бугарска окупација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarska-okupacija/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 14:47:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарска окупација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarska-okupacija/ 32 32 Србија го купи документот со кој Бугарија ја окупира Македонија, нашата власт незaинтересирана за таков примерок https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-go-kupi-dokumentot-so-koj-bugarija-ja-okupira-makedonija-nashata-vlast-nezainteresirana-za-takov-primerok/ Fri, 15 Dec 2023 06:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=722974

Српската влада на вчерашната седница донесе одлука за купување на примерок од т.н Директива 25 од 1941 година.Со тој документ Хитлер издал наредба за напад над Југославија и дозвола на Бугарија да се окупира Македонија.

Овој примерок на Директивата чини околку 40.000 долари и е купен од аукциска куќа а во светот постојат уште неколку примероци.Македонската влада досега не покажала интерес да купи ваков документ со кој се докажува бугарската окупација во 1941 година.

Позната е целата содржина на документот „Директива 25“ со која нацистичка Германија одлучила да го нападне Кралството Југославија во 1941 година во чии дел била и територијата на денешна Македонија.

Во документот може да се види дека Бугарија влегла во сојуз со Хитлер поради неговото ветување дека ќе им ја отстапи Македонија.

Мојата намера е да ја нападнам Југославија со концентрична операција од областа Риека – Грац, од една страна, и од областа на Софија, од друга, во генерален правец кон Белград и да ја уништам југословенската војска. и покрај тоа да го одвојам најјужниот дел на Југославија од останатата територија и да го земам во мои раце како база за проширување на германско-италијанската офанзива против Грција.Ќе се направат обиди Унгарија и Бугарија да соработуваат во операциите, давајќи им можност да ги вратат Банат и Македонија.-се наведува во директивата на Хитлер.

Бугарите влегоа во Македонија на 19 април 1941 година со операцијата „Марита и брзо ја воспоставија својата окупација која денеска со модерен речник се нарекува администрација.

 

The post Србија го купи документот со кој Бугарија ја окупира Македонија, нашата власт незaинтересирана за таков примерок appeared first on Република.

]]>

Српската влада на вчерашната седница донесе одлука за купување на примерок од т.н Директива 25 од 1941 година.Со тој документ Хитлер издал наредба за напад над Југославија и дозвола на Бугарија да се окупира Македонија. Овој примерок на Директивата чини околку 40.000 долари и е купен од аукциска куќа а во светот постојат уште неколку примероци.Македонската влада досега не покажала интерес да купи ваков документ со кој се докажува бугарската окупација во 1941 година. Позната е целата содржина на документот „Директива 25“ со која нацистичка Германија одлучила да го нападне Кралството Југославија во 1941 година во чии дел била и територијата на денешна Македонија. Во документот може да се види дека Бугарија влегла во сојуз со Хитлер поради неговото ветување дека ќе им ја отстапи Македонија.
Мојата намера е да ја нападнам Југославија со концентрична операција од областа Риека – Грац, од една страна, и од областа на Софија, од друга, во генерален правец кон Белград и да ја уништам југословенската војска. и покрај тоа да го одвојам најјужниот дел на Југославија од останатата територија и да го земам во мои раце како база за проширување на германско-италијанската офанзива против Грција.Ќе се направат обиди Унгарија и Бугарија да соработуваат во операциите, давајќи им можност да ги вратат Банат и Македонија.-се наведува во директивата на Хитлер.
Бугарите влегоа во Македонија на 19 април 1941 година со операцијата „Марита и брзо ја воспоставија својата окупација која денеска со модерен речник се нарекува администрација.  

The post Србија го купи документот со кој Бугарија ја окупира Македонија, нашата власт незaинтересирана за таков примерок appeared first on Република.

]]>
На денешен ден во 1941 година Хитлер го бомбардираше Белград, неколку недели подоцна Бугарите ја окупираа Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-deneshen-den-vo-1941-godina-hitler-go-bombardirashe-belgrad-nekolku-nedeli-podotsna-bugarite-ja-okupiraa-makedonija/ Thu, 06 Apr 2023 06:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=627741

На денешен ден 1941 година фашистичка Германија го бомбардираше Белград. Десет дена претходно, Кралството Југославија се приклучи на Пактот со силите на оската. Потоа следеа протести во земјата и државен удар со кој беше сменет принцот Павле.

