буча Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bucha/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 11:33:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png буча Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bucha/ 32 32 Лавров: Буча е наместено сценарио како „Рачак“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-bucha-e-namesteno-scenario-kako-rachak/ Fri, 27 May 2022 11:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=507611

Кога нешто е во интерес на САД, тогаш се е дозволено, па дури и да се бомбардира земјата која е оддалечена 10.000 километри од нивниот брег - Југославија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТ.

Споредете ја таа ароганција, чувството на сопствената супериорност - тоа е колонијалниот менталитет, кога сè ми е дозволено, а вие треба да го правите тоа што ќе ви кажам. Тоа се манифестира, не само што се однесува до нашите интереси. Кога им треба... Запомнете, во 1999 година, САД одлучија дека Југославија ја загрозува нивната безбедност на 10.000 километри од американскиот брег. Таа беше бомбардирана во миг - изјави Лавров.

Тој потсети дека Кристофер Вокер, кој беше шеф на ОБСЕ, прогласи геноцид на неколку трупови кои беа откриени во селото Рачак. Како што подоцна беше откриено, не станувало збор за тела на цивили, туку за војници, кои биле пресоблекувани во цивилна облека и расфрлани наоколу.

The post Лавров: Буча е наместено сценарио како „Рачак“ appeared first on Република.

]]>

Изненадна посета на Буча на германската министерка Бербок https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iznenadna-poseta-na-bucha-na-germanskata-ministerka-berbok/ Tue, 10 May 2022 09:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=500365

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска пристигна во ненајавена посета на Буча, украинскиот град во кој се убиени стотици цивили од почетокот на руската инвазија во март.

Бербок ја започна својата посета на Буча, северозападно од Киев, со разговори со жителите на градот, соопшти германската новинска агенција ДПА. По руската опсада на Буча, украинските власти пронајдоа ликвидирани цивили на улиците и во масовните гробници, а на некои им беа врзани раце.

Регионалниот гувернер на Киев, Олександр Пављук, изјави дека во областа околу Киев се пронајдени најмалку 1.235 тела на цивили.

По посетата на Буча, таа ќе отпатува во Киев, каде за попладнево е предвидена средба со нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба.

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра, преку објава на Твитер соопшти дека и тој е дел од делегацијата, која заедно со Бербок е во посета на Украина.

The post Изненадна посета на Буча на германската министерка Бербок appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска пристигна во ненајавена посета на Буча, украинскиот град во кој се убиени стотици цивили од почетокот на руската инвазија во март. Бербок ја започна својата посета на Буча, северозападно од Киев, со разговори со жителите на градот, соопшти германската новинска агенција ДПА. По руската опсада на Буча, украинските власти пронајдоа ликвидирани цивили на улиците и во масовните гробници, а на некои им беа врзани раце. Регионалниот гувернер на Киев, Олександр Пављук, изјави дека во областа околу Киев се пронајдени најмалку 1.235 тела на цивили. По посетата на Буча, таа ќе отпатува во Киев, каде за попладнево е предвидена средба со нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба. Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра, преку објава на Твитер соопшти дека и тој е дел од делегацијата, која заедно со Бербок е во посета на Украина.

The post Изненадна посета на Буча на германската министерка Бербок appeared first on Република.

]]>
Украинците бараат осомничени руски војници поради наводни злосторства во Буча: Постои сомнеж дека се во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraincite-baraat-osomnicheni-ruski-vojnici-poradi-navodni-zlostorstva-vo-bucha-postoi-somnez-deka-se-vo-ukraina/ Fri, 29 Apr 2022 17:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=495492

Украина започна потрага по десетте руски војници осомничени дека извршиле наводни злосторства во Буча, град во регионот на Киев, и каде што беа пронајдени масовни гробници по повлекувањето на Русите.

Министерството за одбрана, во меѓувреме, објави фотографии од војниците, опишувајќи ги како „очајни 10“. Обвинителите велат дека се осомничени за убиства со умисла во градот и дека наводно држеле цивили како заложници, ги малтретирале и ги ограбувале нивните домови.

Москва продолжува да негира дека нивните војници извршиле воени злосторства во Буча, каде околу еден месец беа стационирани 64 пешадиски бригади. Рускиот претседател Владимир Путин на оваа бригада и додели почести за херојство, храброст и истрајност, откако се вратија во Москва.

Сепак, се сомнева дека голем број цивили биле убиени додека оваа бригада била во Буча. Пронајдени се масовни гробници, а на улиците наводно биле пронајдени тела на цивили. Инспекторите кои извршиле увид на лице место документирале голем број докази кои укажуваат дека во овој град се случило воено злосторство.

Еден од преживеаните, Виталиј Животовски, ги опиша сите ужаси што ги доживеал во Буча за време на окупацијата.

Немавме надеж. Треперевме, но не од студ, туку од страв затоа што слушавме што им направија Русите на затворениците – изјави тој за Би-Би-Си.

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова во четвртокот објави дека идентификувале десет руски војници, а потоа ги објавила нивните фотографии.

Таа во објава на Фејсбук објасни дека се осомничени за сурово постапување со цивили, како и дека ги прекршиле законите и обичаите на војната.

– Против осомничените ќе биде распишана потерница со цел да бидат изведени пред лицето на правдата – пишува во соопштението во кое се бара секој што има некаква информација за нив да ја сподели со обвинителството.

The post Украинците бараат осомничени руски војници поради наводни злосторства во Буча: Постои сомнеж дека се во Украина appeared first on Република.

]]>

Украина започна потрага по десетте руски војници осомничени дека извршиле наводни злосторства во Буча, град во регионот на Киев, и каде што беа пронајдени масовни гробници по повлекувањето на Русите. Министерството за одбрана, во меѓувреме, објави фотографии од војниците, опишувајќи ги како „очајни 10“. Обвинителите велат дека се осомничени за убиства со умисла во градот и дека наводно држеле цивили како заложници, ги малтретирале и ги ограбувале нивните домови. Москва продолжува да негира дека нивните војници извршиле воени злосторства во Буча, каде околу еден месец беа стационирани 64 пешадиски бригади. Рускиот претседател Владимир Путин на оваа бригада и додели почести за херојство, храброст и истрајност, откако се вратија во Москва. Сепак, се сомнева дека голем број цивили биле убиени додека оваа бригада била во Буча. Пронајдени се масовни гробници, а на улиците наводно биле пронајдени тела на цивили. Инспекторите кои извршиле увид на лице место документирале голем број докази кои укажуваат дека во овој град се случило воено злосторство. Еден од преживеаните, Виталиј Животовски, ги опиша сите ужаси што ги доживеал во Буча за време на окупацијата. Немавме надеж. Треперевме, но не од студ, туку од страв затоа што слушавме што им направија Русите на затворениците – изјави тој за Би-Би-Си. Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова во четвртокот објави дека идентификувале десет руски војници, а потоа ги објавила нивните фотографии. Таа во објава на Фејсбук објасни дека се осомничени за сурово постапување со цивили, како и дека ги прекршиле законите и обичаите на војната. – Против осомничените ќе биде распишана потерница со цел да бидат изведени пред лицето на правдата – пишува во соопштението во кое се бара секој што има некаква информација за нив да ја сподели со обвинителството.

