бугарски амбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-ambasador/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 09:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски амбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarski-ambasador/ 32 32 Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-odbi-da-ja-primi-protestnata-nota-od-mnr/ Mon, 16 Sep 2024 18:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=816893

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот.

Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.

На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна.

Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот.

Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.

Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.

The post Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот. Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.
Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.
На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна. Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот. Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков. Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.  

The post Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, се бара дополнително објаснување поради отстапките од договорениот протокол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-povikan-vo-mnr-se-bara-dopolnitelno-objasnuvane-poradi-otstapkite-od-dogovoreniot-protokol/ Mon, 16 Sep 2024 14:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=816845

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, информираат преку соопштение од МНР.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера.

Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна.

На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му беше пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна, се вели во соопштението на МНР.

The post Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, се бара дополнително објаснување поради отстапките од договорениот протокол appeared first on Република.

]]>

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, информираат преку соопштение од МНР. Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна. На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му беше пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна, се вели во соопштението на МНР.  

The post Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, се бара дополнително објаснување поради отстапките од договорениот протокол appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот амбасадор во Албанија делел телефони за да ги убеди Македонците да се попишат како Бугари, тврдат од „Мост“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-vo-albanija-delel-telefoni-za-da-gi-ubedi-makedontsite-da-se-popishat-kako-bugari-tvrdat-od-most/ Wed, 20 Sep 2023 15:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=683527

Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, вели за МИА, претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани, изразувајќи „најостра осуда за притисокот што бугарската амбасада го врши врз Македонците“.

Тој додава дека во текот на изминатите неколку дена биле сведоци на вознемирувачки дејствија на бугарската амбасада во Албанија, поточно на посетата на бугарскиот амбасадор на нивниот регион за време на тековниот попис на населението.

Најсилно што може, ги осудуваме постапките на бугарскиот амбасадор во Албанија, кој на вториот ден од пописот во придружба и на албанската полиција ги посети селата на Голо Брдо каде ги убедуваше Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди - таблети и телефони, вели Хасани.

Тој додава дека со гордост кажува оти наставниците од деветолетката во село Требиште не му дозволиле на амбасадорот да го посети училиштето и да врши бугарска пропаганда. Исто така, како што вели, и администраторот на административната единица Требиште одбил да се сретнат со бугарскиот амбасадор.

Ние го негуваме нашето право на слободно изразување и веруваме дека секој поединец треба да има слобода да се самоидентификува и да учествува во пописот без надворешен притисок или манипулација. Ја повикуваме албанската Влада да се погрижи нашите права да бидат заштитени за време на овој клучен пописен процес. Сакаме да им се обратиме и на нашите сограѓани Македонци во Албанија. Соочени со надворешни притисоци и мешање на Бугарија, ве охрабруваме да застанете цврсто и да го зачувате вашиот идентитет, порачува тој во име на друштвото „Мост“.

Хасани апелира до Македонците да не потклекнуваат на каква било форма на принуда од страна на Бугарија „затоа што попишувањето е тајно и Бугарската амбасада нема да знае кој како се изјаснил“.

Реагира и еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и жител на селото Требиште. Тој за МИА вели дека е неприфатливо и бесрамно мешањето во внатрешните работи на Албанија и јасно кршење на принципите наведени во Виенската конвенција.

Ги повикуваме албанските власти нам Македонците во областа Голо Брдо и цела Албанија да ни го гарантира правото на слободно изјаснување на пописот без притисок и влијание од страна на Бугарија. Бараме од албанските институции да го спречат бугарскиот амбасадор и персоналот на Амбасадата да ги посетуваат регионите населени со Македонци за време на пописот и да вршат притисок врз Македонците да се попишат како Бугари, вели Османи.

Тој посочува дека сакаат Албанија да „обезбеди пописот да се спроведе на фер и транспарентен начин, со почитување на различните идентитети и јазици на албанското население, вклучително и мајчиниот македонски јазик“.

The post Бугарскиот амбасадор во Албанија делел телефони за да ги убеди Македонците да се попишат како Бугари, тврдат од „Мост“ appeared first on Република.

