брз одговор 22 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brz-odgovor-22/ За подобро да се разбереме Thu, 12 May 2022 11:20:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брз одговор 22 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brz-odgovor-22/ 32 32 Пендаровски: Воената вежба „Брз одговор 22“ е особено важна за развој на капацитетите на нашата армија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-voenata-vezba-brz-odgovor-22-e-osobeno-vazna-za-razvoj-na-kapacitetite-na-nashata-armija/ Thu, 12 May 2022 11:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=501451

Воената вежба „Брз одговор 22“ е особено важна за развој на капацитетите на нашата #Армија преку споделување на знаења, способности и вештини, како и зголемување на интероперабилноста со вооружените сили на сојузничките земји.
Во оваа комплексна вежба, чиј домаќин е #СевернаМакедонија, учествуваат 4600 припадници од вооружените сили на осум земји членки на #НАТО.
Денеска имав можност да проследам комбинирана воена вежба со падобрански скокови, хеликоптерски десант и авиони.
„Брз одговор 22“ ги демонстрира уникатните капацитети на полигонот #Криволак“ како современ меѓународен тренинг центар.

The post Пендаровски: Воената вежба „Брз одговор 22“ е особено важна за развој на капацитетите на нашата армија appeared first on Република.

]]>

Воената вежба „Брз одговор 22“ е особено важна за развој на капацитетите на нашата #Армија преку споделување на знаења, способности и вештини, како и зголемување на интероперабилноста со вооружените сили на сојузничките земји. Во оваа комплексна вежба, чиј домаќин е #СевернаМакедонија, учествуваат 4600 припадници од вооружените сили на осум земји членки на #НАТО. Денеска имав можност да проследам комбинирана воена вежба со падобрански скокови, хеликоптерски десант и авиони. „Брз одговор 22“ ги демонстрира уникатните капацитети на полигонот #Криволак“ како современ меѓународен тренинг центар.

The post Пендаровски: Воената вежба „Брз одговор 22“ е особено важна за развој на капацитетите на нашата армија appeared first on Република.

]]>
Српски медиуми за „Брз одговор 22“ на Криволак: НАТО тренира во Македонија во случај кризата од Украина да се прелее на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srpski-mediumi-za-brz-odgovor-22-na-krivolak-nato-trenira-vo-makedonija-vo-sluchaj-krizata-od-ukraina-da-se-prelee-na-balkanot/ Tue, 10 May 2022 17:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=500666

Голема воена вежба во која учествуваат околу 4.600 американски и сојузнички сили започнува во четврток, 12 мај, на полигонот Криволак во Македонија, и има за цел да ги тестира силите на НАТО во случај украинската криза да се прелее на Балканот или во Источна Европа, пренесуваат медиумите во соседството.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, вежбата наречена „Брз одговор 22“ започнува со слетување на засилен баталјон од американската 173. падобранска бригада на Криволак.

На вежбата, како што анализираат, освен американски војници, ќе учествуваат и припадници на вооружените сили на Македонија, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција.

„Сенката на војната во Украина е силна и повеќе нема политички еуфемизми во објаснувањата за сценаријата на вежбата. Јасно е дека ова е проверка на НАТО во случај да треба да се вклучи на Балканот или на истокот“, се вели во текстот објавен во српските медиуми.

Предвидено е ангажирање на 45 авиони и хеликоптери, околу 1.800 падобранци и заштита на борбени авиони.

Порталот додава дека централно место на вежбата е полигонот Криволак, бидејќи е уреден за обука во услови блиски до војна. На тој простор покрај слетувањето ќе биде прикажана и директна воздушна поддршка, пренесуваат српските медиуми.

Анализираат дека на вежбата ќе учествуваат американски авиони А-10 од Националната гарда на Мериленд, а на аеродромот Петровец пристигнаа хеликоптери „Chinook“ и „Black Hawk“ од Америка и „Apache“ од Велика Британија.

Во написот се додава дека вежбата ќе трае до 20 мај и е дел од меѓународната вежба организирана под истото име оваа пролет во арктичките, балтичките и балканските региони.

The post Српски медиуми за „Брз одговор 22“ на Криволак: НАТО тренира во Македонија во случај кризата од Украина да се прелее на Балканот appeared first on Република.

]]>

Голема воена вежба во која учествуваат околу 4.600 американски и сојузнички сили започнува во четврток, 12 мај, на полигонот Криволак во Македонија, и има за цел да ги тестира силите на НАТО во случај украинската криза да се прелее на Балканот или во Источна Европа, пренесуваат медиумите во соседството.
Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, вежбата наречена „Брз одговор 22“ започнува со слетување на засилен баталјон од американската 173. падобранска бригада на Криволак.
  На вежбата, како што анализираат, освен американски војници, ќе учествуваат и припадници на вооружените сили на Македонија, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција. „Сенката на војната во Украина е силна и повеќе нема политички еуфемизми во објаснувањата за сценаријата на вежбата. Јасно е дека ова е проверка на НАТО во случај да треба да се вклучи на Балканот или на истокот“, се вели во текстот објавен во српските медиуми.
Предвидено е ангажирање на 45 авиони и хеликоптери, околу 1.800 падобранци и заштита на борбени авиони. Порталот додава дека централно место на вежбата е полигонот Криволак, бидејќи е уреден за обука во услови блиски до војна. На тој простор покрај слетувањето ќе биде прикажана и директна воздушна поддршка, пренесуваат српските медиуми. Анализираат дека на вежбата ќе учествуваат американски авиони А-10 од Националната гарда на Мериленд, а на аеродромот Петровец пристигнаа хеликоптери „Chinook“ и „Black Hawk“ од Америка и „Apache“ од Велика Британија.