Будва Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/budva/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 09:01:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Будва Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/budva/ 32 32 Група од 20 малолетници во Будва фрлале камења по момче и брутално го претепале, соучениците снимале https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grupa-od-20-maloletnitsi-vo-budva-frlale-kamena-po-momche-i-brutalno-go-pretepale-souchenitsite-snimale/ Tue, 10 Sep 2024 09:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=814855

Тринаесетгодишно момче на 1 септември во вечерните часови на игралиштето во будванската населба Адок било брутално претепано од врсниците, но за тоа нема да одговараат бидејќи дежурниот обвинител оценил дека се малолетни на возраст од 14 години, кои не се ниту кривично ниту прекршочни одговорни.

Дали нивните родители ќе бидат прекршочно санкционирани ќе се знае откако Центарот за социјална работа во Будва ќе се произнесе за настанот, соопштија од редакцијата на Управата на полицијата.

Мајката на претепаното момче за „Вијести“ изјави дека на инцидентот му претходело „несогласување на нејзиниот син со врсник за кошарка“.

После тоа, тврди таа, тој врсник му праќал заканувачки пораки, а потоа го чекал со уште дваесетина момчиња на кошаркарскиот терен, каде му нанеле бројни повреди, меѓу кои и потрес на мозокот, поради што бил испратен од итната медицинска помош во Будва на клиника.

Според мајката насобраните момчиња не направиле ништо за да ги спречат, туку навивале за насилниците, ги поттикнувале и снимале додека тринаесетгодишникот бил брутално претепан.

The post Група од 20 малолетници во Будва фрлале камења по момче и брутално го претепале, соучениците снимале appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишно момче на 1 септември во вечерните часови на игралиштето во будванската населба Адок било брутално претепано од врсниците, но за тоа нема да одговараат бидејќи дежурниот обвинител оценил дека се малолетни на возраст од 14 години, кои не се ниту кривично ниту прекршочни одговорни.
Дали нивните родители ќе бидат прекршочно санкционирани ќе се знае откако Центарот за социјална работа во Будва ќе се произнесе за настанот, соопштија од редакцијата на Управата на полицијата.
Мајката на претепаното момче за „Вијести“ изјави дека на инцидентот му претходело „несогласување на нејзиниот син со врсник за кошарка“. После тоа, тврди таа, тој врсник му праќал заканувачки пораки, а потоа го чекал со уште дваесетина момчиња на кошаркарскиот терен, каде му нанеле бројни повреди, меѓу кои и потрес на мозокот, поради што бил испратен од итната медицинска помош во Будва на клиника. Според мајката насобраните момчиња не направиле ништо за да ги спречат, туку навивале за насилниците, ги поттикнувале и снимале додека тринаесетгодишникот бил брутално претепан.

The post Група од 20 малолетници во Будва фрлале камења по момче и брутално го претепале, соучениците снимале appeared first on Република.

]]>
Внимавајте ако летувате во Будва: Се појавија огнени црви месојадци https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vnimavajte-ako-letuvate-vo-budva-se-pojavija-ogneni-tsrvi-mesojadtsi/ Tue, 18 Jun 2024 12:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=788585

Огнени црви, чија должина може да достигне и до 30 сантиметри, претставуваат сериозна закана за туристите и локалното население во Будва, поточно на Словенската плажа.

Нивниот невротоксин предизвикува вртоглавица, главоболка и други алергиски симптоми кои можат да траат и до два дена. Овие црви, според истражувањето на Националниот институт за морски истражувања на Црна Гора, предизвикуваат штета и на рибите.

Станува збор за „многу отровен вид на морска гасеница - Огнен црв“. Се советува дека ако ги забележите најдобро е да ги уништите со запалка.

The post Внимавајте ако летувате во Будва: Се појавија огнени црви месојадци appeared first on Република.

]]>

Огнени црви, чија должина може да достигне и до 30 сантиметри, претставуваат сериозна закана за туристите и локалното население во Будва, поточно на Словенската плажа. Нивниот невротоксин предизвикува вртоглавица, главоболка и други алергиски симптоми кои можат да траат и до два дена. Овие црви, според истражувањето на Националниот институт за морски истражувања на Црна Гора, предизвикуваат штета и на рибите. Станува збор за „многу отровен вид на морска гасеница - Огнен црв“. Се советува дека ако ги забележите најдобро е да ги уништите со запалка.

