Бугарицација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugaricacija/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jan 2022 12:02:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бугарицација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugaricacija/ 32 32 Бугарија сега ја обвинува Македонија и за геноцид, се споменуваат и Глигоров и Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-sega-ja-obvinuva-makedonija-i-za-genocid-se-spomenuvaat-i-gligorov-i-pendarovski/ Mon, 10 Jan 2022 12:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=442569

Во рок од само неколку дена на веб-изданието на софиски „Труд“ се појавија два текста од двајца различни автори во кои на удар се најдоа двајца македонски претседатели. Прво, првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, Киро Глигоров, и веднаш потоа актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Во авторски текст од 4 јануари на долгогодишниот дописник од Скопје за бугарските медиуми, Костадин Филипов, во самиот наслов за првиот претседател на независна Македонија се вели „Глигоров-човекот, кој ја призна дебугаризацијата на Македонија“. Земајќи го како основа прилогот на Би-Би-Си на српски јазик, посветен на десетгодишнината од смртта Глигоров, Филипов меѓу другото ќе напише:

-Меѓутоа, не се сомневам дека споменик на Глигоров ќе има. Ако не за други негови „заслуги“, тогаш барем за онаа изјава од парламентарната говорница во која тој, првиот претседател на Република Македонија, свечено објави дека процесот на дебугаризација во државата е целосно завршен и дека бугарското чувство останува само во рамките на неколку фамилии. Го слушнав со свои уши, го видов со свои очи и пишував извештаи од Скопје на таа тема. Па сега нека ми кажат дека македонизмот не бил на антибугарска основа.

Кога Глигоров го изјавил ова, авторот не наведува, но веројатно не пишува на памет, иако за контекстот во кој било наведено изнесеното може само да се претпоставува. Но, како и да е, првиот шеф на државата се користи како алиби за да се потенцира дека во Македонија постоел или постои процес на дебугаризација. А, токму тој процес на дебугаризација и неговото укинување е дел од барањата, што бугарскиот претседател Румен Радев ги споменува како услов за симнување на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Само три дена подоцна, на 7 јануари, на самиот ден на големиот празник Божик, во истиот медиум доц.д-р Спас Ташев од Институтот за истражување на човековите права при БАН, објави текст со наслов „Крвавото Коледе од 1945-почетокот на новата дебугаризација“. Во него авторот меѓу другото пишува:

-Во своето обраќање пред Собранието во Скопје на крајот од 2021 г. претседателот С. Пендаровски ја претстави бугарската теза дека на територијата на Македонија била спроведувана „системска дебугаризација, што е сириозно обвинување…Таков процес…доколку постои, би бил рамен на геноцид“. Овој ракурс ја открива длабоката бездна на патот на национално помирување покрај Вардар, зашто фактите неспорно го потврдуваат спроведувањето на геноцид против македонските Бугари започнат кон крајот на 1944 г.

И ова е за првпат од еден медиум и автор од Бугарија јавно и отворено да се спомене дека во Македонија, србокомунистите, што ќе рече Македонците, извршиле геноцид врз македонските Бугари!? Ако е нешто до сега познато, тоа е дека и во т.н.Тиранска платформа во една од точките исто така се споменуваше геноцид извршен исто така од Македонците врз Албанците до 1956 година!?

Како основа за ваквото тврдење авторот ги користи настаните од скопското Кале од 7 јануари 1945 година и тоа низ призмата на наводни документи од Македонската патриотическа организација. Па така, се споменува дека првиот удар е задушувањето на бунтот од 16 декември на скопското Кале каде се убиени 70 офицери и 100 војници демобилизирани од бугарската армија, кои се вратиле по родните места. Всушност, дека има неколку војнички бунтови и оти нема сомневање дека убиените се чувствувале Бугари, натаму оти само за неколку дена биле убиени 1.200 лица, потоа се споменуваат податоци дека србокомунистите секој ден во Групчин убивале од 30 до 40 души, дека од септември 1944 до крајот на 1945 година на смрт или на доживотен затвор во Вардарска Македонија биле осудени над 5.500 лица, дека само во затворот во Идризово секоја година влегувале нови осудени 2.000 лица, дека само низ вратите на затворот Идризово во последните 15 години влегле над 30.000 затвореници, дека се говори оти 35% од населението било измачувано…

Во други бугарски медиуми, пак, кои исто така пишуваа за „крвавото Коледе“, покрај овие се изнесуваа и други податоци. На пример, дека биле убиени над 25.000 македонски Бугари и над 130.000 биле насилно иселени од Македонија.

