буџет 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/budzet-2023/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Oct 2023 08:48:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png буџет 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/budzet-2023/ 32 32 Кадиевска Војновиќ: Буџетот моментално ни е дупка без дно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kadievska-vojnovik-budhetot-momentalno-ni-e-dupka-bez-dno/ Fri, 06 Oct 2023 08:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=688467

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека буџетот моментално ни е дупка без дно.

Одговорно тврдам дека буџетот моментално ни е дупка без дно. Ја имаме нарушено фискалната одржливост. Тоа економистите добро го знаат што значи, вели Кадиевска Војновиќ.

https://youtu.be/zeNCkxQUayo?si=q4cqsbHwi9kMk-u5

The post Кадиевска Војновиќ: Буџетот моментално ни е дупка без дно appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица не го поддржаа буџетот кој носи нови градинки, училишта, паркови и улици https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vmro-dpmne-koalitsijata-sds-dui-i-levitsa-ne-go-poddrzhaa-budhetot-koj-nosi-novi-gradinki-uchilishta-parkovi-i-ulitsi/ Thu, 29 Dec 2022 10:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=591419

Советот на Општина Аеродром вчерва го изгласа и усвои новиот развоен буџет за 2023 година кој, како што велат, примарно се заснова на капитални и зелени проекти, како и инвестиции во сите области. Посебен акцент во буџетот е ставен на изградба и доградба на нови градинки и училишта, како и изведба на нови плоштади, паркови и сообраќајници.

Буџетот има цел да ги реши предизвиците со капацитетите за упис и едукација на децата во градинките и училиштата, се издвојуваат значителни средства за подобрување на воспитно-образовниот процес, вметнување на нови содржини во наставата и создавање современи услови за учење, спортување и правилен раст и развој на нашите идни генерации, велат од Општината, додавајќи дека и оваа година буџетот предвидува инвестиции во професионалниот и рекреативниот спорт, со што Аеродром се стреми да го задржи епитетот на најспортска општина во Македонија.

И покрај сериозниот удар од економската и енергетската криза на државно ниво, буџетот за наредната година е креиран така што ќе ги задоволи барањата на граѓаните и ќе овозможи реализација на капитални и зелени проекти. Сметам дека заедно со мојот тим, но и на консултативните средби со граѓаните на кои тие лично ни ги кажаа своите сугестии и предлози, а од кои голем дел ги земавме предвит, успеавме да создадеме развоен буџет кој ќе биде по мерка за аеродромци, истакна градоначалникот Муцунски.

Од Општина Аеродром велат дека и во 2023 година ќе продолжат со грижата за најранливите категории граѓани преку креирање мерки и политики за олеснување на нивниот живот.

Истовремено, остануваме посветени на заложбата за создавање нови зелени површини и заштита на природата и животната средина. И во годината која следува остануваме посветени и фокусирани на нашите жители и на создавањето подобри услови за живот и работа на секој аеродромец, велат од Општината.

Од ВМРО-ДПМНЕ го поздравуваат овој Буџет, но потенцираат дека „коалицијата СДС, ДУИ и Левица функционира и во општина Аеродром, не го поддржаа буџетот кој носи нови градинки, училишта, паркови и улици“.

Коалицијата СДС, ДУИ и Левица чиј лепак се тендерите и матни зделки се против развојот на општина Аеродром. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сами го донесоа буџетот за 2023 година, со кој ќе се овозможи изградба на нови градинки, училишта, паркови и улици, а кои ќе бидат новиот лик на Аеродром. Буџетот на општина Аеродром за 2023 година е развоен, во кој е предвидени изградба на низа инфраструктурни објекти, капитални инвестиции и поддршка за граѓаните. По носењето на Буџетот, градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцински, кажа дека како прв човек на општината, се радува што следната година ќе продолжат важните и клучни проекти кои се започнати оваа година, а со што се остварува континуит во развојот на општината Аеродром како урбана, спортска, модерна и зелена општина. Нови градинки, нови плоштади, училишта и паркови – ова ќе биде новиот лик на Аеродром во 2023 година. Со Буџетот е предвидена и поддршка за ранливите категории граѓани, ќе се субвенционира спортот, ќе се вложува во неговиот развој и ќе се инвестира во проекти за секое населено место и за сите возрасни групи. Градоначалникот Муцунски изрази благодарност до Претседателот на Советот, Дејан Митески и до сите членови на Советот за поддршката и соработката во 2022 година. И во 2023 година како и во 2022 година, потребите и барањата на граѓаните ќе бидат приоритет во работата на општина Аеродром, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица не го поддржаа буџетот кој носи нови градинки, училишта, паркови и улици appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Аеродром вчерва го изгласа и усвои новиот развоен буџет за 2023 година кој, како што велат, примарно се заснова на капитални и зелени проекти, како и инвестиции во сите области. Посебен акцент во буџетот е ставен на изградба и доградба на нови градинки и училишта, како и изведба на нови плоштади, паркови и сообраќајници. Буџетот има цел да ги реши предизвиците со капацитетите за упис и едукација на децата во градинките и училиштата, се издвојуваат значителни средства за подобрување на воспитно-образовниот процес, вметнување на нови содржини во наставата и создавање современи услови за учење, спортување и правилен раст и развој на нашите идни генерации, велат од Општината, додавајќи дека и оваа година буџетот предвидува инвестиции во професионалниот и рекреативниот спорт, со што Аеродром се стреми да го задржи епитетот на најспортска општина во Македонија.
И покрај сериозниот удар од економската и енергетската криза на државно ниво, буџетот за наредната година е креиран така што ќе ги задоволи барањата на граѓаните и ќе овозможи реализација на капитални и зелени проекти. Сметам дека заедно со мојот тим, но и на консултативните средби со граѓаните на кои тие лично ни ги кажаа своите сугестии и предлози, а од кои голем дел ги земавме предвит, успеавме да создадеме развоен буџет кој ќе биде по мерка за аеродромци, истакна градоначалникот Муцунски.
Од Општина Аеродром велат дека и во 2023 година ќе продолжат со грижата за најранливите категории граѓани преку креирање мерки и политики за олеснување на нивниот живот.
Истовремено, остануваме посветени на заложбата за создавање нови зелени површини и заштита на природата и животната средина. И во годината која следува остануваме посветени и фокусирани на нашите жители и на создавањето подобри услови за живот и работа на секој аеродромец, велат од Општината.
Од ВМРО-ДПМНЕ го поздравуваат овој Буџет, но потенцираат дека „коалицијата СДС, ДУИ и Левица функционира и во општина Аеродром, не го поддржаа буџетот кој носи нови градинки, училишта, паркови и улици“.
Коалицијата СДС, ДУИ и Левица чиј лепак се тендерите и матни зделки се против развојот на општина Аеродром. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сами го донесоа буџетот за 2023 година, со кој ќе се овозможи изградба на нови градинки, училишта, паркови и улици, а кои ќе бидат новиот лик на Аеродром. Буџетот на општина Аеродром за 2023 година е развоен, во кој е предвидени изградба на низа инфраструктурни објекти, капитални инвестиции и поддршка за граѓаните. По носењето на Буџетот, градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцински, кажа дека како прв човек на општината, се радува што следната година ќе продолжат важните и клучни проекти кои се започнати оваа година, а со што се остварува континуит во развојот на општината Аеродром како урбана, спортска, модерна и зелена општина. Нови градинки, нови плоштади, училишта и паркови – ова ќе биде новиот лик на Аеродром во 2023 година. Со Буџетот е предвидена и поддршка за ранливите категории граѓани, ќе се субвенционира спортот, ќе се вложува во неговиот развој и ќе се инвестира во проекти за секое населено место и за сите возрасни групи. Градоначалникот Муцунски изрази благодарност до Претседателот на Советот, Дејан Митески и до сите членови на Советот за поддршката и соработката во 2022 година. И во 2023 година како и во 2022 година, потребите и барањата на граѓаните ќе бидат приоритет во работата на општина Аеродром, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица не го поддржаа буџетот кој носи нови градинки, училишта, паркови и улици appeared first on Република.

