бугарски клуб ванчо михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klub-vancho-mihajlov/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 14:15:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски клуб ванчо михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klub-vancho-mihajlov/ 32 32 Во Битола не смее да има клуб со име на фашист, порача Ламбе, одбраната му возврати со: „Пироман!“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-bitola-ne-smee-da-ima-klub-so-ime-na-fashist-poracha-lambe-odbranata-mu-vozvrati-so-piroman/ Mon, 30 Oct 2023 14:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=696362

Во Основниот суд во Битола денеска се одржа првото рочиште против Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Георгиевски е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Според сведокот на рочиштето, македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски, во срцето на Македонија, во Битола, не смее да има клуб со име на докажан фашист каков што беше Ванчо Михајлов, за што бранителот на Ѓоргиевски, адвокатот Насер Рауфи, истакна дека сведокот е недоличен, пироман, човек кој го опожари клубот во Битола.

На првото судско рочиште битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски се изјасни дека не се чувствува виновен.

Второто судско рочиште е закажано за 18 декември кога како сведоци на одбраната ќе бидат сослушани, Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, а Основното јавно обвинителство како сведок го предложи Горан Садикарио.

The post Во Битола не смее да има клуб со име на фашист, порача Ламбе, одбраната му возврати со: „Пироман!“ appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Битола денеска се одржа првото рочиште против Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Георгиевски е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Според сведокот на рочиштето, македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски, во срцето на Македонија, во Битола, не смее да има клуб со име на докажан фашист каков што беше Ванчо Михајлов, за што бранителот на Ѓоргиевски, адвокатот Насер Рауфи, истакна дека сведокот е недоличен, пироман, човек кој го опожари клубот во Битола. На првото судско рочиште битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски се изјасни дека не се чувствува виновен. Второто судско рочиште е закажано за 18 декември кога како сведоци на одбраната ќе бидат сослушани, Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, а Основното јавно обвинителство како сведок го предложи Горан Садикарио.

The post Во Битола не смее да има клуб со име на фашист, порача Ламбе, одбраната му возврати со: „Пироман!“ appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-ja-otfrli-initsijativata-za-vancho-mihajov/ Wed, 14 Jun 2023 12:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=651325

Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола. Таа одлука беше донесена по утврдувањето на фактичката состојба дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа се исполнети условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата.

Подносителот бараше поништување на актите со наводи  дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-shto-pishuva-vo-statutot-i-programata-na-vancho-mihajlov-vlasta-se-soglasila-negoviot-lik-i-delo-da-bidat-rehabilitirani/

The post Уставниот суд ја отфрли иницијативата за „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола. Таа одлука беше донесена по утврдувањето на фактичката состојба дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа се исполнети условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата.
Подносителот бараше поништување на актите со наводи  дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост. https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-shto-pishuva-vo-statutot-i-programata-na-vancho-mihajlov-vlasta-se-soglasila-negoviot-lik-i-delo-da-bidat-rehabilitirani/

The post Уставниот суд ја отфрли иницијативата за „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Еве што пишува во статутот и програмата на „Ванчо Михајлов“: Власта се согласила неговиот лик и дело да бидат рехабилитирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eve-shto-pishuva-vo-statutot-i-programata-na-vancho-mihajlov-vlasta-se-soglasila-negoviot-lik-i-delo-da-bidat-rehabilitirani/ Wed, 14 Jun 2023 09:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=651209

„Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради промоција на животот, идеологијата, РЕХАБИЛИТИРАЊЕ и осветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.

Ова е содржината на членот 2 од Општите одредби од Статутот на здружението Културен центар Иван Михајлов, Битола, до кој дојде неодамна „Пресинг ТВ“. За овој статут денеска расправа Уставниот суд.

Со други зборови, ова значи дека за првпат во историјата на Република Македонија, од нејзиното формирање како федерална единица во некогашната југословенска федерација, преку осамостојувањето и независноста на почетокот на 90-тите, па до денес, официјално, преку документ и дозвола на една државна институција се дава виза за рехабилитација на личноста, која досега се сметала за најголем крвник и негатор на Македонците и на македонскиот народ во целина.

The post Еве што пишува во статутот и програмата на „Ванчо Михајлов“: Власта се согласила неговиот лик и дело да бидат рехабилитирани appeared first on Република.

]]>

„Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради промоција на животот, идеологијата, РЕХАБИЛИТИРАЊЕ и осветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.
Ова е содржината на членот 2 од Општите одредби од Статутот на здружението Културен центар Иван Михајлов, Битола, до кој дојде неодамна „Пресинг ТВ“. За овој статут денеска расправа Уставниот суд.   Со други зборови, ова значи дека за првпат во историјата на Република Македонија, од нејзиното формирање како федерална единица во некогашната југословенска федерација, преку осамостојувањето и независноста на почетокот на 90-тите, па до денес, официјално, преку документ и дозвола на една државна институција се дава виза за рехабилитација на личноста, која досега се сметала за најголем крвник и негатор на Македонците и на македонскиот народ во целина.  

The post Еве што пишува во статутот и програмата на „Ванчо Михајлов“: Власта се согласила неговиот лик и дело да бидат рехабилитирани appeared first on Република.

]]>
Пријава в полиција за премачканите букви на бугарскиот клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prijava-v-politsija-za-premachkanite-bukvi-na-bugarskiot-klub/ Wed, 05 Apr 2023 12:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=627553

Натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, кој беше запишан и истакнат со бели букви, е пребојадисан со црна боја и е нечитлив.

Од СВР-Битола информираат дека новонастанатата ситуација е пријавена и се постапува по пријавата.

Како што е познато клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола беше отворен на 16 април минатата година, и со присуство на високи државни функционери од Република Бугарија. Неодамна со одлука на Министерството за правда е избришан од Централен регистер, затоа што употребата на името Иван Ванчо Михајлов претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ.

The post Пријава в полиција за премачканите букви на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>

Натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, кој беше запишан и истакнат со бели букви, е пребојадисан со црна боја и е нечитлив. Од СВР-Битола информираат дека новонастанатата ситуација е пријавена и се постапува по пријавата. Како што е познато клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола беше отворен на 16 април минатата година, и со присуство на високи државни функционери од Република Бугарија. Неодамна со одлука на Министерството за правда е избришан од Централен регистер, затоа што употребата на името Иван Ванчо Михајлов претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ.

The post Пријава в полиција за премачканите букви на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>
Министерот за правда го потпиша решението за „Цар Борис“, „Ванчо Михајлов“ уште си „грми“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-go-potpisha-reshenieto-za-tsar-boris-vancho-mihajlov-ushte-si-grmi/ Thu, 30 Mar 2023 19:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=625595

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид, соопшти попладнево  Министерството за правда.

Сите носители на јавни овластувања во судските постапки - судиите, адвокатите, обвинителите да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување - тоа да биде санкционирано, апелир

Од Министерството за правда укажуваат дека постапуваат согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата за имиња на личности и најавуваат дека Решението ќе се достави до Централен регистар на Република Македонија за понатамошно постапување.