Земјата се приближи до западните сојузници, токму кога Хитлер требаше да ја започне операцијата Барбароса против Советскиот Сојуз.

На 27 март Хитлер лично донел одлука да го бомбардира Белград и да ја окупира Југославија а нападот е извршен на 6 април.

Неколку недели подоцна Бугарија со дозвола на Хитлер влегува и ја окупира Македонија, т.е она што денешните власти го нарекуваат администрација.

The post На денешен ден во 1941 година Хитлер го бомбардираше Белград, неколку недели подоцна Бугарите ја окупираа Македонија appeared first on Република.

]]>

На денешен ден 1941 година фашистичка Германија го бомбардираше Белград. Десет дена претходно, Кралството Југославија се приклучи на Пактот со силите на оската. Потоа следеа протести во земјата и државен удар со кој беше сменет принцот Павле. Земјата се приближи до западните сојузници, токму кога Хитлер требаше да ја започне операцијата Барбароса против Советскиот Сојуз. На 27 март Хитлер лично донел одлука да го бомбардира Белград и да ја окупира Југославија а нападот е извршен на 6 април. Неколку недели подоцна Бугарија со дозвола на Хитлер влегува и ја окупира Македонија, т.е она што денешните власти го нарекуваат администрација.

The post На денешен ден во 1941 година Хитлер го бомбардираше Белград, неколку недели подоцна Бугарите ја окупираа Македонија appeared first on Република.

]]>
Здруженијата се само почеток: СДСМ премолчено нè води во нова „бугарска окупација“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdruzenijata-se-samo-pochetok-sdsm-premolcheno-ne-vodi-vo-nova-bugarska-okopacija/ Fri, 12 Aug 2022 11:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=539591

Ако некој случајно помислил дека отворањето три клуба и центри на македонските Бугари во Македонија за релативно кратко време, и тоа според еден ист терк е чиста случајност, повеќе од сигурно се лаже. Зашто, „Иван Михајлов“ во Битола, „Цар Борис III“ во Охрид и „Цар Фердинанд“ во Богданци се само последица на практицираниот неоврховизам и антимакедонизам, најново и ждановизам, од страна на власта на СДСМ, кои сега се одразуваат и во отворено кокетирање и со антисемитизмот, што само по себе претставува логичен редослед на работите, но и преседан на овие простори!, анализира „Пресинг ТВ“.

Целосно изгубениот идеолошки компас на СДСМ не може да се оправда ниту со секојдневните пропагандистички уверувања за членство во ЕУ како Македонци, со „чист“ македонски јазик, ниту со отсуство на некаква законска регулатива или тело, кое би требало да (не)одобрува некое историско име. Прво, затоа што молкот при регистрирањето на фашистичките или профашистичките здруженија значи, пред се, одобрување, и второ, затоа што во државата, каква-таква, сепак постои и највисок правен акт, што се нарекува Устав.

Но, се чини дека најстрашно од се е што власта на СДСМ, во стилот на најмрачните болшевички практики, спроведува една подмолна политичка игра во која, во крајна линија, треба да се најде пресметката со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го презеде континуитетот на историското ВМРО, кое, пак, треба да биде една од темите од „заедничката историја“ на Македонија и Бугарија за која ќе расправа македонско-бугарската комисија за историјата и за прашања за учебниците.

Изборот на имињата на здруженијата на македонските Бугари не е ни случаен, ни бесзначаен. Напротив, и Цар Фердинанд, и цар Борис III, и Иван Ванчо Михајлов се симболи на бугарскиот територијален империјализам и шовинизам во кој нема место ни за самостојна држава Македонија, ни за македонизмот, ни за Македонците. Токму затоа паѓаат во вода сите тврдења на македонските Бугари, кои стојат зад овие здруженија, за нивните намери за добрососедство и за негувањето на бугарските традиции, историја и култура на овие простори. Напротив, нивната агресивна пројава, пред која власта на СДСМ свесно затвора очи, не значи ништо друго, освен обид на бугарската подземна политика и тајни служби, преку разно-разни фондации и филантропи, за нова бугаризација на Македонија и на Македонците, кои, нели, не си ги знаат ни сопственото потекло, ни својата историја, традиција, култура… Или, со други зборови, за враќање во времето на Балканските, Првата и Втората светска војна, што ќе значи и нова окупација на Македонија.