Ако внимателно се читаа текствоите можеше да се забележи дека има несигурност во точните датуми за настаните на скопското Кале, па затоа се бара форма дека постоеле повеќе такви бунтови. Се споменуваат 16 декември, па ноќта 6 спроти 7 јанури и конечно 7 јануари.

За сите е заеднички, всушност, еден единствен извор, само прашање е дали тој лежи во документите на МПО или, пак, во книгата „Новата национално-ослободителна борба во Вардарска Македонија 1944-1991 година“ од Димитар Г. Гоцев, некогашен претседател на ВМРО-БНД и на Македонскиот научен институт од Софија, објавена во 1998 година.

Оваа книга следи една година по објавувањето на книгата „Настаните на скопското Кале на 7 јануари 1945 година документи“, издание на Државниот архив на Македонија од 1997 година. И во неа врз основа на документи се објавуваат непосредно настаните на скопското Кале и на скопскиот плоштад, а поместени се и изјави од уапсените членови на артилериската единица.

Но, од книгата се важни два моменти. Првиот, дека од 33 уапсени лица, 31 се изјасниле како Македонци, додека двајца како Срби. И вториот, дека ниту еден од нив не бил убиен, односно стрелан. Според одредени сознанија, на скопското Кале се вршени и истражувања на некаква масовна гробница и тоа под надзор на една странска амбасада, но такво нешто не било пронајдено.

И овие податоци јасно говорат дека настаните од скопското Кале не биле табу тема за македонските историчари, зашто на списокот можат да се најдат и други дела, освен споменатотото.

Меѓутоа, индикативно е што податоците од книгата на Димитар Гоцев првпат почнуваат масовно да се користат во Бугарија од 2017 година, кога паѓа власта на ВМРО-ДПМНЕ и таа преминува во рацете на СДСМ. Од тогаш наваму, тие се редовен декор во нападите врз Македонија.

Вториот апсолутно погрешен податок е дека, наводно, на скопскиот плоштад дента, на 7 јануари, биле убиени 70 офицери и 100 војници. А дека тоа е фикција говорат извештаите на претставниците на воените мисии на САД и на Велика Британија, кои тогаш биле присутни во Македонија.

Ова може да се прочита во книгите на проф. Тодор Чепреганов насловени како „Воените мисии на Соединетите Американски држави во Македонија 1944-1945 Документи, Том 1“, „Велика Британија и Македонија документи 1942-1945“ и „Велика Британија и Македонија (18 август 1944-8 мај 1945) Документи Том 1“. Во извештаите на задолжените американски и британски офицери со споменува бунтот, се споменува апсење на лица, се споменува затворање и можно нивно стрелање, но никаде не се споменува некакво убиство на 70 офицери и 100 војници на плоштадот. А, малку е веројатно или воопшто не е можно ваков податок или сознание да не биде испратено во Вашингтон или во Лондон.

 

За бројките од 25.000 убиени и 120.000 насилно протерани македонски Бугари од територијата на Вардарска Македонија по Втората светска војна не треба ни да се говори. Тие се отворена манипулација во функција на наводно непочитување на човековите права и слободи и немаат допирни точки со реалноста. А, тоа несомнено го потврдуваат споредбите и бројките од пописите во предвоена Кралска Југославија и поствоена ФНРЈ спроведени во 1931 и 1948 година, што се однесуваат само на Република Македонија, односно Вардарска бановина.

Исклучително важно е да се напомене дека за пописот во 1948 година постоела посебна графа за изјаснување како Бугари, што значи дека не постоела никаква можност тоа право некому да му биде ускратено.

Резултатите од пописот во 1948 година велат дека во тогашна ФР Македонија имало 1.152.986 жители или 3,3% помалку од пописот во 1931 година. Што значи дека бројката 25.000 убиени и 120.000 прогонувани или насилно иселени македонски Бугари од Македонија, односно речиси 10% од населението, драстично би се одразила врз вкупниот број население во поствоена Македонија, а во случајов повеќе од очигледно е дека не е така.

Од вкупното население во Македонија, во 1948 година како Македонци се изјасниле 789.648 жители или 68,4%, како Албанци 197.389 или 17,1%, како Срби 29.721, Хрвати 2.090, Словенци 729, Црногорци 2.348, 889 Бугари, 130 Чеси, 29, Словаци, 1.141 Руси, 219 Унгарци, 360 Германци, 77 Романци, 9.511 Власи, 56 Италијанци, 95.940 Турци, 19.500 Роми, 1.560 неопределени муслимани и 1.649 останати.

