бугарски клуб охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klub-ohrid/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Jan 2023 15:18:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски клуб охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klub-ohrid/ 32 32 Пендаровски и Ковачевски бараат истрага за претепаниот ген-сек на бугарскиот клуб во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-i-kovachevski-baraat-istraga-za-pretepaniot-gen-sek-na-bugarskiot-klub-vo-ohrid/ Fri, 20 Jan 2023 15:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=599181

Претседателот Стево Пендаровски во објава на Фејсбук го осуди нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков.

„Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите“, пишува во објавата на Пендаровски.

Бугарските медиуми јавуваат дека премиерот Димитар Ковачевски во телефонски разговор со бугарскиот премиер Галаб Донев изразил подготвеност за истрага на случајот. Донев го осуди тепањето и го оцени како целосно неприфатливо и опасно кривично дело извршено врз државјанин на Република Македонија со бугарска самосвест.

“Донев побара од локалните власти веднаш да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на Бугарите во земјата против ваквите злосторства од омраза. Притоа, премиерот Галаб Донев побара помош од организацијата за транспорт на Христијан Пендиков на лекување во Бугарија“, објавија бугарските медиуми.

The post Пендаровски и Ковачевски бараат истрага за претепаниот ген-сек на бугарскиот клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>