Министерството за правда посочува дека Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека евентуалното именување  на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

- Во образложението Комисијата наведува дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, наведува Министерството за правда

The post Министерот за правда го потпиша решението за „Цар Борис“, „Ванчо Михајлов“ уште си „грми“ appeared first on Република.

Денеска ќе се знае дали и „Цар Борис“ ќе заврши како „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-se-znae-dali-i-tsar-boris-ke-zavrshi-kako-vancho-mihajlov/ Tue, 28 Mar 2023 06:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=624433

Комисијата за употреба на историските имиња денеска треба да одржи седница и да изготви извештај во врска со бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, по што министерот за правда Кренар Лога ќе треба да донесе соодветно решение.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Минатата недела со одлука на министерот за правда, а по претходно мислење на надлежната Комисија, од Централниот регистер беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола

The post Денеска ќе се знае дали и „Цар Борис“ ќе заврши како „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-izbrishan-od-registarot/ Wed, 22 Mar 2023 17:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=622570

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија.

Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.

Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

The post Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија. Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството. Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март. Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

The post Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот appeared first on Република.

]]>
На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-den-pred-istekot-na-rokot-sredba-so-osmani-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-vancho-mihajlov-ke-ja-bara-pravdata-vo-strazbur/ Wed, 15 Feb 2023 07:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=609124

Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Средбата е на барање  на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија.

Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис III“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsar-boris-ke-si-go-smeni-imeto/

За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање за промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, велат од Централен регистар за DW.

Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ вели дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур.

Утре истекува рокот од три месециво кој бугарските здруженија треба да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх.

Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември. Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише.

Охридскиот клуб „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени. Неодамна, пак, во Охрид беше натепан секретарот на клубот Христијан Пендиков, по што Бугарија итно го евакуираше со авион, а охридското обвинителство за овој случај покрена обвинение против едно лице за напад врз етничка основа.

Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

The post На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Средбата е на барање  на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија. Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис III“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур. https://republika.mk/vesti/makedonija/tsar-boris-ke-si-go-smeni-imeto/
За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање за промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, велат од Централен регистар за DW.
Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ вели дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур. Утре истекува рокот од три месециво кој бугарските здруженија треба да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх. Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември. Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише. Охридскиот клуб „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени. Неодамна, пак, во Охрид беше натепан секретарот на клубот Христијан Пендиков, по што Бугарија итно го евакуираше со авион, а охридското обвинителство за овој случај покрена обвинение против едно лице за напад врз етничка основа. Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

The post На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Грчева предупредува: „Ванчо Михајлов“ во Битола се полни со книги, никој не знае какви се и што содржат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grcheva-predupreduva-vancho-mihajlov-vo-bitola-se-polni-so-knigi-nikoj-ne-znae-kakvi-se-i-shto-sodrzhat/ Mon, 23 Jan 2023 21:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=600183

„За жал живееме во една држава во која што не се казнува еден огромен криминал кој што ни се случува, една држава која што држи затвореници за 27-ми април со години во зандани и нема намера да го обнови тој процес колку што гледам, а истовремено се амнестираше кого стигнаа. Што може да се каже за една таква држава, освен дека не работат институциите“, истакна Солза Грчева, претседател на партијата „Глас за Македонија“ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Грчева додаде дека во врхушката на власта работат полуписмени луѓе кои се дојдени од разно разни невладини организации кои се од сомнителен карактер. И за жал токму тие луѓе изигруваат министри и државата поради нив пропаѓа секој ден.

Таа се осврна и на отворањето на културните клубови во Македонија од страна на Бугарија, и нагласи дека власта за да спречи отворање на ваков вид клубови требаше веднаш да реагира и да донесе закон со кој што не може културен клуб да се именува со скандалозни имиња.

„Институциите се криви, крива е и оваа држава која што навреме не донесе закон да не може кој што сака и со какво име сака да се именува клубот, со каква провиненција не е битно само името туку и намерата односно што работи тој клуб. Односно каква пропаганда шири тој клуб итн. Значи не се спречија тие појави, а сега слушаме Бујар Османи ги охрабрува да отвораат уште културни клубови во Македонија. Но, дали се тоа културни клубови, ние не знаеме. Ние не знаеме што навистина што се случува во тие клубови, а особено во овој „Ванчо Михајлов“ во Битола“, нагласи Грчева.

Таа посочи дека во Битола се кажува дека се носат на големо архиви во клубот „Ванчо Михајлов“, со што никој не е запознаен какви книги се тоа, со какви содржини се истите тие книги. А, власта нема намера за жал тоа да го спречи.

„Оваа е толку тенка Влада што нема зад себе политички капитал. Нема политички капитал во вид на големи рејтинзи и големо гласачко тело. А, кога нема такво нешто таа не смее да се дрзне да прави вакви капитални грешки, капитални проекти што ја чинат Македонија многу и по националните прашања, по идентитет, и по носење на лоши закони“, појасни Грчева.

Таа нагласи дека оваа Влада не може да бори против корупцијата бидејќи кој криминалец се бори против корупција.

The post Грчева предупредува: „Ванчо Михајлов“ во Битола се полни со книги, никој не знае какви се и што содржат appeared first on Република.

]]>

„За жал живееме во една држава во која што не се казнува еден огромен криминал кој што ни се случува, една држава која што држи затвореници за 27-ми април со години во зандани и нема намера да го обнови тој процес колку што гледам, а истовремено се амнестираше кого стигнаа. Што може да се каже за една таква држава, освен дека не работат институциите“, истакна Солза Грчева, претседател на партијата „Глас за Македонија“ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Грчева додаде дека во врхушката на власта работат полуписмени луѓе кои се дојдени од разно разни невладини организации кои се од сомнителен карактер. И за жал токму тие луѓе изигруваат министри и државата поради нив пропаѓа секој ден. Таа се осврна и на отворањето на културните клубови во Македонија од страна на Бугарија, и нагласи дека власта за да спречи отворање на ваков вид клубови требаше веднаш да реагира и да донесе закон со кој што не може културен клуб да се именува со скандалозни имиња.
„Институциите се криви, крива е и оваа држава која што навреме не донесе закон да не може кој што сака и со какво име сака да се именува клубот, со каква провиненција не е битно само името туку и намерата односно што работи тој клуб. Односно каква пропаганда шири тој клуб итн. Значи не се спречија тие појави, а сега слушаме Бујар Османи ги охрабрува да отвораат уште културни клубови во Македонија. Но, дали се тоа културни клубови, ние не знаеме. Ние не знаеме што навистина што се случува во тие клубови, а особено во овој „Ванчо Михајлов“ во Битола“, нагласи Грчева.
Таа посочи дека во Битола се кажува дека се носат на големо архиви во клубот „Ванчо Михајлов“, со што никој не е запознаен какви книги се тоа, со какви содржини се истите тие книги. А, власта нема намера за жал тоа да го спречи.
„Оваа е толку тенка Влада што нема зад себе политички капитал. Нема политички капитал во вид на големи рејтинзи и големо гласачко тело. А, кога нема такво нешто таа не смее да се дрзне да прави вакви капитални грешки, капитални проекти што ја чинат Македонија многу и по националните прашања, по идентитет, и по носење на лоши закони“, појасни Грчева.
Таа нагласи дека оваа Влада не може да бори против корупцијата бидејќи кој криминалец се бори против корупција.