The post Внимавајте ако летувате во Будва: Се појавија огнени црви месојадци appeared first on Република.

]]>
Паника меѓу туристите: Месојадни црви забележани на плажите во Будва и во Италија https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/panika-megu-turistite-mesojadni-tsrvi-zabelezhani-na-plazhite-vo-budva-i-vo-italija/ Sun, 16 Jun 2024 11:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=788100

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите и за жителите од овие региони издаден е црвен аларм за инвазија од месојадните црви, пишуваат медиумиte.

Месојадните црви испуштаат невротоксин, што предизвикува главоболка и вртоглавица. Долги се од 20 до 30 сантиметри и главно живеат на камено но и во песочното морско дно. Вообичаени се на Карибите и во тропските региони на западниот Атлантик.

Институтите за истражување на црви предупредуваат дека ваквите црви прават штета на рибарската индустрија оти се фаќаат за риболовната опрема.

За оние кои ќе дојдат во допир со вакви црви, експертите советуваат боцките да се отстрануваат со суви прсти или леплива лента за да се избегне триење на кожата. Освен дезинфекција, препорачуваат да се измијат со ладна вода зафатените делови од телото и посета на лекар доколку се појават алергиски симптоми или покачена телесна температура.

 

The post Паника меѓу туристите: Месојадни црви забележани на плажите во Будва и во Италија appeared first on Република.

]]>

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите и за жителите од овие региони издаден е црвен аларм за инвазија од месојадните црви, пишуваат медиумиte. Месојадните црви испуштаат невротоксин, што предизвикува главоболка и вртоглавица. Долги се од 20 до 30 сантиметри и главно живеат на камено но и во песочното морско дно. Вообичаени се на Карибите и во тропските региони на западниот Атлантик. Институтите за истражување на црви предупредуваат дека ваквите црви прават штета на рибарската индустрија оти се фаќаат за риболовната опрема. За оние кои ќе дојдат во допир со вакви црви, експертите советуваат боцките да се отстрануваат со суви прсти или леплива лента за да се избегне триење на кожата. Освен дезинфекција, препорачуваат да се измијат со ладна вода зафатените делови од телото и посета на лекар доколку се појават алергиски симптоми или покачена телесна температура.  

The post Паника меѓу туристите: Месојадни црви забележани на плажите во Будва и во Италија appeared first on Република.

]]>
Им влегле во хотелските соби: Албанци нападнале млади српски фудбалери во Будва https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/im-vlegle-vo-hotelskite-sobi-albantsi-napadnale-mladi-srpski-fudbaleri-vo-budva/ Tue, 28 May 2024 12:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=782446

Млади фудбалери од два белградски клуба, ФК Олимпик и Ф.К. Мунгоси се нападнати во хотел во Будва, пишува „Република.рс“

Децата се на  возраст од осум до 12 години и деноноќно биле напаѓани од тинејџери Албанци кои биле четири години постари, така што среде ноќ упаѓале во нивните соби, им фрлале петарди, им се заканувале, навредувале и употребувале најлоши пцовки и навреди.

Рецепционерот бил принуден да ги заклучи собите но Албанците скокале од прозорците.

The post Им влегле во хотелските соби: Албанци нападнале млади српски фудбалери во Будва appeared first on Република.

]]>

Млади фудбалери од два белградски клуба, ФК Олимпик и Ф.К. Мунгоси се нападнати во хотел во Будва, пишува „Република.рс“ Децата се на  возраст од осум до 12 години и деноноќно биле напаѓани од тинејџери Албанци кои биле четири години постари, така што среде ноќ упаѓале во нивните соби, им фрлале петарди, им се заканувале, навредувале и употребувале најлоши пцовки и навреди. Рецепционерот бил принуден да ги заклучи собите но Албанците скокале од прозорците.

The post Им влегле во хотелските соби: Албанци нападнале млади српски фудбалери во Будва appeared first on Република.

