоцирани со расистички идеологии, а не, како до сега, преку согласност на нивен роднина или наследник да може да се регистрира здружение со име на личност што неспорно ги повредува чувствата на дел од македонските граѓани“, порача Пендаровски.
Според него, потребно е да се нагласи дека и во постојните прописи и покрај правните празнини и недоречености, постојат правни можности за реакција на институциите и тие треба да дејствуваат во таа насока без да си ја префрлаат одговорноста.

The post Пендаровски за новите бугарски клубови: Не извлековме поука – потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>
Левица: Министерката за радост да реагира за новото нео-фашистичко здружение во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-ministerkata-za-radost-da-reagira-za-novoto-neo-fashistichko-zdruzenie-vo-ohrid/ Mon, 08 Aug 2022 12:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=538011

Министерката за радост и цензура, која покажа капацитет за цензура и регулација на мислата и културното творештво на македонските уметници – очигледно, дека во својата ригорозност е селективна, бидејќи недостигот на реакција за никнувањето на низа нео-фашистички здруженија на територијата на Република Македонија тоа го покажува, реагираат од Левица, од каде што откриваат дека по отворањето на нео-фашистичкиот „културен клуб“ во Битола, кој го носи името на најголемиот крвник на македонскиот народ и фашист Ванчо Михајлов, сега во Охрид, покрај здружението „Ратко“ (едно од псевдонимите на Ванчо Михајлов), никна ново здружение, именувано како „Цар Борис III“.

Овој бугарски цар, за време на Втора светска војна, ја приклучи фашистичка Бугарија кон тројниот пакт. Потоа следеше и инвазија, окупација и анектирање на Македонија, кое беше проследено со многубројни убиства и ѕверства врз недолжното македонско население и македонските партизани. Бугарските фашистички војски на Цар Борис, придонесоа кон „конечното решение“ на Хитлер, и притоа голем број македонски Евреи беа депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“, се вели во соопштението на Левица.

Според Левица, претседателот на ова здружение е извесен Томе Блажески, кој активно работел во повеќе слични здруженија кои, како што вели партијата, „имаат за цел да го поматат разумот на младите Охриѓани и Македонци.“

Партијата посочува дека преку регистрирање на овие нео-фашистички здруженија, власта испраќа сигнал до македонското население, дека заштитата на интересите на овие асимилаторски политички агенти е приоритет пред заштитата на македонската државност и анти-фашистичка историја.

Тоа што за време на прославата во Крушево на Македонците им беа одзимани транспарентите на кои се спомнува фашизмот и фашистичка Бугарија, додека на територијата на државата непрестајно никнуваат нео-фашистички здруженија од овој тип, јасно ни кажува дека пробугарската Влада има фашистичка агенда која има за цел да ја исполни во целост, пишува Левица во соопштението.

The post Левица: Министерката за радост да реагира за новото нео-фашистичко здружение во Охрид appeared first on Република.

]]>

Министерката за радост и цензура, која покажа капацитет за цензура и регулација на мислата и културното творештво на македонските уметници – очигледно, дека во својата ригорозност е селективна, бидејќи недостигот на реакција за никнувањето на низа нео-фашистички здруженија на територијата на Република Македонија тоа го покажува, реагираат од Левица, од каде што откриваат дека по отворањето на нео-фашистичкиот „културен клуб“ во Битола, кој го носи името на најголемиот крвник на македонскиот народ и фашист Ванчо Михајлов, сега во Охрид, покрај здружението „Ратко“ (едно од псевдонимите на Ванчо Михајлов), никна ново здружение, именувано како „Цар Борис III“.
Овој бугарски цар, за време на Втора светска војна, ја приклучи фашистичка Бугарија кон тројниот пакт. Потоа следеше и инвазија, окупација и анектирање на Македонија, кое беше проследено со многубројни убиства и ѕверства врз недолжното македонско население и македонските партизани. Бугарските фашистички војски на Цар Борис, придонесоа кон „конечното решение“ на Хитлер, и притоа голем број македонски Евреи беа депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“, се вели во соопштението на Левица.
Според Левица, претседателот на ова здружение е извесен Томе Блажески, кој активно работел во повеќе слични здруженија кои, како што вели партијата, „имаат за цел да го поматат разумот на младите Охриѓани и Македонци.“ Партијата посочува дека преку регистрирање на овие нео-фашистички здруженија, власта испраќа сигнал до македонското население, дека заштитата на интересите на овие асимилаторски политички агенти е приоритет пред заштитата на македонската државност и анти-фашистичка историја.