бугарски клуб Иван Михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klub-ivan-mihajlov/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Apr 2023 12:43:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски клуб Иван Михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-klub-ivan-mihajlov/ 32 32 Пријава в полиција за премачканите букви на бугарскиот клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prijava-v-politsija-za-premachkanite-bukvi-na-bugarskiot-klub/ Wed, 05 Apr 2023 12:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=627553

Натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, кој беше запишан и истакнат со бели букви, е пребојадисан со црна боја и е нечитлив.

Од СВР-Битола информираат дека новонастанатата ситуација е пријавена и се постапува по пријавата.

Како што е познато клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола беше отворен на 16 април минатата година, и со присуство на високи државни функционери од Република Бугарија. Неодамна со одлука на Министерството за правда е избришан од Централен регистер, затоа што употребата на името Иван Ванчо Михајлов претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ.

The post Пријава в полиција за премачканите букви на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>

Натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, кој беше запишан и истакнат со бели букви, е пребојадисан со црна боја и е нечитлив. Од СВР-Битола информираат дека новонастанатата ситуација е пријавена и се постапува по пријавата. Како што е познато клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола беше отворен на 16 април минатата година, и со присуство на високи државни функционери од Република Бугарија. Неодамна со одлука на Министерството за правда е избришан од Централен регистер, затоа што употребата на името Иван Ванчо Михајлов претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ.

The post Пријава в полиција за премачканите букви на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>
Министерот Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов за истоимениот клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-loga-go-potpisha-reshenieto-so-koe-se-odbiva-koristeneto-na-imeto-ivan-mihajlov-za-istoimeniot-klub/ Thu, 16 Mar 2023 17:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=620429

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива употребата на името Иван Михајлов за истоименото здружение од Битола. Ваквата одлука на министерот уследи откако денеска Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употребата на името Иван Михајлов.

– Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, ссе наведува во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму додаваат дека во член 9-а од Законот за здруженија и фондации за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности.

Во меѓувреме, Централниот регистар соопшти дека поради недоставување на бараните документи во законски предвидениот рок се одбива барањето за усогласување на здружението „Цар Борис III“ од Охрид, кој поднесе документи за пререгистрација, но нецелосни.

– Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во известувањето во согласност со Законот за здруженија и фондации, соопшти попладнево Централниот регистар.

За донесената одлука, како што велат оттаму, ќе го информираат Министерството за правда.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Согласно измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

The post Министерот Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов за истоимениот клуб appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива употребата на името Иван Михајлов за истоименото здружение од Битола. Ваквата одлука на министерот уследи откако денеска Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употребата на името Иван Михајлов.
– Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, ссе наведува во соопштението од Министерството за правда.
Оттаму додаваат дека во член 9-а од Законот за здруженија и фондации за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности. Во меѓувреме, Централниот регистар соопшти дека поради недоставување на бараните документи во законски предвидениот рок се одбива барањето за усогласување на здружението „Цар Борис III“ од Охрид, кој поднесе документи за пререгистрација, но нецелосни.
– Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во известувањето во согласност со Законот за здруженија и фондации, соопшти попладнево Централниот регистар.
За донесената одлука, како што велат оттаму, ќе го информираат Министерството за правда. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари. Согласно измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

The post Министерот Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов за истоимениот клуб appeared first on Република.

]]>
„Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivan-mihailov-nema-da-go-smeni-imeto-poracha-pretsedatelot-na-bugarskiot-klub/ Sun, 19 Feb 2023 16:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=610752

Културниот центар „Иван Михаилов“ нема да го смени името, изјави претседателот на културниот центар Лупчо Георгиевски по повод истекот на рокот за промена на имињата на здруженијата кои во Скопје се сметаат за контроверзни, пишува БГНЕС.

Во ноември 2022 година, парламентот донесе легислатива, според која веќе законски регистрираните здруженија и клубови може да се избришат од Централниот регистар поради нивните имиња.

Правата ќе си ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели Георгиевски.

По повод средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела, Георгиевски изјави дека оваа прва средба е само еден чекор напред.

Во разговорот со него изјавивме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Cеверна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Властите не разговарале со нас досега. Подготвени сме да разговараме со секој што сака разговор со нас. РСМ мора да го почитува францускиот предлог, рече Георгиевски.

Тој појасни дека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има друга кривична постапка – од Комисијата за заштита од дискриминација за непромена на таблата на која пишува „Културен клуб Иван Михаилов“.

И откако се вративме од Брисел (каде се одржа средба со еврокомесарот Вархеи) – има и нова постапка против мене – овој пат за ширење говор на омраза кон луѓе кои имаа македонска национална самодоверба. Тие продолжуваат со обвинувањата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да се решат проблемите, но од друга страна продолжуваат со обвинувањата кои може да се реализираат утре со казна до 15.000 евра, а постапката за говор на омраза може да доведе и до затвор. Ние македонските бугари не знаеме како ќе падне тензијата што ја чувствуваме на грб затоа што живееме овде и имаме стравови за нашата безбедност, рече Лупчо Георгиевски.