]]>
Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/sina-ajkula-teshka-200-kilogrami-ulovena-vo-budva/ Sat, 18 May 2024 16:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=779591

Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.

Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.

Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.

 

The post Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва appeared first on Република.

]]>

Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва. Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет. Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.  

The post Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-vecherva-gostuva-na-festival-vo-budva/ Sun, 16 Jul 2023 06:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=661823

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, на Македонскиот народен театар гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. „Народен непријател„ ќе биде изведена вечерва во 21 часот во рамките на 37. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва.

Второто гостување е задутре, во 21.30 часот на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ во Тиват. Покрај нашата претстава, во натпреварувачката програма се уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

 

The post „Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва appeared first on Република.

]]>

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, на Македонскиот народен театар гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. „Народен непријател„ ќе биде изведена вечерва во 21 часот во рамките на 37. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва. Второто гостување е задутре, во 21.30 часот на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ во Тиват. Покрај нашата претстава, во натпреварувачката програма се уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит. Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.  

The post „Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва appeared first on Република.

]]>
Турист со казна од 500 евра научи горка лекција што не смее да прави во Будва https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turist-so-kazna-od-500-evra-nauchi-gorka-lektsija-shto-ne-smee-da-pravi-vo-budva/ Sat, 08 Jul 2023 07:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=659102

Српскиот државјанин В.М.(55) од Белград доби казна од 500 евра за вербално насилство врз својата малолетна ќерка во Будва, се вели во соопштението на Судот за прекршоци во Будва потпишано од претседателот Марко Ѓукановиќ.

Како што се посочува, тој во четвртокот околу 16 часот на шеталиштето „Словенска обала“ неколку пати грубо ја навредувал ќерка си, поради што реагирала и полицијата.

Властите во Будва објавија нацрт на Одлуката за комунален ред, која помина на јавна расправа, а во која, меѓудругото, се предвидени казни од 200 евра за сите оние туристи, како и локалните жители, кои се движат во Стариот град на Будва во костим за капење или без дел од облеката.

The post Турист со казна од 500 евра научи горка лекција што не смее да прави во Будва appeared first on Република.

]]>

Српскиот државјанин В.М.(55) од Белград доби казна од 500 евра за вербално насилство врз својата малолетна ќерка во Будва, се вели во соопштението на Судот за прекршоци во Будва потпишано од претседателот Марко Ѓукановиќ. Како што се посочува, тој во четвртокот околу 16 часот на шеталиштето „Словенска обала“ неколку пати грубо ја навредувал ќерка си, поради што реагирала и полицијата. Властите во Будва објавија нацрт на Одлуката за комунален ред, која помина на јавна расправа, а во која, меѓудругото, се предвидени казни од 200 евра за сите оние туристи, како и локалните жители, кои се движат во Стариот град на Будва во костим за капење или без дел од облеката.

The post Турист со казна од 500 евра научи горка лекција што не смее да прави во Будва appeared first on Република.

]]>
Скопје и Будва во финалниот избор за Европска престолнина на културата во 2028 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopje-i-budva-vo-finalniot-izbor-za-evropska-prestolnina-na-kulturata-vo-2028-godina/ Tue, 20 Dec 2022 14:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=588011

Скопје и Будва влегоа во потесниот избор за да станат Европска престолнина на културата во 2028 година. Ова е објавено на веб-страницата на Европската комисија во делот за култура и креативност.

Носител на апликацијата е јавната установа Универзална сала, а проектот е финансиран од Град Скопје.

Град Скопје првпат во 2014 година ја најави идејата за кандидатура за титулата Европска престолнина на културата како дел од заложбите за европска интеграција на градот. Скопје е главен град на земја со повеќегодишен кандидатски статус за членство во ЕУ.

-Будва и Скопје влегоа во потесниот избор на конкурсот за титулата Европска престолнина на културата за 2028 година во земји на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат. Панел составен од 10 независни експерти го предложи потесниот избор на еднодневниот онлајн состанок, се наведува во соопштението.

Влегувањето во потесниот избор за титулата ЕПК 2028 може да резултира со значителни културни, економски и социјални придобивки за градовите, под услов нивната понуда да е предводена од долгорочна развојна стратегија за културата.