Со ова, практично, паѓаат во вода и синтагмите за „политиката на политичарите“ и „историјата на историчарите“ на кои толку здружено се повикуваа и официјално Скопје и официјална Софија. Зашто, се покажува дека „невладиниот сектор“ нема ни време, ни желба да ги чека ни политичарите, ни историчарите, на што, сосема нормално, реагираат Еврејската заедница и Музејот на холокаустот како жртви на бугарскиот антисемитизам и наци-фашизам.

Во брошурата „Евреите во Македонија за време на втората светска војна“, што беше промовирана по отворањето на Музејот на холокаустот во Скопје, авторот Мајкл Беренбаун меѓу другото ќе напише:„Историчарите на холокаустот развија добро разграничени категории според кои се класификува однесувањето на поединците и на нациите за време на холокаустот: извршители и жртви, соработници и набљудувачи, спасители и оние што давале отпор. Сепак, во случајот на Бугарија не е можно таа да се класификува во рамките на една ваква едноставна категоризација“.

Во која категорија може да се смести актуелната власт на СДСМ во контекст на актуелните случувања, се разбира не од аспект на холокаустот, туку од аспект на антисемитизмот, не е тешко да се одреди. Друго е прашањето на кој термин само ќе му се даде предност, дали на соработници или на набљудувачи?!

По отворањето на Пандорината кутија во односите со Бугарија и толкувањето на терминот „заедничка историја“, просто неверојатно звучи лицитирањето на политичките дудлили од власта, особено со термините поврзани со Втората светска војна – окупација, администрација, фашистичка, профашистичка, нацистичка, наци-фашистичка, пронацистичка, пронаци-фашистичка, бугарска власт… И сето тоа, нормално, си има и свои последици.

-Според мене, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние можеме да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Според мене, оној термин кој овде може да се користи, за кој треба да се дебатира, повторно ние не може тоа со наша одлука да го наметнеме се разбира, е да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија доколку победеле силите на оската, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија, изјави меѓу другото во интервју за Радио слободна Европа на 6 февруари годинава копретседавачот на македонско-бугарската историска комисија Драги Ѓоргиев.

И случајно или не, неговиот личен став стана и политички став на претседатлот Стево Пендаровски манифестиран на годинешната прослава на Илинден.

Нешто слично, ако не и идентично може да се види и во книгата „Базичното антисемитско законодавство на царството Бугарија-зборник документи“ на авторите Скендер Асани, Нора Маличи и Владо Поповски“ во издание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците-Скопје, што пред две години во МАНУ ја промовираше академик Владо Камбовски, токму на годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорите на смртта.

-…Причините (за депортацијата н.з.) лежеле во самиот бугарски режим кој, како туѓ и окупаторски, се однесувал недоверчиво и репресивно кон сето население во Вардарскиот дел на Македонија препуштен (според германско-италијанскиот договор) под власт на Бугарија. Таа власт била донесена од Царството со цела нејзина структура и во сите нејзини сегменти. Имало исклучоци кои припаѓале на одделни колаборационистички кругови, на новоформирани профашистички организации и на личности од фашизираната Ванчо Михајловистичка група, на кои им биле препуштени одделни локални функции во бугарските локални органи или во комисиите и институциите на КЕП, потчинети на повисоките локални или на централните власти на Царството Бугарија, пишува меѓу другото авторот Владо Поповски.

Крајно индикативна, па дури и цинична се чини градацијата на авторот на „новоформирани профашистички организации„ и на „личности од фашизираната Ванчо Михајловистичка група“. И токму тука лежи стапицата за континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ! А, клучно е едноставното прашање-ако окупаторскиот бугарски режим не бил фашистички, односно бил профашистички, тогаш на што се должи фашизираноста на личностите од Ванчо Михајловистичката група, па и на самиот Иван Ванчо Михајлов?!

Во крајна линија, колку и да се избегнува крвавата улога на Цар Борис III за време на Втората свтска војна, сепак и тогаш постоело правото на избор. Како што не се согласил со депортацијата на огромното мнозинство бугарски Евреи, исто така можел да не се согласи ни со носењето на т.н.Нирнбершки закони, ни со депортацијата на македонските Евреи.

Но, најболно од се е фактот, што ни самата Бугарија се уште нема целосно расчистено ни со своето наци-фашистичко минато, ни со својот антисемитизам. Ова не само поради реакциите и присутните полемики на наследниците на бугарските комунисти, туку и на целата бугарска либерална јавност.