]]>
Кадиевска Војновиќ: Буџетот за 2023 година e влез кон банкрот! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kadievska-vojnovikj-budzetot-za-2023-godina-e-vlez-kon-bankrot/ Sat, 24 Dec 2022 08:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=589404

Владата со буџетот за 2023 година потврди дека Македонија е влезена во период на стагфлација, односно по нискиот раст оваа година, во 2023 година планираат низок раст од 2,9% и повторно висока инфлација од 7,1%, вели во интервјуто за порталот „Пари“ финансискиот експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка, Маја Кадиевска Војновиќ, која се приклучи кон острите критики од експертите за усвоениот буџет и фискалната политика во земјава.

Владата со буџетот за 2023 година планира да потроши 5,3 милијарди евра што е за 65% повеќе од последниот буџет во 2017 година на претходната власт (од 3,2 милијарди евра). Веќе втора година по ред вкупните расходи годишно растат над половина милијарда евра, а во меѓувреме справувањето со кризи потфрла и реализација на инфраструктурни проекти нема. Генерално, Владата со буџетот за 2023 година потврди дека Македонија е влезена во период на стагфлација, односно по нискиот раст оваа година, во 2023 година планираат низок раст од 2,9% и повторно висока инфлација од 7,1%. Но, проекцијата за растот е опимистичка во услови кога забавува економската активност на нашите најголеми трговски партнери и кога забавува и домашната побарувачка заради високите малопродажни цени кои го еродираат реалниот доход на населението и високите цени за струјата, кои ја намалуваат ликвидноста на домашните фирми и можноста за инвестиции. Владата докажа дека нема капацитет да реализира капитални проекти, па затоа базирањето на растот на инвестициската активност на државата е неразумно. Од друга страна, ризиците за инфлацијата се во нагорна насока, поттикнати од надворешни и домашни фактори. Буџетот се полни од инфлацијата, а не од реалната економија, вели таа.

Целото интервју на Пари

The post Кадиевска Војновиќ: Буџетот за 2023 година e влез кон банкрот! appeared first on Република.

Собранието го донесе Буџетот за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-go-donese-budzetot-za-2023-godina/ Fri, 23 Dec 2022 16:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=589272

Собранието попладнево, со 56 гласови „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ го донесе Дополнетиот буџет за 2023 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими пред гласањето за Буџетот се заблагодари на сите кои учествуваа во дебатата која според него дала резултати и посочи дека се прифатени неколку амандамни.

Според Бесими, Буџетот е реален и развоен, заснован на златното правило во јавните финансии – капиталните расходи да се повисоки од буџетскиот дефицит.

Оценката на опозицијата, пак, која најави дека ќе гласа воздржано, е дека Буџетот е преобемен и инфлаторен и оти со него ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг.

За Дополнетниот буџет на пленарна седница се расправаше пет дена. Дополнетиот буџет беше доставен во Собранието откако Владата ги вгради прифатените амандмани од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Во Буџетот за 2023 година, растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

Во него се предвидени околу 250 милиони евра за надминување на предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и средства за редовна исплата на платите и пензиите и за поддршка на фирмите и земјоделците.

Ова е прв буџет донесен согласно Законот за буџети и според Владата, тој е насочен кон ублажување на последиците од енергетската криза и кон непречено финансирање на евроинтеграциите и со него се поставува основата за економско заздравување, забрзување на економскиот раст и за постепена фискална консолидација.

The post Собранието го донесе Буџетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево, со 56 гласови „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ го донесе Дополнетиот буџет за 2023 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред гласањето за Буџетот се заблагодари на сите кои учествуваа во дебатата која според него дала резултати и посочи дека се прифатени неколку амандамни. Според Бесими, Буџетот е реален и развоен, заснован на златното правило во јавните финансии – капиталните расходи да се повисоки од буџетскиот дефицит. Оценката на опозицијата, пак, која најави дека ќе гласа воздржано, е дека Буџетот е преобемен и инфлаторен и оти со него ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг. За Дополнетниот буџет на пленарна седница се расправаше пет дена. Дополнетиот буџет беше доставен во Собранието откако Владата ги вгради прифатените амандмани од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Во Буџетот за 2023 година, растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година. Во него се предвидени околу 250 милиони евра за надминување на предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и средства за редовна исплата на платите и пензиите и за поддршка на фирмите и земјоделците. Ова е прв буџет донесен согласно Законот за буџети и според Владата, тој е насочен кон ублажување на последиците од енергетската криза и кон непречено финансирање на евроинтеграциите и со него се поставува основата за економско заздравување, забрзување на економскиот раст и за постепена фискална консолидација.