Градовите имаат рок до јуни 2023 година да ги комплетираат своите апликации. Панелот ќе се состане во септември 2023 година за да селектира и предложи еден град кој ќе стане трета европска престолнина на културата од земја на ЕФТА/ЕЕА по ЕПК Нови Сад (Србија) во 2022 година и ЕПК Бодо (Норвешка) во 2024 година.

Во истата година, ќе има уште две европски престолнини на културата, една во Република Чешка (Бромув и Будвајс се најдоа во потесниот избор во октомври 2022 година) и една во Република Франција (селекцијата за француските градови ќе се одржи на почетокот на март 2023 година).

За градовите да станат европска престолнина на културата, постапката за избор се спроведува во два круга: предизборен круг, по што се составува потесен список на градови кандидати и девет месеци подоцна – финален изборен круг.

За натпреварот меѓу градовите во земја на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат кој учествува во програмата на Креативна Европа, панел составен од 10 независни експерти назначени од институциите и телата на Европската Унија ги евалуираат апликациите и предложуваат потесен список, а во вториот круг избраниот град го предложуваат до Европската комисија. Избраниот град потоа официјално е назначен од Европската комисија.

Градовите кои ќе поднесат апликација треба да подготват културна програма со силна европска димензија, а мора да имаат трајно влијание и придонес за долгорочен развој на градот. Градовите исто така мора да покажат дека имаат поддршка од релевантните јавни локални власти и капацитет за реализација на проектот (тим и инфраструктура).

Европска престолнина на културата е програма на Европската Комисија започната во 1985 година. Идејата за ЕПК се иницира и започнува во 1985 година по предлог на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури (актерка). Европската престолнина на културата прерасна во еден од најамбициозните културни проекти во Европа и стана една од најпознатите и најценетите активности на ЕУ. Целта на ЕПК е да се промовира различноста на културите во Европа, да се истакнат заедничките карактеристики и да се поттикне придонесот на културата во долгорочниот развој на градовите.

Во периодот од 1985 до 2021 година, оваа титула е доделена на околу 60 градови од 30 земји од Европа, меѓу кои се повеќе градови од Југоисточна Европа, а од 2021 и на градови од земји кандидатки за Европска Унија.

Програмата има за цел да го нагласи богатството и разновидноста на културите во Европа, да ги празнува културните карактеристики кои европските граѓани ги споделуваат, исто така има за цел да го зголеми чувството на припадност на европските граѓани кон една заедничка културна област и да го поттикне придонесот на културата во развојот на градовите.

The post Скопје и Будва во финалниот избор за Европска престолнина на културата во 2028 година appeared first on Република.