Скопје како главен град, пак, имал 87.654 жители. Од нив, 51.819 се изјасниле како Македонци, 5.209 Албанци, 405 неопределени муслимани, 5.872 Срби, 986 Хрвати, 425 Словенци, 770 Црногорци, 275 Бугари, 74 Чеси, 11 Словаци, 113 Унгарци, 152 Германци, 16 Романци, 665 Власи, 27 Италијанци, 13.928 Турци, 5.796 Роми и 554 останати.

Непобитен факт е дека по настаните на скопското Кале, само неколку дена подоцна тогашната ОЗНА извршила масовни убиства во Велес, Куманово, Штип и Ресен. Егзекуцијата била вршена без суд и судење и тоа е непростлив грев на комунистичкиот режим. Во Куманово до ден денес не се знае масовната гробница на 48-те убиени лица, чии имиња биле објавени во „Нова Македонија“, ден по нивната ликвидација.

Но, во што лежи целата манипулација со бројките!? Тука има неколку точки. Прво и основно, звучи речиси неверојатен обидот бугарските соработници на наци-фашизмот за време на Втората светска војна да ги обвинат  Македонците како антифашисти за некаков геноцид! Второ, со целосното извртување на тезите, Бугарите настојуваат целата Втора светска војна да ја прикажат, всушност, како идеолошка борба на еден ист народ и да претстават дека во Македонија немало национално движење и Народно-ослободителна борба. Оттука и настојувањата и нивните тврдења дека тогашната бугарска власт не била фашистичка.

Ако се прифати тезата дека бугарските окупациски власти биле администратори и не биле наци-фашисти и оти, фактички, тие се бореле против наци-фашизмот, а Македонците биле тие, кои ги правеле најголемите злосторства во Македонија, тогаш и вината за депортацијата на македонските Евреи ќе треба да се префрли врз Македонците. Со тоа повторно тие ќе бидат прикажани како геноциден народ, кој всушност никогаш не бил тоа!!! А, токму тоа е и најголемото кукавичко јајце, што може да ни го постави една земја-членка на ЕУ!

И конечно, со ваквата манипулација со бројки и прикажувањето на сите жртви на комунизмот како Бугари, фактички, Бугарија во Македонија сака да го приграби и целиот антикомунизам! Што повторно води кон тоа дека на овие простори немало војна, туку идеолошки судир на еден ист народ! А, тоа ни случајно не соодветствува ни со документите, ни со историските факти и вистина.