The post Грчева предупредува: „Ванчо Михајлов“ во Битола се полни со книги, никој не знае какви се и што содржат appeared first on Република.

]]>
СДСМ се обидува невешто да ја изврти изјавата на Мицкоски за Ванчо Михајлов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-se-obiduva-neveshto-da-ja-izvrti-izjavata-na-mickoski-za-vancho-mihajlov/ Wed, 16 Nov 2022 10:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=574438

СДСМ на невешт начин се обидува преку соопштение да ја изврти изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за „Република“ за бугарските клубови.

Според СДСМ  Мицкоски го  потврдил континуитетот со Ванчо Михајлов.

Но, дали е така. Мицкоски беше јасен дека треба да се затвори клубот „Ванчо Михајлов“, но сите други а дека слични не треба да се дозволат да бидат регистрирани.

Затворањето на бугарските клубови не е од причина зашто некој бил или не бил соработник со некој режим. Тоа е поради политички реципроцитет. Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој клуб каде што културно ќе се организираат или да имаат права кои се резултат на пресудите на Судот во Стразбур, јас не гледам ниту една причина зошто овие 1500 граѓани на Македонија кои се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија. Дали е тоа клуб Иван или Ванчо Михајлов или е Цар Борис Трети за мене во политичка смисла е сеедно. И двата треба да бидат затворени, а трет и не треба да се дозволи. Кога зборуваме за политички реципроцитет, тогаш не треба ниту еден клуб да биде оставен отворен бидејќи на нашинците во Бугарија не им е овозможено да имаат свој клуб.

Тој ја откри вистинската намера на СДСМ.

Намерата на СДСМ беше вулгаризирање на тоа што го зборував јас во една неодамнешна ТВ емисија и правење паралела со Иван или Ванчо Михајлов. Јас го кажав ова: На Кичевскиот конгрес во 1995 година донесена е одлука со која што се признава континуитетот на историското ВМРО и современата ВМРО-ДПМНЕ со Првиот конгрес во 1991 година во Прилеп. Започнувајќи од Првиот конгрес во Ресен сè до осмиот во 1932 во Горна Џумаја па почнувајќи со првиот во Прилеп или деветиот во континуитет завршувајќи со седумнаесетитиот во Скопје. И да, дел од овие конгреси и претседател на ВМРО во историска смисла на зборот Иван Михајлов.И да тој бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната НДХ која била фашистички односно нацистички сојузник.Јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија или организација во тоа време, како се однесувал и со кого соработувал.Како што можеби за некој по неколку децени нема да се согласува со тоа како јас или некои од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ во историска смисла.Но ова е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија.Што сакаат во СДСМ? Тие сакаат да речат- вие сте имале во вашата структура соработник кој бил близок до некаков фашистички режим и тоа значи и тоа значи дека немате право да ги користите буквите и да ја организирате партијата како ВМРО-ДПМНЕ.Најпрво сакаа да не прикажат како радикална десница и да забранат функционирање како ВМРО-ДПМНЕ, па да ја просласат за екстремистичка и терористичка.Сега сакаат да повлечат некаква паралела со некаков фашистички соработник.Но нема да им успее бидејќи народот е позади ВМРО-ДПМНЕ. А затворањето на бугарските клубови во Македонија нагласувам дека сите клубови треба да бидат затворени како мерка на рецироцитет бидејќи македонскиот клуб бидејќи македонскиот клуб во Бугарија беше затворен и ниту еден нов не треба да се дозволи па макар и го носел името на Перо Јаворов, Христо Ботев или Димитар Благоев, било кој клуб кој можеби не е толку компромитиран и контроверзен.Самото тоа што не е дозволено на нашинците таму да се организираат таму во клуб треба да значи мерка на реципроцитет и ниту еден повеќе не треба да биде отворен овде.

Мицкоски има и одговор зошто Ковачевски го обвинува дека е промотор на овие клубови.

Дознав дека соработува со нова ПР агенција и претпоставувам дека тие му кажуваат.Но тоа што тој го кажува граѓаните не го чуствуваат од проста причина што тие знаат дека овие провокатори и во Охрид и во Битола ги отворија овие клубови не дека сакаат културно да се организираат туку за да провоцираат и да покажуваат доминација.Тие се случија во времето кога Ковачевски е премиер.Деновиве го слушаме еден негов коалициски партнер кој кажува дека Бугарите ја ослободиле Македонија.Поголем доброчинител за бугарските апетити во Македонија од Ковачевски немало, дури ни оној негов претходник кој кажуваше дека ние не сме имале споделена туку заедничка историја, дека сме биле еден народ, дека тие биле админатратори а не окупатори а за кој Ковачевски рече дека е негов верен послушник.Дури и тој не направи толку за великобугарските апетити колку Ковачевски..Сето тоа кое му го советуваат да го зборува и да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ и мене лично граѓаните тоа не го прифаќаат.

The post СДСМ се обидува невешто да ја изврти изјавата на Мицкоски за Ванчо Михајлов appeared first on Република.

]]>

СДСМ на невешт начин се обидува преку соопштение да ја изврти изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за „Република“ за бугарските клубови. Според СДСМ  Мицкоски го  потврдил континуитетот со Ванчо Михајлов. Но, дали е така. Мицкоски беше јасен дека треба да се затвори клубот „Ванчо Михајлов“, но сите други а дека слични не треба да се дозволат да бидат регистрирани.

„Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ имаат три месеци да си ги сменат имињата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vancho-mihajlov-i-car-boris-treti-imaat-tri-meseci-da-si-gi-smenat-iminjata/ Wed, 02 Nov 2022 20:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=568943

Собранието ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии, со кои се осудува промовирањето на фашизам и нацизам. И двата закони се донесоа по скратена постапка.

Измените на Законот за здруженија ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ по отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности.

Предлогот на опозицијата го поддржаа и пратениците од власта. За измените гласаа 67 пратеници, немаше против и воздржани.

Потоа и владејачката СДСМ поднесе измени на Законот за партии, со речиси идентичен текст на законот за здруженија, со кои се осудува фашизмот. И за овие измени „за“ гласаа 67 пратеници.

Измените на законот за здруженија предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на здруженијата Иван (Ванчо) Михајлов и Цар Борис Трети и истоимените клубови. Овие здруженија и клубови ќе имаат време да ги сменат имињата, а доколку тоа не го направат во рок од три месеци, ќе бидат избришани од Централен регистар.

