брза помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brza-pomosh/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 17:34:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брза помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brza-pomosh/ 32 32 Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lekar-od-gevgelija-napadnat-od-vozach-vo-itnata-meditsinska-pomosh/ Mon, 25 Nov 2024 17:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=841662

На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош appeared first on Република.

]]>

На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош appeared first on Република.

]]>
Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shtipskata-klinichka-bolnitsa-ke-otvori-urgenten-tsentar-ke-se-spojat-timovi-od-brza-pomosh-i-bolnitsata-ke-ordiniraat-i-privatnite-spetsijalizanti/ Sun, 22 Sep 2024 12:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=818728

Клиничка болница - Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток.

Тој посочи дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.

Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица - ургентен центар, каде што тие тимови, би работеле. Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуваат целиот регион, рече Захариев.

Тој истакна дека ургентниот центар во Штип ќе работи 24 часа, секој ден во неделата, ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и кај возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, појасни тој, односно, контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион.

Неколку години наназад се зборува за отворање ургентен центар, но, досега не е отворен, како што се вели, бидејќи недостасува кадар. Лекари специјалисти недостасувале во сите одделенија, а ист бил и проблемот со медицински сестри, болничари и хигиеничари.

The post Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>

Клиничка болница - Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток. Тој посочи дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.
Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица - ургентен центар, каде што тие тимови, би работеле. Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуваат целиот регион, рече Захариев.
Тој истакна дека ургентниот центар во Штип ќе работи 24 часа, секој ден во неделата, ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и кај возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, појасни тој, односно, контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион. Неколку години наназад се зборува за отворање ургентен центар, но, досега не е отворен, како што се вели, бидејќи недостасува кадар. Лекари специјалисти недостасувале во сите одделенија, а ист бил и проблемот со медицински сестри, болничари и хигиеничари.  

The post Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>
Кавадарци: Целата соба беше со крв – ја удрила мајка и по глава https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kavadartsi-tselata-soba-beshe-so-krv-ja-udrila-majka-i-po-glava/ Tue, 10 Sep 2024 09:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=814860

Кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си рано изутринава, оваа информација ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од Брзата помош.

- Ние како екипа на Итната медицинска помош заминавме на лице место веднаш по дојавата. Жената имаше повреда на главата, голема исеченица и оток на местото на ударот, дома крв имаше секаде во собата. Ја однесовме во кавадаречката болница, појасни Нерков.

Од СВР Велес го потврдија случајот.

-На 10.09.2024 во 03.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ја лишиле од слобода В.Ѓ.М.(32) од Квадарци, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка. В.Ѓ.М. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, рекоа од СВР Велес.

The post Кавадарци: Целата соба беше со крв – ја удрила мајка и по глава appeared first on Република.

Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната помош во Велес https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zgolemen-brojot-na-povitsi-i-interventsii-na-itnata-pomosh-vo-veles/ Wed, 17 Jul 2024 20:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=797820

Деновиве со летните горештини и превисоките температири над 41 степен целзиусов лошо се одразуваат на здравјето на населението што  предизвика и зголем број на повиците од граѓаните,  како и прегледите во амбуланта и на терен од екипите на Итна медицинска помош. Од први до 15 јули, годинава, направени се вкупно 1.056 прегледи во амбуланта и на терен. За само 15 дена,  направени се 302 прегледи во амбуланта преку ден и 466 прегледи преку ноќ, додека на терен се направени 162 прегледи преку ден и 126 преку ноќ. Услуги на терен од страна на сестра направени се вкупно 184 од кои 174 преку ден и 10 прегледи преку ноќ, информира д-р Василка  Пановска Поп–Стефанова началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом  Велес.

Таа потенцира дека поради превисоките температири  многу  често граѓаните  колабираат,  а воедно  зголемен  е и бројот на повици од хронични пациенти,на кои здравјето им се влошува поради превисоките температури.