The post Собранието го донесе Буџетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Буџетот на МВР за 2023 зголемен за шест проценти на 182,7 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/budzetot-na-mvr-za-2023-zgolemen-za-shest-procenti-na-182-7-milioni-evra/ Thu, 15 Dec 2022 10:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=585862

Предлог-буџетот за МВР за 2023 година е зголемен за шест проценти и ќе биде 182,7 милиони евра. Основната цел на предлог Буџетот 2023 е да се обезбеди понатамошно системско реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата, информираа на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во овој Предлог- буџет, информира Ковачевски, е планирана ставка за исплата на бонус плати за 2023 година со остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво, со што, рече, Владата реши голем проблем и на штета на Буџетот и на штета на полицајците.

Со години наназад бонус платите не им се исплаќаа, за што тие со право поднесуваа тужби за остварување на своите права, а државата од Буџетот плаќање отштета. Владата ја смени таа несоодветна практика и досега се исплатени заостанатите не исплатени бонус плати и редовно продолжуваме за исплата на истите од 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година, изјави премиерот Ковачевски.

Можеме и мораме да работиме уште подинамично на реформирање на МВР, порача меѓу другото министерот Спасовски, кој се надоврза на она што го презентираше Ковачевски, издвојувајќи неколку побитни работи кои обезбедуваат развојна линија на МВР, во приоритетните области кои како раководство ги поставивме пред шест години.

Со зголемувањето за шест проценти во споредба со минатогодишниот буџет, нагласија на прес-конференцијата, е обезбедено во ставките кои овозможуваат континуитет во градењето на современа и стручна институција, заснована на законитост и понатамошен развој на демократските принципи во полициското работење, согласно европските препораки и стандарди.

Преку реализацијата на проектираниот буџет на МВР, пред нас се две основни цели, нагласи Спасовски, првата е продолжување на воспоставениот концепт: полицијата – сервис на граѓаните.

Нашата цел е продлабочување на партнерството меѓу граѓаните и полициските службеници што ќе продолжи да произведува уште поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, за одржување на јавниот ред и мир, како и за заштита на материјалните добра на граѓаните. Како дел од проектите од кои директен бенефит ќе има заедницата е продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, со кој досега опфативме завидна бројка од 78 комплетно реконструирани објекти, најголем дел енергетско ефикасни, во насока на енергетски заштеди и зачувување на животната средина, рече Спасовски.

Имено, дел од средствата во делот Капитални расходи се наменети за целосна реконструкција на Центарот за обука Идризово. Со оглед на фактот што годишно во овој Центар посетуваат обука во просек по 600 кандидати, најави министерот Спасовски, само за основна обука за полицаец и по уште толку припадници на МВР и други сродни државни институции во рамки на континуираните обуки, овој потфат ќе значи не само подобрување на условите за работа на вработените во Центарот за обука, туку инвестирање во образовна институција која редовно подготвува нови генерации на кандидати кои ја избрале полициската професија за животен повик, но и колеги кои веќе работат, а се надградуваат по различни основи.

Спасовски ја спомена и целосната реконструкција на Одделот за граѓански работи – Управните служби на МВР, која практично претставува лицето на МВР, со оглед на фреквенцијата на граѓани кои во неа ги остваруваат граѓанските правата и должности.

За илустрација, годинава низ неа поминале над 913.000 граѓани само за издавање на лични, патни документи и возачки дозволи. Притоа, со реализацијата на оваа реконструкција ќе се промени и концептот на функционирање во насока на нашето воспоставениот концепт – Полицијата – поблиску до граѓаните. Односно, ќе има еден отворен и полесно пристапен концепт за сите граѓани, а со тоа и побрза реализација на бараните услуги. И, секако, дел од средствата наменети за капитални проекти се планирани за изградба на Полициската станица Аеродром, што значи градба на сосема нов објект димензиониран согласно потребите на општината, при што конечно ќе се напушти сегашната барака од времен карактер во која оваа станица функционира над 22 години. И во овие три објекти ќе бидат имплементирани мерки за енергетска ефикасност, со што очекуваме актуелните заштеди на електрична енергија од 30 проценти, посочи на прес-конференцијата Спасовски.