The post Украинците бараат осомничени руски војници поради наводни злосторства во Буча: Постои сомнеж дека се во Украина appeared first on Република.

]]>
Путин ја одликуваше воената единица од Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-ja-odlikuvashe-voenata-edinica-od-bucha/ Tue, 19 Apr 2022 06:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=490296

Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската воена единица стационирана во Буча, која меѓународни организации ја обвинуваат за воени злосторства, со оглед на тоа дека по нивното повлекување беа пронајдени телата на најмалку 400 луѓе.

Припадниците на 64-та бригада се одликувани за посебни заслуги, херојски акции и храброст, соопшти Кремљ. За време на одликувањето, Путин зборуваше за нивното „искусно и посветено однесување“ за време на руската „специјална воена операција“ во Украина.

Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча, кои беа откриени дури откако руските сили се повлекоа од тој дел на Украина.

Градоначалникот на украинскиот град Буча во близина на Киев минатата недела изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но тој број во меѓувреме се зголемил.

Москва, која негира дека цели на цивили од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, ги нарече обвинувањата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча за време на окупацијата на градот како „монструозен фалсификат“ со цел да се оцрни руската војска.

The post Путин ја одликуваше воената единица од Буча appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската воена единица стационирана во Буча, која меѓународни организации ја обвинуваат за воени злосторства, со оглед на тоа дека по нивното повлекување беа пронајдени телата на најмалку 400 луѓе. Припадниците на 64-та бригада се одликувани за посебни заслуги, херојски акции и храброст, соопшти Кремљ. За време на одликувањето, Путин зборуваше за нивното „искусно и посветено однесување“ за време на руската „специјална воена операција“ во Украина. Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча, кои беа откриени дури откако руските сили се повлекоа од тој дел на Украина. Градоначалникот на украинскиот град Буча во близина на Киев минатата недела изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но тој број во меѓувреме се зголемил. Москва, која негира дека цели на цивили од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, ги нарече обвинувањата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча за време на окупацијата на градот како „монструозен фалсификат“ со цел да се оцрни руската војска.

The post Путин ја одликуваше воената единица од Буча appeared first on Република.

]]>
Хрватскиот адвокат Нобило: Путин според меѓународното право не е воен злосторник, геноцид во Буча – тоа е опасна конструкција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskiot-advokat-nobilo-putin-spored-megjunarodnoto-pravo-ne-e-voen-zlostornik-genocid-vo-bucha-toa-e-opasna-konstrukcija/ Tue, 12 Apr 2022 09:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=487253

Хрватскиот адвокат Анто Нобило, кој има искуство со меѓународните трибунали за воени злосторства, смета дека Владимир Путин во моментов не може да се нарече воен злосторник. Тој додава дека за случувањата во Буча не би смеело да се користи зборот „геноцид“.

Нобило смета дека конструкциите „воен злосторник“ и „геноцид“ станале политичко средство и дека нивното прелесно изговарање може да доведе до опасни последици.

Како што вели Нобило за „Вечерњи лист“, според меѓународното право, претседателот на Русија не е воен злосторник.

The post Хрватскиот адвокат Нобило: Путин според меѓународното право не е воен злосторник, геноцид во Буча – тоа е опасна конструкција appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот адвокат Анто Нобило, кој има искуство со меѓународните трибунали за воени злосторства, смета дека Владимир Путин во моментов не може да се нарече воен злосторник. Тој додава дека за случувањата во Буча не би смеело да се користи зборот „геноцид“. Нобило смета дека конструкциите „воен злосторник“ и „геноцид“ станале политичко средство и дека нивното прелесно изговарање може да доведе до опасни последици. Како што вели Нобило за „Вечерњи лист“, според меѓународното право, претседателот на Русија не е воен злосторник.

The post Хрватскиот адвокат Нобило: Путин според меѓународното право не е воен злосторник, геноцид во Буча – тоа е опасна конструкција appeared first on Република.

]]>
Руските војници силувале 25 девојки од 14 до 24 години во Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-vojnici-siluvale-25-devojki-od-14-do-24-godini-vo-bucha/ Wed, 06 Apr 2022 13:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=484142

Украинската правобранителка Људмила Денисова кажа дека во Буча биле силувани 25 жени и девојки од страна на руските војници.

Денисова вели дека има докази за геноцид врз украинскиот народ и воени злосторства, па так аќе побараат правда пред суд.

Вкупно 25 жени од 14 до 24 години беа силувани од руски војници. Тоа се случуваше за еден месец. Секој криминалец ќе биде казнет, вели Денисова.

The post Руските војници силувале 25 девојки од 14 до 24 години во Буча appeared first on Република.

]]>

Украинската правобранителка Људмила Денисова кажа дека во Буча биле силувани 25 жени и девојки од страна на руските војници. Денисова вели дека има докази за геноцид врз украинскиот народ и воени злосторства, па так аќе побараат правда пред суд.
Вкупно 25 жени од 14 до 24 години беа силувани од руски војници. Тоа се случуваше за еден месец. Секој криминалец ќе биде казнет, вели Денисова.

The post Руските војници силувале 25 девојки од 14 до 24 години во Буча appeared first on Република.

]]>
Украинците објавија видео: Овој човек е одговорен за масакрот на цивилите во Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraincite-objavija-video-ovoj-chovek-e-odgovoren-za-masakrot-na-civilite-vo-bucha/ Wed, 06 Apr 2022 12:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=484102

Украинските разузнавачки служби објавија видео и фотографии од ветеран за кој, како што наведуваат, постои основано сомневање дека е одговорен за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинската престолнина Киев.

Осомничениот за масовните злосторства врз цивилите во Буча е идентификуван од украинските разузнавачки служби во синергија со „Информнапалм“, волонтерска иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби.

Станува збор за потполковник Азатбек Омурбеков, командант на 64-та руска моторизирана бригада, која беше вклучена во заземањето на Буча, град на околу 40 километри од центарот на Киев.

https://twitter.com/WCrimesRussian/status/1511316945093672966?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511316945093672966%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd183d0bad180d0b0d0b8d0bdd186d0b8d182d0b5-d0bed0b1d198d0b0d0b2d0b8d198d0b0-d0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bed0b2d0bed198-d187d0bed0b2d0b5d0ba%2F

The post Украинците објавија видео: Овој човек е одговорен за масакрот на цивилите во Буча appeared first on Република.

]]>

Украинските разузнавачки служби објавија видео и фотографии од ветеран за кој, како што наведуваат, постои основано сомневање дека е одговорен за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинската престолнина Киев. Осомничениот за масовните злосторства врз цивилите во Буча е идентификуван од украинските разузнавачки служби во синергија со „Информнапалм“, волонтерска иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби. Станува збор за потполковник Азатбек Омурбеков, командант на 64-та руска моторизирана бригада, која беше вклучена во заземањето на Буча, град на околу 40 километри од центарот на Киев. https://twitter.com/WCrimesRussian/status/1511316945093672966?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511316945093672966%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd183d0bad180d0b0d0b8d0bdd186d0b8d182d0b5-d0bed0b1d198d0b0d0b2d0b8d198d0b0-d0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bed0b2d0bed198-d187d0bed0b2d0b5d0ba%2F  

The post Украинците објавија видео: Овој човек е одговорен за масакрот на цивилите во Буча appeared first on Република.

