БТВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/btv/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Apr 2022 12:35:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png БТВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/btv/ 32 32 МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mrtv-ushte-ne-se-emituva-vo-bugarija-kako-shto-e-dogovoreno/ Mon, 18 Apr 2022 12:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=490024

Реципрочното пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси на Македонија и Бугарија не се спроведува, алармира „Радио слободна Европа“. Македонската радио телевизија не се емитува во бугарскиот етер, додека бугарската национална телевизија БНТ се емитува во земјава. Македонски Телеком ги презема и емитува пакетот програми на БНТ. Според Договорот за добрососедство меѓу двете земји, договорено е размена на програмата на јавните сервиси.

Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји, се вели во Договорот за добрососедство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/

Програмскиот совет на МРТВ на своите седници дебатирал за причините зошто МРТВ не се емитува во Бугарија. Во нивниот заклучок е наведено дека една од причините зошто МРТВ не се емитувањето во бугарскиот етер им било наведено дека е поради слабиот сигнал од интернет кој не можеле да го преземат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-sonceto-od-kutlesh-da-ti-bilo-bugarsko/

Директорот на МРТ Марјан Цветковски во изјава за РСЕ вели дека сега сигналот е пуштен преку сателит и дека со тоа МРТВ ја завршила својата обврска.

Ланскиот договор предвидувал бугарскиот национален канал да се емитува на платформата во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ требаше да стане и дел од пакетите на бугарските оператори. Но, според достапната програма на бугарските оператори он лајн, МРТВ не е дел од нивните пакет понуди. Во земјава БНТ се емитува веќе неколку години и на други оператори, како што е А1.

Целиот текст тука

The post МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено appeared first on Република.

]]>

Реципрочното пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси на Македонија и Бугарија не се спроведува, алармира „Радио слободна Европа“. Македонската радио телевизија не се емитува во бугарскиот етер, додека бугарската национална телевизија БНТ се емитува во земјава. Македонски Телеком ги презема и емитува пакетот програми на БНТ. Според Договорот за добрососедство меѓу двете земји, договорено е размена на програмата на јавните сервиси.
Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји, се вели во Договорот за добрососедство.
https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/ Програмскиот совет на МРТВ на своите седници дебатирал за причините зошто МРТВ не се емитува во Бугарија. Во нивниот заклучок е наведено дека една од причините зошто МРТВ не се емитувањето во бугарскиот етер им било наведено дека е поради слабиот сигнал од интернет кој не можеле да го преземат. https://republika.mk/vesti/makedonija/i-sonceto-od-kutlesh-da-ti-bilo-bugarsko/ Директорот на МРТ Марјан Цветковски во изјава за РСЕ вели дека сега сигналот е пуштен преку сателит и дека со тоа МРТВ ја завршила својата обврска. Ланскиот договор предвидувал бугарскиот национален канал да се емитува на платформата во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ требаше да стане и дел од пакетите на бугарските оператори. Но, според достапната програма на бугарските оператори он лајн, МРТВ не е дел од нивните пакет понуди. Во земјава БНТ се емитува веќе неколку години и на други оператори, како што е А1. Целиот текст тука

The post МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено appeared first on Република.

]]>
Дали се случи првата отстапка од Софија за Скопје: БТВ повлече емитување на филм за наводни убиства на Бугари во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-se-sluchi-prvata-otstapka-od-sofija-za-skopje-btv-povleche-emituvanje-na-film-za-navodni-ubistva-na-bugari-vo-makedonija/ Mon, 24 Jan 2022 21:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=448941

Се случи првата отстапка од Софија за Скопје. Јавниот сервис - Бугарската национална телевизија (БНТ) за вечерва во ударен термин најавуваше дека одново ќе го емитува документарниот филм насловен „Само затоа што беа Бугари“, филмот произведен пред повеќе од две децении во кој се пренесуваат сведоштва за ликвидации на Бугари во Македонија во текот на јануари 1945 година.