]]>

Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, вели за МИА, претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани, изразувајќи „најостра осуда за притисокот што бугарската амбасада го врши врз Македонците“. Тој додава дека во текот на изминатите неколку дена биле сведоци на вознемирувачки дејствија на бугарската амбасада во Албанија, поточно на посетата на бугарскиот амбасадор на нивниот регион за време на тековниот попис на населението. Најсилно што може, ги осудуваме постапките на бугарскиот амбасадор во Албанија, кој на вториот ден од пописот во придружба и на албанската полиција ги посети селата на Голо Брдо каде ги убедуваше Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди - таблети и телефони, вели Хасани.
Тој додава дека со гордост кажува оти наставниците од деветолетката во село Требиште не му дозволиле на амбасадорот да го посети училиштето и да врши бугарска пропаганда. Исто така, како што вели, и администраторот на административната единица Требиште одбил да се сретнат со бугарскиот амбасадор.
Ние го негуваме нашето право на слободно изразување и веруваме дека секој поединец треба да има слобода да се самоидентификува и да учествува во пописот без надворешен притисок или манипулација. Ја повикуваме албанската Влада да се погрижи нашите права да бидат заштитени за време на овој клучен пописен процес. Сакаме да им се обратиме и на нашите сограѓани Македонци во Албанија. Соочени со надворешни притисоци и мешање на Бугарија, ве охрабруваме да застанете цврсто и да го зачувате вашиот идентитет, порачува тој во име на друштвото „Мост“.
Хасани апелира до Македонците да не потклекнуваат на каква било форма на принуда од страна на Бугарија „затоа што попишувањето е тајно и Бугарската амбасада нема да знае кој како се изјаснил“. Реагира и еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и жител на селото Требиште. Тој за МИА вели дека е неприфатливо и бесрамно мешањето во внатрешните работи на Албанија и јасно кршење на принципите наведени во Виенската конвенција.
Ги повикуваме албанските власти нам Македонците во областа Голо Брдо и цела Албанија да ни го гарантира правото на слободно изјаснување на пописот без притисок и влијание од страна на Бугарија. Бараме од албанските институции да го спречат бугарскиот амбасадор и персоналот на Амбасадата да ги посетуваат регионите населени со Македонци за време на пописот и да вршат притисок врз Македонците да се попишат како Бугари, вели Османи.
Тој посочува дека сакаат Албанија да „обезбеди пописот да се спроведе на фер и транспарентен начин, со почитување на различните идентитети и јазици на албанското население, вклучително и мајчиниот македонски јазик“.

The post Бугарскиот амбасадор во Албанија делел телефони за да ги убеди Македонците да се попишат како Бугари, тврдат од „Мост“ appeared first on Република.

]]>
Османи: Софија потклекна на провокациите, неосновано е повлекување на амбасадорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-sofija-potklekna-na-provokatsiite-neosnovano-e-povlekuvane-na-ambasadorot/ Thu, 26 Jan 2023 14:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=601349

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази жалење оти Бугарија го повлече амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов. Смета дека тоа е неосновано, а источниот сосед потклекнал пред провокациите. Според него, треба да се продолжи ладнокрвно и внимателно, за да се заштитат интереси, а не како што вели: „да се качиме на вагонот на емоциите на јавноста, за да се добијат краткорочни аплаузи, а да се направат долгорочни проблеми“

Последните активности на Софија не се во согласност со договорената практика за подобрување на односите, туку се потклекнување на провокациите. Повикувањето на амбасадор во матичната држава можеби е вообичаена пракса, МНР изразува жалење за ваквиот чекор кој сметаме дека е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален, кажа Османи.

Го осудил настанот поради загриженоста на родителите на Христијан Пендиков, а откако имало првична проценка на Обвинителството.

Последниот инцидент го ставивме низ правосудните процеси. Ние го осудивме настанот, остварив посета во Софија каде што уште еднаш ја демонстриравме одлучноста на државните органи за одржување на правна сигурност. Нашата осуда беше откако охридското Обвинителство имаше првична проценка дека инцидентот е поради идентитетски обележја, додаде Османи.

The post Османи: Софија потклекна на провокациите, неосновано е повлекување на амбасадорот appeared first on Република.

Османи: Немаме добиено официјална потврда за повлекувањето на Ангелов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nemame-dobieno-ofitsijalna-potvrda-za-povlekuvaneto-na-angelov/ Thu, 26 Jan 2023 13:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=601289

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од собраниската говорница изрази жалење за последните активности од страна на официјална Софија. Ја нагласи потребата од деескалација на односите и апелираше да се продолжи ладнокрвно и внимателно.

Мора да ставиме крај на таквите провокации, но секогаш да имаме предвид дека се тоа групи заинтересирани да ги киднапираат односите поради многу други причини, вклучувајќи и трети страни. И ние и бугарската влада не смееме да потклекнеме под провокациите и намерите на провокатори и киднапери кои сакаат да ни ја киднапираат европската иднина или да го влошат имиџот што го изградивме како држава, рече Османи, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

Според него, треба да продолжиме ладнокрвно, внимателно да го зачуваме тој имиџ да изградиме стратегија за заштита на државните интереси, а не, како што рече, „да јаваме на бранот на јавноста“.

Јас реков сезоната на лов на провокатори и политички профитери е почната и секој ќе се обиде на вакви сензитивни теми да го изгради својот наратив, кажа Османи.