The post „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ имаат три месеци да си ги сменат имињата appeared first on Република.

]]>

Собранието ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии, со кои се осудува промовирањето на фашизам и нацизам. И двата закони се донесоа по скратена постапка. Измените на Законот за здруженија ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ по отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности. Предлогот на опозицијата го поддржаа и пратениците од власта. За измените гласаа 67 пратеници, немаше против и воздржани. Потоа и владејачката СДСМ поднесе измени на Законот за партии, со речиси идентичен текст на законот за здруженија, со кои се осудува фашизмот. И за овие измени „за“ гласаа 67 пратеници. Измените на законот за здруженија предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на здруженијата Иван (Ванчо) Михајлов и Цар Борис Трети и истоимените клубови. Овие здруженија и клубови ќе имаат време да ги сменат имињата, а доколку тоа не го направат во рок од три месеци, ќе бидат избришани од Централен регистар.

The post „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ имаат три месеци да си ги сменат имињата appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, немате сила и храброст да тропнете на маса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-ne-sluchajno-se-odi-so-iminjata-car-boris-treti-i-ivan-mihajlov-nemate-sila-i-hrabrost-da-tropnete-na-masa/ Wed, 02 Nov 2022 20:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=568939

Самото име на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград со име „Никола Вапцаров“ значи клуб кој ќе значи културно зближување меѓу народите и државите и така треба да биде, ама тоа овде што се направи никој од вас дури ни Османи не го искоментира. Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, тука е проблемот бидејќи немате сила и храброст да тропнете на маса и да го решите ова и тоа е проблемот, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Мицевски посочи дека се успеало да дојдат до едно законско решение кое претходно очигледно иако имало механизми тие се злоупотребувани и поради тоа се создаде нервоза која се случи со отворањето наменски на овие 2 бугарски клубови за „културна соработка“ кои направија ваква реакција во јавноста.

„Врз основа на ова решение сметам дека точно е детектирано кои ја има одговорноста, а не како досега со префрлање на одговорности за тоа кој требало да реши или не требал да реши дали одредено решение значи поттикнување или повикување на агресија, нацизам и фашизам“, кажа Мицевски.

Тој истакна дека ако претендираме да бидеме сериозна држава ова треба да го расчистиме.

„Очекувајќи дека Владата ќе реагира по ова прашање, видовме дека само се купуваше време или пак имаше разни изговори по оваа тема. Затоа го поднесовме законот за здруженија и фондации, и врз основа на ова законско решение се дојде до едно решение кое стриктно дефинира кои се оние начини на одредена програма, цели и дејности било кое здружение или фондација смее или не смее да ги има“, потенцираше Мицевски.

The post Мицевски: Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, немате сила и храброст да тропнете на маса appeared first on Република.

]]>

Самото име на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград со име „Никола Вапцаров“ значи клуб кој ќе значи културно зближување меѓу народите и државите и така треба да биде, ама тоа овде што се направи никој од вас дури ни Османи не го искоментира. Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, тука е проблемот бидејќи немате сила и храброст да тропнете на маса и да го решите ова и тоа е проблемот, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија. Мицевски посочи дека се успеало да дојдат до едно законско решение кое претходно очигледно иако имало механизми тие се злоупотребувани и поради тоа се создаде нервоза која се случи со отворањето наменски на овие 2 бугарски клубови за „културна соработка“ кои направија ваква реакција во јавноста.
„Врз основа на ова решение сметам дека точно е детектирано кои ја има одговорноста, а не како досега со префрлање на одговорности за тоа кој требало да реши или не требал да реши дали одредено решение значи поттикнување или повикување на агресија, нацизам и фашизам“, кажа Мицевски.
Тој истакна дека ако претендираме да бидеме сериозна држава ова треба да го расчистиме.
„Очекувајќи дека Владата ќе реагира по ова прашање, видовме дека само се купуваше време или пак имаше разни изговори по оваа тема. Затоа го поднесовме законот за здруженија и фондации, и врз основа на ова законско решение се дојде до едно решение кое стриктно дефинира кои се оние начини на одредена програма, цели и дејности било кое здружение или фондација смее или не смее да ги има“, потенцираше Мицевски.

The post Мицевски: Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, немате сила и храброст да тропнете на маса appeared first on Република.

]]>
Соработката на нашето училиште со Бугарија започна уште во времето на СДСМ, вели директорката на битолското средно техничко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sorabotkata-na-nasheto-uchilishte-so-bugarija-zapochna-ushte-vo-vremeto-na-sdsm-veli-direktorkata-na-bitolskoto-sredno-tehnichko/ Mon, 31 Oct 2022 12:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=567794

В.д. директор на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, д-р Жанета Сервини, испрати уште еден демант дека ученици од средното техничко уличиште биле во Бугарија со неа и со заменик директорот и дека се поддржувачи на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-bugarskata-fondacija-potvrdi-deka-uchenici-od-bitolskoto-tehnichko-uchilishte-ne-bile-na-sredba-so-finansierot-na-vancho-mihajlov/

Нејзиното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Би дала дополнително соопштение во врска со дезинформациите изнесени од страна на некои медиуми и од страна на СДСМ во врска со нашата посета во Бугарија.

Според тие невистинити информации со нас наводно биле присутни ученици од техничкото училиште од Битола кои наводно биле поддржувачи на здружението Ванчо Михајлов и присуствувале на некои предавања.

Како в.д. директор и пред се како наставник ја осудувам злоупотребата на младите за дневно-политички цели со ширење на лажни вести. Иако веста можела да се провери, во етерот е пратена со сензационалистичка содржина и лажни тврдења.

Објавените информации апсолутно се невистинити, бидејќи во посета од нашето училиште бевме само јас и помошникот директор на училиштето, а целта на посетата беше реализација на средба за иницирање на можна соработка во рамките на Еразмус+ програмата, бидејќи како училиште до сега немаме искуство со Еразмус+ проекти, какви што имаат реализирано други основни и средни училишта од Битола.

Би навела и тоа дека соработката на нашето училиште со Бугарија започна уште во времето на СДСМ, кога Градоначалник беше г-ѓата Наташа Петровска, а директор на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ г-динот Владимир Роме. Во тоа време бугарското МНР, преку бугарскиот конзул во Битола, на училиштето му донираше над 125.000,оо евра за реновирање на кровот.

Одговорно тврдам дека наша единствена цел е да работиме максимално посветено за развој и напредок на училиштето и за создавање на позитивна клима за работа помеѓу вработените, што сметам дека успешно ја остваруваме. Нашето училиште гради пријателски односи со целиот демократски свет во интерес на имплементирање на европските вредности.

Повторно нагласувам дека ученици од Техничкото училиште од Битола не допатуваа во Софија и никој нема право да го загрозува угледот и интегритетот на менаџерскиот тим, пласирајќи невистини. Остро го осудувам манипулирањето со лажни информации и се надевам дека тоа во најскоро време ќе престане и вакви недоразбирања во иднина повеќе нема да се случуваат.

