БСЖ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bsz/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 12:27:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png БСЖ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bsz/ 32 32 Итно повлечена вакцината БСЖ за бебиња произведена на Институтот „Торлак“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/itno-povlechena-vaktsinata-bszh-za-bebina-proizvedena-na-institutot-torlak/ Wed, 22 Mar 2023 12:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=622420

Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс.

Во документот што го објави тој портал, може да се види дека на 15 март, координаторот за отповикување на Институтот побарал итно повлекување на таа вакцина поради „сомнежи во квалитетот на производот“.

Во документот се додава дека треба да се прекине снабдувањето и користењето на тој производ.

Во октомври 2022 година, повеќе од 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо таа вакцина поради неточни упатства за употреба, а како што пишува Нова.рс, бебињата потоа добиле увезена вакцина затоа што „Торлак“ во одреден момент престанал да ги произведува.

Порталот наведува дека „Торлак“ во меѓувреме го обновил производството, но се уште не се знае дали и колку бебиња ја примиле вакцината, чие повлекување е побарано.

 

The post Итно повлечена вакцината БСЖ за бебиња произведена на Институтот „Торлак“ appeared first on Република.

]]>

Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс. Во документот што го објави тој портал, може да се види дека на 15 март, координаторот за отповикување на Институтот побарал итно повлекување на таа вакцина поради „сомнежи во квалитетот на производот“. Во документот се додава дека треба да се прекине снабдувањето и користењето на тој производ. Во октомври 2022 година, повеќе од 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо таа вакцина поради неточни упатства за употреба, а како што пишува Нова.рс, бебињата потоа добиле увезена вакцина затоа што „Торлак“ во одреден момент престанал да ги произведува. Порталот наведува дека „Торлак“ во меѓувреме го обновил производството, но се уште не се знае дали и колку бебиња ја примиле вакцината, чие повлекување е побарано.  

The post Итно повлечена вакцината БСЖ за бебиња произведена на Институтот „Торлак“ appeared first on Република.

]]>
Бебињата во Србија добиваат бугарска БСЖ вакцина, Торлак не ги прoизведува https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/bebinjata-vo-srbija-dobivaat-bugarska-bsz-vakcina-torlak-ne-gi-proizveduva/ Fri, 04 Nov 2022 07:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=569374

Поранешниот раководител на Одделот за производство во српскиот Институтот „Торлак“, Мирослав Стајиќ, тврди дека новородените бебиња во Србија во изминатите три месеци примаат бугарски БСЖ вакцини, против туберкулоза, пренесе Бета.

Како што изјави за порталот Нова.рс, „целосно исправниот“ погон во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ за производство на тие вакцини е „неупотреблив“, бидејќи сите стручњаци го напуштиле одделението за туберкулоза, а младите кои неодамна се вработиле не знаат да работат.

„Кога сфатија дека немаат стручњаци кои ќе ја произведуваат вакцината БСЖ, раководството на Торлак под итно поднесе барање за увоз на вакцини против туберкулоза од Бугарија. Имено, целиот регион, Црна Гора, Република Српска, се снабдува со вакцини од Торлак. Но, на почетокот на годината и на пролетта имаше недостиг од таа вакцина во породилиштата во регионот, бидејќи производството беше прекинато во Торлак“, рече Стајиќ.

Тој изјави дека биолошкото производство на тие вакцини е ризично и дека бара експерти кои ќе го надгледуваат.

„Очигледно е дека Торлак поради некоја причина не успеал да направи доволно количества вакцини, па во јули нарачале БСЖ од Бугарија. Торлак директно тоа го платил. За жал, во текот на изминатите 20 години, многу лекари, биолози и речиси сите искусни техничари ја напуштиле таа установа. Се надевам дека Торлак повторно ќе може да ја произведе вакцината против туберкулоза, но некој мора да го научи подмладениот тим што го донесоа. Таму нема повеќе експерти и нема од кого да учат“, истакна Стајиќ.

Тој оцени дека ако има проблем со погоните, тогаш јавноста мора да знае за тоа, нагласувајќи дека Торлак не е приватна компанија.

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, минатата недела изјави дека на Гинеколошко-акушерската клиника во Белград 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина.

The post Бебињата во Србија добиваат бугарска БСЖ вакцина, Торлак не ги прoизведува appeared first on Република.

]]>

Поранешниот раководител на Одделот за производство во српскиот Институтот „Торлак“, Мирослав Стајиќ, тврди дека новородените бебиња во Србија во изминатите три месеци примаат бугарски БСЖ вакцини, против туберкулоза, пренесе Бета. Како што изјави за порталот Нова.рс, „целосно исправниот“ погон во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ за производство на тие вакцини е „неупотреблив“, бидејќи сите стручњаци го напуштиле одделението за туберкулоза, а младите кои неодамна се вработиле не знаат да работат.
„Кога сфатија дека немаат стручњаци кои ќе ја произведуваат вакцината БСЖ, раководството на Торлак под итно поднесе барање за увоз на вакцини против туберкулоза од Бугарија. Имено, целиот регион, Црна Гора, Република Српска, се снабдува со вакцини од Торлак. Но, на почетокот на годината и на пролетта имаше недостиг од таа вакцина во породилиштата во регионот, бидејќи производството беше прекинато во Торлак“, рече Стајиќ.
Тој изјави дека биолошкото производство на тие вакцини е ризично и дека бара експерти кои ќе го надгледуваат.
„Очигледно е дека Торлак поради некоја причина не успеал да направи доволно количества вакцини, па во јули нарачале БСЖ од Бугарија. Торлак директно тоа го платил. За жал, во текот на изминатите 20 години, многу лекари, биолози и речиси сите искусни техничари ја напуштиле таа установа. Се надевам дека Торлак повторно ќе може да ја произведе вакцината против туберкулоза, но некој мора да го научи подмладениот тим што го донесоа. Таму нема повеќе експерти и нема од кого да учат“, истакна Стајиќ.
Тој оцени дека ако има проблем со погоните, тогаш јавноста мора да знае за тоа, нагласувајќи дека Торлак не е приватна компанија. Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, минатата недела изјави дека на Гинеколошко-акушерската клиника во Белград 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина.

The post Бебињата во Србија добиваат бугарска БСЖ вакцина, Торлак не ги прoизведува appeared first on Република.

]]>