]]>
Индија поддржува независна истрага за случувањата во Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/indija-poddrzuva-nezavisna-istraga-za-sluchuvanjata-vo-bucha/ Wed, 06 Apr 2022 11:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=484042

Индија соопшти дека „недвосмислено ги осудува“ убиствата на цивили во Буча и ја поддржува иницијативата за покренување независна истрага за „длабоко вознемирувачките извештаи“.

Индиската осуда дадена за време на вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН е најострата изјава на земјата за Украина и Русија од почетокот на војната, иако Индија досега се воздржуваше од гласање за резолуции во Советот за безбедност на ОН, Генералното собрание на ОН и Советот за човекови права на ОН.

Индија е земја со долга историја на неврзаност на меѓународната политичка сцена, но нејзините избалансирани дипломатски позиции се под притисок на западните земји кои сакаат државата да ја осуди ​​Русија.

Индија, кминатата недела беше критикувана од САД и Австралија за разгледување на рускиот предлог што тие сметаат дека е во спротивност со западните санкции против Русија.

The post Индија поддржува независна истрага за случувањата во Буча appeared first on Република.

]]>

Индија соопшти дека „недвосмислено ги осудува“ убиствата на цивили во Буча и ја поддржува иницијативата за покренување независна истрага за „длабоко вознемирувачките извештаи“. Индиската осуда дадена за време на вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН е најострата изјава на земјата за Украина и Русија од почетокот на војната, иако Индија досега се воздржуваше од гласање за резолуции во Советот за безбедност на ОН, Генералното собрание на ОН и Советот за човекови права на ОН. Индија е земја со долга историја на неврзаност на меѓународната политичка сцена, но нејзините избалансирани дипломатски позиции се под притисок на западните земји кои сакаат државата да ја осуди ​​Русија. Индија, кминатата недела беше критикувана од САД и Австралија за разгледување на рускиот предлог што тие сметаат дека е во спротивност со западните санкции против Русија.

The post Индија поддржува независна истрага за случувањата во Буча appeared first on Република.

]]>
Крик кој не остава рамнодушен: Неси 40 дена си го чекаше сопственикот во Буча, конечно се најдоа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/krik-koj-ne-ostava-ramnodushen-nesi-40-dena-si-go-chekashe-sopstvenikot-vo-bucha-konechno-se-najdoa/ Wed, 06 Apr 2022 11:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=484016

Кучка-миленик по ослободувањето на градот е пронајдена во Буча, Украина. Неси се загубила при евакуацијата неколку недели претходно па останала во градот без сопственикот.

Кога украинските војници влагле во Буча, таа ги пречекала и им пришла. Војниците веднаш го побарале нејзиниот сопственик, го известиле дека неговиот миленик е жив и здрав и договориле повторна средба.

The post Крик кој не остава рамнодушен: Неси 40 дена си го чекаше сопственикот во Буча, конечно се најдоа appeared first on Република.

]]>

Кучка-миленик по ослободувањето на градот е пронајдена во Буча, Украина. Неси се загубила при евакуацијата неколку недели претходно па останала во градот без сопственикот. Кога украинските војници влагле во Буча, таа ги пречекала и им пришла. Војниците веднаш го побарале нејзиниот сопственик, го известиле дека неговиот миленик е жив и здрав и договориле повторна средба.

The post Крик кој не остава рамнодушен: Неси 40 дена си го чекаше сопственикот во Буча, конечно се најдоа appeared first on Република.

]]>
Лавров: Киев да не прави саботажи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavvrov-kiev-da-ne-pravi-sabotazi/ Wed, 06 Apr 2022 07:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=483875

Москва - Провокацијата во Буча се случи кога Киев за првпат ги стави на хартија можните мировни предлози, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија верува дека Западот дозволува „хистерија“ поради наводните масовни убиства во украинскиот град Буча да ги наруши мировните преговори меѓу Москва и Киев.

Ние имаме тенденција да мислиме дека причината лежи во желбата да се најде причина да се нарушат преговорите кои се во тек. На 29 март, за прв пат во целиот период на контакти меѓу нашите делегации, украинската страна предложи писмена визија за да може договорот да изгледа како во однос на статусот на Украина и безбедносните гаранции, рече министерот.

Според Лавров, Киев за време на преговорите со Русија „првпат ја ставил на хартија“ подготвеноста да се прогласи за неутрален, неврзан во кој било блок и ненуклеарен. Покрај тоа, инсистираше тој, Украинците го официјализираа нивното одбивање да распоредат странско оружје на нивната територија или да спроведуваат вежби таму со учество на странска армија без согласност на сите земји гаранти на идниот договор, вклучително и Русија.

Безбедносните гаранции предвидени со договорот целосно ќе го исклучат проширувањето на НАТО на исток и ќе обезбедат „неделлива безбедност на европскиот континент“. Дополнително, додаде министерот, самата украинска страна напиша во нацртот на главните одредби дека безбедносните гаранции нема да важат за Крим и Донбас, кои Лавров ги нарече „напредни“.

Уште еднаш сакаме да апелираме до оние кои ги водат акциите на Киев, а знаеме кои се тие, да ја сфатат нивната одговорност за безбедноста во Европа. Русија е подготвена за овој разговор, но да има вистински напредок, а не привид за напредок, ние инсистираме дека „се испраќа недвосмислен сигнал до Киев да не се впушта во саботажа, во спротивно ризикуваме да ја повториме судбината на договорите од Минск и никогаш нема да се согласиме на тоа, рече министерот.

По повлекувањето на руските војници од Буча, во градот северно од Киев беа откриени убиени цивили. Украина ги обвинува руските сили, кои до неодамна беа во областа, но Москва тоа го отфрла. Додека западните политичари застанаа на страната на Украина по ова прашање, Кина рече дека е потребна истрага.

Украина сигнализираше дека се уште е заинтересирана за дипломатско решение на разликите со Русија. Според украинскиот претседател Владимир Зеленски, можен е мировен договор меѓу Киев и Москва.

Да, бидејќи Украина мора да најде мир. Ние сме во Европа на 21 век. Ќе продолжиме со нашите дипломатски и воени напори, рече тој за време на посетата на Буча во понеделникот.

Претходно, на 29 март, во Истанбул се одржа уште една рунда преговори меѓу Москва и Киев. Претходно, претставниците на двете земји одржаа три средби лице в лице во Белорусија. Преговорите започнаа на 28 февруари во регионот Гомељ. Потоа продолжија на 3 и 7 март во Беловежскаја Пушча. Оттаму разговорите продолжија преку видеоврска.

The post Лавров: Киев да не прави саботажи appeared first on Република.

