Бугаија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugaija/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jan 2022 17:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бугаија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugaija/ 32 32 Од среда во Бугарија ќе се бара негативен тест и за децата од 12 до 18 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-sreda-vo-bugarija-kje-se-bara-negativen-test-i-za-decata-od-12-do-18-godini/ Sun, 16 Jan 2022 17:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=445370

Од среда, 19 јануари, децата на возраст од 12 до 18 години кои пристигнуваат во Бугарија од „црвената зона“ меѓу кои е и Македонија се пропуштаат на територијата на земјата по прикажување негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред влезот во земјата. Ова мора да биде потврдено со валиден ЕУ дигитален сертификат COVID за тестирање или еквивалентен или сличен документ.

Доколку не приложат таков документ ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Карантинот може да се прекине доколку лицето е подложено на PCR тест не порано од 72 часа по пристигнувањето во земјата.

Претходно за патниците кои пристигнуваат од „црвената зона“ само за возрасните, при влез во Бугарија се бараше да обезбедат негативен резултат од тестот, заедно со документ за вакцинација или болест.

Документите за КОВИД-19 не се потребни за деца под 12-годишна возраст, без оглед на областа од која доаѓаат.

Списокот на земји по зони на бои исто така се ажурираше од 19 јануари. „Црвената зона“ ги опфаќа Австрија, Македонија, Србија, Турција, Унгарија, Луксембург, Израел, Кувајт, Гренада, Гренланд, Катар, Кралството Бахреин, Либанската Република и Кооперативната Република Гвајана.

Во Грција пак од утре стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години, а за целосно вакциниран се смета оној што ја примил и бустер дозата. Исто така Грција ги прифаќа вакциналните сертификати само седум месеци по втората доза.

Државите од Шенген-зоната исто така го намалуваат периодот на валидизирање на вакциналниот сертификат. Холандија, Латвија и Исланд ковид-сертификатот го прифаќа само доколку двете вакцини се примени во последните девет месеци.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша деновиве информира дека неговата влада ќе избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во сегашниот бран на епидемијата на ковид-19 предизвикана од многу позаразната омикрон варијанта на коронавирусот.

Чешката Влада, пак, ќе дозволи асимптоматските здравствени работници и персоналот за социјална заштита за кои е потврдено дека се заразени со коронавирус да продолжат да работат.

The post Од среда во Бугарија ќе се бара негативен тест и за децата од 12 до 18 години appeared first on Република.

]]>

Од среда, 19 јануари, децата на возраст од 12 до 18 години кои пристигнуваат во Бугарија од „црвената зона“ меѓу кои е и Македонија се пропуштаат на територијата на земјата по прикажување негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред влезот во земјата. Ова мора да биде потврдено со валиден ЕУ дигитален сертификат COVID за тестирање или еквивалентен или сличен документ. Доколку не приложат таков документ ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Карантинот може да се прекине доколку лицето е подложено на PCR тест не порано од 72 часа по пристигнувањето во земјата. Претходно за патниците кои пристигнуваат од „црвената зона“ само за возрасните, при влез во Бугарија се бараше да обезбедат негативен резултат од тестот, заедно со документ за вакцинација или болест. Документите за КОВИД-19 не се потребни за деца под 12-годишна возраст, без оглед на областа од која доаѓаат. Списокот на земји по зони на бои исто така се ажурираше од 19 јануари. „Црвената зона“ ги опфаќа Австрија, Македонија, Србија, Турција, Унгарија, Луксембург, Израел, Кувајт, Гренада, Гренланд, Катар, Кралството Бахреин, Либанската Република и Кооперативната Република Гвајана. Во Грција пак од утре стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години, а за целосно вакциниран се смета оној што ја примил и бустер дозата. Исто така Грција ги прифаќа вакциналните сертификати само седум месеци по втората доза. Државите од Шенген-зоната исто така го намалуваат периодот на валидизирање на вакциналниот сертификат. Холандија, Латвија и Исланд ковид-сертификатот го прифаќа само доколку двете вакцини се примени во последните девет месеци. Словенечкиот премиер Јанез Јанша деновиве информира дека неговата влада ќе избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во сегашниот бран на епидемијата на ковид-19 предизвикана од многу позаразната омикрон варијанта на коронавирусот. Чешката Влада, пак, ќе дозволи асимптоматските здравствени работници и персоналот за социјална заштита за кои е потврдено дека се заразени со коронавирус да продолжат да работат.

The post Од среда во Бугарија ќе се бара негативен тест и за децата од 12 до 18 години appeared first on Република.

]]>