-Се јавуваат  и пациенти со покачен крвен притисок, како и пациенти кои имаат дијареа и повраќање, а има повици и од хроничните болни информира  д-р Пановска Поп-Стефанова.

Воедно таа  апелира до граѓаните да не излегуваат од своите домови во период од 10:00 до 17:00 часот кога се  највисоки температури, да конзумираат што повеќе течности, а  најмногу вода и сок од цеден лимон, како и  добро измиено овошје и зеленчук и да избегнуваат масна храна.

Доколку сепак имаат потреба да излезат од дома, да носат светла облека.Хронично болните пациенти редовно да ја примаат својата терапија и за било каква промена на здравствената состојба да се консултираат со лекар.

The post Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната помош во Велес appeared first on Република.

]]>

Деновиве со летните горештини и превисоките температири над 41 степен целзиусов лошо се одразуваат на здравјето на населението што  предизвика и зголем број на повиците од граѓаните,  како и прегледите во амбуланта и на терен од екипите на Итна медицинска помош. Од први до 15 јули, годинава, направени се вкупно 1.056 прегледи во амбуланта и на терен. За само 15 дена,  направени се 302 прегледи во амбуланта преку ден и 466 прегледи преку ноќ, додека на терен се направени 162 прегледи преку ден и 126 преку ноќ. Услуги на терен од страна на сестра направени се вкупно 184 од кои 174 преку ден и 10 прегледи преку ноќ, информира д-р Василка  Пановска Поп–Стефанова началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом  Велес. Таа потенцира дека поради превисоките температири  многу  често граѓаните  колабираат,  а воедно  зголемен  е и бројот на повици од хронични пациенти,на кои здравјето им се влошува поради превисоките температури. -Се јавуваат  и пациенти со покачен крвен притисок, како и пациенти кои имаат дијареа и повраќање, а има повици и од хроничните болни информира  д-р Пановска Поп-Стефанова. Воедно таа  апелира до граѓаните да не излегуваат од своите домови во период од 10:00 до 17:00 часот кога се  највисоки температури, да конзумираат што повеќе течности, а  најмногу вода и сок од цеден лимон, како и  добро измиено овошје и зеленчук и да избегнуваат масна храна. Доколку сепак имаат потреба да излезат од дома, да носат светла облека.Хронично болните пациенти редовно да ја примаат својата терапија и за било каква промена на здравствената состојба да се консултираат со лекар.

The post Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната помош во Велес appeared first on Република.

]]>
Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deset-do-petnaeset-kolapsi-dnevno-i-zgolemen-broj-soobrakajki/ Sun, 14 Jul 2024 11:53:09 +0000 https://republika.mk/?p=796639

Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди.

– Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.

Од петокот до изутринава до седум часот имале вкупно 152 интервенции.

– Од нив, 52 од прв степен на итност, 80 од втор степен на итност. Само за вчерашниот ден, за 24 часа, бележиме вкупно 77 интервенции, од прв степен на итност 23, а 42 од втор степен на итност, посочува доктор Реџепи.

The post Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки appeared first on Република.

Несреќа на Скијатос: Брза помош покоси туристи кои одбираа магнети https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nesreka-na-skijatos-brza-pomosh-pokosi-turisti-koi-odbiraa-magneti/ Mon, 08 Jul 2024 08:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=794424

Возило на Брза помош покоси две жени кои во моментот разгледуваа магнети пред продавница. Инцидентот се случи во петокот на грчкиот остров Скијатос.

Безбедносните камери снимиле како возачот ги собира жените со ретровизорот, а тие паѓаат.

https://youtu.be/Ze0Q05Y5u2Q?si=NO4mRRuE4sR-9fpv

Жените се наоѓале на пешачка зона, но според надлежните, Брзата помош се враќала од интервенција кога се случила несреќата и затоа возеле оттаму.

The post Несреќа на Скијатос: Брза помош покоси туристи кои одбираа магнети appeared first on Република.