]]>

Москва - Провокацијата во Буча се случи кога Киев за првпат ги стави на хартија можните мировни предлози, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Русија верува дека Западот дозволува „хистерија“ поради наводните масовни убиства во украинскиот град Буча да ги наруши мировните преговори меѓу Москва и Киев.
Ние имаме тенденција да мислиме дека причината лежи во желбата да се најде причина да се нарушат преговорите кои се во тек. На 29 март, за прв пат во целиот период на контакти меѓу нашите делегации, украинската страна предложи писмена визија за да може договорот да изгледа како во однос на статусот на Украина и безбедносните гаранции, рече министерот.
Според Лавров, Киев за време на преговорите со Русија „првпат ја ставил на хартија“ подготвеноста да се прогласи за неутрален, неврзан во кој било блок и ненуклеарен. Покрај тоа, инсистираше тој, Украинците го официјализираа нивното одбивање да распоредат странско оружје на нивната територија или да спроведуваат вежби таму со учество на странска армија без согласност на сите земји гаранти на идниот договор, вклучително и Русија. Безбедносните гаранции предвидени со договорот целосно ќе го исклучат проширувањето на НАТО на исток и ќе обезбедат „неделлива безбедност на европскиот континент“. Дополнително, додаде министерот, самата украинска страна напиша во нацртот на главните одредби дека безбедносните гаранции нема да важат за Крим и Донбас, кои Лавров ги нарече „напредни“.
Уште еднаш сакаме да апелираме до оние кои ги водат акциите на Киев, а знаеме кои се тие, да ја сфатат нивната одговорност за безбедноста во Европа. Русија е подготвена за овој разговор, но да има вистински напредок, а не привид за напредок, ние инсистираме дека „се испраќа недвосмислен сигнал до Киев да не се впушта во саботажа, во спротивно ризикуваме да ја повториме судбината на договорите од Минск и никогаш нема да се согласиме на тоа, рече министерот.
По повлекувањето на руските војници од Буча, во градот северно од Киев беа откриени убиени цивили. Украина ги обвинува руските сили, кои до неодамна беа во областа, но Москва тоа го отфрла. Додека западните политичари застанаа на страната на Украина по ова прашање, Кина рече дека е потребна истрага. Украина сигнализираше дека се уште е заинтересирана за дипломатско решение на разликите со Русија. Според украинскиот претседател Владимир Зеленски, можен е мировен договор меѓу Киев и Москва.
Да, бидејќи Украина мора да најде мир. Ние сме во Европа на 21 век. Ќе продолжиме со нашите дипломатски и воени напори, рече тој за време на посетата на Буча во понеделникот.
Претходно, на 29 март, во Истанбул се одржа уште една рунда преговори меѓу Москва и Киев. Претходно, претставниците на двете земји одржаа три средби лице в лице во Белорусија. Преговорите започнаа на 28 февруари во регионот Гомељ. Потоа продолжија на 3 и 7 март во Беловежскаја Пушча. Оттаму разговорите продолжија преку видеоврска.

The post Лавров: Киев да не прави саботажи appeared first on Република.

]]>
Лавров: Масовните гробници во Буча се провокација, ја знаеме вистинската причина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-masovnite-grobnici-vo-bucha-se-provokacija-ja-znaeme-vistinskata-prichina/ Tue, 05 Apr 2022 21:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=483815

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека масовните гробници откриени во Буча се провокација со цел да се запрат мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Во видеото емитувано на руската телевизија, Лавров рече:

Прашањето е за што е оваа очигледно невистинита провокација. Имаме тенденција да веруваме дека причината е наоѓање изговори за поткопување на тековните преговори, токму кога ќе ја видиме светлината на крајот од тунелот колку и да е слаба, рече тој, тврдејќи дека масакрот во Буча бил спомнат со цел да се нарушат мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Лавров додаде дека за прв пат во преговорите меѓу делегациите, украинската страна ја претставила својата писмена верзија на договорот во Истанбул на 29 март.

Првпат, украинската страна ја потврди на хартија подготвеноста да ја прогласи својата неутралност, нејзиниот неврзан и ненуклеарен статус. За прв пат таа рече дека е подготвена да одбие распоредување на странско оружје и вежби на нејзина територија без согласност на сите земји гаранти, рече Лавров.

Тој го обвини Западот дека ги саботира преговорите. Тој тврди дека паралелно со покренувањето на темата за наводните руски злосторства, украинската страна „почнала да ги одолговлекува преговорите и да поставува нови услови“.

Тој рече дека со нагласувањето на темата за наводни злосторства сакале да предизвикаат хистерија и со тоа да ги нарушат преговорите.

Да потсетиме, Киев и Западот велат дека има многу докази, вклучувајќи слики и сведоштва на сведоци, дека Русија извршила воени злосторства во украинскиот град Буча. Москва ги отфрла обвинувањата и ги нарекува „монструозни фалсификати, објави Гардијан.

The post Лавров: Масовните гробници во Буча се провокација, ја знаеме вистинската причина appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека масовните гробници откриени во Буча се провокација со цел да се запрат мировните преговори меѓу Русија и Украина. Во видеото емитувано на руската телевизија, Лавров рече:
Прашањето е за што е оваа очигледно невистинита провокација. Имаме тенденција да веруваме дека причината е наоѓање изговори за поткопување на тековните преговори, токму кога ќе ја видиме светлината на крајот од тунелот колку и да е слаба, рече тој, тврдејќи дека масакрот во Буча бил спомнат со цел да се нарушат мировните преговори меѓу Русија и Украина.
Лавров додаде дека за прв пат во преговорите меѓу делегациите, украинската страна ја претставила својата писмена верзија на договорот во Истанбул на 29 март.
Првпат, украинската страна ја потврди на хартија подготвеноста да ја прогласи својата неутралност, нејзиниот неврзан и ненуклеарен статус. За прв пат таа рече дека е подготвена да одбие распоредување на странско оружје и вежби на нејзина територија без согласност на сите земји гаранти, рече Лавров.
Тој го обвини Западот дека ги саботира преговорите. Тој тврди дека паралелно со покренувањето на темата за наводните руски злосторства, украинската страна „почнала да ги одолговлекува преговорите и да поставува нови услови“. Тој рече дека со нагласувањето на темата за наводни злосторства сакале да предизвикаат хистерија и со тоа да ги нарушат преговорите.
Да потсетиме, Киев и Западот велат дека има многу докази, вклучувајќи слики и сведоштва на сведоци, дека Русија извршила воени злосторства во украинскиот град Буча. Москва ги отфрла обвинувањата и ги нарекува „монструозни фалсификати, објави Гардијан.
 
The post Лавров: Масовните гробници во Буча се провокација, ја знаеме вистинската причина appeared first on Република.

]]>
Русите објавија: Ова се вистински докази за масакрот во Буча, нема никаква врска со руската војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-objavija-ova-se-vistinski-dokazi-za-masakrot-vo-bucha-nema-nikakva-vrska-so-ruskata-vojska/ Tue, 05 Apr 2022 21:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=483805

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН Василиј Небензја одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат оти видеото кое сугерира дека Русите го извршиле масакрот во Буча е „лага“.

Тоа е јасна провокација во стилот на Гебелс, изјави рускиот амбасадор во ОН.

– Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жители не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони па можеа да објават каква било слика или видео од некакво теоретско насилство ако имало таков случај. Но, тоа не се случи, истакна Небензја.

Тој на прес-конференцијата објави видео снимка од градоначалникот на Буча, за која рече дека е снимена на 31 март.

– Тоа видео е снимено ден по повлекувањето на руските сили, што е презентирано како победа на украинската армија. Интересно е што тој не спомна никакво масовно насилство, убиства, масовни гробници или нешто слично. Тешко е да се замисли градоначалникот заборавил да спомне такви грозни работи. Градоначалникот Федеров се насмевнува, тешко е да се однесува така ако има масакр на улиците околу него, рече рускиот амбасадор, а потоа е објавена снимката.