Објавата од 27 октомври на интернет страницата на бугарската фондација предизвика бурни реакции во Македонија, пред се̍ затоа што македонски студенти беа етикетирани како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола.

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски го нарече скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов и обвини дека кадри на ВМРО-ДПМНЕ носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов.

ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека СДСМ, во немоќ и очај, упорно шири лажни вести и на најчувствителни теми за Република Македонија во овој момент, злоупотребувајќи ги и најмладите.

Целта на СДСМ е да го намали значењето на пораката која ја испраќа ВМРО-ДПМНЕ за обединување на македонската јавност за стратешките национални интереси на државата. Со ваквите гротескни лаги СДСМ сее збунетост и раздор меѓу населението, со што токму така, им штети на македонските национални интереси. Ве повикуваме да не подлегнувате на лажните вести и сите заедно да опстоиме во одбрана на нашето, кое насилно сакаат да ни го одземат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Соработката на нашето училиште со Бугарија започна уште во времето на СДСМ, вели директорката на битолското средно техничко appeared first on Република.

]]>

В.д. директор на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, д-р Жанета Сервини, испрати уште еден демант дека ученици од средното техничко уличиште биле во Бугарија со неа и со заменик директорот и дека се поддржувачи на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“. https://republika.mk/vesti/makedonija/i-bugarskata-fondacija-potvrdi-deka-uchenici-od-bitolskoto-tehnichko-uchilishte-ne-bile-na-sredba-so-finansierot-na-vancho-mihajlov/
Нејзиното соопштение ви го пренесуваме во целост: Би дала дополнително соопштение во врска со дезинформациите изнесени од страна на некои медиуми и од страна на СДСМ во врска со нашата посета во Бугарија. Според тие невистинити информации со нас наводно биле присутни ученици од техничкото училиште од Битола кои наводно биле поддржувачи на здружението Ванчо Михајлов и присуствувале на некои предавања. Како в.д. директор и пред се како наставник ја осудувам злоупотребата на младите за дневно-политички цели со ширење на лажни вести. Иако веста можела да се провери, во етерот е пратена со сензационалистичка содржина и лажни тврдења. Објавените информации апсолутно се невистинити, бидејќи во посета од нашето училиште бевме само јас и помошникот директор на училиштето, а целта на посетата беше реализација на средба за иницирање на можна соработка во рамките на Еразмус+ програмата, бидејќи како училиште до сега немаме искуство со Еразмус+ проекти, какви што имаат реализирано други основни и средни училишта од Битола. Би навела и тоа дека соработката на нашето училиште со Бугарија започна уште во времето на СДСМ, кога Градоначалник беше г-ѓата Наташа Петровска, а директор на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ г-динот Владимир Роме. Во тоа време бугарското МНР, преку бугарскиот конзул во Битола, на училиштето му донираше над 125.000,оо евра за реновирање на кровот. Одговорно тврдам дека наша единствена цел е да работиме максимално посветено за развој и напредок на училиштето и за создавање на позитивна клима за работа помеѓу вработените, што сметам дека успешно ја остваруваме. Нашето училиште гради пријателски односи со целиот демократски свет во интерес на имплементирање на европските вредности. Повторно нагласувам дека ученици од Техничкото училиште од Битола не допатуваа во Софија и никој нема право да го загрозува угледот и интегритетот на менаџерскиот тим, пласирајќи невистини. Остро го осудувам манипулирањето со лажни информации и се надевам дека тоа во најскоро време ќе престане и вакви недоразбирања во иднина повеќе нема да се случуваат.
Објавата од 27 октомври на интернет страницата на бугарската фондација предизвика бурни реакции во Македонија, пред се̍ затоа што македонски студенти беа етикетирани како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола. Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски го нарече скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов и обвини дека кадри на ВМРО-ДПМНЕ носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека СДСМ, во немоќ и очај, упорно шири лажни вести и на најчувствителни теми за Република Македонија во овој момент, злоупотребувајќи ги и најмладите.
Целта на СДСМ е да го намали значењето на пораката која ја испраќа ВМРО-ДПМНЕ за обединување на македонската јавност за стратешките национални интереси на државата. Со ваквите гротескни лаги СДСМ сее збунетост и раздор меѓу населението, со што токму така, им штети на македонските национални интереси. Ве повикуваме да не подлегнувате на лажните вести и сите заедно да опстоиме во одбрана на нашето, кое насилно сакаат да ни го одземат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Соработката на нашето училиште со Бугарија започна уште во времето на СДСМ, вели директорката на битолското средно техничко appeared first on Република.

]]>
И бугарската фондација потврди дека ученици од битолското техничко училиште не биле на средба со финансиерот на „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-bugarskata-fondacija-potvrdi-deka-uchenici-od-bitolskoto-tehnichko-uchilishte-ne-bile-na-sredba-so-finansierot-na-vancho-mihajlov/ Sun, 30 Oct 2022 19:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=567542

Фондацијата „Бугарска меморија“ ги избриша фотографиите од директорката на Техничкото училиште во Битола Жанета Сервини и заменикот Љупчо Здравковски, како и дел од текстот на интернет страницата на Фондацијата, каде тие беа спомнати, објави Сдк.мк.

До вчера во истата објава пишуваше дека македонски студенти кои се истомисленици на клубот Иван Михајлов“ биле во посета на Бугарија, а таму пристигнале и првите луѓе на Техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола кои го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане. Денес овој дел од информацијата е избришан и Сервини и Здравковски воопшто не се спомнуваат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-bitola-koi-bile-istomislenici-na-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-zaminale-vo-sofija-na-predavanje-i-razgovor-so-milen-vrabovski/

Фондација денес излезе со соопштение дека ги осудува неправедните обвинувања во медиумите кон директорите и дека чиста случајност е тоа што нивната посета на приватно училиште се поклопила со посеатата на македонски студенти на покана на Милен Врабевски и бугарската фондација.

Сервини и Здравковски беа во Бугарија на покана на приватно училиште „Цар Симеон Велики“ за планирање на заеднички проекти според Еразмус + програмата. Нагласуваме дека тие не се дел бугарското здружение во Битола. Тие никогаш и не беа и никогаш не кажавме дека е тоа така, напишаа денес од Фондацијата.

Во и директорката Сервини, а и Техничкото училиште се огласија со демант во кој се вели дека не се вистинити објавите низ некои македонски медиуми за присуство на ученици од Техничкото училиште од Битола во Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/uchilishteto-demantira-uchenicite-bile-vo-bugarija-da-vospostavat-erazmus-sorabotka/

Објавата од 27 октомври на интернет страницата на бугарската фондација предизвика бурни реакции во Македонија, пред се̍ затоа што македонски студенти беа етикетирани како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола.

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски го нарече скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов и обвини дека кадри на ВМРО-ДПМНЕ носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов.

ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека СДСМ, во немоќ и очај, упорно шири лажни вести и на најчувствителни теми за Република Македонија во овој момент, злоупотребувајќи ги и најмладите.

