буенос аирес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/buenos-aires/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Nov 2023 20:00:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png буенос аирес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/buenos-aires/ 32 32 Над 1.000 аргентински „спајдермени“ се собраа за да постават нов светски рекорд https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nad-1-000-argentinski-spajdermeni-se-sobraa-za-da-postavat-nov-svetski-rekord/ Fri, 03 Nov 2023 19:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=697902

На собир во Буенос Аирес, Аргентина, повеќе од 1.000 луѓе - сите облечени како култниот суперхерој „Спајдермен“, се обидоа да постават нов светски рекорд во бројност.

Настанот беше организиран од аргентинскиот „инфлуенсер“ Уки Дин, а целта беше да се собори светскиот рекорд за најголем јавен собир на луѓе облечени како „Спајдермен“.

Претходно, во јуни, во Малезија имаше рекордни 685 „спајдермени“ на едно место. Тоа влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

Говорејќи пред новинарите, Дин изјави дека „планирал да повика 700 лица“, но дошле многу повеќе.

Имаме повеќе од 1.000 потписи (за присуство, з.п.). Лудо е тоа што сѐ „Спајдермен“ може да поттикне. Тоа ме радува многу!, додаде тој.

Гинисовиот рекорд допрва ќе треба да се провери и потврди. Организаторите побараа од учесниците да ги дадат своите потписи и да бидат фотографирани како дел од документацијата за рекордот.

The post Над 1.000 аргентински „спајдермени“ се собраа за да постават нов светски рекорд appeared first on Република.

]]>

На собир во Буенос Аирес, Аргентина, повеќе од 1.000 луѓе - сите облечени како култниот суперхерој „Спајдермен“, се обидоа да постават нов светски рекорд во бројност. Настанот беше организиран од аргентинскиот „инфлуенсер“ Уки Дин, а целта беше да се собори светскиот рекорд за најголем јавен собир на луѓе облечени како „Спајдермен“. Претходно, во јуни, во Малезија имаше рекордни 685 „спајдермени“ на едно место. Тоа влезе и во Гинисовата книга на рекорди. Говорејќи пред новинарите, Дин изјави дека „планирал да повика 700 лица“, но дошле многу повеќе.
Имаме повеќе од 1.000 потписи (за присуство, з.п.). Лудо е тоа што сѐ „Спајдермен“ може да поттикне. Тоа ме радува многу!, додаде тој.
Гинисовиот рекорд допрва ќе треба да се провери и потврди. Организаторите побараа од учесниците да ги дадат своите потписи и да бидат фотографирани како дел од документацијата за рекордот.

The post Над 1.000 аргентински „спајдермени“ се собраа за да постават нов светски рекорд appeared first on Република.

]]>
Во Буенос Аирес како да падна бомба: Фудбалерите евакуирани со хеликоптер, полицијата се судри со толпата, градот е речиси уништен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-buenos-aires-kako-da-padna-bomba-fudbalerite-evakuirani-so-helikopter-policijata-se-sudri-so-tolpata-gradot-e-rechisi-unishten/ Wed, 21 Dec 2022 10:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=588315

Неколку часа по прославата на светската титула, улиците на Буенос Аирес се како да паднала атомска бомба во главниот град на Аргентина!

Прославата, проследена со огромна еуфорија на навивачите, се претвори во масовен хаос, по што аргентинските фудбалери мораа да бидат евакуирани со хеликоптер.

https://twitter.com/SportsCenter/status/1604661600987889667?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1604661600987889667%7Ctwgr%5E0f4be704e48f4b39f7495eba79dc0cf7ddea9c50%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F4074190%2Fbuenos-ajres-dan-posle-proslave-potpuno-unisten

Евакуацијата на фудбалерите значеше и крај на парадата по улиците на главниот град на оваа јужноамериканска земја, но и почеток на конфликт на навивачите со полицијата.

Поради масовноста на луѓе на улиците, припадниците на полицијата мораа да употребат и шок бомби и солзавец за да ја растераат разбеснетата толпа.

По полициката интервенција и немирите, градот остана речиси целосно уништен.

https://twitter.com/sebadelfuturo/status/1605332296277819392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1605332296277819392%7Ctwgr%5E7c503334ab0bd5b07552b9dfb5489554ac718929%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F4074190%2Fbuenos-ajres-dan-posle-proslave-potpuno-unisten

 

The post Во Буенос Аирес како да падна бомба: Фудбалерите евакуирани со хеликоптер, полицијата се судри со толпата, градот е речиси уништен appeared first on Република.