На почетокот на јули годинава во Софија беше промовирана најновата книга на Леа Коен, една од водчките личности на Еврејската заедница во Бугарија, насловена како „Прогонство, спасение и холокаустот во Царството Бугарија 1940-1944 година“. Дел од книгата беше промовиран на порталот е-вестник.бг на 27 и 28 јануари годинава по повод Светскиот ден на холокаустот.

Коен меѓу другото пишува дека „терминот холокауст во општествено-историска употреба во Бугарија почнува двај по 1989 година, кога заедно со обидите на ново читање на современата бугарска историја се преразгледуваат фактите и условите околу судбината и прогонот на Евреите“. Уште додава дека „општествен и политички став во бугарското општество и до ден денес молчаливо не се согласува со употребата на терминот и го прима како напад против бугарската држава„.

-…По 2008 година, владата на ГЕРБ ги продолжи напорите на партијата на бившиот бугарски цар Симеон Саксобурготски за омаловажување на историската одговорност и негирање на секоја вина на царска Бугарија во депортацијата на 12.000 Евреи. Тоа се манифестираше не само во лични изјави на бившиот премиер Борисов и на неговите министри како Екатерина Захариева од МНР, Красимир Каракачанов од МО и други, но и во сериозни материјални ресурси за пропагирање на таа теза (нарачка на книги, написи, изложби, телевизиски емисии, преводи на пропагандни текстови на англиски и шпански и организирање турнеи во странство и др.). Постепено, со напори не само на политичките органи, туку исто така и на академски институции како БАН, на професори од Софискиот и други универзитети, беше наложена тезата за целосно и безусловно спасување на 48.000 Евреи во Бугарија со учество на сите слоеви на социјалната пирамида, почнувајќи од бугарскиот цар Борис III, преку министрите на неговата последна влада, пратениците и едвај на крајот да се стигне и до бугарскиот народ.

Освен што таа пирамида беше и досега останува целосно обратна и погрешна од основата, па до врвот, таа вклучува и целосно историски неодржливи елементи. Таа е соборена не само од еврејските организации и центрите за истражување на холокаустот Јад вашам и Музејот на холокаустот во Вашингтон, туку и од низа научни истражувачи во Бугарија, израел, Франција и други нивни публикации и книги…“, пишува Леа Коен.

 

И сега за која приказна за добрососедство и за која историја, култура и традиција ќе ни говорат здруженијата на македонските Бугари? Или „Иван Михајлов“, „Цар Борис III“ и „Цар Фердинанд“ со премолчување на власта на СДСМ само ја почнуваат новата „бугарска окупација во 26 слики“, по што само прашање на ден е кога ќе ни биде понуден закон за бугарско државјанство, ист како тој што бил донесен за време на Втората светска војна?!-се наведува во анализата на „Пресинг ТВ“

The post Здруженијата се само почеток: СДСМ премолчено нè води во нова „бугарска окупација“ appeared first on Република.