Целта на СДСМ е да го намали значењето на пораката која ја испраќа ВМРО-ДПМНЕ за обединување на македонската јавност за стратешките национални интереси на државата. Со ваквите гротескни лаги СДСМ сее збунетост и раздор меѓу населението, со што токму така, им штети на македонските национални интереси. Ве повикуваме да не подлегнувате на лажните вести и сите заедно да опстоиме во одбрана на нашето, кое насилно сакаат да ни го одземат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post И бугарската фондација потврди дека ученици од битолското техничко училиште не биле на средба со финансиерот на „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Фондацијата „Бугарска меморија“ ги избриша фотографиите од директорката на Техничкото училиште во Битола Жанета Сервини и заменикот Љупчо Здравковски, како и дел од текстот на интернет страницата на Фондацијата, каде тие беа спомнати, објави Сдк.мк. До вчера во истата објава пишуваше дека македонски студенти кои се истомисленици на клубот Иван Михајлов“ биле во посета на Бугарија, а таму пристигнале и првите луѓе на Техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола кои го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане. Денес овој дел од информацијата е избришан и Сервини и Здравковски воопшто не се спомнуваат. https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-bitola-koi-bile-istomislenici-na-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-zaminale-vo-sofija-na-predavanje-i-razgovor-so-milen-vrabovski/ Фондација денес излезе со соопштение дека ги осудува неправедните обвинувања во медиумите кон директорите и дека чиста случајност е тоа што нивната посета на приватно училиште се поклопила со посеатата на македонски студенти на покана на Милен Врабевски и бугарската фондација.
Сервини и Здравковски беа во Бугарија на покана на приватно училиште „Цар Симеон Велики“ за планирање на заеднички проекти според Еразмус + програмата. Нагласуваме дека тие не се дел бугарското здружение во Битола. Тие никогаш и не беа и никогаш не кажавме дека е тоа така, напишаа денес од Фондацијата.
Во и директорката Сервини, а и Техничкото училиште се огласија со демант во кој се вели дека не се вистинити објавите низ некои македонски медиуми за присуство на ученици од Техничкото училиште од Битола во Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/uchilishteto-demantira-uchenicite-bile-vo-bugarija-da-vospostavat-erazmus-sorabotka/ Објавата од 27 октомври на интернет страницата на бугарската фондација предизвика бурни реакции во Македонија, пред се̍ затоа што македонски студенти беа етикетирани како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола. Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски го нарече скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов и обвини дека кадри на ВМРО-ДПМНЕ носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека СДСМ, во немоќ и очај, упорно шири лажни вести и на најчувствителни теми за Република Македонија во овој момент, злоупотребувајќи ги и најмладите.
Целта на СДСМ е да го намали значењето на пораката која ја испраќа ВМРО-ДПМНЕ за обединување на македонската јавност за стратешките национални интереси на државата. Со ваквите гротескни лаги СДСМ сее збунетост и раздор меѓу населението, со што токму така, им штети на македонските национални интереси. Ве повикуваме да не подлегнувате на лажните вести и сите заедно да опстоиме во одбрана на нашето, кое насилно сакаат да ни го одземат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post И бугарската фондација потврди дека ученици од битолското техничко училиште не биле на средба со финансиерот на „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Училиштето демантира: Учениците биле во Бугарија да воспостават Еразмус + соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchilishteto-demantira-uchenicite-bile-vo-bugarija-da-vospostavat-erazmus-sorabotka/ Sun, 30 Oct 2022 08:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=567300

Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта, реагира в.д. директорката на училиштето, Жанета Сервини во врска со вчерашната информација проследена на повеќе медиуми.

Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето.

Барам од вас и од сите други медиуми да ја повлечат лажната вест и да ја пренесат вистинската информација во интерес на објективноста на информирањето и чувањето на угледот на новинарската професија која во голема мера го креира јавното мислење. Доколку не се повлече веста, ќе ги преземеме сите располoжливи мерки за спречување на нанесувањето штета на мојот углед, на угледот на училиштето и на заменик директорот, како и за спречување на лажно информирање.

https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-bitola-koi-bile-istomislenici-na-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-zaminale-vo-sofija-na-predavanje-i-razgovor-so-milen-vrabovski/

The post Училиштето демантира: Учениците биле во Бугарија да воспостават Еразмус + соработка appeared first on Република.

]]>

Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта, реагира в.д. директорката на училиштето, Жанета Сервини во врска со вчерашната информација проследена на повеќе медиуми. Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето. Барам од вас и од сите други медиуми да ја повлечат лажната вест и да ја пренесат вистинската информација во интерес на објективноста на информирањето и чувањето на угледот на новинарската професија која во голема мера го креира јавното мислење. Доколку не се повлече веста, ќе ги преземеме сите располoжливи мерки за спречување на нанесувањето штета на мојот углед, на угледот на училиштето и на заменик директорот, како и за спречување на лажно информирање. https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-bitola-koi-bile-istomislenici-na-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-zaminale-vo-sofija-na-predavanje-i-razgovor-so-milen-vrabovski/

The post Училиштето демантира: Учениците биле во Бугарија да воспостават Еразмус + соработка appeared first on Република.

]]>
Петковски: Владата ги изневери и разочара Македонците во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-vladata-gi-izneveri-i-razochara-makedoncite-vo-bugarija/ Fri, 28 Oct 2022 19:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=566993

Нашата Влада ги изневери и разочара Македонците во Бугарија, кои помислија дека конечно дојдоа подобри времиња во кои ќе можат да ги остварат своите човекови права и слободи,за кои со години се борат, пишува поранешниот собраниски спикер и долгогодишен политичар Тито Петковски.

Тој со статус на својот Фејсбук профил го анализира отворањето на македонските и бугарските клубови, непосредно пред отворањето на македонскиот клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“.

Петковски ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој денеска кажа дека отворањето на вакви клубови им штети на двете заедници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-otvoranjeto-na-nikola-vapcarov-vo-blagoevgrad-ne-e-vo-funkcija-na-dobrososedskite-odnosi/

Конечно, сфаќајќи дека „ваквото отварање на македонски и бугарски клубови им штети и на двете заедници”, министерот за надворешни работи Бујар Османи, практично призна дека на таков начин не се води надворешна политика. И тоа не е никаков грев. Но, само два дена пред отварањето на клубот на Македонците во Благоевград да дознае и јавно да соопшти дека клубот ќе биде финансиран од „антиамерикански и антиевропски структури од Канада“ и дека тоа ќе им штети на односите меѓу двете заедници, најблаго речено е неодговорен однос кон македонската јавност, пишува Петковски.

Тој прави споредба со отворањето на бугарските клубови во Македонија, кога повеќе од два месеци македонската јавност, како што пишува, беше постојано бомбардирана со бугарски провокации,и тоа од официјални бугарски кругови во врска со клубовите во Битола и Охрид. Јавноста беше информирана за тоа кој е финансиер на бугарските клубови во Македонија и кој ќе го финансира клубот на Македонците во Благоевград.

