бугарска репрезентација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarska-reprezentacija/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Jun 2022 07:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарска репрезентација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarska-reprezentacija/ 32 32 Бугарски фудбалер со фрактура на черепот откако автобусите на репрезентацијата се судрија во Тблиси https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bugarski-fudbaler-so-fraktura-na-cherepot-otkako-avtobusite-na-reprezentacijata-se-sudrija-vo-tblisi/ Sat, 11 Jun 2022 07:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=513735

Бугарскиот фудбалски репрезентативец Тодор Неделев се здобил со тешка повреда на главата откако синоќа во Тбилиси, се судрија двата автобуса на репрезентацијата на Бугарија, која во Грузија пристигна за натпреварот од Лигата на нациите. Дваесет и деветгодишниот капитен на Ботев Пловдив се здобил со фрактура на черепот, по што веднаш бил пренесен во болница.

Бугарските медиуми пренесуваат дека операцијата траела два часа, но дека поминала успешно и дека Неделков ќе мора да остане во болница една седмица за да се следи неговата состојба.

Останатите членови на репрезентацијата се добро, соопшти Бугарската фудбалска федерација.

Инцидентот се случил кога фудбалерите патувале од аеродромот во Тбилиси до хотелот. Тимот бил поделен во два автобуса, кои се судриле откако првиот автобус нагло закочил на влажниот пат.

Едниот автобус сопре, а другиот удри во него. Повреден е само Неделев и тој е пренесен во болница. Искршени се прозорците и тие се дополнителна причина за повредата. Докторот на тимот е со него во болница. Тоа беше страшна ситуација, но сега лекарите ќе се погрижат за него, изјавил членот на бугарскиот сојуз, Веселин Балевски.

Според информациите, играчот на Ботев Пловдив седел на задното место во првиот автобус и токму поради ударот од позадина го извлекол најдебелиот крај и завршил во болница. Покрај повредите на главата, се здобил и со повреди во пределот на градите.

The post Бугарски фудбалер со фрактура на черепот откако автобусите на репрезентацијата се судрија во Тблиси appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот фудбалски репрезентативец Тодор Неделев се здобил со тешка повреда на главата откако синоќа во Тбилиси, се судрија двата автобуса на репрезентацијата на Бугарија, која во Грузија пристигна за натпреварот од Лигата на нациите. Дваесет и деветгодишниот капитен на Ботев Пловдив се здобил со фрактура на черепот, по што веднаш бил пренесен во болница. Бугарските медиуми пренесуваат дека операцијата траела два часа, но дека поминала успешно и дека Неделков ќе мора да остане во болница една седмица за да се следи неговата состојба.