брза железница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brza-zheleznitsa/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 09:03:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брза железница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brza-zheleznitsa/ 32 32 Мицкоски ветува дека со брзата пруга возовите ќе одат 120 километри на час https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vetuva-deka-so-brzata-pruga-vozovite-ke-odat-120-kilometri-na-chas/ Mon, 13 Nov 2023 07:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=700827

Еден од првите проекти на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде подобрување на железничката мрежа, ветува лидерот Христијан Мицкоски.

Во ситуација кога Македонија практично нема железница и кога единствениот воз кој одеше кон Битола запре, новата влада ќе има тешка задача да го врати патувањето со воз.

Eдна од стратешките политика на идината влада ќе бидат инфраструктурните проекти и брзата пруга север-југ со која возовите во Македонија ќе патуваат со просечна брзина од 120 килomeтри на час-откри Мицкоски за „Република“.

Лошата состојба во желензичкиот сообраќај ја констатираше и Европската комисија во извештајот за напредокот.

Нема политичка заложба за неопходните железнички реформи-констатираше ЕК.

The post Мицкоски ветува дека со брзата пруга возовите ќе одат 120 километри на час appeared first on Република.

]]>

Еден од првите проекти на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде подобрување на железничката мрежа, ветува лидерот Христијан Мицкоски. Во ситуација кога Македонија практично нема железница и кога единствениот воз кој одеше кон Битола запре, новата влада ќе има тешка задача да го врати патувањето со воз.
Eдна од стратешките политика на идината влада ќе бидат инфраструктурните проекти и брзата пруга север-југ со која возовите во Македонија ќе патуваат со просечна брзина од 120 килomeтри на час-откри Мицкоски за „Република“.
Лошата состојба во желензичкиот сообраќај ја констатираше и Европската комисија во извештајот за напредокот.

Нема политичка заложба за неопходните железнички реформи-констатираше ЕК.

The post Мицкоски ветува дека со брзата пруга возовите ќе одат 120 километри на час appeared first on Република.

]]>
Ќе тргне ли возот од Србија кон Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ke-trgne-li-vozot-od-srbija-kon-makedonija/ Tue, 10 Oct 2023 06:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=689673

Генералниот директор на железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан и генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Жеклезниците на Македонија Зоран Трифуновски денеска во Белград разговараа за перспективите и плановите за развој на инфраструктурата и железничкиот сообраќај на Коридорот 10, јави дописникот на МИА од Белград.

Од Железничката инфраструктура на Србија соопштија дека раководството од Србија ги информирало гостите од Македонија за искуствата поврзани со изградбата на брзата пруга Белград-Нови Сад, со брзина од 200 километри на час, како и за резултатите и ефектите постигнати со спроведувањето на овој проект.

Оттаму додаваат дека се зборувало и за продолжување на изградбата на брзата пруга од Нови Сад до Суботица и понатаму до Будимпешта.

Шурлан и Трифуновски разговараа за прекуграничната соработка на управителите на железничката инфраструктура во Македонија и Србија, како и за можностите за нејзин развој.

Ова беше и можност за размена на искуства за многу теми од бизнисот на двете компании од железничката инфраструктура.

Во рамките на работната посета на Србија, делегацијата на Инфраструктурата на железниците на Македонија патуваше на брзата пруга со возот „Соко“ со брзина од 200 километри на час и се увери во квалитетот, точноста и пријатноста на патувањето со железница на новата пруга меѓу овие два града.

Покрај тоа, Трифуновски и неговите колеги ги посетија и работите за изградба на новата железничка станица Белград Центар во Прокоп, како и Телекомандата од каде се следи и управува железничкиот сообраќај на брзата пруга Белград-Нови Сад.

Гостите од Македонија ги посетија и работите на реконструкција на железничката станица во Нови Сад, која се реновира како дел од проектот за изградба на брза пруга Нови Сад-Суботица.

Состанокот се одржа во рамки на посетата на висока делегација на инфраструктурната железничка компанија на Македонија на Железничката инфраструктура на Србија.