The post Буџетот на МВР за 2023 зголемен за шест проценти на 182,7 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Предлог-буџетот за МВР за 2023 година е зголемен за шест проценти и ќе биде 182,7 милиони евра. Основната цел на предлог Буџетот 2023 е да се обезбеди понатамошно системско реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата, информираа на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во овој Предлог- буџет, информира Ковачевски, е планирана ставка за исплата на бонус плати за 2023 година со остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво, со што, рече, Владата реши голем проблем и на штета на Буџетот и на штета на полицајците.
Со години наназад бонус платите не им се исплаќаа, за што тие со право поднесуваа тужби за остварување на своите права, а државата од Буџетот плаќање отштета. Владата ја смени таа несоодветна практика и досега се исплатени заостанатите не исплатени бонус плати и редовно продолжуваме за исплата на истите од 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година, изјави премиерот Ковачевски.
Можеме и мораме да работиме уште подинамично на реформирање на МВР, порача меѓу другото министерот Спасовски, кој се надоврза на она што го презентираше Ковачевски, издвојувајќи неколку побитни работи кои обезбедуваат развојна линија на МВР, во приоритетните области кои како раководство ги поставивме пред шест години. Со зголемувањето за шест проценти во споредба со минатогодишниот буџет, нагласија на прес-конференцијата, е обезбедено во ставките кои овозможуваат континуитет во градењето на современа и стручна институција, заснована на законитост и понатамошен развој на демократските принципи во полициското работење, согласно европските препораки и стандарди. Преку реализацијата на проектираниот буџет на МВР, пред нас се две основни цели, нагласи Спасовски, првата е продолжување на воспоставениот концепт: полицијата – сервис на граѓаните.
Нашата цел е продлабочување на партнерството меѓу граѓаните и полициските службеници што ќе продолжи да произведува уште поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, за одржување на јавниот ред и мир, како и за заштита на материјалните добра на граѓаните. Како дел од проектите од кои директен бенефит ќе има заедницата е продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, со кој досега опфативме завидна бројка од 78 комплетно реконструирани објекти, најголем дел енергетско ефикасни, во насока на енергетски заштеди и зачувување на животната средина, рече Спасовски.
Имено, дел од средствата во делот Капитални расходи се наменети за целосна реконструкција на Центарот за обука Идризово. Со оглед на фактот што годишно во овој Центар посетуваат обука во просек по 600 кандидати, најави министерот Спасовски, само за основна обука за полицаец и по уште толку припадници на МВР и други сродни државни институции во рамки на континуираните обуки, овој потфат ќе значи не само подобрување на условите за работа на вработените во Центарот за обука, туку инвестирање во образовна институција која редовно подготвува нови генерации на кандидати кои ја избрале полициската професија за животен повик, но и колеги кои веќе работат, а се надградуваат по различни основи. Спасовски ја спомена и целосната реконструкција на Одделот за граѓански работи – Управните служби на МВР, која практично претставува лицето на МВР, со оглед на фреквенцијата на граѓани кои во неа ги остваруваат граѓанските правата и должности.
За илустрација, годинава низ неа поминале над 913.000 граѓани само за издавање на лични, патни документи и возачки дозволи. Притоа, со реализацијата на оваа реконструкција ќе се промени и концептот на функционирање во насока на нашето воспоставениот концепт – Полицијата – поблиску до граѓаните. Односно, ќе има еден отворен и полесно пристапен концепт за сите граѓани, а со тоа и побрза реализација на бараните услуги. И, секако, дел од средствата наменети за капитални проекти се планирани за изградба на Полициската станица Аеродром, што значи градба на сосема нов објект димензиониран согласно потребите на општината, при што конечно ќе се напушти сегашната барака од времен карактер во која оваа станица функционира над 22 години. И во овие три објекти ќе бидат имплементирани мерки за енергетска ефикасност, со што очекуваме актуелните заштеди на електрична енергија од 30 проценти, посочи на прес-конференцијата Спасовски.

The post Буџетот на МВР за 2023 зголемен за шест проценти на 182,7 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Буџетот за животната средина повторно почнува со нула, загадувањето останува на маргините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/budzetot-za-zivotnata-sredina-povtorno-pochnuva-so-nula-zagaduvanjeto-ostanuva-na-marginite/ Wed, 30 Nov 2022 12:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=580039

Буџетот е во Собранието, е најголем до сега, но она што е одвоено за животна средина е маргинално, само 0,65 проценти. Сите овие изминати години, овој процент е минимален и почнува со нула, со исклучок на 2022 година каде се издигна над еден процент од Буџетот, но колку ќе биде реализирано на крај на годината, останува отворено прашање, нагласија од О2 Иницијатива.

Оттаму потсетија дека во 2019, како приоритет, Владата воведе програма за намалување на аерозагадувањето, за во 2021 година, како што истакнаа, оваа програма неславно да згасне, со реализирани само 324 илјади евра за таа цел. Аерозагадувањето, како што заклучија од О2 Иницијатива, е проблем за кој имаше залет да се реши, но многу бргу замре.

Истата година, 2019, Владата создаде нова програма, за Зелен развој, за решавање на климатските и еколошки проблеми, но првата година сите средства беа пренаменети за друг цели, а за годинава планирани се само 1.6 милиони евра, односно 0.03 проценти од Буџетот, за 17 пати помалку од средствата за годинава, додадоа од О2 Иницијатива.

Оттаму истакнаа дека во Буџетот за 2023 година и натаму нема предвидени средства за промена на начинот на греење на болниците, нема средства за темпираната бомба на депонијата со хром на Југохром која се провлекува со децении, каде канцерогениот шествалентен хром понира уште подлабоко и подалеку, висејќи како Дамоклов меч врз водата од изворот Рашче.

Од О2 иницијатива додадоа дека нема средства ниту за мерење на опасните супстанци во воздухот со акредитирани методи од државни лаборатории, што како држава, законски имаме обврска да ги мериме редовно и континуирано, а кои мерења инспекторите можат да ги користат во своите надзори.

Животната средина, кога се работи за клучните нешта, постојано останува на маргините, а истата е основа на нашиот живот, без која не се може. Ако се загади водата на Рашче, ќе нема вода за пиење на цел скопски регион, ако ги оставиме болниците на мазут, ќе продолжи нивното смртоносно влијание врз ранливите категории кои се лечат и престојуваат во нив, како и жителите во нивниот округ, но и пошироко. Последиците ќе бидат прерано загубените животи и бројните заболени од респираторни, кардиоваскуларни, канцерогени заболувања. Немерење на особено опасните и канцерогени супстанци во воздухот, ќе оневозможи доколку има повисоки вредности да се реагира на време и да бидат преземени мерки за нивно намалување, а со тоа директно да се заштити здравјето на луѓето, заклучија од О2 Иницијатива.

Години наназад, О2 Иницијатива поднесува предлог-амадмани на Буџетот до пратениците, кои потоа ги поднесуваат во нивно име.

И оваа година не е исклучок и нашите амандмани се токму на наведените теми. Минатогодишното усвојување на амандманот за спроведување на првични анализи во Пеленица од страна на министерот за финансии Бесими и пратениците, доведе до минатомесечното испитување на терен и потврдување дека на таа локација е закопан линдан, негови деривати и друг индустриски отпад. Апелираме јавно до министерот за финансии Фатмир Бесими, неговиот заменик Филип Николоски и до сите пратеници членови на Комисијата за финансирање и буџет, да ги усвојат амандманите предложени во име на О2 Иницијатива, имајќи ја предвид сериозноста и критичноста на проблемите кои ги опфаќаат, потенцираа од О2 Иницијатива.

The post Буџетот за животната средина повторно почнува со нула, загадувањето останува на маргините appeared first on Република.