– На снимката е среќен што руските војници се повлекоа и вели дека ова е голема победа за украинската армија. Тој не спомнува никакви злосторства во градот. Ова видео го објави украинската телевизија Канал 24 на 1 април и нагласувам дека ништо не е кажано за злосторствата. Сакам да ви покажам и слика од потпретседателот на украинскиот Парламент кој исто така се смее и не спомнува ништо за злосторствата во својата објава, рече тој.

– На 2 април Националната гарда на Украина објави видео од влегувањето во Буча и никаде не се гледаат тела. Тие разговараа со жителите и никој не го спомна масакрот, нагласи Небензија.

Објавено е и видеото на кое се гледа влегувањето на украинските сили во градот.

– Да резимираме, нема никакви извештаи за злосторници во Буча за кои сега е обвинета руската армија, што би се случило пред да влезе украинската војска во градот. Четири дена откако руската армија го напушти градот немаше, повторувам, не се споменува злосторство, вели Небензја.

– Видеото со телата се појавува на 3 април, полно со несовпаѓања и очевидни лаги. Телата лежат на улица најмалку четири дена, но не се вкочанети. Како е можно тоа? Ова е спротивно на законите на биологијата. Нема знаци на распаѓање. Тоа, исто така, покажува дека видеото е лажно, додава амбасадорот.

Освен што тврди дека телата на цивилите немаат никаква врска со руската армија, Небензја отиде и чекор понатаму. Тој ги обвини Украинците дека убивале луѓе кои носеле бели ленти на рацете, што било знак дека се цивили додека градот бил под руска контрола.

– Кога украинските сили влегле во градот пукале во луѓе со бели ленти, убивајќи цивили. Постои снимка од разговор меѓу украинските војници што е објавена на социјалните мрежи. Еден радикал прашува дали може да пука во луѓе без сини ленти, а друг одговара: „Се разбира“, рече Небензја.

Тој истакна дека украинската снимка од телата на улиците на Буча е „груб фалсификат“.

Тој ги повтори обвинувањата дека една од двете трудници чии слики го обиколија светот по нападот на болницата и породилиштето во Мариупол, глуми. „Таа е блогерка, ја видов како призна на руска телевизија дека ја натерале да го направи тоа“, рече Небензја.

Тој уште еднаш се осврна на масакрот во Буча, тврдејќи дека се е лага.

– Одеднаш се појавуваат тела. Некои покажуваат знаци на живот. Тоа е инсценирано, тоа е лажно, тоа е провокација. Имаме докази дека тоа е организирано од украинската информативна воена машина, вели Василиј Небензја.

– Една работа не можете да ја оспорите, Украинците ги користат жителите како жив штит во станбените згради, тврди рускиот амбасадор во ОН.

– Неверојатно е како Европа се однесува кон Русите само затоа што имаат руски пасош, на страна санкциите, но неверојатно е како Европа се однесува кон Русите, рече тој.

Небензја се пожали дека не е свикана седница на Советот за безбедност на ОН, иако Русија тоа го побарала и дека состанокот секогаш се одржувал во рок од неколку часа кога една од земјите-членки на Советот за безбедност побарала состанок.

The post Русите објавија: Ова се вистински докази за масакрот во Буча, нема никаква врска со руската војска appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН Василиј Небензја одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат оти видеото кое сугерира дека Русите го извршиле масакрот во Буча е „лага“.
Тоа е јасна провокација во стилот на Гебелс, изјави рускиот амбасадор во ОН.
– Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жители не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони па можеа да објават каква било слика или видео од некакво теоретско насилство ако имало таков случај. Но, тоа не се случи, истакна Небензја. Тој на прес-конференцијата објави видео снимка од градоначалникот на Буча, за која рече дека е снимена на 31 март. – Тоа видео е снимено ден по повлекувањето на руските сили, што е презентирано како победа на украинската армија. Интересно е што тој не спомна никакво масовно насилство, убиства, масовни гробници или нешто слично. Тешко е да се замисли градоначалникот заборавил да спомне такви грозни работи. Градоначалникот Федеров се насмевнува, тешко е да се однесува така ако има масакр на улиците околу него, рече рускиот амбасадор, а потоа е објавена снимката. – На снимката е среќен што руските војници се повлекоа и вели дека ова е голема победа за украинската армија. Тој не спомнува никакви злосторства во градот. Ова видео го објави украинската телевизија Канал 24 на 1 април и нагласувам дека ништо не е кажано за злосторствата. Сакам да ви покажам и слика од потпретседателот на украинскиот Парламент кој исто така се смее и не спомнува ништо за злосторствата во својата објава, рече тој. – На 2 април Националната гарда на Украина објави видео од влегувањето во Буча и никаде не се гледаат тела. Тие разговараа со жителите и никој не го спомна масакрот, нагласи Небензија. Објавено е и видеото на кое се гледа влегувањето на украинските сили во градот. – Да резимираме, нема никакви извештаи за злосторници во Буча за кои сега е обвинета руската армија, што би се случило пред да влезе украинската војска во градот. Четири дена откако руската армија го напушти градот немаше, повторувам, не се споменува злосторство, вели Небензја. – Видеото со телата се појавува на 3 април, полно со несовпаѓања и очевидни лаги. Телата лежат на улица најмалку четири дена, но не се вкочанети. Како е можно тоа? Ова е спротивно на законите на биологијата. Нема знаци на распаѓање. Тоа, исто така, покажува дека видеото е лажно, додава амбасадорот. Освен што тврди дека телата на цивилите немаат никаква врска со руската армија, Небензја отиде и чекор понатаму. Тој ги обвини Украинците дека убивале луѓе кои носеле бели ленти на рацете, што било знак дека се цивили додека градот бил под руска контрола. – Кога украинските сили влегле во градот пукале во луѓе со бели ленти, убивајќи цивили. Постои снимка од разговор меѓу украинските војници што е објавена на социјалните мрежи. Еден радикал прашува дали може да пука во луѓе без сини ленти, а друг одговара: „Се разбира“, рече Небензја. Тој истакна дека украинската снимка од телата на улиците на Буча е „груб фалсификат“. Тој ги повтори обвинувањата дека една од двете трудници чии слики го обиколија светот по нападот на болницата и породилиштето во Мариупол, глуми. „Таа е блогерка, ја видов како призна на руска телевизија дека ја натерале да го направи тоа“, рече Небензја. Тој уште еднаш се осврна на масакрот во Буча, тврдејќи дека се е лага. – Одеднаш се појавуваат тела. Некои покажуваат знаци на живот. Тоа е инсценирано, тоа е лажно, тоа е провокација. Имаме докази дека тоа е организирано од украинската информативна воена машина, вели Василиј Небензја. – Една работа не можете да ја оспорите, Украинците ги користат жителите како жив штит во станбените згради, тврди рускиот амбасадор во ОН. – Неверојатно е како Европа се однесува кон Русите само затоа што имаат руски пасош, на страна санкциите, но неверојатно е како Европа се однесува кон Русите, рече тој. Небензја се пожали дека не е свикана седница на Советот за безбедност на ОН, иако Русија тоа го побарала и дека состанокот секогаш се одржувал во рок од неколку часа кога една од земјите-членки на Советот за безбедност побарала состанок.  