]]>

Ако некој случајно помислил дека отворањето три клуба и центри на македонските Бугари во Македонија за релативно кратко време, и тоа според еден ист терк е чиста случајност, повеќе од сигурно се лаже. Зашто, „Иван Михајлов“ во Битола, „Цар Борис III“ во Охрид и „Цар Фердинанд“ во Богданци се само последица на практицираниот неоврховизам и антимакедонизам, најново и ждановизам, од страна на власта на СДСМ, кои сега се одразуваат и во отворено кокетирање и со антисемитизмот, што само по себе претставува логичен редослед на работите, но и преседан на овие простори!, анализира „Пресинг ТВ“. Целосно изгубениот идеолошки компас на СДСМ не може да се оправда ниту со секојдневните пропагандистички уверувања за членство во ЕУ како Македонци, со „чист“ македонски јазик, ниту со отсуство на некаква законска регулатива или тело, кое би требало да (не)одобрува некое историско име. Прво, затоа што молкот при регистрирањето на фашистичките или профашистичките здруженија значи, пред се, одобрување, и второ, затоа што во државата, каква-таква, сепак постои и највисок правен акт, што се нарекува Устав.
Но, се чини дека најстрашно од се е што власта на СДСМ, во стилот на најмрачните болшевички практики, спроведува една подмолна политичка игра во која, во крајна линија, треба да се најде пресметката со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го презеде континуитетот на историското ВМРО, кое, пак, треба да биде една од темите од „заедничката историја“ на Македонија и Бугарија за која ќе расправа македонско-бугарската комисија за историјата и за прашања за учебниците.
Изборот на имињата на здруженијата на македонските Бугари не е ни случаен, ни бесзначаен. Напротив, и Цар Фердинанд, и цар Борис III, и Иван Ванчо Михајлов се симболи на бугарскиот територијален империјализам и шовинизам во кој нема место ни за самостојна држава Македонија, ни за македонизмот, ни за Македонците. Токму затоа паѓаат во вода сите тврдења на македонските Бугари, кои стојат зад овие здруженија, за нивните намери за добрососедство и за негувањето на бугарските традиции, историја и култура на овие простори. Напротив, нивната агресивна пројава, пред која власта на СДСМ свесно затвора очи, не значи ништо друго, освен обид на бугарската подземна политика и тајни служби, преку разно-разни фондации и филантропи, за нова бугаризација на Македонија и на Македонците, кои, нели, не си ги знаат ни сопственото потекло, ни својата историја, традиција, култура… Или, со други зборови, за враќање во времето на Балканските, Првата и Втората светска војна, што ќе значи и нова окупација на Македонија. Со ова, практично, паѓаат во вода и синтагмите за „политиката на политичарите“ и „историјата на историчарите“ на кои толку здружено се повикуваа и официјално Скопје и официјална Софија. Зашто, се покажува дека „невладиниот сектор“ нема ни време, ни желба да ги чека ни политичарите, ни историчарите, на што, сосема нормално, реагираат Еврејската заедница и Музејот на холокаустот како жртви на бугарскиот антисемитизам и наци-фашизам. Во брошурата „Евреите во Македонија за време на втората светска војна“, што беше промовирана по отворањето на Музејот на холокаустот во Скопје, авторот Мајкл Беренбаун меѓу другото ќе напише:„Историчарите на холокаустот развија добро разграничени категории според кои се класификува однесувањето на поединците и на нациите за време на холокаустот: извршители и жртви, соработници и набљудувачи, спасители и оние што давале отпор. Сепак, во случајот на Бугарија не е можно таа да се класификува во рамките на една ваква едноставна категоризација“. Во која категорија може да се смести актуелната власт на СДСМ во контекст на актуелните случувања, се разбира не од аспект на холокаустот, туку од аспект на антисемитизмот, не е тешко да се одреди. Друго е прашањето на кој термин само ќе му се даде предност, дали на соработници или на набљудувачи?! По отворањето на Пандорината кутија во односите со Бугарија и толкувањето на терминот „заедничка историја“, просто неверојатно звучи лицитирањето на политичките дудлили од власта, особено со термините поврзани со Втората светска војна – окупација, администрација, фашистичка, профашистичка, нацистичка, наци-фашистичка, пронацистичка, пронаци-фашистичка, бугарска власт… И сето тоа, нормално, си има и свои последици.
-Според мене, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние можеме да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Според мене, оној термин кој овде може да се користи, за кој треба да се дебатира, повторно ние не може тоа со наша одлука да го наметнеме се разбира, е да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија доколку победеле силите на оската, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија, изјави меѓу другото во интервју за Радио слободна Европа на 6 февруари годинава копретседавачот на македонско-бугарската историска комисија Драги Ѓоргиев.