Покрај големото железничко значење, оваа посета секако е значаен придонес во развојот на меѓусебната соработка во регионот, се заклучува во соопштението

The post Ќе тргне ли возот од Србија кон Македонија? appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан и генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Жеклезниците на Македонија Зоран Трифуновски денеска во Белград разговараа за перспективите и плановите за развој на инфраструктурата и железничкиот сообраќај на Коридорот 10, јави дописникот на МИА од Белград. Од Железничката инфраструктура на Србија соопштија дека раководството од Србија ги информирало гостите од Македонија за искуствата поврзани со изградбата на брзата пруга Белград-Нови Сад, со брзина од 200 километри на час, како и за резултатите и ефектите постигнати со спроведувањето на овој проект. Оттаму додаваат дека се зборувало и за продолжување на изградбата на брзата пруга од Нови Сад до Суботица и понатаму до Будимпешта. Шурлан и Трифуновски разговараа за прекуграничната соработка на управителите на железничката инфраструктура во Македонија и Србија, како и за можностите за нејзин развој. Ова беше и можност за размена на искуства за многу теми од бизнисот на двете компании од железничката инфраструктура. Во рамките на работната посета на Србија, делегацијата на Инфраструктурата на железниците на Македонија патуваше на брзата пруга со возот „Соко“ со брзина од 200 километри на час и се увери во квалитетот, точноста и пријатноста на патувањето со железница на новата пруга меѓу овие два града. Покрај тоа, Трифуновски и неговите колеги ги посетија и работите за изградба на новата железничка станица Белград Центар во Прокоп, како и Телекомандата од каде се следи и управува железничкиот сообраќај на брзата пруга Белград-Нови Сад. Гостите од Македонија ги посетија и работите на реконструкција на железничката станица во Нови Сад, која се реновира како дел од проектот за изградба на брза пруга Нови Сад-Суботица. Состанокот се одржа во рамки на посетата на висока делегација на инфраструктурната железничка компанија на Македонија на Железничката инфраструктура на Србија. Покрај големото железничко значење, оваа посета секако е значаен придонес во развојот на меѓусебната соработка во регионот, се заклучува во соопштението

The post Ќе тргне ли возот од Србија кон Македонија? appeared first on Република.

]]>
Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за изградба на брза железница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-ja-prifati-pokanata-od-ungarija-i-srbija-za-izgradba-na-brza-zheleznitsa/ Tue, 16 May 2023 06:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=641175

Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за приклучување кон проектот брза железница по Коридор 10. Извори од Владата брифираат дека наскоро министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го потпише меморандумот,пренесе Фактор.

Изградбата на брзата железница помеѓу Будимпешта и Белград е веќе започната. Од Прешево треба да продолжи преку Скопје кон Евзони, како што информираат од Владата. Потребната сума за проектот, според првичните проекции, е 1,5 милијарди евра, но поврзувањето ќе биде финансирано од европски пари, односно самата ЕУ е силно заинтересирана за овој проект, и голем дел од средствата би се исплатиле како европски грант.

Српските и унгарските министри за транспорт на крајот на март ги поканија колегите од регионот да се приклучат на изградбата на брзата железница. Покани беа испратени уште до Бугарија, Албанија, Грција и Турција.

Врзата железница би го поврзала северниот дел од регионот со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај. Брзата пруга од Белград треба да продолжи во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

The post Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за изградба на брза железница appeared first on Република.

]]>

Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за приклучување кон проектот брза железница по Коридор 10. Извори од Владата брифираат дека наскоро министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го потпише меморандумот,пренесе Фактор. Изградбата на брзата железница помеѓу Будимпешта и Белград е веќе започната. Од Прешево треба да продолжи преку Скопје кон Евзони, како што информираат од Владата. Потребната сума за проектот, според првичните проекции, е 1,5 милијарди евра, но поврзувањето ќе биде финансирано од европски пари, односно самата ЕУ е силно заинтересирана за овој проект, и голем дел од средствата би се исплатиле како европски грант. Српските и унгарските министри за транспорт на крајот на март ги поканија колегите од регионот да се приклучат на изградбата на брзата железница. Покани беа испратени уште до Бугарија, Албанија, Грција и Турција. Врзата железница би го поврзала северниот дел од регионот со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај. Брзата пруга од Белград треба да продолжи во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

The post Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за изградба на брза железница appeared first on Република.