The post Русите објавија: Ова се вистински докази за масакрот во Буча, нема никаква врска со руската војска appeared first on Република.

]]>
Кина побара воздржаност од обвинувања за Буча: Извештаите се забринувачки, фактите мора да се проверат и утврдат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-pobara-vozdrzanost-od-obvinuvanja-za-bucha-izveshtaite-se-zabrinuvachki-faktite-mora-da-se-proverat-i-utvrdat/ Tue, 05 Apr 2022 19:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=483777

Кина повикува на воздржаност од неосновани обвинувања за случувањата во Буча, мора да се проверат околностите и обвиненијата да се засноваат на факти, изјави постојаниот претставник на Кина во ОН, Жанг Џун, на седницата на Советот за безбедност на светската организација.

Извештаите за цивилни жртви во Буча се загрижувачки. Треба да се проверат и да се утврдат соодветните околности и конкретните причини за инцидентот - изјави Џан.

Според него, сите обвинувања мора да се засноваат на факти.

Пред да се донесат заклучоци, страните мора да се воздржат и да избегнуваат неосновани обвинувања - нагласи тој

https://twitter.com/ivan_8848/status/1511399248541200399?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511399248541200399%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3907365%2Fkina-pozvala-na-uzdrzavanje-od-optuzbi-za-desavanja-u-buci-izvestaji-su-zabrinjavajuci-cinjenice-moraju-da-se-provere-i-utvrde

Руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата на украинските власти за наводно убивање цивили во населбата Буча во регионот на Киев, нарекувајќи ги монтиран настан за западните медиуми да ја дискредитираат Русија.

https://republika.mk/vesti/svet/rusija-objavi-ova-se-vistinski-dokazi-deka-masakrot-vo-bucha-nema-nikakva-vrska-so-ruskata-vojska/

The post Кина побара воздржаност од обвинувања за Буча: Извештаите се забринувачки, фактите мора да се проверат и утврдат appeared first on Република.

]]>

Кина повикува на воздржаност од неосновани обвинувања за случувањата во Буча, мора да се проверат околностите и обвиненијата да се засноваат на факти, изјави постојаниот претставник на Кина во ОН, Жанг Џун, на седницата на Советот за безбедност на светската организација.
Извештаите за цивилни жртви во Буча се загрижувачки. Треба да се проверат и да се утврдат соодветните околности и конкретните причини за инцидентот - изјави Џан.
Според него, сите обвинувања мора да се засноваат на факти.
Пред да се донесат заклучоци, страните мора да се воздржат и да избегнуваат неосновани обвинувања - нагласи тој
https://twitter.com/ivan_8848/status/1511399248541200399?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511399248541200399%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3907365%2Fkina-pozvala-na-uzdrzavanje-od-optuzbi-za-desavanja-u-buci-izvestaji-su-zabrinjavajuci-cinjenice-moraju-da-se-provere-i-utvrde Руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата на украинските власти за наводно убивање цивили во населбата Буча во регионот на Киев, нарекувајќи ги монтиран настан за западните медиуми да ја дискредитираат Русија. https://republika.mk/vesti/svet/rusija-objavi-ova-se-vistinski-dokazi-deka-masakrot-vo-bucha-nema-nikakva-vrska-so-ruskata-vojska/

The post Кина побара воздржаност од обвинувања за Буча: Извештаите се забринувачки, фактите мора да се проверат и утврдат appeared first on Република.

]]>
Борел: Ситуацијата во Буча не е геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-situacijata-vo-bucha-ne-e-genocid/ Tue, 05 Apr 2022 13:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=483645

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, денеска го коментираше настанот во украинскиот град Буча и рече дека нема да го нарече геноцид.

Зборот геноцид би го употребил за многу пострашни работи - изјави Борел во интервју за радиостаницата COPE, пренесува РИА Новости.

Настаните во градот Буча доведоа до нова серија меѓусебни обвинувања меѓу Русија и Украина.

Киев ги обвинува руските сили за воени злосторства во тој град со убивање цивили, додека Москва тоа категорично го отфрла и тврди дека станува збор за уште една провокација.

The post Борел: Ситуацијата во Буча не е геноцид appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, денеска го коментираше настанот во украинскиот град Буча и рече дека нема да го нарече геноцид.
Зборот геноцид би го употребил за многу пострашни работи - изјави Борел во интервју за радиостаницата COPE, пренесува РИА Новости.
Настаните во градот Буча доведоа до нова серија меѓусебни обвинувања меѓу Русија и Украина. Киев ги обвинува руските сили за воени злосторства во тој град со убивање цивили, додека Москва тоа категорично го отфрла и тврди дека станува збор за уште една провокација.

The post Борел: Ситуацијата во Буча не е геноцид appeared first on Република.

]]>
Дмитриј Медведев за Буча: Измислија лажен масакр за огромни пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dmitrij-medvedev-za-bucha-izmislija-lazen-masakr-za-ogromni-pari/ Tue, 05 Apr 2022 12:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=483626

Еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин кажа дека тврдењата дека руските сили убивале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Киев и Западот и дека целта им е да ја дискредитираат Русија.

Тоа се лаги кои созреале во циничната фантазија на украинската пропаганда, кажа Дмитриј Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.

Тоа се лаги измислени за огромни суми пари, кажа Медведев.

Претходно Вјачеслав Володин, претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, кажа:

Ситуацијата во Буча е провокација со цел дискредитација на Русија. Вашингтон и Брисел се сценаристите и режисерите, а глумците се во Киев. Нема факти – само лаги.

The post Дмитриј Медведев за Буча: Измислија лажен масакр за огромни пари appeared first on Република.

]]>

Еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин кажа дека тврдењата дека руските сили убивале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Киев и Западот и дека целта им е да ја дискредитираат Русија.
Тоа се лаги кои созреале во циничната фантазија на украинската пропаганда, кажа Дмитриј Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност. Тоа се лаги измислени за огромни суми пари, кажа Медведев.
Претходно Вјачеслав Володин, претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, кажа:
Ситуацијата во Буча е провокација со цел дискредитација на Русија. Вашингтон и Брисел се сценаристите и режисерите, а глумците се во Киев. Нема факти – само лаги.

The post Дмитриј Медведев за Буча: Измислија лажен масакр за огромни пари appeared first on Република.

]]>
Тела на петмина мажи со врзани раце пронајдени во подрумот на детската болница во Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tela-na-petmina-mazi-so-vrzani-race-pronajdeni-vo-podrumot-na-detskata-bolnica-vo-bucha/ Tue, 05 Apr 2022 08:18:22 +0000 https://republika.mk/?p=483444

Во подрумот на детската болница во Буча, во близина на Киев, пронајдени се тела на петмина мажи со врзани раце, соопшти канцеларијата на укринската државна обвинителка Ирина Венедиктова.

„Невооружените цивили чии тела беа пронајдени од украинските редарски сили, биле претепани, а потоа убиени од вооружените сили на Руската Федерација“ – објави истиот извор на Телеграм.

Заедно со соопштението се објавени и фотографии од телата.