Извор: Пресинг ТВ

The post Бугарија сега ја обвинува Македонија и за геноцид, се споменуваат и Глигоров и Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Во рок од само неколку дена на веб-изданието на софиски „Труд“ се појавија два текста од двајца различни автори во кои на удар се најдоа двајца македонски претседатели. Прво, првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, Киро Глигоров, и веднаш потоа актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски. Во авторски текст од 4 јануари на долгогодишниот дописник од Скопје за бугарските медиуми, Костадин Филипов, во самиот наслов за првиот претседател на независна Македонија се вели „Глигоров-човекот, кој ја призна дебугаризацијата на Македонија“. Земајќи го како основа прилогот на Би-Би-Си на српски јазик, посветен на десетгодишнината од смртта Глигоров, Филипов меѓу другото ќе напише:
-Меѓутоа, не се сомневам дека споменик на Глигоров ќе има. Ако не за други негови „заслуги“, тогаш барем за онаа изјава од парламентарната говорница во која тој, првиот претседател на Република Македонија, свечено објави дека процесот на дебугаризација во државата е целосно завршен и дека бугарското чувство останува само во рамките на неколку фамилии. Го слушнав со свои уши, го видов со свои очи и пишував извештаи од Скопје на таа тема. Па сега нека ми кажат дека македонизмот не бил на антибугарска основа.
Кога Глигоров го изјавил ова, авторот не наведува, но веројатно не пишува на памет, иако за контекстот во кој било наведено изнесеното може само да се претпоставува. Но, како и да е, првиот шеф на државата се користи како алиби за да се потенцира дека во Македонија постоел или постои процес на дебугаризација. А, токму тој процес на дебугаризација и неговото укинување е дел од барањата, што бугарскиот претседател Румен Радев ги споменува како услов за симнување на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Само три дена подоцна, на 7 јануари, на самиот ден на големиот празник Божик, во истиот медиум доц.д-р Спас Ташев од Институтот за истражување на човековите права при БАН, објави текст со наслов „Крвавото Коледе од 1945-почетокот на новата дебугаризација“. Во него авторот меѓу другото пишува:
-Во своето обраќање пред Собранието во Скопје на крајот од 2021 г. претседателот С. Пендаровски ја претстави бугарската теза дека на територијата на Македонија била спроведувана „системска дебугаризација, што е сириозно обвинување…Таков процес…доколку постои, би бил рамен на геноцид“. Овој ракурс ја открива длабоката бездна на патот на национално помирување покрај Вардар, зашто фактите неспорно го потврдуваат спроведувањето на геноцид против македонските Бугари започнат кон крајот на 1944 г.
И ова е за првпат од еден медиум и автор од Бугарија јавно и отворено да се спомене дека во Македонија, србокомунистите, што ќе рече Македонците, извршиле геноцид врз македонските Бугари!? Ако е нешто до сега познато, тоа е дека и во т.н.Тиранска платформа во една од точките исто така се споменуваше геноцид извршен исто така од Македонците врз Албанците до 1956 година!? Како основа за ваквото тврдење авторот ги користи настаните од скопското Кале од 7 јануари 1945 година и тоа низ призмата на наводни документи од Македонската патриотическа организација. Па така, се споменува дека првиот удар е задушувањето на бунтот од 16 декември на скопското Кале каде се убиени 70 офицери и 100 војници демобилизирани од бугарската армија, кои се вратиле по родните места. Всушност, дека има неколку војнички бунтови и оти нема сомневање дека убиените се чувствувале Бугари, натаму оти само за неколку дена биле убиени 1.200 лица, потоа се споменуваат податоци дека србокомунистите секој ден во Групчин убивале од 30 до 40 души, дека од септември 1944 до крајот на 1945 година на смрт или на доживотен затвор во Вардарска Македонија биле осудени над 5.500 лица, дека само во затворот во Идризово секоја година влегувале нови осудени 2.000 лица, дека само низ вратите на затворот Идризово во последните 15 години влегле над 30.000 затвореници, дека се говори оти 35% од населението било измачувано… Во други бугарски медиуми, пак, кои исто така пишуваа за „крвавото Коледе“, покрај овие се изнесуваа и други податоци. На пример, дека биле убиени над 25.000 македонски Бугари и над 130.000 биле насилно иселени од Македонија. Ако внимателно се читаа текствоите можеше да се забележи дека има несигурност во точните датуми за настаните на скопското Кале, па затоа се бара форма дека постоеле повеќе такви бунтови. Се споменуваат 16 декември, па ноќта 6 спроти 7 јанури и конечно 7 јануари. За сите е заеднички, всушност, еден единствен извор, само прашање е дали тој лежи во документите на МПО или, пак, во книгата „Новата национално-ослободителна борба во Вардарска Македонија 1944-1991 година“ од Димитар Г. Гоцев, некогашен претседател на ВМРО-БНД и на Македонскиот научен институт од Софија, објавена во 1998 година. Оваа книга следи една година по објавувањето на книгата „Настаните на скопското Кале на 7 јануари 1945 година документи“, издание на Државниот архив на Македонија од 1997 година. И во неа врз основа на документи се објавуваат непосредно настаните на скопското Кале и на скопскиот плоштад, а поместени се и изјави од уапсените членови на артилериската единица. Но, од книгата се важни два моменти. Првиот, дека од 33 уапсени лица, 31 се изјасниле како Македонци, додека двајца како Срби. И вториот, дека ниту еден од нив не бил убиен, односно стрелан. Според