Македонија, како што истакна Османи, покажала силен, демократски и институцинален капацитет и низ брза ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи и приведувајќи сторител на кривично дело против кого активно се водат истражни дејствија.

Нашата осуда беше откако обвинителството во Охрид имаше првична проценка дека инцидентот е поради елементи на идентитетски или етнички обележја, рече Османи.

Во изјава на Радио Слободна Европа, шефот на македонската дипломатија информира дека македонското МНР нема добиено официјална потврда дали повлекувањето на бугарскиот амбасадор е поради претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

Доколку повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е поврзано со инцидентот кој се случи во Охрид, тоа би го сметал за диспропорционална акција, бидејќи станува збор за индивидуален инцидент за кој државата ги презеде сите можни мерки, изјави Османи за Радио Слободна Европа.

Официјална Софија вчера го повлече нејзиниот амбасадор од Македонија. Денеска реагираше и македонското МНР кое смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и дека претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји.

The post Османи: Немаме добиено официјална потврда за повлекувањето на Ангелов appeared first on Република.

МНР: Последните активности од Бугарија не се во согласност со договорената практика за унапредување на односите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-poslednite-aktivnosti-od-bugarija-ne-se-vo-soglasnost-so-dogovorenata-praktika-za-unapreduvane-na-odnosite/ Thu, 26 Jan 2023 12:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=601267

Министерството за надворешни работи смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи. Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, според МНР, е неоснован и непоткрепен чекор со валидни аргументи.

Министерството за надворешни вработи со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатира дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи; напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји, се вели во соопштението од МНР.

МНР посочува дека повлекувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и е редовна дипломатска пракса, но констатира дека ваквиот чекор на бугарската страна е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален.

Република Cеверна Македонија покажа силен демократски и институционален капацитет и низ брза и ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи ги и приведувајќи сторител на кривичното дело, против кого активно се водат истражни дејствија. Дополнително, преку своите изјави на највисоко ниво, Претседателот на државата, Премиерот на Владата и Министерот за надворешни работи го осудија инцидентот, а Министерот дополнително оствари итна посета на Софија, вклучувајќи посета и на повредениот со цел јасно да ја демонстрира одлучноста на државните органи во обезбедување правна сигурност, безбедност и одржлив јавен ред, велат од МНР.

Во периодот што следи, од МНР очекуваат смирување на страстите и отстранување на провокациите со цел повторно враќање на дипломатските активности, приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн.,

Во периодот што следи остануваме внимателно да ги следиме сите изјави и постапки на официјална Софија, очекувајќи смирување на страстите и отстранување на провокациите, со цел повторно враќање на дипломатските активности, на приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн., кои се во насока на зачувување и унапредување на добрососедските односи, се наведува во соопштението од МНР.

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера по седницата на Комисијата за надворешни работи изјави дека го повлекуваат амбасадорот Ангел Ангелов се додека Софија не види знаци на промена.

The post МНР: Последните активности од Бугарија не се во согласност со договорената практика за унапредување на односите appeared first on Република.

Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-bara-da-se-protera-bugarskiot-ambasador/ Wed, 29 Jun 2022 14:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=521058

Партијата Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор откако во Народното собрание на Република Бугарија „одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна“. Левица потсетува дека пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја. Соопштението д партијата го пренесуваме во целост.

Минатата недела сведочевме на бројни понижувања на македонскиот народ и држава. Највисоките претставници на неколку земји од Европската унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа ‘северномакедонски’. Згора на сѐ, се појави францускиот предлог направен во соработка со министерот Османи, кој интегрирајќи ги сите бугарски барања, ги негираше постоењето на македонската култура, јазик, народ и држава.

За ситуацијата да биде полоша, од Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја.

За реактуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ, или пак т.н. стратешки партнери од НАТО.

Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив и заради тоа Левица:

1. Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија;

2. Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира;

3. Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН;

4. Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски”,

5. Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците, велат од Левица.

The post Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Партијата Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор откако во Народното собрание на Република Бугарија „одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна“. Левица потсетува дека пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја. Соопштението д партијата го пренесуваме во целост. Минатата недела сведочевме на бројни понижувања на македонскиот народ и држава. Највисоките претставници на неколку земји од Европската унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа ‘северномакедонски’. Згора на сѐ, се појави францускиот предлог направен во соработка со министерот Османи, кој интегрирајќи ги сите бугарски барања, ги негираше постоењето на македонската култура, јазик, народ и држава.
За ситуацијата да биде полоша, од Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја. За реактуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ, или пак т.н. стратешки партнери од НАТО. Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив и заради тоа Левица: 1. Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија; 2. Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира; 3. Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН; 4. Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски”, 5. Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците, велат од Левица.

The post Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>