Од канцеларијата на обвинителката соопштија и дека е покрената истрага за утврдување на околностите за нивната смрт.

Западните земји вчера побараа истрага за „воените злосторства“ кои им се припишуваат на руските воници во околината на Киев. Москва сето тоа одлучно ги негира, а Украинаго нарече „геноцид“.

Десетици трупови во цивилна облека се пронајдени на почетокот од минатиот викенд во Була, северозападно од главниот град на Украина, на улиците и во заеднички масовни гробници, по повлекувањето на руските војницу. Откриени се уште стотина мртви во масовните гробници во подрачјето на Киев.

Руската војска последните денови го попушта обрачот околу Киев и на северниот дел, за да ја насочи својата воена офанзијава на истокот на Украина.

The post Тела на петмина мажи со врзани раце пронајдени во подрумот на детската болница во Буча appeared first on Република.

]]>

Во подрумот на детската болница во Буча, во близина на Киев, пронајдени се тела на петмина мажи со врзани раце, соопшти канцеларијата на укринската државна обвинителка Ирина Венедиктова.
„Невооружените цивили чии тела беа пронајдени од украинските редарски сили, биле претепани, а потоа убиени од вооружените сили на Руската Федерација“ – објави истиот извор на Телеграм. Заедно со соопштението се објавени и фотографии од телата. Од канцеларијата на обвинителката соопштија и дека е покрената истрага за утврдување на околностите за нивната смрт. Западните земји вчера побараа истрага за „воените злосторства“ кои им се припишуваат на руските воници во околината на Киев. Москва сето тоа одлучно ги негира, а Украинаго нарече „геноцид“. Десетици трупови во цивилна облека се пронајдени на почетокот од минатиот викенд во Була, северозападно од главниот град на Украина, на улиците и во заеднички масовни гробници, по повлекувањето на руските војницу. Откриени се уште стотина мртви во масовните гробници во подрачјето на Киев. Руската војска последните денови го попушта обрачот околу Киев и на северниот дел, за да ја насочи својата воена офанзијава на истокот на Украина.

The post Тела на петмина мажи со врзани раце пронајдени во подрумот на детската болница во Буча appeared first on Република.

]]>
Украинската разузнавачка служба објави листа на која се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-razuznavachka-sluzba-objavi-lista-na-koja-se-tvrdi-deka-vkluchuva-ruski-vojnici-koi-izvrshile-zlostorstva-vrz-civili-vo-bucha/ Tue, 05 Apr 2022 07:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=483416

Украинската разузнавачка служба објави листа на која се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча.

Списокот, објавен на веб-страницата на разузнавачката служба што работи во рамките на Министерството за одбрана, содржи имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови на околу 2.000 војници.

Воени злосторници директно вклучени во извршувањето на воените злосторства против украинскиот народ во Буча“, напишаа тие, цитирајќи ги членовите на 64-та одделна моторизирана пешадиска бригада на 35-та армија.

Истата е придружена со пораката: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторства извршени врз цивилното население на Украина“.

The post Украинската разузнавачка служба објави листа на која се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча appeared first on Република.

]]>

Украинската разузнавачка служба објави листа на која се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча. Списокот, објавен на веб-страницата на разузнавачката служба што работи во рамките на Министерството за одбрана, содржи имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови на околу 2.000 војници.
Воени злосторници директно вклучени во извршувањето на воените злосторства против украинскиот народ во Буча“, напишаа тие, цитирајќи ги членовите на 64-та одделна моторизирана пешадиска бригада на 35-та армија. Истата е придружена со пораката: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторства извршени врз цивилното население на Украина“.

The post Украинската разузнавачка служба објави листа на која се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча appeared first on Република.

]]>
Русиja објави: Ова се вистински докази дека масакрот во Буча нема никаква врска со руската војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-objavi-ova-se-vistinski-dokazi-deka-masakrot-vo-bucha-nema-nikakva-vrska-so-ruskata-vojska/ Mon, 04 Apr 2022 22:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=483362

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја, одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат дека тврдењето оти Русите го извршиле масакрот во Буча е „лага“.

Тоа е јасна провокација во стилот на Гебелс. Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жители не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони па можеа да објават каква било слика или видео од некакво теоретско насилство ако имало таков случај. Но, тоа не се случи - истакна рускиот амбасадор во ОН.

Тој на прес-конференцијата објави видео снимка од градоначалникот на Буча, снимена на 31 март.

Тоа видео е снимено ден по повлекувањето на руските сили, што е презентирано како победа на украинската армија. Интересно е што тој не спомна никакво масовно насилство, убиства, масовни гробници или нешто слично. Тешко е да се замисли дека градоначалникот заборавил да спомне такви грозни работи. Градоначалникот Федеров се насмевнува, тешко е да се однесува така ако има масакр на улиците околу него - истакна рускиот амбасадор, а потоа ја објави снимката од градоначалникот на Буча.

На снимката, градоначалникотФедеров е среќен што руските војници се повлекоа и вели дека ова е голема победа за украинската армија. Тој не спомнува никакви злосторства во градот. Ова видео го објави украинската телевизија „Канал 24“ на 1 април и нагласувам дека ништо не е кажано за злосторствата. Сакам да ви покажам и слика од потпретседателот на украинскиот Парламент кој исто така се смее и не спомнува ништо за злосторствата во својата објава - истакна Небензја.

На 2 април Националната гарда на Украина објави видео од влегувањето во Буча и никаде не се гледаат тела. Тие разговараа со жителите и никој не го спомна масакрот - нагласи Небензија.

Тој го покажа и објавеното видео на кое се гледа влегувањето на украинските сили во градот.

Да резимираме, нема никакви извештаи за злосторници во Буча за кои сега е обвинета руската армија, што би се случиле пред да влезе украинската војска во градот. Четири дена откако руската армија го напушти градот немаше ништо, повторувам, не се споменува злосторство.

Видеото со телата се појавува на 3 април, полно со несовпаѓања и очевидни лаги. Телата лежат на улица најмалку четири дена, но не се вкочанети. Како е можно тоа? Ова е спротивно на законите на биологијата. Нема знаци на распаѓање. Тоа, исто така, покажува дека видеото е лажно - истакна Небензја

Освен што тврди дека телата на цивилите немаат никаква врска со руската армија, Небензја отиде и чекор понатаму. Тој ги обвини Украинците дека убивале луѓе кои носеле бели ленти на рацете, што било знак дека се цивили додека градот бил под руска контрола.

Кога украинските сили влегле во градот пукале во луѓе со бели ленти, убивајќи цивили. Постои снимка од разговор меѓу украинските војници што е објавена на социјалните мрежи. Еден радикал прашува дали може да пука во луѓе без сини ленти, а друг одговара: „Се разбира“ - изјави Небензја.

Тој истакна дека украинската снимка од телата на улиците на Буча е „груб фалсификат“.

Небензја потсети на случаите на лажни сведоштва за малтретирање, спомнувајќи ја една од двете трудници во Мариупол, чии слики го обиколија светот.

Таа е блогерка, зборуваше и призна на руска телевизија дека ја натерале да го направи тоа -  изјави Небензја.

Потоа, тој уште еднаш се осврна на масакрот во Буча, тврдејќи дека се е лага.