]]>

Буџетот е во Собранието, е најголем до сега, но она што е одвоено за животна средина е маргинално, само 0,65 проценти. Сите овие изминати години, овој процент е минимален и почнува со нула, со исклучок на 2022 година каде се издигна над еден процент од Буџетот, но колку ќе биде реализирано на крај на годината, останува отворено прашање, нагласија од О2 Иницијатива. Оттаму потсетија дека во 2019, како приоритет, Владата воведе програма за намалување на аерозагадувањето, за во 2021 година, како што истакнаа, оваа програма неславно да згасне, со реализирани само 324 илјади евра за таа цел. Аерозагадувањето, како што заклучија од О2 Иницијатива, е проблем за кој имаше залет да се реши, но многу бргу замре.
Истата година, 2019, Владата создаде нова програма, за Зелен развој, за решавање на климатските и еколошки проблеми, но првата година сите средства беа пренаменети за друг цели, а за годинава планирани се само 1.6 милиони евра, односно 0.03 проценти од Буџетот, за 17 пати помалку од средствата за годинава, додадоа од О2 Иницијатива.
Оттаму истакнаа дека во Буџетот за 2023 година и натаму нема предвидени средства за промена на начинот на греење на болниците, нема средства за темпираната бомба на депонијата со хром на Југохром која се провлекува со децении, каде канцерогениот шествалентен хром понира уште подлабоко и подалеку, висејќи како Дамоклов меч врз водата од изворот Рашче. Од О2 иницијатива додадоа дека нема средства ниту за мерење на опасните супстанци во воздухот со акредитирани методи од државни лаборатории, што како држава, законски имаме обврска да ги мериме редовно и континуирано, а кои мерења инспекторите можат да ги користат во своите надзори.
Животната средина, кога се работи за клучните нешта, постојано останува на маргините, а истата е основа на нашиот живот, без која не се може. Ако се загади водата на Рашче, ќе нема вода за пиење на цел скопски регион, ако ги оставиме болниците на мазут, ќе продолжи нивното смртоносно влијание врз ранливите категории кои се лечат и престојуваат во нив, како и жителите во нивниот округ, но и пошироко. Последиците ќе бидат прерано загубените животи и бројните заболени од респираторни, кардиоваскуларни, канцерогени заболувања. Немерење на особено опасните и канцерогени супстанци во воздухот, ќе оневозможи доколку има повисоки вредности да се реагира на време и да бидат преземени мерки за нивно намалување, а со тоа директно да се заштити здравјето на луѓето, заклучија од О2 Иницијатива.
Години наназад, О2 Иницијатива поднесува предлог-амадмани на Буџетот до пратениците, кои потоа ги поднесуваат во нивно име.
И оваа година не е исклучок и нашите амандмани се токму на наведените теми. Минатогодишното усвојување на амандманот за спроведување на првични анализи во Пеленица од страна на министерот за финансии Бесими и пратениците, доведе до минатомесечното испитување на терен и потврдување дека на таа локација е закопан линдан, негови деривати и друг индустриски отпад. Апелираме јавно до министерот за финансии Фатмир Бесими, неговиот заменик Филип Николоски и до сите пратеници членови на Комисијата за финансирање и буџет, да ги усвојат амандманите предложени во име на О2 Иницијатива, имајќи ја предвид сериозноста и критичноста на проблемите кои ги опфаќаат, потенцираа од О2 Иницијатива.

The post Буџетот за животната средина повторно почнува со нула, загадувањето останува на маргините appeared first on Република.

]]>
Едно на митинзи, друго во Собрание: Буџетот е манипулативен, СДСМ ги доведува до заблуда пратениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/edno-na-mitinzi-drugo-vo-sobranie-budzetot-e-manipulativen-sdsm-gi-doveduva-do-zabluda-pratenicite/ Wed, 30 Nov 2022 07:13:06 +0000 https://republika.mk/?p=579824

„Јас би сакал нешто да отворам во јавноста за првпат оваа вечер, а тоа е бројката, она што е првичната бројка врз која се прави потоа целиот буџет, а тоа е бројката на растот на БДП. Она кое што нас ни е сервирано во Собранието, а е јавно достапен документ и до вас медиумите, а тоа е дека ќе имаме 2.9% раст на БДП, и од оваа бројка потоа се прават и приходни и расходни страни во економијата. Ние имавме прес конференција во петокот во која што зборувавме за јавниот долг, СДСМ возврати со релативизирање и се повикуваа на ЕБОР, каде што ЕБОР ни предвидува 2.3% економски раст. И тоа го направија на прес конференција“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата за „Обнова на Македонија“ при гостување во емисијата „24 Отворено“.

Пренџов додаде дека истиот тој ден заменик претседателот на СДСМ, Лукаревска кажа дека следната година ќе биде нова година, нова надеж, а проекциите на ЕБОР се 2.3%. Дури и Лукаревска се повика на податокот на ЕБОР, 2.3% економски раст. Исто така ова се случува и кога Ковачевски при средба на граѓани вели дека Македонија следна година ќе има економски раст од 2.3%.

„И тука се поставува прашањето ако пратениците не убедуваат во Собранието дека ќе имаме 2.9% раст на економијата и за тоа гласаат, а истовремено сите тие пратеници кога слушаат дека ќе имаме 2.3% на митинзи на СДСМ и аплаудираат на тоа имаме сериозен проблем. Ние тука имаме сериозен манипулативен Буџет кој што веднаш треба да се повлече од Собранието и да се доработи, за да имаме вистински проекции и да знаеме што гласаме. Овака пратениците се доведуваат во заблуда“, нагласи тој.

Пратеникот се осврна и на непродуктивните трошоци на власта.

„Знаете што е непродуктивен трошок? Непродуктивен трошок е кога во ставката на Влада на Република Македонија договорни услуги имате 656 милиони 620 илјади. Во нив имате уште 29 милиони 125 илјади други тековни расходи, и уште привремени вработувања 10 милиони, плус плати за администрација. Имате 15 милиони евра за советници кога ќе нмеата работа, ама 160 денари за студенти да им дадете немате. Е, ова се непродуктивни трошоци“, истакна Пренџов.