]]>

Неколку часа по прославата на светската титула, улиците на Буенос Аирес се како да паднала атомска бомба во главниот град на Аргентина! Прославата, проследена со огромна еуфорија на навивачите, се претвори во масовен хаос, по што аргентинските фудбалери мораа да бидат евакуирани со хеликоптер. https://twitter.com/SportsCenter/status/1604661600987889667?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1604661600987889667%7Ctwgr%5E0f4be704e48f4b39f7495eba79dc0cf7ddea9c50%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F4074190%2Fbuenos-ajres-dan-posle-proslave-potpuno-unisten Евакуацијата на фудбалерите значеше и крај на парадата по улиците на главниот град на оваа јужноамериканска земја, но и почеток на конфликт на навивачите со полицијата. Поради масовноста на луѓе на улиците, припадниците на полицијата мораа да употребат и шок бомби и солзавец за да ја растераат разбеснетата толпа. По полициката интервенција и немирите, градот остана речиси целосно уништен. https://twitter.com/sebadelfuturo/status/1605332296277819392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1605332296277819392%7Ctwgr%5E7c503334ab0bd5b07552b9dfb5489554ac718929%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F4074190%2Fbuenos-ajres-dan-posle-proslave-potpuno-unisten  

The post Во Буенос Аирес како да падна бомба: Фудбалерите евакуирани со хеликоптер, полицијата се судри со толпата, градот е речиси уништен appeared first on Република.

]]>
Култниот автопортрет на Фрида Кало изложен првпат по 25 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kultniot-avtoportret-na-frida-kalo-izlozen-prvpat-po-25-godini/ Thu, 25 Aug 2022 08:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=543868

Култниот автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало - „Диего и јас“, убедливо најскапата латиноамериканска слика во историјата, е изложена првпат по скоро 25 години во музејот во Буенос Аирес.

„Диего и јас“ (Diego y yo) е автопортрет на Фрида Кало, со нејзиниот типично интензивен поглед, со нејзиниот сопруг - сликарот Диего Ривера, насликан на нејзиното чело над веѓите. Тој бил близок со позната мексиканска глумица, што е причина за болката за Кало, изразена во нејзината слика.

Делото коешто Фрида го насликала 1949 година, е купено лани во ноември, на аукција во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари. Дотогаш, најскапата слика од Латиноамериканец беше „Ривали“ од 1931., на Диего Ривера, продадена во 2018 година, на наддавање за 9,76 милиони долари.

Едуардо Ф. Костантини, аргентински колекционер и основач на Музејот на латиноамериканска уметност во Буенос Аирес, најави дека делото од петок ќе биде поставено во склоп на изложбата „Трето око“ (Tercer Ojo).

За мене Фрида е уникатна уметница. Таа имала драматичен живот којшто го раскажува без срам, спонтано и отворено. Мислам дека тоа е токму она што луѓето го сакаат кај неа - изјави Костантини за оваа икона на феминизмот, која почина 1954 година, на 47-годишна возраст.

Изложбата ќе има 240 дела, многу од кои јавноста не ги видела речиси со десетлетија. „Диего и јас“ последен пат беше изложена во 1998 година.

The post Култниот автопортрет на Фрида Кало изложен првпат по 25 години appeared first on Република.

]]>

Култниот автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало - „Диего и јас“, убедливо најскапата латиноамериканска слика во историјата, е изложена првпат по скоро 25 години во музејот во Буенос Аирес. „Диего и јас“ (Diego y yo) е автопортрет на Фрида Кало, со нејзиниот типично интензивен поглед, со нејзиниот сопруг - сликарот Диего Ривера, насликан на нејзиното чело над веѓите. Тој бил близок со позната мексиканска глумица, што е причина за болката за Кало, изразена во нејзината слика. Делото коешто Фрида го насликала 1949 година, е купено лани во ноември, на аукција во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари. Дотогаш, најскапата слика од Латиноамериканец беше „Ривали“ од 1931., на Диего Ривера, продадена во 2018 година, на наддавање за 9,76 милиони долари. Едуардо Ф. Костантини, аргентински колекционер и основач на Музејот на латиноамериканска уметност во Буенос Аирес, најави дека делото од петок ќе биде поставено во склоп на изложбата „Трето око“ (Tercer Ojo).
За мене Фрида е уникатна уметница. Таа имала драматичен живот којшто го раскажува без срам, спонтано и отворено. Мислам дека тоа е токму она што луѓето го сакаат кај неа - изјави Костантини за оваа икона на феминизмот, која почина 1954 година, на 47-годишна возраст.
Изложбата ќе има 240 дела, многу од кои јавноста не ги видела речиси со десетлетија. „Диего и јас“ последен пат беше изложена во 1998 година.

The post Култниот автопортрет на Фрида Кало изложен првпат по 25 години appeared first on Република.

]]>
Илјадници маршираа во Буенос Аирес против семејното насилство и убиствата на жени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnici-marshiraa-vo-buenos-aires-protiv-semejnoto-nasilstvo-i-ubistvata-na-zeni/ Sat, 04 Jun 2022 08:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=510932

Илјадници луѓе маршираа во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, против убиствата на жени и насилството врз жените.