Одеднаш се појавуваат тела. Некои покажуваат знаци на живот. Тоа е инсценирано, тоа е лажно, тоа е провокација. Имаме докази дека тоа е организирано од украинската информативна воена машина.

Една работа не можете да ја оспорите, Украинците ги користат жителите како жив штит во станбените згради - истакна Небензја.

Небензја реагираше и дека не е свикана седница на Советот за безбедност на ОН, иако Русија тоа го побарала и дека состанокот секогаш се одржувал во рок од неколку часа кога една од земјите-членки на Советот за безбедност побарала состанок.

The post Русиja објави: Ова се вистински докази дека масакрот во Буча нема никаква врска со руската војска appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја, одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат дека тврдењето оти Русите го извршиле масакрот во Буча е „лага“.
Тоа е јасна провокација во стилот на Гебелс. Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жители не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони па можеа да објават каква било слика или видео од некакво теоретско насилство ако имало таков случај. Но, тоа не се случи - истакна рускиот амбасадор во ОН.
Тој на прес-конференцијата објави видео снимка од градоначалникот на Буча, снимена на 31 март.
Тоа видео е снимено ден по повлекувањето на руските сили, што е презентирано како победа на украинската армија. Интересно е што тој не спомна никакво масовно насилство, убиства, масовни гробници или нешто слично. Тешко е да се замисли дека градоначалникот заборавил да спомне такви грозни работи. Градоначалникот Федеров се насмевнува, тешко е да се однесува така ако има масакр на улиците околу него - истакна рускиот амбасадор, а потоа ја објави снимката од градоначалникот на Буча.
 
На снимката, градоначалникотФедеров е среќен што руските војници се повлекоа и вели дека ова е голема победа за украинската армија. Тој не спомнува никакви злосторства во градот. Ова видео го објави украинската телевизија „Канал 24“ на 1 април и нагласувам дека ништо не е кажано за злосторствата. Сакам да ви покажам и слика од потпретседателот на украинскиот Парламент кој исто така се смее и не спомнува ништо за злосторствата во својата објава - истакна Небензја.
 
На 2 април Националната гарда на Украина објави видео од влегувањето во Буча и никаде не се гледаат тела. Тие разговараа со жителите и никој не го спомна масакрот - нагласи Небензија.
Тој го покажа и објавеното видео на кое се гледа влегувањето на украинските сили во градот.
Да резимираме, нема никакви извештаи за злосторници во Буча за кои сега е обвинета руската армија, што би се случиле пред да влезе украинската војска во градот. Четири дена откако руската армија го напушти градот немаше ништо, повторувам, не се споменува злосторство.   Видеото со телата се појавува на 3 април, полно со несовпаѓања и очевидни лаги. Телата лежат на улица најмалку четири дена, но не се вкочанети. Како е можно тоа? Ова е спротивно на законите на биологијата. Нема знаци на распаѓање. Тоа, исто така, покажува дека видеото е лажно - истакна Небензја
Освен што тврди дека телата на цивилите немаат никаква врска со руската армија, Небензја отиде и чекор понатаму. Тој ги обвини Украинците дека убивале луѓе кои носеле бели ленти на рацете, што било знак дека се цивили додека градот бил под руска контрола.
Кога украинските сили влегле во градот пукале во луѓе со бели ленти, убивајќи цивили. Постои снимка од разговор меѓу украинските војници што е објавена на социјалните мрежи. Еден радикал прашува дали може да пука во луѓе без сини ленти, а друг одговара: „Се разбира“ - изјави Небензја.
Тој истакна дека украинската снимка од телата на улиците на Буча е „груб фалсификат“. Небензја потсети на случаите на лажни сведоштва за малтретирање, спомнувајќи ја една од двете трудници во Мариупол, чии слики го обиколија светот.
Таа е блогерка, зборуваше и призна на руска телевизија дека ја натерале да го направи тоа -  изјави Небензја.
Потоа, тој уште еднаш се осврна на масакрот во Буча, тврдејќи дека се е лага.
Одеднаш се појавуваат тела. Некои покажуваат знаци на живот. Тоа е инсценирано, тоа е лажно, тоа е провокација. Имаме докази дека тоа е организирано од украинската информативна воена машина.   Една работа не можете да ја оспорите, Украинците ги користат жителите како жив штит во станбените згради - истакна Небензја.
Небензја реагираше и дека не е свикана седница на Советот за безбедност на ОН, иако Русија тоа го побарала и дека состанокот секогаш се одржувал во рок од неколку часа кога една од земјите-членки на Советот за безбедност побарала состанок.

The post Русиja објави: Ова се вистински докази дека масакрот во Буча нема никаква врска со руската војска appeared first on Република.

]]>
Небензја: Ќе претставиме докази кои ќе разјаснат се околу лагите за Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nebenzja-kje-pretstavime-dokazi-koi-kje-razjasnat-se-okolu-lagite-za-bucha/ Mon, 04 Apr 2022 21:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=483350

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, изјави дека Русија ќе презентира докази пред Советот за безбедност на ОН кои потврдуваат дека наводите на Украина и Западот за случувањето во Буча се лага.

Според Небензја, руската армија никогаш не го нападнала цивилното население.

Имаме вистински докази кои го докажуваат тоа. Имаме намера да ги претставиме пред Советот за безбедност што е можно поскоро за меѓународната заедница да не биде заведена од лажната приказна на Киев и неговите западни спонзори - истакна Небензја.

Тој нагласи дека видео материјалите се режирани.

The post Небензја: Ќе претставиме докази кои ќе разјаснат се околу лагите за Буча appeared first on Република.

]]>

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, изјави дека Русија ќе презентира докази пред Советот за безбедност на ОН кои потврдуваат дека наводите на Украина и Западот за случувањето во Буча се лага. Според Небензја, руската армија никогаш не го нападнала цивилното население.
Имаме вистински докази кои го докажуваат тоа. Имаме намера да ги претставиме пред Советот за безбедност што е можно поскоро за меѓународната заедница да не биде заведена од лажната приказна на Киев и неговите западни спонзори - истакна Небензја.
Тој нагласи дека видео материјалите се режирани.

The post Небензја: Ќе претставиме докази кои ќе разјаснат се околу лагите за Буча appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Фактите и хронологијата во Буча не се совпаѓаат со украинската верзија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-faktite-i-hronologijata-vo-bucha-ne-se-sovpagjaat-so-ukrainskata-verzija/ Mon, 04 Apr 2022 19:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=483310

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Русија категорично ги отфрла сите обвинувања за убиства на цивили во украинскиот град Буча.

Песков ги повика светските лидери да не брзаат со неосновани обвинувања.

Ситуацијата е навистина сериозна и бараме светските лидери да не брзаат со изјави или неосновани обвинувања, туку да побараат информации од различни извори, барем да ги слушаат нашите аргументи - изјави Песков.

Тој истакна дека фактите и хронологијата на случувањата во Буча не се совпаѓаат со украинската верзија на настаните.

The post Кремљ: Фактите и хронологијата во Буча не се совпаѓаат со украинската верзија appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Русија категорично ги отфрла сите обвинувања за убиства на цивили во украинскиот град Буча. Песков ги повика светските лидери да не брзаат со неосновани обвинувања.