]]>

Возило на Брза помош покоси две жени кои во моментот разгледуваа магнети пред продавница. Инцидентот се случи во петокот на грчкиот остров Скијатос. Безбедносните камери снимиле како возачот ги собира жените со ретровизорот, а тие паѓаат. https://youtu.be/Ze0Q05Y5u2Q?si=NO4mRRuE4sR-9fpv Жените се наоѓале на пешачка зона, но според надлежните, Брзата помош се враќала од интервенција кога се случила несреќата и затоа возеле оттаму.

The post Несреќа на Скијатос: Брза помош покоси туристи кои одбираа магнети appeared first on Република.

]]>
Извлечена е екипата на Брза помош што се заглави во лифт во Кисела Вода, има повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izvlechena-e-ekipata-na-brza-pomosh-shto-se-zaglavi-vo-lift-vo-kisela-voda-ima-povredeni/ Wed, 26 Jun 2024 11:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=790962

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)  информираат дека екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт во скопската населба Кисела Вода е извлечена и има повреди.

Во лифтот била само медицинската екипа, немало пациент, според ЦУК екипата била на констатација на смрт.

Денеска на бројот 112 во ЦУК стигнала пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. „Христо Татарчев“ бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Лифтот паднал од приземје во подрум. Имало најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.

The post Извлечена е екипата на Брза помош што се заглави во лифт во Кисела Вода, има повредени appeared first on Република.

]]>

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)  информираат дека екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт во скопската населба Кисела Вода е извлечена и има повреди. Во лифтот била само медицинската екипа, немало пациент, според ЦУК екипата била на констатација на смрт. Денеска на бројот 112 во ЦУК стигнала пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. „Христо Татарчев“ бр.47, Кисела Вода, Скопје. Лифтот паднал од приземје во подрум. Имало најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.  

The post Извлечена е екипата на Брза помош што се заглави во лифт во Кисела Вода, има повредени appeared first on Република.

]]>
Екипа на Брза помош со пациент заглавена во лифт во подрум во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ekipa-na-brza-pomosh-so-patsient-zaglavena-vo-lift-vo-podrum-vo-kisela-voda/ Wed, 26 Jun 2024 09:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=790931

Во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 112 во 11:22 часот добиле пријава деоа екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда на ул. „Христо Татарчев“ бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје, велат од ЦУК.

The post Екипа на Брза помош со пациент заглавена во лифт во подрум во Кисела Вода appeared first on Република.

Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-josipovik-od-brza-pomosh-sovetuva-shto-prvo-da-se-napiete-ako-na-zheshtinite-vi-padne-pritisokot/ Sat, 08 Jun 2024 09:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=785681

Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот.

Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок.

Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.

Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.

The post Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот appeared first on Република.

]]>

Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот. Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок. Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.
Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.
 
The post Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот appeared first on Република.

]]>
Радовишанец нападнал лекар во Итната помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/radovishanets-napadnal-lekar-vo-itnata-pomosh/ Sun, 11 Feb 2024 14:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=742864

Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш, пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш.

Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.

За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

The post Радовишанец нападнал лекар во Итната помош appeared first on Република.

]]>

Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш, пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш. Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот. За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.  

The post Радовишанец нападнал лекар во Итната помош appeared first on Република.

]]>
Инцидент на Брза помош во Охрид: Граѓанин нападнал вработен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-na-brza-pomosh-vo-ohrid-graganin-napadnal-vraboten/ Fri, 02 Feb 2024 15:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=739814

Вработен во охридската болница бил нападнат од 57-годишен охриѓанец.

На 01.02.2024 во 19.20 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Д.(57) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно во просториите на Итната медицинска помош во Охрид физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

The post Инцидент на Брза помош во Охрид: Граѓанин нападнал вработен appeared first on Република.

]]>

Вработен во охридската болница бил нападнат од 57-годишен охриѓанец. На 01.02.2024 во 19.20 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Д.(57) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно во просториите на Итната медицинска помош во Охрид физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

The post Инцидент на Брза помош во Охрид: Граѓанин нападнал вработен appeared first on Република.

