бруно кал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bruno-kal/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Feb 2022 07:29:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бруно кал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bruno-kal/ 32 32 Првиот човек на германското разузнавање со специјалци спасуван од Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prviot-chovek-na-germanskoto-razuznavanje-so-specijalci-spasuvan-od-kiev/ Sat, 26 Feb 2022 07:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=464066

Првиот човек на германското разузнавање, Бруно Кал, заглавил во Киев откако бил изненаден од руската воена акција во земјата.

Претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (или БНД), во тоа време бил во Киев за да разговара со украинските колеги околу ситуацијата со Русија.

Откако германската министерка за надворешни работи ги повика сите Германци да ја напуштат земјата, специјален одел на германската полиција за заштита на граѓаните во странство ги евакуира германските дипломати и останат персонал.

По процедура еден од евакуираните требало да биде и Кал, меѓутоа тој не стигнува на време. Заради ова ангажирана е специјална единица на БНД да го извади својот шеф од Украина.

Според германски Фокус операцијата била успешна и тој бил евакуиран кон Полска.

The post Првиот човек на германското разузнавање со специјалци спасуван од Киев appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на германското разузнавање, Бруно Кал, заглавил во Киев откако бил изненаден од руската воена акција во земјата.
Претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (или БНД), во тоа време бил во Киев за да разговара со украинските колеги околу ситуацијата со Русија. Откако германската министерка за надворешни работи ги повика сите Германци да ја напуштат земјата, специјален одел на германската полиција за заштита на граѓаните во странство ги евакуира германските дипломати и останат персонал. По процедура еден од евакуираните требало да биде и Кал, меѓутоа тој не стигнува на време. Заради ова ангажирана е специјална единица на БНД да го извади својот шеф од Украина. Според германски Фокус операцијата била успешна и тој бил евакуиран кон Полска.

The post Првиот човек на германското разузнавање со специјалци спасуван од Киев appeared first on Република.

]]>
Средби на претседателот Пендаровски со директорите на ДГСЕ и БНД, Бернар Емие и Бруно Кал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredbi-na-pretsedatelot-pendarovski-so-direktorite-na-dgse-i-bnd-bernar-emie-i-bruno-kal/ Sat, 19 Feb 2022 08:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=460727

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средби со директорот на француската генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) Бернар Емие и со директорот на германската разузнавачка агенција (БНД), Бруно Кал.

Соговорниците, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, размениле мислења и информации за актуелните политичко-безбедносни состојби и предизвици поврзани со настаните во поширокиот регион.

На средбите претседателот Пендаровски оценил дека комуникацијата и соработката меѓу безбедносните агенции се важни, особено меѓу членките на НАТО во рамки на кое се водат разговори и консултации за справување со заедничките безбедносни предизвици.

The post Средби на претседателот Пендаровски со директорите на ДГСЕ и БНД, Бернар Емие и Бруно Кал appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средби со директорот на француската генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) Бернар Емие и со директорот на германската разузнавачка агенција (БНД), Бруно Кал. Соговорниците, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, размениле мислења и информации за актуелните политичко-безбедносни состојби и предизвици поврзани со настаните во поширокиот регион. На средбите претседателот Пендаровски оценил дека комуникацијата и соработката меѓу безбедносните агенции се важни, особено меѓу членките на НАТО во рамки на кое се водат разговори и консултации за справување со заедничките безбедносни предизвици.

The post Средби на претседателот Пендаровски со директорите на ДГСЕ и БНД, Бернар Емие и Бруно Кал appeared first on Република.

]]>