Пренџов додаде дека власта зборуваше за антикризни мерки, но граѓаните не им веруваат на тоа. Бидејќи во 2020-тата година и 2021 година кога говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, тие манипулираа. Државен завод за ревизија следната година кога влезе по институциите да види што се случувало за време на короната покрај тоа што констатираше дека имало профитерство на одредени директори во време на пандемијата, исто така констатираа дека помош од страна на државата кон граѓаните и стопанството е околу 280 милиони, а власта убедуваше дека е милијарда и 150 милиони.

„Капиталните расходи ако ги зборуваме како апсолутна бројка на Буџетот 5 милијарди и на Буџетот од 2 милијарди не се исти. Затоа ова се официјални податоци како процент/удел, на пример во 2014-тата биле 55.8% удел, 2015-та биле 58%, 2016-та биле 59%, а сега имаме 2022 година 31%, 2021 биле 26% и сега се планира со Ребаланс за 2023 година да бидат 20.6% од уделот“, укажа пратеникот.

Пратеникот посочи дека на први јуни долгот во 2017-тата година беше 4.7 милијарди евра. А, со овој Буџет кој што го планира власта до крајот на следната година долгот на Македонија ќе биде 8.5 милијарди евра. Оваа Влада ќе ја задолжи Македонија колку сите Влади од независноста до 2017-та година.

„Откога СДСМ е на власт, од први јуни 2017-та година до ден денешен потрошиле 20 милијарди и 370 милиони евра и ако ги ставиме овие 5.3 доаѓаме до речиси 26 милијарди потрошени буџети на оваа Влада“, укажа тој.

The post Едно на митинзи, друго во Собрание: Буџетот е манипулативен, СДСМ ги доведува до заблуда пратениците appeared first on Република.

]]>

„Јас би сакал нешто да отворам во јавноста за првпат оваа вечер, а тоа е бројката, она што е првичната бројка врз која се прави потоа целиот буџет, а тоа е бројката на растот на БДП. Она кое што нас ни е сервирано во Собранието, а е јавно достапен документ и до вас медиумите, а тоа е дека ќе имаме 2.9% раст на БДП, и од оваа бројка потоа се прават и приходни и расходни страни во економијата. Ние имавме прес конференција во петокот во која што зборувавме за јавниот долг, СДСМ возврати со релативизирање и се повикуваа на ЕБОР, каде што ЕБОР ни предвидува 2.3% економски раст. И тоа го направија на прес конференција“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата за „Обнова на Македонија“ при гостување во емисијата „24 Отворено“. Пренџов додаде дека истиот тој ден заменик претседателот на СДСМ, Лукаревска кажа дека следната година ќе биде нова година, нова надеж, а проекциите на ЕБОР се 2.3%. Дури и Лукаревска се повика на податокот на ЕБОР, 2.3% економски раст. Исто така ова се случува и кога Ковачевски при средба на граѓани вели дека Македонија следна година ќе има економски раст од 2.3%. „И тука се поставува прашањето ако пратениците не убедуваат во Собранието дека ќе имаме 2.9% раст на економијата и за тоа гласаат, а истовремено сите тие пратеници кога слушаат дека ќе имаме 2.3% на митинзи на СДСМ и аплаудираат на тоа имаме сериозен проблем. Ние тука имаме сериозен манипулативен Буџет кој што веднаш треба да се повлече од Собранието и да се доработи, за да имаме вистински проекции и да знаеме што гласаме. Овака пратениците се доведуваат во заблуда“, нагласи тој. Пратеникот се осврна и на непродуктивните трошоци на власта. „Знаете што е непродуктивен трошок? Непродуктивен трошок е кога во ставката на Влада на Република Македонија договорни услуги имате 656 милиони 620 илјади. Во нив имате уште 29 милиони 125 илјади други тековни расходи, и уште привремени вработувања 10 милиони, плус плати за администрација. Имате 15 милиони евра за советници кога ќе нмеата работа, ама 160 денари за студенти да им дадете немате. Е, ова се непродуктивни трошоци“, истакна Пренџов. Пренџов додаде дека власта зборуваше за антикризни мерки, но граѓаните не им веруваат на тоа. Бидејќи во 2020-тата година и 2021 година кога говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, тие манипулираа. Државен завод за ревизија следната година кога влезе по институциите да види што се случувало за време на короната покрај тоа што констатираше дека имало профитерство на одредени директори во време на пандемијата, исто така констатираа дека помош од страна на државата кон граѓаните и стопанството е околу 280 милиони, а власта убедуваше дека е милијарда и 150 милиони. „Капиталните расходи ако ги зборуваме како апсолутна бројка на Буџетот 5 милијарди и на Буџетот од 2 милијарди не се исти. Затоа ова се официјални податоци како процент/удел, на пример во 2014-тата биле 55.8% удел, 2015-та биле 58%, 2016-та биле 59%, а сега имаме 2022 година 31%, 2021 биле 26% и сега се планира со Ребаланс за 2023 година да бидат 20.6% од уделот“, укажа пратеникот. Пратеникот посочи дека на први јуни долгот во 2017-тата година беше 4.7 милијарди евра. А, со овој Буџет кој што го планира власта до крајот на следната година долгот на Македонија ќе биде 8.5 милијарди евра. Оваа Влада ќе ја задолжи Македонија колку сите Влади од независноста до 2017-та година. „Откога СДСМ е на власт, од први јуни 2017-та година до ден денешен потрошиле 20 милијарди и 370 милиони евра и ако ги ставиме овие 5.3 доаѓаме до речиси 26 милијарди потрошени буџети на оваа Влада“, укажа тој.

The post Едно на митинзи, друго во Собрание: Буџетот е манипулативен, СДСМ ги доведува до заблуда пратениците appeared first on Република.

]]>
Пренџов: Буџетот треба веднаш да се повлече и да се доработи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prendzov-budzetot-treba-vednash-da-se-povleche-i-da-se-doraboti/ Tue, 29 Nov 2022 21:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=579799

Јас би сакал нешто да отворам во јавноста за првпат оваа вечер, а тоа е бројката, она што е првичната бројка врз која се прави потоа целиот буџет, а тоа е бројката на растот на БДП. Она кое што нас ни е сервирано во Собранието, а е јавно достапен документ и до вас медиумите, а тоа е дека ќе имаме 2.9% раст на БДП, и од оваа бројка потоа се прават и приходни и расходни страни во економијата. Ние имавме прес конференција во петокот во која што зборувавме за јавниот долг, СДСМ возврати со релативизирање и се повикуваа на ЕБОР, каде што ЕБОР ни предвидува 2.3% економски раст. И тоа го направија на прес конференција”, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата за „Обнова на Македонија” при гостување во емисијата „24 Отворено”.