]]>

Скопје и Будва влегоа во потесниот избор за да станат Европска престолнина на културата во 2028 година. Ова е објавено на веб-страницата на Европската комисија во делот за култура и креативност. Носител на апликацијата е јавната установа Универзална сала, а проектот е финансиран од Град Скопје. Град Скопје првпат во 2014 година ја најави идејата за кандидатура за титулата Европска престолнина на културата како дел од заложбите за европска интеграција на градот. Скопје е главен град на земја со повеќегодишен кандидатски статус за членство во ЕУ. -Будва и Скопје влегоа во потесниот избор на конкурсот за титулата Европска престолнина на културата за 2028 година во земји на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат. Панел составен од 10 независни експерти го предложи потесниот избор на еднодневниот онлајн состанок, се наведува во соопштението. Влегувањето во потесниот избор за титулата ЕПК 2028 може да резултира со значителни културни, економски и социјални придобивки за градовите, под услов нивната понуда да е предводена од долгорочна развојна стратегија за културата. Градовите имаат рок до јуни 2023 година да ги комплетираат своите апликации. Панелот ќе се состане во септември 2023 година за да селектира и предложи еден град кој ќе стане трета европска престолнина на културата од земја на ЕФТА/ЕЕА по ЕПК Нови Сад (Србија) во 2022 година и ЕПК Бодо (Норвешка) во 2024 година. Во истата година, ќе има уште две европски престолнини на културата, една во Република Чешка (Бромув и Будвајс се најдоа во потесниот избор во октомври 2022 година) и една во Република Франција (селекцијата за француските градови ќе се одржи на почетокот на март 2023 година). За градовите да станат европска престолнина на културата, постапката за избор се спроведува во два круга: предизборен круг, по што се составува потесен список на градови кандидати и девет месеци подоцна – финален изборен круг. За натпреварот меѓу градовите во земја на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат кој учествува во програмата на Креативна Европа, панел составен од 10 независни експерти назначени од институциите и телата на Европската Унија ги евалуираат апликациите и предложуваат потесен список, а во вториот круг избраниот град го предложуваат до Европската комисија. Избраниот град потоа официјално е назначен од Европската комисија. Градовите кои ќе поднесат апликација треба да подготват културна програма со силна европска димензија, а мора да имаат трајно влијание и придонес за долгорочен развој на градот. Градовите исто така мора да покажат дека имаат поддршка од релевантните јавни локални власти и капацитет за реализација на проектот (тим и инфраструктура). Европска престолнина на културата е програма на Европската Комисија започната во 1985 година. Идејата за ЕПК се иницира и започнува во 1985 година по предлог на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури (актерка). Европската престолнина на културата прерасна во еден од најамбициозните културни проекти во Европа и стана една од најпознатите и најценетите активности на ЕУ. Целта на ЕПК е да се промовира различноста на културите во Европа, да се истакнат заедничките карактеристики и да се поттикне придонесот на културата во долгорочниот развој на градовите. Во периодот од 1985 до 2021 година, оваа титула е доделена на околу 60 градови од 30 земји од Европа, меѓу кои се повеќе градови од Југоисточна Европа, а од 2021 и на градови од земји кандидатки за Европска Унија. Програмата има за цел да го нагласи богатството и разновидноста на културите во Европа, да ги празнува културните карактеристики кои европските граѓани ги споделуваат, исто така има за цел да го зголеми чувството на припадност на европските граѓани кон една заедничка културна област и да го поттикне придонесот на културата во развојот на градовите.

The post Скопје и Будва во финалниот избор за Европска престолнина на културата во 2028 година appeared first on Република.

]]>
Се степаа навивачи во Будва, летаа камења и фаќели на сите страни https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/se-stepaa-navivachi-vo-budva-letaa-kamenja-i-fakjeli-na-site-strani/ Sat, 01 Oct 2022 09:12:16 +0000 https://republika.mk/?p=556251

Десетина лица се приведени откако синоќа во Будва околу 23.30 часот се степале навивачи. Тие едни кон други фрлале камења и фаќели.

Црногорските медиуми објавија дека тепачката се случила меѓу членови на групата „Варвари“ од Подгорица со навивачи на Црвена Звезда од Будва, а причина за тоа бил графит.

Во инцидентот неколку лица биле полесно повредени, а оштетено е и едно возило.

The post Се степаа навивачи во Будва, летаа камења и фаќели на сите страни appeared first on Република.

]]>

Десетина лица се приведени откако синоќа во Будва околу 23.30 часот се степале навивачи. Тие едни кон други фрлале камења и фаќели. Црногорските медиуми објавија дека тепачката се случила меѓу членови на групата „Варвари“ од Подгорица со навивачи на Црвена Звезда од Будва, а причина за тоа бил графит. Во инцидентот неколку лица биле полесно повредени, а оштетено е и едно возило.

The post Се степаа навивачи во Будва, летаа камења и фаќели на сите страни appeared first on Република.

]]>
Хотелот „Лоза“ во Будва, во кој се затруле стотина туристи, веќе имал забрана за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hotelot-loza-vo-budva-vo-koj-se-zatrule-stotina-turisti-vekje-imal-zabrana-za-rabota/ Sun, 28 Aug 2022 12:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=544940

Црногорската туристичка инспекција го затвори хотелот Лоза во Будва, во кој што биле сместени околу 100 туристи кои вчера побарале лекарска помош поради симптоми на труење со храна.

Најголем број од туристите, кои главно се од Европа, се сместени во болницата Данило Први во Цетиње. Како што објави РТЦГ, тие се во добра здравствена состојба и денеска треба да бидат пуштени на домашно лекување.