]]>
Во Македонија недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да се задоволи законски пропишаниот минимум https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-nedostigaat-52-ekipi-za-itna-meditsinska-pomosh-za-da-se-zadovoli-zakonski-propishaniot-minimum/ Sun, 31 Dec 2023 15:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=726430

Според најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации за капацитетитена итната медицинска помош, во земјава недостигаат вкупно 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа.

Како што е наведено во истражувањето, најмногу тимови, 18 недостигаат во Скопје, додека Битола има 4 повеќе од минимум потребните. Дури половина од 33-те здравствени центри имаат помалку тимови од потребните.

Воедно од истражувањетo утврдуваат дека во моментов во земјава вкупно има 258 тимови за итна медицинска помош и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува.

Така во однос на 2015 година, кога е донесена последната уредба со која се предвидува минималниот број тимови што треба да го има секој здравствен центар, бројот на тимови за итна помош е намален за 22.

Во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации е утврдено дека еден тим на итна помош некаде покрива 1.000, а во други градови и до 40.000 жители дневно. Најлошо стојат Струмица и Тетово, каде еден тим „покрива“ дури по околу 40.000 жители дневно. Куманово и Скопје се следни со покриеност на еден тим на околу 30.000 жители дневно. Најдобро “покриени“ се жителите на малите центри како Вевчани, Пехчево и Ростуше каде еден тим покрива по нешто повеќе од 1.000 жители дневно.

-Во една смена на итната помош некаде има по 2, на други места по 50 интервенции.Не се води евиденција колку повици за барање на брза помош се добиваат, а на колку се оди,е заклучокот од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

The post Во Македонија недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да се задоволи законски пропишаниот минимум appeared first on Република.

]]>

Според најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации за капацитетитена итната медицинска помош, во земјава недостигаат вкупно 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа. Како што е наведено во истражувањето, најмногу тимови, 18 недостигаат во Скопје, додека Битола има 4 повеќе од минимум потребните. Дури половина од 33-те здравствени центри имаат помалку тимови од потребните. Воедно од истражувањетo утврдуваат дека во моментов во земјава вкупно има 258 тимови за итна медицинска помош и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува. Така во однос на 2015 година, кога е донесена последната уредба со која се предвидува минималниот број тимови што треба да го има секој здравствен центар, бројот на тимови за итна помош е намален за 22. Во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации е утврдено дека еден тим на итна помош некаде покрива 1.000, а во други градови и до 40.000 жители дневно. Најлошо стојат Струмица и Тетово, каде еден тим „покрива“ дури по околу 40.000 жители дневно. Куманово и Скопје се следни со покриеност на еден тим на околу 30.000 жители дневно. Најдобро “покриени“ се жителите на малите центри како Вевчани, Пехчево и Ростуше каде еден тим покрива по нешто повеќе од 1.000 жители дневно. -Во една смена на итната помош некаде има по 2, на други места по 50 интервенции.Не се води евиденција колку повици за барање на брза помош се добиваат, а на колку се оди,е заклучокот од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

The post Во Македонија недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да се задоволи законски пропишаниот минимум appeared first on Република.

]]>
Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-manoleva-zdravstveniot-sistem-funktsonira-neprecheno-za-vreme-na-samitot-na-obse-ekipi-na-brza-pomosh-se-raporedeni-na-odredeni-strateshki-tochki/ Wed, 29 Nov 2023 13:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=717575

Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ, само со засилени капацитети, изјави денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева.

За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

Дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема, нагласи Манолева.

Таа соопшти дека Министерството за здравство во изминатиот период презело повеќе активности во однос на организацијата на здравствената дејност по повод Министерскиот совет на ОБСЕ и во однос на здравствената заштита на населението.

Заменик министерката информираше дека во однос на Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности, појасни таа.

Манолева додаде дека службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки. Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови.