Премиерот јавно соопшти дека ќе појде во Благоевград, дури покани и пратеничка од ВМРО заедно да појдат на отварањето на клубот,секако убеден дека тоа ќе се случи,по примерот на бугарскиот државен врв кој дојде во Битола. Нашиот премиер соопшти дека на денот на отварањето,сепак ќе остане во Скопје, бидејќи имал важни државнички обврски. Значи, нашата Влада немаше реална проценка за тоа ,во која насока ќе се одвиваат Македонско-Бугарските односи ,по отварањето на клубовите во Битола и Охрид и можното отварање на клубот на Македонците во Благоевград.Какви ќе бидат реакциите на противниците на идејата за отварање клубови, и во Македонија и во Бугарија. Одговорна влада мора да ја антиципира иднината. Мора да оди во пресрет на сите можни закани по безбедноста на државата, да ги превенира и да ги спречи штетните последици, порачува Петковски.

The post Петковски: Владата ги изневери и разочара Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Нашата Влада ги изневери и разочара Македонците во Бугарија, кои помислија дека конечно дојдоа подобри времиња во кои ќе можат да ги остварат своите човекови права и слободи,за кои со години се борат, пишува поранешниот собраниски спикер и долгогодишен политичар Тито Петковски. Тој со статус на својот Фејсбук профил го анализира отворањето на македонските и бугарските клубови, непосредно пред отворањето на македонскиот клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“. Петковски ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој денеска кажа дека отворањето на вакви клубови им штети на двете заедници. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-otvoranjeto-na-nikola-vapcarov-vo-blagoevgrad-ne-e-vo-funkcija-na-dobrososedskite-odnosi/
Конечно, сфаќајќи дека „ваквото отварање на македонски и бугарски клубови им штети и на двете заедници”, министерот за надворешни работи Бујар Османи, практично призна дека на таков начин не се води надворешна политика. И тоа не е никаков грев. Но, само два дена пред отварањето на клубот на Македонците во Благоевград да дознае и јавно да соопшти дека клубот ќе биде финансиран од „антиамерикански и антиевропски структури од Канада“ и дека тоа ќе им штети на односите меѓу двете заедници, најблаго речено е неодговорен однос кон македонската јавност, пишува Петковски.
Тој прави споредба со отворањето на бугарските клубови во Македонија, кога повеќе од два месеци македонската јавност, како што пишува, беше постојано бомбардирана со бугарски провокации,и тоа од официјални бугарски кругови во врска со клубовите во Битола и Охрид. Јавноста беше информирана за тоа кој е финансиер на бугарските клубови во Македонија и кој ќе го финансира клубот на Македонците во Благоевград.
Премиерот јавно соопшти дека ќе појде во Благоевград, дури покани и пратеничка од ВМРО заедно да појдат на отварањето на клубот,секако убеден дека тоа ќе се случи,по примерот на бугарскиот државен врв кој дојде во Битола. Нашиот премиер соопшти дека на денот на отварањето,сепак ќе остане во Скопје, бидејќи имал важни државнички обврски. Значи, нашата Влада немаше реална проценка за тоа ,во која насока ќе се одвиваат Македонско-Бугарските односи ,по отварањето на клубовите во Битола и Охрид и можното отварање на клубот на Македонците во Благоевград.Какви ќе бидат реакциите на противниците на идејата за отварање клубови, и во Македонија и во Бугарија. Одговорна влада мора да ја антиципира иднината. Мора да оди во пресрет на сите можни закани по безбедноста на државата, да ги превенира и да ги спречи штетните последици, порачува Петковски.

The post Петковски: Владата ги изневери и разочара Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Павловска Данева: Централниот регистар сѐ уште може да го прогласи за ништовно решението за клубот „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pavlovska-daneva-centralniot-registar-s-ushte-moze-da-go-proglasi-za-nishtovno-reshenieto-za-klubot-vancho-mihajlov/ Wed, 19 Oct 2022 19:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=563292

Професорката од Правниот факултет, Ана Павлоска Данева смета дека Централниот регистар има и сега можност да спречи упис здруженија на граѓани, чија програма ги нарушува правата и слободите на други.

– Ако со нивното здружување предизвикуваат верска, расна или национална нетрпеливост и омраза, регистарот може тоа да го блокира и да не дозволи такво регистрирање. Исто така ако го содржи името Македонија, тогаш е потребна согласност од Министерството за правда. Слушнавме дека Правда при регистрацијата на „Ванчо Михајлов“ не дало согласност. Кога како здружение ги поднесувате документите, меѓу другото треба да поднесе и согласност. Ако еден документ ви фали, ваш органот не ви го дава решението. Се уште може Централниот регистар да го прогласи сопственото решение за ништовно, рече Данева во емисијата „24 анализа“.

The post Павловска Данева: Централниот регистар сѐ уште може да го прогласи за ништовно решението за клубот „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

Клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците, КСЗД препорача отстранување на сите спорни елементи во рок од 45 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klubot-vancho-mihajlov-gi-diskriminira-i-voznemiruva-makedoncite-kszd-preporacha-otstranuvanje-na-site-sporni-elementi-vo-rok-od-45-dena/ Fri, 14 Oct 2022 08:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=560971

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Комисијата утврди продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација извршено кон членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во македонското општество, соопшти Весна Бендевска на денешната прес-конференција.

КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот.

Согласно законот, Комисијата откако ќе утврди форма на дискриминација должна е да донесе препораки за начинот на кој ќе треба да се отстрани ова еклатантно вознемирување.

Се препорачува здружението да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот и делот на Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена и што е најважно се препорачува Министерството за правада да изврши надзор врз законистоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации кој забранува да се организираат и формираат здруженија кои потикнуваат ширење на расна нетрпеливпост во рок од 45 дена и за тоа писмено да ја извести Комисијата, рече Бендевска.

Комисијата постапи по овој случај по претставка поднесена од Сојузот на борците – ОО Битола од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.

The post Клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците, КСЗД препорача отстранување на сите спорни елементи во рок од 45 дена appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Комисијата утврди продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација извршено кон членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во македонското општество, соопшти Весна Бендевска на денешната прес-конференција. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Согласно законот, Комисијата откако ќе утврди форма на дискриминација должна е да донесе препораки за начинот на кој ќе треба да се отстрани ова еклатантно вознемирување.
Се препорачува здружението да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот и делот на Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена и што е најважно се препорачува Министерството за правада да изврши надзор врз законистоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации кој забранува да се организираат и формираат здруженија кои потикнуваат ширење на расна нетрпеливпост во рок од 45 дена и за тоа писмено да ја извести Комисијата, рече Бендевска.
Комисијата постапи по овој случај по претставка поднесена од Сојузот на борците – ОО Битола од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.

The post Клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците, КСЗД препорача отстранување на сите спорни елементи во рок од 45 дена appeared first on Република.