Пренџов додаде дека истиот тој ден заменик претседателот на СДСМ, Лукаревска кажа дека следната година ќе биде нова година, нова надеж, а проекциите на ЕБОР се 2.3%. Дури и Лукаревска се повика на податокот на ЕБОР, 2.3% економски раст. Исто така ова се случува и кога Ковачевски при средба на граѓани вели дека Македонија следна година ќе има економски раст од 2.3%.

И тука се поставува прашањето ако пратениците не убедуваат во Собранието дека ќе имаме 2.9% раст на економијата и затоа гласаат, а истовремено сите тие пратеници кога слушаат дека ќе имаме 2.3% на митинзи на СДСМ и аплаудираат на тоа имаме сериозен проблем. Ние тука имаме сериозен манипулативен Буџет кој што веднаш треба да се повлече од Собранието и да се доработи, за да имаме вистински проекции и да знаеме што гласаме. Овака пратениците се доведуваат во заблуда”, нагласи тој.

Пратеникот се осврна и на непродуктивните трошоци на власта.

Знаете што е непродуктивен трошок? Непродуктивен трошок е кога во ставката на Влада на Република Македонија договорни услуги имате 656 милиони 620 илјади. Во нив имате уште 29 милиони 125 илјади други тековни расходи, и уште привремени вработувања 10 милиони, плус плати за администрација. Имате 15 милиони евра за советници кога ќе нмеата работа, ама 160 денари за студенти да им дадете немате. Е, ова се непродуктивни трошоци”, истакна Пренџов.

Пренџов додаде дека власта зборуваше за антикризни мерки, но граѓаните не им веруваат на тоа. Бидејќи во 2020-тата година и 2021 година кога говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, тие манипулираа. Државен завод за ревизија следната година кога влезе по институциите да види што се случувало за време на короната покрај тоа што констатираше дека имало профитерство на одредени директори во време на пандемијата, исто така констатираа дека помош од страна на државата кон граѓаните и стопанството е околу 280 милиони, а власта убедуваше дека е милијарда и 150 милиони.

Капиталните расходи ако ги зборуваме како апсолутна бројка на Буџетот 5 милијарди и на Буџетот од 2 милијарди не се исти. Затоа ова се официјални податоци како процент/удел, на пример во 2014-тата биле 55.8% удел, 2015-та биле 58%, 2016-та биле 59%, а сега имаме 2022 година 31%, 2021 биле 26% и сега се планира со Ребаланс за 2023 година да бидат 20.6% од уделот”, укажа пратеникот.

Пратеникот посочи дека на први јуни долгот во 2017-тата година беше 4.7 милијарди евра. А, со овој Буџет кој што го планира власта до крајот на следната година долгот на Македонија ќе биде 8.5 милијарди евра. Оваа Влада ќе ја задолжи Македонија колку сите Влади од независноста до 2017-та година.

Откога СДСМ е на власт, од први јуни 2017-та година до ден денешен потрошиле 20 милијарди и 370 милиони евра и ако ги ставиме овие 5.3 доаѓаме до речиси 26 милијарди потрошени буџети на оваа Влада”, укажа тој.

The post Пренџов: Буџетот треба веднаш да се повлече и да се доработи appeared first on Република.

]]>

Јас би сакал нешто да отворам во јавноста за првпат оваа вечер, а тоа е бројката, она што е првичната бројка врз која се прави потоа целиот буџет, а тоа е бројката на растот на БДП. Она кое што нас ни е сервирано во Собранието, а е јавно достапен документ и до вас медиумите, а тоа е дека ќе имаме 2.9% раст на БДП, и од оваа бројка потоа се прават и приходни и расходни страни во економијата. Ние имавме прес конференција во петокот во која што зборувавме за јавниот долг, СДСМ возврати со релативизирање и се повикуваа на ЕБОР, каде што ЕБОР ни предвидува 2.3% економски раст. И тоа го направија на прес конференција”, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата за „Обнова на Македонија” при гостување во емисијата „24 Отворено”. Пренџов додаде дека истиот тој ден заменик претседателот на СДСМ, Лукаревска кажа дека следната година ќе биде нова година, нова надеж, а проекциите на ЕБОР се 2.3%. Дури и Лукаревска се повика на податокот на ЕБОР, 2.3% економски раст. Исто така ова се случува и кога Ковачевски при средба на граѓани вели дека Македонија следна година ќе има економски раст од 2.3%.
И тука се поставува прашањето ако пратениците не убедуваат во Собранието дека ќе имаме 2.9% раст на економијата и затоа гласаат, а истовремено сите тие пратеници кога слушаат дека ќе имаме 2.3% на митинзи на СДСМ и аплаудираат на тоа имаме сериозен проблем. Ние тука имаме сериозен манипулативен Буџет кој што веднаш треба да се повлече од Собранието и да се доработи, за да имаме вистински проекции и да знаеме што гласаме. Овака пратениците се доведуваат во заблуда”, нагласи тој.
Пратеникот се осврна и на непродуктивните трошоци на власта.
Знаете што е непродуктивен трошок? Непродуктивен трошок е кога во ставката на Влада на Република Македонија договорни услуги имате 656 милиони 620 илјади. Во нив имате уште 29 милиони 125 илјади други тековни расходи, и уште привремени вработувања 10 милиони, плус плати за администрација. Имате 15 милиони евра за советници кога ќе нмеата работа, ама 160 денари за студенти да им дадете немате. Е, ова се непродуктивни трошоци”, истакна Пренџов.
Пренџов додаде дека власта зборуваше за антикризни мерки, но граѓаните не им веруваат на тоа. Бидејќи во 2020-тата година и 2021 година кога говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, тие манипулираа. Државен завод за ревизија следната година кога влезе по институциите да види што се случувало за време на короната покрај тоа што констатираше дека имало профитерство на одредени директори во време на пандемијата, исто така констатираа дека помош од страна на државата кон граѓаните и стопанството е околу 280 милиони, а власта убедуваше дека е милијарда и 150 милиони.
Капиталните расходи ако ги зборуваме како апсолутна бројка на Буџетот 5 милијарди и на Буџетот од 2 милијарди не се исти. Затоа ова се официјални податоци како процент/удел, на пример во 2014-тата биле 55.8% удел, 2015-та биле 58%, 2016-та биле 59%, а сега имаме 2022 година 31%, 2021 биле 26% и сега се планира со Ребаланс за 2023 година да бидат 20.6% од уделот”, укажа пратеникот.
Пратеникот посочи дека на први јуни долгот во 2017-тата година беше 4.7 милијарди евра. А, со овој Буџет кој што го планира власта до крајот на следната година долгот на Македонија ќе биде 8.5 милијарди евра. Оваа Влада ќе ја задолжи Македонија колку сите Влади од независноста до 2017-та година.
Откога СДСМ е на власт, од први јуни 2017-та година до ден денешен потрошиле 20 милијарди и 370 милиони евра и ако ги ставиме овие 5.3 доаѓаме до речиси 26 милијарди потрошени буџети на оваа Влада”, укажа тој.

