буџет за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/budhet-za-kultura/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Mar 2023 07:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png буџет за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/budhet-za-kultura/ 32 32 Буџетот за култура да се уреди со закон, вели министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/budhetot-za-kultura-da-se-uredi-so-zakon-veli-ministerkata-bisera-kostadinovska-stojchevska/ Mon, 20 Mar 2023 07:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=621377

Буџетот за култура треба да е уреден со закон за да не се крати за културните проекти. Кратењето на буџетот е заради обезбедување на платите на културните работници согласно Колективниот договор што изнесува 51,3%, и е заслужено бидејќи 15 години се бореа за своите права, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во емисијата „Стадион” на радио Канал 77.

Таа додаде дека сите аномалии со бодувањето и доделувањето на платите во минатото се спроведува согласно со закон и вреднување на работата на уметниците и културните работници.

На прашањето во врска со несакананиот настан, односно обивањето на просториите на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и за различните реакциите од страна на Бугарија, министерката рече дека се слушнала со Антонија Велева директорката на Центарот и ја уверила дека Центарот не треба да е мета на напади.

Навистина имаме плодна културна соработка со Бугарија, нашите уметници континуирано учествуваат на фестивали и манифестации во Бугарија и обратно. Така што јасно е дека културата нема граници, додаде министерката во гостувањето.

За поплавата во МНТ, Костадиновска–Стојчевска рече дека оваа најпрестижна театарска институција во земјава заслужува да биде сместена во квалитетно изграден објект.

За жал иако станува збор за релативно нов објект, заради поплавата техничкиот директор мораше да плива во водата за да ја склучи струјата. За да се испумпа водата моравме да побараме помош од другите министерства. А станува збор за релативно нов објект. Центрите за култура во Струмица и во Битола пак, започнуваме да ги реновираме оваа година. Имаме објекти кои се изградени пред десетина години и се распаѓаат, но ниту една институција не ја оставаме, туку од година во година сите плански ќе ги реновираме, затоа што во секој град секоја културна сцена заслужува да биде реновирана и модерна според светски стандарди, рече Костадиновска-Стојчевска.

The post Буџетот за култура да се уреди со закон, вели министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска appeared first on Република.

]]>

Буџетот за култура треба да е уреден со закон за да не се крати за културните проекти. Кратењето на буџетот е заради обезбедување на платите на културните работници согласно Колективниот договор што изнесува 51,3%, и е заслужено бидејќи 15 години се бореа за своите права, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во емисијата „Стадион” на радио Канал 77. Таа додаде дека сите аномалии со бодувањето и доделувањето на платите во минатото се спроведува согласно со закон и вреднување на работата на уметниците и културните работници. На прашањето во врска со несакананиот настан, односно обивањето на просториите на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и за различните реакциите од страна на Бугарија, министерката рече дека се слушнала со Антонија Велева директорката на Центарот и ја уверила дека Центарот не треба да е мета на напади.