Јавните здравствени установи согласно одлуката на Влада, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре.

The post Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки appeared first on Република.

]]>

Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ, само со засилени капацитети, изјави денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева. За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.
Дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема, нагласи Манолева.
Таа соопшти дека Министерството за здравство во изминатиот период презело повеќе активности во однос на организацијата на здравствената дејност по повод Министерскиот совет на ОБСЕ и во однос на здравствената заштита на населението. Заменик министерката информираше дека во однос на Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.
Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности, појасни таа.
Манолева додаде дека службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки. Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови. Јавните здравствени установи согласно одлуката на Влада, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре.

The post Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки appeared first on Република.

]]>
Брза помош во полициската станица Пролет: Му се слошило на граѓанин додека чекал за документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brza-pomosh-vo-politsiskata-stanitsa-prolet-mu-se-sloshilo-na-graganin-dodeka-chekal-za-dokumenti/ Fri, 17 Nov 2023 16:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=702663

Попладнево, на еден од граѓаните кои чекале пред пунктот за вадење лични документи без закажување во скопската полициска станица Пролет му се слошило и интервенирала екипа на Брза помош, пипува СДК.мк.

Целиот текст овде.

The post Брза помош во полициската станица Пролет: Му се слошило на граѓанин додека чекал за документи appeared first on Република.

]]>

Попладнево, на еден од граѓаните кои чекале пред пунктот за вадење лични документи без закажување во скопската полициска станица Пролет му се слошило и интервенирала екипа на Брза помош, пипува СДК.мк. Целиот текст овде.

The post Брза помош во полициската станица Пролет: Му се слошило на граѓанин додека чекал за документи appeared first on Република.

]]>
Здравствен дом Тетово: Не е наше возилото од видеото каде Брза помош носи столици до казино https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zdravstven-dom-tetovo-ne-e-nashe-voziloto-od-videoto-kade-brza-pomosh-nosi-stolitsi-do-kazino/ Mon, 02 Oct 2023 14:30:13 +0000 https://republika.mk/?p=687171

Јавната здравствена установа Здравствен дом Тетово преку соопштение ја информира јавноста дека не е нивно возилото за итна медицинска помош за кое неколку портали објавиле видео и напишале дека се превезува инвентар до објект за игри на среќа.

Според тетовскиот Здравствен дом возилото е на приватна установа.

Во интерес на вистина сакаме да ве информираме дека на одделни портали кружи видео дека се споменува дека е возило на Брзата помош во Тетово, со која се нарушува угледот на одделот за Итна медицинска помош е невистинит, на посоченото видео не е возило на Итната медицинска помош или Брза помош, која работи во склоп на Здравствениот дом Тетово, туку се работи за амбулантно возило во сопственост на приватна здравствена установа, објави Здравстен дом Тетово на социјалната мрежа Фејсбук.

The post Здравствен дом Тетово: Не е наше возилото од видеото каде Брза помош носи столици до казино appeared first on Република.

]]>

Јавната здравствена установа Здравствен дом Тетово преку соопштение ја информира јавноста дека не е нивно возилото за итна медицинска помош за кое неколку портали објавиле видео и напишале дека се превезува инвентар до објект за игри на среќа. Според тетовскиот Здравствен дом возилото е на приватна установа.
Во интерес на вистина сакаме да ве информираме дека на одделни портали кружи видео дека се споменува дека е возило на Брзата помош во Тетово, со која се нарушува угледот на одделот за Итна медицинска помош е невистинит, на посоченото видео не е возило на Итната медицинска помош или Брза помош, која работи во склоп на Здравствениот дом Тетово, туку се работи за амбулантно возило во сопственост на приватна здравствена установа, објави Здравстен дом Тетово на социјалната мрежа Фејсбук.

The post Здравствен дом Тетово: Не е наше возилото од видеото каде Брза помош носи столици до казино appeared first on Република.

