бугарски КИЦ во Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-kic-vo-skopje/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Nov 2022 14:21:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски КИЦ во Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-kic-vo-skopje/ 32 32 Под силно полициско обезбедување и без инциденти помина отворањето на новите простории на КИЦ на Бугарија во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pod-silno-policisko-obezbeduvanje-i-bez-incidenti-pomina-otvoranjeto-na-novite-prostorii-na-kic-na-bugarija-vo-skopje/ Fri, 25 Nov 2022 14:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=578285

Со свечена церемонија, но и под силно полициско обезбедување денеска во центарот на Скопје беа отворени нови простории на бугарскиот Културно-информативен центар. Настанот помина во мирна атмосфера и без инциденти.

Новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје денеска свечено беа пуштени во употреба во присуство на делегација од Бугарија, како и претставници на македонската влада. Новото седиште на Центарот, кој е под капата на бугарското Министерство за култура, се наоѓа на улицата Никола Вапцаров.

Со новиот објект на културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје да се отвори нова енергија во меѓусебните односи за културен натпревар и за победа на креативноста. Бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот во Бугарија имаат за цел да нè доближат како народи и култури. Отвoрете ги ширум портите на културата – порача на отоврањето министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На отворањето преисуствуваше и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков. Во Центарот е отворена изложба која опфаќа слики од современи уметници од Македонија и од Бугарија.

Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите на двете земји од април 2003 година.

The post Под силно полициско обезбедување и без инциденти помина отворањето на новите простории на КИЦ на Бугарија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Со свечена церемонија, но и под силно полициско обезбедување денеска во центарот на Скопје беа отворени нови простории на бугарскиот Културно-информативен центар. Настанот помина во мирна атмосфера и без инциденти. Новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје денеска свечено беа пуштени во употреба во присуство на делегација од Бугарија, како и претставници на македонската влада. Новото седиште на Центарот, кој е под капата на бугарското Министерство за култура, се наоѓа на улицата Никола Вапцаров.
Со новиот објект на културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје да се отвори нова енергија во меѓусебните односи за културен натпревар и за победа на креативноста. Бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот во Бугарија имаат за цел да нè доближат како народи и култури. Отвoрете ги ширум портите на културата – порача на отоврањето министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
На отворањето преисуствуваше и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков. Во Центарот е отворена изложба која опфаќа слики од современи уметници од Македонија и од Бугарија. Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите на двете земји од април 2003 година.

The post Под силно полициско обезбедување и без инциденти помина отворањето на новите простории на КИЦ на Бугарија во Скопје appeared first on Република.

]]>
Изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов се најмалку европски и не одат во прилог на еден ваков убав настан, рече министерката за култура на отворањето на бугарскиот КИЦ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izjavite-na-bugarskiot-pratenik-kostadinov-se-najmalku-evropski-i-ne-odat-vo-prilog-na-eden-vakov-ubav-nastan-reche-ministerkata-za-kultura-na-otvoranjeto-na-bugarskiot-kic-vo-skopje/ Fri, 25 Nov 2022 14:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=578274

Секој политичар треба да сноси одговорност за она што го изјавува. Таквите изјави се најмалку европски и воопшто не одат во прилог на еден ваков убав настан како што е овој денеска, изјави министерката за култура Бисера Kостадиновска-Стојчевска на денешното отворање на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник и лидер на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов.

Костадинов, кој присуствуваше на денешното отворање на бугарскиот Културно-информативен центар, на почетокот на месецов изјави дека „Македонија е втора бугарска држава на Балканскиот Полуостров“ и се заложи „за обединување“ на земјава со Бугарија.

Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа, изјави во таа прилика Костадинов.

На изјавата на Костадинов реагираше нашето Министерство за надворешни работи, кое упати вербална нота до Софија, оценувајќи дека ваквите ставови се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи и не се во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатланско сојузништво.

Барајќи надлежните институции и политички претставници во Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии кон земјава, МНР во реакцијата потсети дека и минатиот месец упати вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи по повод изјавите на Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Бугарија.

Во нотата од 21 октомври МНР изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата на Костадинов во Собранието во Софија во која јавно се изразуваат иредентистички и територијални претензии кон земјава.

The post Изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов се најмалку европски и не одат во прилог на еден ваков убав настан, рече министерката за култура на отворањето на бугарскиот КИЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Секој политичар треба да сноси одговорност за она што го изјавува. Таквите изјави се најмалку европски и воопшто не одат во прилог на еден ваков убав настан како што е овој денеска, изјави министерката за култура Бисера Kостадиновска-Стојчевска на денешното отворање на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник и лидер на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов. Костадинов, кој присуствуваше на денешното отворање на бугарскиот Културно-информативен центар, на почетокот на месецов изјави дека „Македонија е втора бугарска држава на Балканскиот Полуостров“ и се заложи „за обединување“ на земјава со Бугарија.
Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа, изјави во таа прилика Костадинов.
На изјавата на Костадинов реагираше нашето Министерство за надворешни работи, кое упати вербална нота до Софија, оценувајќи дека ваквите ставови се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи и не се во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатланско сојузништво. Барајќи надлежните институции и политички претставници во Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии кон земјава, МНР во реакцијата потсети дека и минатиот месец упати вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи по повод изјавите на Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Бугарија. Во нотата од 21 октомври МНР изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата на Костадинов во Собранието во Софија во која јавно се изразуваат иредентистички и територијални претензии кон земјава.

The post Изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов се најмалку европски и не одат во прилог на еден ваков убав настан, рече министерката за култура на отворањето на бугарскиот КИЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>