Како што соопшти Ана Вујошевиќ, директорка на Управата за инспекциски работи, ова е осми пат за неколку месеци како хотелот „Лоза“ во Будва е затворен. „Сите сместувачки единици во хотелот (100 соби), ресторанот и кујната се запечатени. Значи, целиот објект“, изјави Вујошевиќ за РТЦГ и посочи дека пломбите претходно биле незаконски извадени седум пати, што е кривично дело според црногорскиот закон.

Црногорскиот институт за јавно здравје претходно соопшти дека земал мостри од хотелските простории и ги испратил на анализа за да се утврди причината за труењето на туристите. Гостите кои престојувале во хотелот „Лоза“ сега претежно се сместени во други хотели во Будва на сметка на црногорското Министерство за економски развој и туризам.

Раководителите на општина Будва доцна синоќа потврдија дека околу 100 туристи, главно од Полска, Словачка, Словенија и Хрватска, се пријавиле во болниците во Котор, Бар и Цетиње со дигестивни проблеми. Црногорскиот министер за здравство во техничката влада, Драгослав Шќекиќ, исто така, се огласи на Твитер и напиша дека црногорските здравствени установи „брзо и одговорно ја обезбедиле потребната здравствена заштита“.

The post Хотелот „Лоза“ во Будва, во кој се затруле стотина туристи, веќе имал забрана за работа appeared first on Република.

]]>

Црногорската туристичка инспекција го затвори хотелот Лоза во Будва, во кој што биле сместени околу 100 туристи кои вчера побарале лекарска помош поради симптоми на труење со храна. Најголем број од туристите, кои главно се од Европа, се сместени во болницата Данило Први во Цетиње. Како што објави РТЦГ, тие се во добра здравствена состојба и денеска треба да бидат пуштени на домашно лекување. Како што соопшти Ана Вујошевиќ, директорка на Управата за инспекциски работи, ова е осми пат за неколку месеци како хотелот „Лоза“ во Будва е затворен. „Сите сместувачки единици во хотелот (100 соби), ресторанот и кујната се запечатени. Значи, целиот објект“, изјави Вујошевиќ за РТЦГ и посочи дека пломбите претходно биле незаконски извадени седум пати, што е кривично дело според црногорскиот закон. Црногорскиот институт за јавно здравје претходно соопшти дека земал мостри од хотелските простории и ги испратил на анализа за да се утврди причината за труењето на туристите. Гостите кои престојувале во хотелот „Лоза“ сега претежно се сместени во други хотели во Будва на сметка на црногорското Министерство за економски развој и туризам. Раководителите на општина Будва доцна синоќа потврдија дека околу 100 туристи, главно од Полска, Словачка, Словенија и Хрватска, се пријавиле во болниците во Котор, Бар и Цетиње со дигестивни проблеми. Црногорскиот министер за здравство во техничката влада, Драгослав Шќекиќ, исто така, се огласи на Твитер и напиша дека црногорските здравствени установи „брзо и одговорно ја обезбедиле потребната здравствена заштита“.

The post Хотелот „Лоза“ во Будва, во кој се затруле стотина туристи, веќе имал забрана за работа appeared first on Република.

]]>
Речиси 100 туристи, меѓу кои десетици деца, се затруле од храна во Будва https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rechisi-100-turisti-megju-koi-desetici-deca-se-zatrule-od-hrana-vo-budva/ Sat, 27 Aug 2022 14:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=544721

Во општина Будва е потврдено дека има труење со храна и дека гостите од ресторан се пријавиле во медицински установи поради стомачни проблеми.

Порталот „Дан“ засега официјална потврда добил само од Општата болница во Котор каде синоќа биле примени голем број туристи со стомачни тегоби.

Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст од 15-16 години. Донесени се со акутен синдром - повраќање. Сите беа брзо згрижени, а утрово повторно беа направени лабораториските испитувања. После тоа, околу 11 часот утринава се пуштени на домашно лекување - изјавил за „Дан“, директорот на болницата во Котор, д-р Давор Кумбуровиќ.