The post Пренџов: Буџетот треба веднаш да се повлече и да се доработи appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Буџетот за 2023 година обезбедува средства за нов раст на минималната плата и ново зголемување на пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-budzetot-za-2023-godina-obezbeduva-sredstva-za-nov-rast-na-minimalnata-plata-i-novo-zgolemuvanje-na-penziite/ Fri, 11 Nov 2022 08:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=572598

Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог Буџетот за 2023 кој е прв буџет што е усогласен со новиот Закон за буџети и истиот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза.

Со Буџетот за 2023 година, на дело продолжува грижата за граѓаните и за домашната економија.

Тој обезбедува ново зголемување на минималната плата и нов раст на пензиите, за што се предвидени значително повеќе средства споредено со оваа година.

Дополнителни 250 милиони евра се предвидени за продолжување на помошта и поддршката за граѓаните во справувањето со последиците од глобалната економска криза.

Со Буџетот за 2023 сериозен фокус се става и на капиталните инвестиции.

Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, што е за околу 52,3% повеќе во однос на проекцијата за 2022 година.

Буџетот за 2023 е развоен и е одговор на последиците од кризата. Сите пратеници да го поддржат овој најважен документ за македонската економија.

Соопштение на СДСМ

The post СДСМ: Буџетот за 2023 година обезбедува средства за нов раст на минималната плата и ново зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог Буџетот за 2023 кој е прв буџет што е усогласен со новиот Закон за буџети и истиот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза. Со Буџетот за 2023 година, на дело продолжува грижата за граѓаните и за домашната економија. Тој обезбедува ново зголемување на минималната плата и нов раст на пензиите, за што се предвидени значително повеќе средства споредено со оваа година. Дополнителни 250 милиони евра се предвидени за продолжување на помошта и поддршката за граѓаните во справувањето со последиците од глобалната економска криза. Со Буџетот за 2023 сериозен фокус се става и на капиталните инвестиции. Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, што е за околу 52,3% повеќе во однос на проекцијата за 2022 година. Буџетот за 2023 е развоен и е одговор на последиците од кризата. Сите пратеници да го поддржат овој најважен документ за македонската економија. Соопштение на СДСМ

The post СДСМ: Буџетот за 2023 година обезбедува средства за нов раст на минималната плата и ново зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Буџетот за 2023 е развоен, 250 милиони евра за мерки и близу 800 милиони евра за капитални проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-budzetot-za-2023-e-razvoen-250-milioni-evra-za-merki-i-blizu-800-milioni-evra-za-kapitalni-proekti/ Thu, 10 Nov 2022 13:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=572329

„Владата го усвои предлог-буџетот за 2023 година и тој наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Буџетот за 2023 година е прв буџет кој е усогласен со новиот Закон за буџети, што го донесовме овде во Собранието и истиот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза. Само за оваа цел во буџетот за следната година се издвоени 250 милиони евра“, рече на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ.

Таа вели дека „приходната страна во предлог-буџетот за 2023 е планирана на ниво од 282 милијарди денари и истата е за 14,8% повисока во однос на 2022 година. Од друга страна, расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година, со што продолжува постепената фискална консолидација со буџетски дефицит“.

Она што е особено важно да се потенцира е зголемувањето на средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери кон граѓаните. Предвидени се 75 милијарди денари за исплата на пензии или за околу 10% повеќе во однос на оваа година. Тука е земена предвид новата методологија за пресметка на пензиите, според која усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и пораст на просечно исплатена плата за сите вработени во висина од 50%, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите, рече Шкријељ.

Пратеничката напомена дека „расходите за плати проектирани се на 34,9 милијарди денари, согласно постојните законски решенија, односно сумата е повисока за 1,6 милијарди денари и е во насока на усогласување со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија. Со воспоставениот модел за раст на минималната плата во март следната таа ќе порасне за 10 % и ќе достигне речиси 20.000 денари“.

Во март оваа година минималната плата изнесуваше 15.200 денари, што значи дека само за една календарска година таа ќе се зголеми за над 30 отсто. Предвидени се и 12,5 милијарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани. Со буџетот за 2023 сериозен фокус се става на и на капиталните инвестиции. Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, односно за околу 52,3% повисоки во однос на проекцијата за 2022 година, посочи таа.

The post СДСМ: Буџетот за 2023 е развоен, 250 милиони евра за мерки и близу 800 милиони евра за капитални проекти appeared first on Република.

]]>

„Владата го усвои предлог-буџетот за 2023 година и тој наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Буџетот за 2023 година е прв буџет кој е усогласен со новиот Закон за буџети, што го донесовме овде во Собранието и истиот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза. Само за оваа цел во буџетот за следната година се издвоени 250 милиони евра“, рече на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ. Таа вели дека „приходната страна во предлог-буџетот за 2023 е планирана на ниво од 282 милијарди денари и истата е за 14,8% повисока во однос на 2022 година. Од друга страна, расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година, со што продолжува постепената фискална консолидација со буџетски дефицит“.