]]>
Се запали возило на Брзата помош во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapali-vozilo-na-brzata-pomosh-vo-kumanovo/ Tue, 29 Aug 2023 10:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=676901

Возило на Итната помош се запали во Куманово, јавува Лајм.

Очевидци велат дека нема повредени.

Од кумановската болница се уште не соопштуваат детали за настанот.

The post Се запали возило на Брзата помош во Куманово appeared first on Република.

]]>

Возило на Итната помош се запали во Куманово, јавува Лајм. Очевидци велат дека нема повредени. Од кумановската болница се уште не соопштуваат детали за настанот.

The post Се запали возило на Брзата помош во Куманово appeared first on Република.

]]>
Се чека комплетниот извештај за возилото на Брза помош, кое со пациент застана на бензинска за кафе пауза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-cheka-kompletniot-izveshtaj-za-voziloto-na-brza-pomosh-koe-so-patsient-zastana-na-benzinska-za-kafe-pauza/ Thu, 24 Aug 2023 14:43:11 +0000 https://republika.mk/?p=675452

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, информира дека се чека комплетниот извештај за случајот со возилото на Брза помош, што застанало на бензинска пумпа, додека пренесувало пациент од Струга.

Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера биле на лице место, сѐ уште го немаме комплетниот извештај. Бевме во комуникација со директорот на Здравствениот дом, го чекаме извештајот и ќе го споделиме со сите медиуми, одговори Меџити на новинарско прашање за најавениот вонреден инспекциски надзор за овој случај.

Претходно, на брифинг со новинари, прашан за овој случај, зошто возило на Брза помош застанало на кафе пауза, додека пациент со кислородна маска бил во возилото, министерот изјави дека ќе ја провери информацијата и доколку е точна, ќе следуваат најригорозни казни за сторителите.

Одговарајќи на новинарски прашања, Меџити се осврна и на преговорите со синдикалистите за усогласување на платите кои најавија протести доколку не се исполнат нивните барања.

Минатата недела се сретнавме со синдикалните претставници и разговараме на таа тема и се надевам дека многу брзо ќе најдеме позитивно решение, додаде Меџити.

The post Се чека комплетниот извештај за возилото на Брза помош, кое со пациент застана на бензинска за кафе пауза appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, информира дека се чека комплетниот извештај за случајот со возилото на Брза помош, што застанало на бензинска пумпа, додека пренесувало пациент од Струга.
Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера биле на лице место, сѐ уште го немаме комплетниот извештај. Бевме во комуникација со директорот на Здравствениот дом, го чекаме извештајот и ќе го споделиме со сите медиуми, одговори Меџити на новинарско прашање за најавениот вонреден инспекциски надзор за овој случај.
Претходно, на брифинг со новинари, прашан за овој случај, зошто возило на Брза помош застанало на кафе пауза, додека пациент со кислородна маска бил во возилото, министерот изјави дека ќе ја провери информацијата и доколку е точна, ќе следуваат најригорозни казни за сторителите. Одговарајќи на новинарски прашања, Меџити се осврна и на преговорите со синдикалистите за усогласување на платите кои најавија протести доколку не се исполнат нивните барања.
Минатата недела се сретнавме со синдикалните претставници и разговараме на таа тема и се надевам дека многу брзо ќе најдеме позитивно решение, додаде Меџити.

The post Се чека комплетниот извештај за возилото на Брза помош, кое со пациент застана на бензинска за кафе пауза appeared first on Република.

]]>
Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochina-patsientot-od-kombeto-na-brzata-pomosh-chii-vraboteni-pieja-kafe-na-benzinska/ Tue, 22 Aug 2023 10:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=674553

Снимката од бензинската пумпа на автопат, на која се гледа болен човек во комбето на итната помош на кислородна маска, додека медицинската екипа пие кафе и се освежува е всушност последната снимка од пациентот, објави „Слободен печат“.