Демонстрациите беа организирани од движењето „Ниту една жена помалку“. (Ni Una Menos).

МАршот се одржа во центарот на главниот град. Демонстрантите стигнаа до Националниот конгрес, каде што присутните запалија свеќи во спомен на жртвите на насилство.

Учесниците во поворката поставија плакати со пароли „Сакаме да останеме живи“, а други покажаа фотографии од убини жени.

https://twitter.com/telesurenglish/status/1532818170993692672

Според Женската служба на Врховниот суд на Аргентина, минатата година во земјата во просек биле регистрирани по едно убиство на жена на секои 35 часа, а 81 отсто од убиените биле класифицирани како жртви на семејно насилство.

Ноќва аргентинскиот Парламент беше осветлен во розово, во знак на солидарност со жртвите на семејно насилство.

The post Илјадници маршираа во Буенос Аирес против семејното насилство и убиствата на жени appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе маршираа во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, против убиствата на жени и насилството врз жените. Демонстрациите беа организирани од движењето „Ниту една жена помалку“. (Ni Una Menos). МАршот се одржа во центарот на главниот град. Демонстрантите стигнаа до Националниот конгрес, каде што присутните запалија свеќи во спомен на жртвите на насилство. Учесниците во поворката поставија плакати со пароли „Сакаме да останеме живи“, а други покажаа фотографии од убини жени. https://twitter.com/telesurenglish/status/1532818170993692672 Според Женската служба на Врховниот суд на Аргентина, минатата година во земјата во просек биле регистрирани по едно убиство на жена на секои 35 часа, а 81 отсто од убиените биле класифицирани како жртви на семејно насилство. Ноќва аргентинскиот Парламент беше осветлен во розово, во знак на солидарност со жртвите на семејно насилство.

The post Илјадници маршираа во Буенос Аирес против семејното насилство и убиствата на жени appeared first on Република.

]]>
Жена падна под воз во движење, но некако остана жива (вознемирувачко видео) https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zena-padna-pod-voz-vo-dvizenje-no-nekako-ostana-ziva-voznemiruvachko-video/ Wed, 20 Apr 2022 09:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=490989

Една жена во Аргентина, падна под воз во фвижење, но иако за момент исчезна меѓу вагоните, за вистинско чудо остана жива.

Хорор видеото снимено од безбедносните камери во Гонзалес Катан на периферијата на аргентинската престолнина Буенос Аирес го обиколи светот и предизвика неверување кај милиони луѓе.

Жената по име Кандела тргнала на работа и, како што подоцна опишува, доживеала ненадеен пад на притисокот, поради што се затетерави и падна од перонот под возот во движење, се преврте и исчезна меѓу вагоните.

Присутните на станицата, преплашени од она што го виделе, останаа во чудо кога таа била повлечена назад на платформата - жива.

 

https://twitter.com/saada186/status/1516353448219975680?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516353448219975680%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fplaneta%2F621039%2Fcudo-voz-zena-prezivela%2Fvest

Кандела, како што вели, ги видела снимките дури откако и рекле дека е надвор од животна опасност и ја напуштила болницата.

Доживеав ненадеен пад на притисокот и се онесвестив. Се обидов да му сигнализирам на човекот пред мене, но веќе на ништо не се сеќавам, ниту на моментот кога удрив во возот. Не знам како сум уште жива. Сè уште се обидувам да сфатам што се случи - изјавила таа за аргентинската телевизија.

The post Жена падна под воз во движење, но некако остана жива (вознемирувачко видео) appeared first on Република.

]]>

Една жена во Аргентина, падна под воз во фвижење, но иако за момент исчезна меѓу вагоните, за вистинско чудо остана жива. Хорор видеото снимено од безбедносните камери во Гонзалес Катан на периферијата на аргентинската престолнина Буенос Аирес го обиколи светот и предизвика неверување кај милиони луѓе. Жената по име Кандела тргнала на работа и, како што подоцна опишува, доживеала ненадеен пад на притисокот, поради што се затетерави и падна од перонот под возот во движење, се преврте и исчезна меѓу вагоните. Присутните на станицата, преплашени од она што го виделе, останаа во чудо кога таа била повлечена назад на платформата - жива.   https://twitter.com/saada186/status/1516353448219975680?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516353448219975680%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fplaneta%2F621039%2Fcudo-voz-zena-prezivela%2Fvest Кандела, како што вели, ги видела снимките дури откако и рекле дека е надвор од животна опасност и ја напуштила болницата.
Доживеав ненадеен пад на притисокот и се онесвестив. Се обидов да му сигнализирам на човекот пред мене, но веќе на ништо не се сеќавам, ниту на моментот кога удрив во возот. Не знам како сум уште жива. Сè уште се обидувам да сфатам што се случи - изјавила таа за аргентинската телевизија.

The post Жена падна под воз во движење, но некако остана жива (вознемирувачко видео) appeared first on Република.

]]>