По најавата за емитувањето на филмот, во политички кругови во Софија имаше кментари дека БНТ, ја саботира посетата на премиерот на Севрна Македонија, Димитар Ковачевски, па и новиот пристап што сака да го промовира бугарскиот премиер Кирил Петков, објави „360 степени“.

Сепак, доцна попладнето на официјалната веб-страница на Бугарската национална телевизија ја снема најавата за овој документарец, а БНТ објави дека во тој термин ќе емитува друг филм.

- Тие луѓе кои се стрелани тука, сите беа Бугари и сите беа видни луѓе“.

- Зошто ги убија тие луѓе?

- Ги убија само затоа што беа Бугари.

- 6 јануари 1945 г. Го нарекуваат Крвав Божик, затоа што не само тука, во околината на Велес, туку и Куманово, Скопје, Штип, Битола и други градови во Вардарска Македонија се потресени од масовни убиства за коишто и денес малку се знае - се дел од сведоштвата и новинарската нарација во документарецот „Само затоа што беа Бугари“.

Со темата од документарниот филм е поврзано едно од т.н. пет плус едно прашање - она за бугарското барање за рехабилитација на жртвите на комунизмот.

Во денешното интервју, пак, за бугарската телевизија БТВ, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, потсети на Декларацијата што македонското Собрание ја донесе во 2006 година со извинување до семејствата на жртвите на комунизмот и вели дека државата сега е подготвена да ја реафирмира таа декларација, но и да дозволи пристап до архивите, отворање на поединечни случаи, па дури и нивно судско процесуирање, ако тоа го дозволуваат законите.

The post Дали се случи првата отстапка од Софија за Скопје: БТВ повлече емитување на филм за наводни убиства на Бугари во Македонија appeared first on Република.

]]>

Се случи првата отстапка од Софија за Скопје. Јавниот сервис - Бугарската национална телевизија (БНТ) за вечерва во ударен термин најавуваше дека одново ќе го емитува документарниот филм насловен „Само затоа што беа Бугари“, филмот произведен пред повеќе од две децении во кој се пренесуваат сведоштва за ликвидации на Бугари во Македонија во текот на јануари 1945 година. По најавата за емитувањето на филмот, во политички кругови во Софија имаше кментари дека БНТ, ја саботира посетата на премиерот на Севрна Македонија, Димитар Ковачевски, па и новиот пристап што сака да го промовира бугарскиот премиер Кирил Петков, објави „360 степени“. Сепак, доцна попладнето на официјалната веб-страница на Бугарската национална телевизија ја снема најавата за овој документарец, а БНТ објави дека во тој термин ќе емитува друг филм.
- Тие луѓе кои се стрелани тука, сите беа Бугари и сите беа видни луѓе“. - Зошто ги убија тие луѓе? - Ги убија само затоа што беа Бугари. - 6 јануари 1945 г. Го нарекуваат Крвав Божик, затоа што не само тука, во околината на Велес, туку и Куманово, Скопје, Штип, Битола и други градови во Вардарска Македонија се потресени од масовни убиства за коишто и денес малку се знае - се дел од сведоштвата и новинарската нарација во документарецот „Само затоа што беа Бугари“.
Со темата од документарниот филм е поврзано едно од т.н. пет плус едно прашање - она за бугарското барање за рехабилитација на жртвите на комунизмот. Во денешното интервју, пак, за бугарската телевизија БТВ, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, потсети на Декларацијата што македонското Собрание ја донесе во 2006 година со извинување до семејствата на жртвите на комунизмот и вели дека државата сега е подготвена да ја реафирмира таа декларација, но и да дозволи пристап до архивите, отворање на поединечни случаи, па дури и нивно судско процесуирање, ако тоа го дозволуваат законите.

The post Дали се случи првата отстапка од Софија за Скопје: БТВ повлече емитување на филм за наводни убиства на Бугари во Македонија appeared first on Република.

]]>