]]>
Формирано советодавно тело што ќе дава мислења за имиња на здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/formirano-sovetodavno-telo-shto-kje-dava-mislenja-za-iminja-na-zdruzenija/ Tue, 06 Sep 2022 19:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=536413

На Владина седница била донесена Oдлука за формирање на Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице, соопштија од Владата.

Претходно, била усвоена информацијата за потребата од иницирање меѓуресорско, ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, којшто е во фаза на изработка. Ова е преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата и сите правни субјекти, кои во името имаат историска личност.

Владиниот потег доаѓа откако во јавноста имаше многу реакции по формирањето здруженија со имиња на контроверзни личности од историјата поврзани со Бугарија, како „Иван Михајлов“ и „Цар Борис“.

Формираното владино тело ќе ги анализира поднесените предмети и на надлежните институции ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.

Советодавното тело е составено од седуммина членови, номинирани од самите институции:

1. Д-р Билјана Ристовска – Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје;

2. Д-р Бобан Петровски, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје – за прашања од нов и најнов век;

3. Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите;

4. Антонио Павлоски, посебен советник во Кабинетот на Министерот за култура;

5. Билјана Мицковска, од Сектор за правни работи при Министерството за економија;

6. Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и

7. Ана Трајчева – регистратор во Централниот регистар на Република Македонија;

Во работата на ова тело по потреба може да бидат вклучени дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.

The post Формирано советодавно тело што ќе дава мислења за имиња на здруженија appeared first on Република.

]]>

На Владина седница била донесена Oдлука за формирање на Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице, соопштија од Владата. Претходно, била усвоена информацијата за потребата од иницирање меѓуресорско, ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, којшто е во фаза на изработка. Ова е преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата и сите правни субјекти, кои во името имаат историска личност. Владиниот потег доаѓа откако во јавноста имаше многу реакции по формирањето здруженија со имиња на контроверзни личности од историјата поврзани со Бугарија, како „Иван Михајлов“ и „Цар Борис“. Формираното владино тело ќе ги анализира поднесените предмети и на надлежните институции ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи. Советодавното тело е составено од седуммина членови, номинирани од самите институции: 1. Д-р Билјана Ристовска – Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје; 2. Д-р Бобан Петровски, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје – за прашања од нов и најнов век; 3. Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите; 4. Антонио Павлоски, посебен советник во Кабинетот на Министерот за култура; 5. Билјана Мицковска, од Сектор за правни работи при Министерството за економија; 6. Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и 7. Ана Трајчева – регистратор во Централниот регистар на Република Македонија; Во работата на ова тело по потреба може да бидат вклучени дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.

The post Формирано советодавно тело што ќе дава мислења за имиња на здруженија appeared first on Република.

]]>
Левица поднесе Иницијатива за забрана на работа клубот „Ванчо Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 65 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-podnese-inicijativa-za-zabrana-na-rabota-klubot-vancho-mihajlov-bitola-povikuvajkji-se-na-chlen-65/ Mon, 29 Aug 2022 11:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=545241

Епидемијата на неофашистички здруженија кои никнуваат на територијата на Македонија, под покровителство на пробугарските СДС и ДУИ, кои имаат за цел да провоцираат и промовираат фашистички и асимилаторски вредности, мора да запре, велат од Левица, додавајќи дека партијата поднела Иницијатива за забрана на работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ - Битола до Основното јавно обвинителство во Битола, повикувајќи се на член 65 од Законот за здруженија и фондации.

Во Статутот на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ Битола, донесен на Основачкото собрание на здружението, на седница одржана на 12 март 2019 година, се појаснува дека мисијата на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов.
Неспорно е дека граѓаните на РМ им се гарантира слободата за здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Меѓутоа, јасни уставни и законски одредби ги определуваат границите на остварување на оваа слобода, велат во соопштението од Левица.

Додаваат дека со своите програмски цели и теренски активности за промоција на идеологијата и рехабилитирање на ликот и делото на Иван Михајлов, дејствувањето на Здружението е насочено токму кон разгорување на национална омраза и нетрпеливост, преземајќи активности кои се спротивни на Уставот и закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Ванчо Михајлов, македонската нација и јазик не постојат! Здружението ја промовира оваа идеологија за промена на националната свест на македонскиот народ и во своите просотрии има поставено цитат од Иван Михајлов, во оваа насока.

Дејствувањето на Здружението е насочено кон негирање на слободите и правата на македонскиот народ за слободно изразување на националната припадност. Дополнително, Здружението на социјалните мрежи редовно објавува натписи со содржина со која разгорува национална омраза.

Рехабилитацијата на ликот и делото на Иван Михалов, кој светската историографија го смета за докажан соработник на Хитлер, е рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот - потикнувајќи чувство на национална и верска омраза и нетрпеливост кон Еврејската заедница во Македонија, реагираат од партијата.

Oд Левица очекуваат Основниот суд, во итна постапка, да донесе решение со кое се прифаќа во целост предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и се забранува работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ - Битола.

The post Левица поднесе Иницијатива за забрана на работа клубот „Ванчо Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 65 appeared first on Република.

]]>

Епидемијата на неофашистички здруженија кои никнуваат на територијата на Македонија, под покровителство на пробугарските СДС и ДУИ, кои имаат за цел да провоцираат и промовираат фашистички и асимилаторски вредности, мора да запре, велат од Левица, додавајќи дека партијата поднела Иницијатива за забрана на работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ - Битола до Основното јавно обвинителство во Битола, повикувајќи се на член 65 од Законот за здруженија и фондации.
Во Статутот на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ Битола, донесен на Основачкото собрание на здружението, на седница одржана на 12 март 2019 година, се појаснува дека мисијата на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов. Неспорно е дека граѓаните на РМ им се гарантира слободата за здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Меѓутоа, јасни уставни и законски одредби ги определуваат границите на остварување на оваа слобода, велат во соопштението од Левица.
Додаваат дека со своите програмски цели и теренски активности за промоција на идеологијата и рехабилитирање на ликот и делото на Иван Михајлов, дејствувањето на Здружението е насочено токму кон разгорување на национална омраза и нетрпеливост, преземајќи активности кои се спротивни на Уставот и закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.
Ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Ванчо Михајлов, македонската нација и јазик не постојат! Здружението ја промовира оваа идеологија за промена на националната свест на македонскиот народ и во своите просотрии има поставено цитат од Иван Михајлов, во оваа насока. Дејствувањето на Здружението е насочено кон негирање на слободите и правата на македонскиот народ за слободно изразување на националната припадност. Дополнително, Здружението на социјалните мрежи редовно објавува натписи со содржина со која разгорува национална омраза. Рехабилитацијата на ликот и делото на Иван Михалов, кој светската историографија го смета за докажан соработник на Хитлер, е рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот - потикнувајќи чувство на национална и верска омраза и нетрпеливост кон Еврејската заедница во Македонија, реагираат од партијата.