И случајно или не, неговиот личен став стана и политички став на претседатлот Стево Пендаровски манифестиран на годинешната прослава на Илинден. Нешто слично, ако не и идентично може да се види и во книгата „Базичното антисемитско законодавство на царството Бугарија-зборник документи“ на авторите Скендер Асани, Нора Маличи и Владо Поповски“ во издание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците-Скопје, што пред две години во МАНУ ја промовираше академик Владо Камбовски, токму на годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорите на смртта.
-…Причините (за депортацијата н.з.) лежеле во самиот бугарски режим кој, како туѓ и окупаторски, се однесувал недоверчиво и репресивно кон сето население во Вардарскиот дел на Македонија препуштен (според германско-италијанскиот договор) под власт на Бугарија. Таа власт била донесена од Царството со цела нејзина структура и во сите нејзини сегменти. Имало исклучоци кои припаѓале на одделни колаборационистички кругови, на новоформирани профашистички организации и на личности од фашизираната Ванчо Михајловистичка група, на кои им биле препуштени одделни локални функции во бугарските локални органи или во комисиите и институциите на КЕП, потчинети на повисоките локални или на централните власти на Царството Бугарија, пишува меѓу другото авторот Владо Поповски.
Крајно индикативна, па дури и цинична се чини градацијата на авторот на „новоформирани профашистички организации„ и на „личности од фашизираната Ванчо Михајловистичка група“. И токму тука лежи стапицата за континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ! А, клучно е едноставното прашање-ако окупаторскиот бугарски режим не бил фашистички, односно бил профашистички, тогаш на што се должи фашизираноста на личностите од Ванчо Михајловистичката група, па и на самиот Иван Ванчо Михајлов?! Во крајна линија, колку и да се избегнува крвавата улога на Цар Борис III за време на Втората свтска војна, сепак и тогаш постоело правото на избор. Како што не се согласил со депортацијата на огромното мнозинство бугарски Евреи, исто така можел да не се согласи ни со носењето на т.н.Нирнбершки закони, ни со депортацијата на македонските Евреи. Но, најболно од се е фактот, што ни самата Бугарија се уште нема целосно расчистено ни со своето наци-фашистичко минато, ни со својот антисемитизам. Ова не само поради реакциите и присутните полемики на наследниците на бугарските комунисти, туку и на целата бугарска либерална јавност. На почетокот на јули годинава во Софија беше промовирана најновата книга на Леа Коен, една од водчките личности на Еврејската заедница во Бугарија, насловена како „Прогонство, спасение и холокаустот во Царството Бугарија 1940-1944 година“. Дел од книгата беше промовиран на порталот е-вестник.бг на 27 и 28 јануари годинава по повод Светскиот ден на холокаустот. Коен меѓу другото пишува дека „терминот холокауст во општествено-историска употреба во Бугарија почнува двај по 1989 година, кога заедно со обидите на ново читање на современата бугарска историја се преразгледуваат фактите и условите околу судбината и прогонот на Евреите“. Уште додава дека „општествен и политички став во бугарското општество и до ден денес молчаливо не се согласува со употребата на терминот и го прима како напад против бугарската држава„. -…По 2008 година, владата на ГЕРБ ги продолжи напорите на партијата на бившиот бугарски цар Симеон Саксобурготски за омаловажување на историската одговорност и негирање на секоја вина на царска Бугарија во депортацијата на 12.000 Евреи. Тоа се манифестираше не само во лични изјави на бившиот премиер Борисов и на неговите министри како Екатерина Захариева од МНР, Красимир Каракачанов од МО и други, но и во сериозни материјални ресурси за пропагирање на таа теза (нарачка на книги, написи, изложби, телевизиски емисии, преводи на пропагандни текстови на англиски и шпански и организирање турнеи во странство и др.). Постепено, со напори не само на политичките органи, туку исто така и на академски институции како БАН, на професори од Софискиот и други универзитети, беше наложена тезата за целосно и безусловно спасување на 48.000 Евреи во Бугарија со учество на сите слоеви на социјалната пирамида, почнувајќи од бугарскиот цар Борис III, преку министрите на неговата последна влада, пратениците и едвај на крајот да се стигне и до бугарскиот народ.
Освен што таа пирамида беше и досега останува целосно обратна и погрешна од основата, па до врвот, таа вклучува и целосно историски неодржливи елементи. Таа е соборена не само од еврејските организации и центрите за истражување на холокаустот Јад вашам и Музејот на холокаустот во Вашингтон, туку и од низа научни истражувачи во Бугарија, израел, Франција и други нивни публикации и книги…“, пишува Леа Коен.   И сега за која приказна за добрососедство и за која историја, култура и традиција ќе ни говорат здруженијата на македонските Бугари? Или „Иван Михајлов“, „Цар Борис III“ и „Цар Фердинанд“ со премолчување на власта на СДСМ само ја почнуваат новата „бугарска окупација во 26 слики“, по што само прашање на ден е кога ќе ни биде понуден закон за бугарско државјанство, ист како тој што бил донесен за време на Втората светска војна?!-се наведува во анализата на „Пресинг ТВ“