]]>
Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srbija-i-ungarija-ke-ispratat-pokana-do-makedonija-da-se-prikluchi-kon-izgradba-na-brza-zheleznitsa/ Tue, 28 Mar 2023 13:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=624715

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, во Будимпешта, по разговорот со унгарскиот министер за градежништво и транспорт, Јанош Лазар, изјави дека двете земји ќе испратат покани до Бугарија, Македонија, Албанија, Грција и Турција за приклучување на изградба на брза железница во регионот, која прво ќе ги поврзе Будимпешта и Белград, а подоцна Ниш и Прешево, јави дописиникот на МИА од Белград.

Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај, изјави Весиќ на новинарите по средбата со Јанош.

Весиќ посочи дека оваа иницијатива се совпаѓа со иницијативата Отворен Балкан (ОБ) и дека, кога станува збор за железничкиот сообраќај, може да биде еден вид „Отворен Балкан плус“.

За нас е важно да се поврземе со Скопје и Тирана, Солун и Истанбул, важно е и за Унгарците, бидејќи железницата ќе се користи за превоз на стоки, а не само за патничкиот сообраќај, рече Весиќ и додаде дека пругата има логична смисла по изградбата до Прешево да продолжи кон југ.

Верувам дека тоа е во интерес и на ЕУ, која сака европскиот континент да биде поврзан, Грција е членка на ЕУ и ние ќе влеземе во ЕУ. На последниот состанок на ОБ имаше и претставници на Турција и Унгарија, а се огласија и претставници на Грција. ОБ станува се позначајна иницијатива, а тие и другите соседни земји кои не можат да станат членки, бидејќи се веќе во ЕУ, бараат да бидат набљудувачи бидејќи гледаат потенцијал во тој процес. Ова е како ОБ плус, објасни Весиќ.

Унгарскиот министер Јанош Лазар на новинарите им рече дека Унгарија е заинтересирана за продолжување на брзата пруга јужно од Белград, во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

The post Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, во Будимпешта, по разговорот со унгарскиот министер за градежништво и транспорт, Јанош Лазар, изјави дека двете земји ќе испратат покани до Бугарија, Македонија, Албанија, Грција и Турција за приклучување на изградба на брза железница во регионот, која прво ќе ги поврзе Будимпешта и Белград, а подоцна Ниш и Прешево, јави дописиникот на МИА од Белград.
Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај, изјави Весиќ на новинарите по средбата со Јанош.
Весиќ посочи дека оваа иницијатива се совпаѓа со иницијативата Отворен Балкан (ОБ) и дека, кога станува збор за железничкиот сообраќај, може да биде еден вид „Отворен Балкан плус“. За нас е важно да се поврземе со Скопје и Тирана, Солун и Истанбул, важно е и за Унгарците, бидејќи железницата ќе се користи за превоз на стоки, а не само за патничкиот сообраќај, рече Весиќ и додаде дека пругата има логична смисла по изградбата до Прешево да продолжи кон југ. Верувам дека тоа е во интерес и на ЕУ, која сака европскиот континент да биде поврзан, Грција е членка на ЕУ и ние ќе влеземе во ЕУ. На последниот состанок на ОБ имаше и претставници на Турција и Унгарија, а се огласија и претставници на Грција. ОБ станува се позначајна иницијатива, а тие и другите соседни земји кои не можат да станат членки, бидејќи се веќе во ЕУ, бараат да бидат набљудувачи бидејќи гледаат потенцијал во тој процес. Ова е како ОБ плус, објасни Весиќ. Унгарскиот министер Јанош Лазар на новинарите им рече дека Унгарија е заинтересирана за продолжување на брзата пруга јужно од Белград, во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

The post Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница appeared first on Република.

]]>