одредени сознанија, на скопското Кале се вршени и истражувања на некаква масовна гробница и тоа под надзор на една странска амбасада, но такво нешто не било пронајдено. И овие податоци јасно говорат дека настаните од скопското Кале не биле табу тема за македонските историчари, зашто на списокот можат да се најдат и други дела, освен споменатотото. Меѓутоа, индикативно е што податоците од книгата на Димитар Гоцев првпат почнуваат масовно да се користат во Бугарија од 2017 година, кога паѓа власта на ВМРО-ДПМНЕ и таа преминува во рацете на СДСМ. Од тогаш наваму, тие се редовен декор во нападите врз Македонија. Вториот апсолутно погрешен податок е дека, наводно, на скопскиот плоштад дента, на 7 јануари, биле убиени 70 офицери и 100 војници. А дека тоа е фикција говорат извештаите на претставниците на воените мисии на САД и на Велика Британија, кои тогаш биле присутни во Македонија. Ова може да се прочита во книгите на проф. Тодор Чепреганов насловени како „Воените мисии на Соединетите Американски држави во Македонија 1944-1945 Документи, Том 1“, „Велика Британија и Македонија документи 1942-1945“ и „Велика Британија и Македонија (18 август 1944-8 мај 1945) Документи Том 1“. Во извештаите на задолжените американски и британски офицери со споменува бунтот, се споменува апсење на лица, се споменува затворање и можно нивно стрелање, но никаде не се споменува некакво убиство на 70 офицери и 100 војници на плоштадот. А, малку е веројатно или воопшто не е можно ваков податок или сознание да не биде испратено во Вашингтон или во Лондон.   За бројките од 25.000 убиени и 120.000 насилно протерани македонски Бугари од територијата на Вардарска Македонија по Втората светска војна не треба ни да се говори. Тие се отворена манипулација во функција на наводно непочитување на човековите права и слободи и немаат допирни точки со реалноста. А, тоа несомнено го потврдуваат споредбите и бројките од пописите во предвоена Кралска Југославија и поствоена ФНРЈ спроведени во 1931 и 1948 година, што се однесуваат само на Република Македонија, односно Вардарска бановина. Исклучително важно е да се напомене дека за пописот во 1948 година постоела посебна графа за изјаснување како Бугари, што значи дека не постоела никаква можност тоа право некому да му биде ускратено. Резултатите од пописот во 1948 година велат дека во тогашна ФР Македонија имало 1.152.986 жители или 3,3% помалку од пописот во 1931 година. Што значи дека бројката 25.000 убиени и 120.000 прогонувани или насилно иселени македонски Бугари од Македонија, односно речиси 10% од населението, драстично би се одразила врз вкупниот број население во поствоена Македонија, а во случајов повеќе од очигледно е дека не е така. Од вкупното население во Македонија, во 1948 година како Македонци се изјасниле 789.648 жители или 68,4%, како Албанци 197.389 или 17,1%, како Срби 29.721, Хрвати 2.090, Словенци 729, Црногорци 2.348, 889 Бугари, 130 Чеси, 29, Словаци, 1.141 Руси, 219 Унгарци, 360 Германци, 77 Романци, 9.511 Власи, 56 Италијанци, 95.940 Турци, 19.500 Роми, 1.560 неопределени муслимани и 1.649 останати. Скопје како главен град, пак, имал 87.654 жители. Од нив, 51.819 се изјасниле како Македонци, 5.209 Албанци, 405 неопределени муслимани, 5.872 Срби, 986 Хрвати, 425 Словенци, 770 Црногорци, 275 Бугари, 74 Чеси, 11 Словаци, 113 Унгарци, 152 Германци, 16 Романци, 665 Власи, 27 Италијанци, 13.928 Турци, 5.796 Роми и 554 останати. Непобитен факт е дека по настаните на скопското Кале, само неколку дена подоцна тогашната ОЗНА извршила масовни убиства во Велес, Куманово, Штип и Ресен. Егзекуцијата била вршена без суд и судење и тоа е непростлив грев на комунистичкиот режим. Во Куманово до ден денес не се знае масовната гробница на 48-те убиени лица, чии имиња биле објавени во „Нова Македонија“, ден по нивната ликвидација. Но, во што лежи целата манипулација со бројките!? Тука има неколку точки. Прво и основно, звучи речиси неверојатен обидот бугарските соработници на наци-фашизмот за време на Втората светска војна да ги обвинат  Македонците како антифашисти за некаков геноцид! Второ, со целосното извртување на тезите, Бугарите настојуваат целата Втора светска војна да ја прикажат, всушност, како идеолошка борба на еден ист народ и да претстават дека во Македонија немало национално движење и Народно-ослободителна борба. Оттука и настојувањата и нивните тврдења дека тогашната бугарска власт не била фашистичка. Ако се прифати тезата дека бугарските окупациски власти биле администратори и не биле наци-фашисти и оти, фактички, тие се бореле против наци-фашизмот, а Македонците биле тие, кои ги правеле најголемите злосторства во Македонија, тогаш и вината за депортацијата на македонските Евреи ќе треба да се префрли врз Македонците. Со тоа повторно тие ќе бидат прикажани како геноциден народ, кој всушност никогаш не бил тоа!!! А, токму тоа е и најголемото кукавичко јајце, што може да ни го постави една земја-членка на ЕУ! И конечно, со ваквата манипулација со бројки и прикажувањето на сите жртви на комунизмот како Бугари, фактички, Бугарија во Македонија сака да го приграби и целиот антикомунизам! Што повторно води кон тоа дека на овие простори немало војна, туку идеолошки судир на еден ист народ! А, тоа ни случајно не соодветствува ни со документите, ни со историските факти и вистина. Извор: Пресинг ТВ

The post Бугарија сега ја обвинува Македонија и за геноцид, се споменуваат и Глигоров и Пендаровски appeared first on Република.

]]>