The post Здруженијата се само почеток: СДСМ премолчено нè води во нова „бугарска окупација“ appeared first on Република.

]]>
Бугарска провокација и во Србија: Маршираа по југот за да ги прослават злосторства врз српското население за време на окупацијата во 1917 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarska-provokacija-i-vo-srbija-maarshiraa-po-jugot-za-da-gi-proslavat-zlostorstva-vrz-srpskoto-naselenie-za-vreme-na-okupacijata-vo-1917-godina/ Fri, 01 Jul 2022 10:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=522071

„На патот на 41. пешадиски полк - март 1917 година - расчистување на Јастребац од бандити“ е името на експедицијата организирана од бугарската невладина организација „Воено историски комитет“ кое се одржа на 29 и 30 јуни на југот на Србија.

Историчарите од Ниш тоа го гледаат како провокација, екстремистички изблик и промовирање масовни злосторства врз српското население за време на бугарската окупација и востанието во Топлич во 1917 година. Тие сметаат дека државата Србија требало да го санкционира.

На плакатот со кој бугарската организација ја најавуваше оваа акција, меѓу другото се споменува и месната заедница „Зора“ од Ќустендил, како и клубот „Полковник Христо Стојанов“. Тие ги посетиле посетуваат Власина, Сурдулица, Лесковац, Ниш, Прокупље и планината Јастребац.

Бугарските власти есента 1915 година сакале да создадат „моравска Бугарија“ на територијата на југоисточна Србија и затоа малтретирале, мачеле и силувале жени, како и масовно ограбувале и убивале цивили.

Кога сакале да регрутираат српски младинци за бугарската војска, востание се кренале од областите на Топлица, Јабланица, Јастребац, Јужна Морава, Кукавица и Копаоник. Ги ослободиле Либане, Бојник, Медвеѓа, Куршумлија и Прокупље.

Дејан Антиќ од Историскиот отсек на Филозофскиот факултет во Ниш е убеден дека целта на таа кампања е да се промовира и велича бугарската војска која во периодот од 1915 до 1918 година извршила масовни злосторства врз српските цивили во областите на Топлица. Јабланица, Пуста Река, Врање и Сурдулице, пренесува „Јужне вести“.

Востанието било задушено на крајот на март 1917 година поради супериорноста на окупаторските сили, а во задушувањето учествувал 41-от бугарски пешадиски полк, чии патишта денес има намера да ги следи „Воено-историскиот комитет“ од Ќустендил, објаснува Антиќ.

 

The post Бугарска провокација и во Србија: Маршираа по југот за да ги прослават злосторства врз српското население за време на окупацијата во 1917 година appeared first on Република.

]]>

„На патот на 41. пешадиски полк - март 1917 година - расчистување на Јастребац од бандити“ е името на експедицијата организирана од бугарската невладина организација „Воено историски комитет“ кое се одржа на 29 и 30 јуни на југот на Србија. Историчарите од Ниш тоа го гледаат како провокација, екстремистички изблик и промовирање масовни злосторства врз српското население за време на бугарската окупација и востанието во Топлич во 1917 година. Тие сметаат дека државата Србија требало да го санкционира. На плакатот со кој бугарската организација ја најавуваше оваа акција, меѓу другото се споменува и месната заедница „Зора“ од Ќустендил, како и клубот „Полковник Христо Стојанов“. Тие ги посетиле посетуваат Власина, Сурдулица, Лесковац, Ниш, Прокупље и планината Јастребац. Бугарските власти есента 1915 година сакале да создадат „моравска Бугарија“ на територијата на југоисточна Србија и затоа малтретирале, мачеле и силувале жени, како и масовно ограбувале и убивале цивили. Кога сакале да регрутираат српски младинци за бугарската војска, востание се кренале од областите на Топлица, Јабланица, Јастребац, Јужна Морава, Кукавица и Копаоник. Ги ослободиле Либане, Бојник, Медвеѓа, Куршумлија и Прокупље. Дејан Антиќ од Историскиот отсек на Филозофскиот факултет во Ниш е убеден дека целта на таа кампања е да се промовира и велича бугарската војска која во периодот од 1915 до 1918 година извршила масовни злосторства врз српските цивили во областите на Топлица. Јабланица, Пуста Река, Врање и Сурдулице, пренесува „Јужне вести“.
Востанието било задушено на крајот на март 1917 година поради супериорноста на окупаторските сили, а во задушувањето учествувал 41-от бугарски пешадиски полк, чии патишта денес има намера да ги следи „Воено-историскиот комитет“ од Ќустендил, објаснува Антиќ.
 

The post Бугарска провокација и во Србија: Маршираа по југот за да ги прослават злосторства врз српското население за време на окупацијата во 1917 година appeared first on Република.

]]>