Тој починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга. Голготата на овој пациент во последните денови од неговиот живот ја потврдува и фактот што семејството со сопствено возило најнапред се обидело да го однесе од Скопје до Струга, ама на излез од градот, во населбата Ѓорче Петров, пациентот им кажува дека не може да продолжи во тоа возило и дека му е лошо.

Вчера министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека ќе го разгледа случајот за кој беше информиран од новинарка.

Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса, изјави Меџити откако ја виде снимката.

https://republika.mk/zivot/zdravje/patsient-chekal-vo-ambulantno-vozilo-so-maska-za-kislorod-a-vraboteni-vo-brza-pomosh-piele-kafe-na-benzinska/

Целиот текст тука.

The post Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска appeared first on Република.

]]>

Снимката од бензинската пумпа на автопат, на која се гледа болен човек во комбето на итната помош на кислородна маска, додека медицинската екипа пие кафе и се освежува е всушност последната снимка од пациентот, објави „Слободен печат“. Тој починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга. Голготата на овој пациент во последните денови од неговиот живот ја потврдува и фактот што семејството со сопствено возило најнапред се обидело да го однесе од Скопје до Струга, ама на излез од градот, во населбата Ѓорче Петров, пациентот им кажува дека не може да продолжи во тоа возило и дека му е лошо. Вчера министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека ќе го разгледа случајот за кој беше информиран од новинарка.
Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса, изјави Меџити откако ја виде снимката.
https://republika.mk/zivot/zdravje/patsient-chekal-vo-ambulantno-vozilo-so-maska-za-kislorod-a-vraboteni-vo-brza-pomosh-piele-kafe-na-benzinska/ Целиот текст тука.

The post Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска appeared first on Република.

]]>
Пациент чекал во амбулантно возило со маска за кислород, а вработени во Брза помош пиеле кафе на бензинска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsient-chekal-vo-ambulantno-vozilo-so-maska-za-kislorod-a-vraboteni-vo-brza-pomosh-piele-kafe-na-benzinska/ Mon, 21 Aug 2023 11:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=674188

Пациент чекал во амбулатно возило со маска за кислород, а медицински персонал од Брза помош пиел кафе на бензинска. Оваа снимка денеска новинарка му ја покажа на министерот за здравство Фатмир Меџити.

Ако го потврдиме ќе преземеме најригорозни мерки. Веднаш ќе го разгледаме тоа во министерство и да го потврдиме точно. Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса, изјави Меџити откако ја виде снимката.

The post Пациент чекал во амбулантно возило со маска за кислород, а вработени во Брза помош пиеле кафе на бензинска appeared first on Република.

Возило на брза помош прегази три малолетнички во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vozilo-na-brza-pomosh-pregazi-tri-maloletnichki-vo-zagreb/ Thu, 22 Jun 2023 08:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=653901

Возило на брза помош прегази три малолетни девојчиња во Хрватска, од кои едната е тешко повредена.

Во Загреб три малолетни девојчиња се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила претходната вечер кога на нив налетала Брза помош која се враќала од интервенција на терен, пишува „Јутарњи лист“.

Несреќата се случила на загрепски Бундек нешто по 22 часот.

Според првичните информации, возачот на Брзата помош прегазил три малолетни девојчиња кои седеле до возилото на тротоарот и кои не ги видел кога го стартувал возилото.

The post Возило на брза помош прегази три малолетнички во Загреб appeared first on Република.

]]>

Возило на брза помош прегази три малолетни девојчиња во Хрватска, од кои едната е тешко повредена. Во Загреб три малолетни девојчиња се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила претходната вечер кога на нив налетала Брза помош која се враќала од интервенција на терен, пишува „Јутарњи лист“. Несреќата се случила на загрепски Бундек нешто по 22 часот. Според првичните информации, возачот на Брзата помош прегазил три малолетни девојчиња кои седеле до возилото на тротоарот и кои не ги видел кога го стартувал возилото.

The post Возило на брза помош прегази три малолетнички во Загреб appeared first on Република.

]]>