 

The post „Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>

Културниот центар „Иван Михаилов“ нема да го смени името, изјави претседателот на културниот центар Лупчо Георгиевски по повод истекот на рокот за промена на имињата на здруженијата кои во Скопје се сметаат за контроверзни, пишува БГНЕС. Во ноември 2022 година, парламентот донесе легислатива, според која веќе законски регистрираните здруженија и клубови може да се избришат од Централниот регистар поради нивните имиња.
Правата ќе си ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели Георгиевски.
По повод средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела, Георгиевски изјави дека оваа прва средба е само еден чекор напред.
Во разговорот со него изјавивме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Cеверна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Властите не разговарале со нас досега. Подготвени сме да разговараме со секој што сака разговор со нас. РСМ мора да го почитува францускиот предлог, рече Георгиевски.
Тој појасни дека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има друга кривична постапка – од Комисијата за заштита од дискриминација за непромена на таблата на која пишува „Културен клуб Иван Михаилов“.
И откако се вративме од Брисел (каде се одржа средба со еврокомесарот Вархеи) – има и нова постапка против мене – овој пат за ширење говор на омраза кон луѓе кои имаа македонска национална самодоверба. Тие продолжуваат со обвинувањата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да се решат проблемите, но од друга страна продолжуваат со обвинувањата кои може да се реализираат утре со казна до 15.000 евра, а постапката за говор на омраза може да доведе и до затвор. Ние македонските бугари не знаеме како ќе падне тензијата што ја чувствуваме на грб затоа што живееме овде и имаме стравови за нашата безбедност, рече Лупчо Георгиевски.
 

The post „Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>
Претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ обвинет за ширење на расистички и ксенофобичен материјал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-obvinet-za-shirenje-na-rasistichki-i-ksenofobichen-materijal/ Mon, 12 Dec 2022 11:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=584700

Обвинение за ширење на расистички и ксенофобичен материјал е поднесено против претседателот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола Љупчо Георгиевски, пренесуваат бугарските медиуми.

Георгиевски треба на 16-ти декември да се појави во Обвинителството во Битола. Во спротивно, тој ќе биде присилно донесен, пишува во поканата на обвинителството, која била испратена на почетокот на декември.

Бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ е формиран пред три години, а официјално беше отворен во април годинава. Само десет дена по откривањето, влезната врата беше запалена, а како сторител беше обвинет пејачот Ламбе Алабаковски.

Пред речиси два месеци, Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува борците од антифашистичката Народноослободителна борба (НОБ), македонскиот народ и етничките заедници.

Комисијата препорачува здружението „Иван Михајлов“ да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот, делот и промовирање на идеологија на историската личност Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена.

 

The post Претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ обвинет за ширење на расистички и ксенофобичен материјал appeared first on Република.

]]>

Обвинение за ширење на расистички и ксенофобичен материјал е поднесено против претседателот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола Љупчо Георгиевски, пренесуваат бугарските медиуми. Георгиевски треба на 16-ти декември да се појави во Обвинителството во Битола. Во спротивно, тој ќе биде присилно донесен, пишува во поканата на обвинителството, која била испратена на почетокот на декември. Бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ е формиран пред три години, а официјално беше отворен во април годинава. Само десет дена по откривањето, влезната врата беше запалена, а како сторител беше обвинет пејачот Ламбе Алабаковски. Пред речиси два месеци, Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува борците од антифашистичката Народноослободителна борба (НОБ), македонскиот народ и етничките заедници. Комисијата препорачува здружението „Иван Михајлов“ да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот, делот и промовирање на идеологија на историската личност Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена.  

The post Претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ обвинет за ширење на расистички и ксенофобичен материјал appeared first on Република.

]]>
Ученици од Битола кои биле истомисленици на бугарскиот клуб ,,Иван Михајлов” заминале во Софија на предавање и разговор со Милен Врабовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-bitola-koi-bile-istomislenici-na-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-zaminale-vo-sofija-na-predavanje-i-razgovor-so-milen-vrabovski/ Sat, 29 Oct 2022 15:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=567203

Студенти и ученици од Македонија пристигнаа во Софија, Бугарија, на дводневна посета. Младите се истомисленици на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов” во Битола и дел од долгогодишната програма на Фондацијата Бугарска меморија за градење на добрососедски односи- пишува на страницата на фондацијата, на чие чело е Милен Врабовски, човекот кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид.

Објавени се повеќе фотографии од учениците, како и појаснување дека заедно со нив во Бугарија допатувале Жанета Сервини, директорка и Љупчо Здравковски, заменик директор на средното техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов” од Битола.

Според информацијата која ја објави фондацијата на Врабовски, на учениците им било одржано предавање од страна на старешина од Националната гарда на Бугарија, Димитар Борисов, кој предавал на тема поврзана со историјата на гардата, а пак Врабовски им раскажал за приоритетите и причините за основањето на фондацијата, како и за многубројните донации кои ги остварил во Македонија.

Пишува и дека учениците го посетиле Националниот историски музеј, а исто така се забавувале и на картинг.

The post Ученици од Битола кои биле истомисленици на бугарскиот клуб ,,Иван Михајлов” заминале во Софија на предавање и разговор со Милен Врабовски appeared first on Република.

]]>

Студенти и ученици од Македонија пристигнаа во Софија, Бугарија, на дводневна посета. Младите се истомисленици на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов” во Битола и дел од долгогодишната програма на Фондацијата Бугарска меморија за градење на добрососедски односи- пишува на страницата на фондацијата, на чие чело е Милен Врабовски, човекот кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид. Објавени се повеќе фотографии од учениците, како и појаснување дека заедно со нив во Бугарија допатувале Жанета Сервини, директорка и Љупчо Здравковски, заменик директор на средното техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов” од Битола. Според информацијата која ја објави фондацијата на Врабовски, на учениците им било одржано предавање од страна на старешина од Националната гарда на Бугарија, Димитар Борисов, кој предавал на тема поврзана со историјата на гардата, а пак Врабовски им раскажал за приоритетите и причините за основањето на фондацијата, како и за многубројните донации кои ги остварил во Македонија. Пишува и дека учениците го посетиле Националниот историски музеј, а исто така се забавувале и на картинг.

The post Ученици од Битола кои биле истомисленици на бугарскиот клуб ,,Иван Михајлов” заминале во Софија на предавање и разговор со Милен Врабовски appeared first on Република.

]]>