Во Здравствениот дом во Будва соопштија дека не знаат за што се работи, додека во државните институции никој не сака да зборува за тоа, бидејќи е неработен ден, пренесува црногорскиот медиум.

Претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ изјави дека општинската администрација им стојат на располагање на туристите кои имале здравствени проблеми и доколку има потреба ќе им обезбедат сместување, превоз и се останато.

The post Речиси 100 туристи, меѓу кои десетици деца, се затруле од храна во Будва appeared first on Република.

]]>

Во општина Будва е потврдено дека има труење со храна и дека гостите од ресторан се пријавиле во медицински установи поради стомачни проблеми. Порталот „Дан“ засега официјална потврда добил само од Општата болница во Котор каде синоќа биле примени голем број туристи со стомачни тегоби.
Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст од 15-16 години. Донесени се со акутен синдром - повраќање. Сите беа брзо згрижени, а утрово повторно беа направени лабораториските испитувања. После тоа, околу 11 часот утринава се пуштени на домашно лекување - изјавил за „Дан“, директорот на болницата во Котор, д-р Давор Кумбуровиќ.
Во Здравствениот дом во Будва соопштија дека не знаат за што се работи, додека во државните институции никој не сака да зборува за тоа, бидејќи е неработен ден, пренесува црногорскиот медиум. Претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ изјави дека општинската администрација им стојат на располагање на туристите кои имале здравствени проблеми и доколку има потреба ќе им обезбедат сместување, превоз и се останато.

The post Речиси 100 туристи, меѓу кои десетици деца, се затруле од храна во Будва appeared first on Република.

]]>
Будва: Лавче десет дена шета на слобода, за утре закажана потера, кој сака, нека се пријави https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/budva-lavche-deset-dena-sheta-na-sloboda-za-utre-zakazana-potera-koj-saka-neka-se-prijavi/ Wed, 09 Feb 2022 16:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=456371

Црногорската Агенција за заштита на животната средина денеска соопшти дека организира потрага по младенче од лав, кое наводно му побегнало на сопственикот во Будва кон крајот на јануари.

Во поканата испратена до граѓаните се наведува дека во среда во 11 часот пред седиштето на Агенцијата во Подгорица ќе се организира транспорт до Будва со цел да се пребара теренот и биолозите да го лоцираат и да го фатат младенчето од лав. Учеството во акцијата е на доброволна основа.

Како што се наведува, лавчето, доколку биде пронајдено, ќе биде сместено на привремено место пред да се најде трајно решение во едно од засолништата за лавови.

Кон крајот на јануари, црногорските медиуми објавија дека младенче од лав избегало од дворот на странски државјанин кој го чувал животното како домашно милениче.

Црногорската полиција тогаш соопшти дека работи „на утврдување на околностите како младенчето во сопственост на странски државјанин воопшто влегло во Црна Гора“.

Полицијата започна локална потрага, но безуспешно, пренесе Индекс.

The post Будва: Лавче десет дена шета на слобода, за утре закажана потера, кој сака, нека се пријави appeared first on Република.

]]>

Црногорската Агенција за заштита на животната средина денеска соопшти дека организира потрага по младенче од лав, кое наводно му побегнало на сопственикот во Будва кон крајот на јануари. Во поканата испратена до граѓаните се наведува дека во среда во 11 часот пред седиштето на Агенцијата во Подгорица ќе се организира транспорт до Будва со цел да се пребара теренот и биолозите да го лоцираат и да го фатат младенчето од лав. Учеството во акцијата е на доброволна основа. Како што се наведува, лавчето, доколку биде пронајдено, ќе биде сместено на привремено место пред да се најде трајно решение во едно од засолништата за лавови. Кон крајот на јануари, црногорските медиуми објавија дека младенче од лав избегало од дворот на странски државјанин кој го чувал животното како домашно милениче. Црногорската полиција тогаш соопшти дека работи „на утврдување на околностите како младенчето во сопственост на странски државјанин воопшто влегло во Црна Гора“. Полицијата започна локална потрага, но безуспешно, пренесе Индекс.

The post Будва: Лавче десет дена шета на слобода, за утре закажана потера, кој сака, нека се пријави appeared first on Република.

]]>