бруцоши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brucoshi/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 13:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бруцоши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brucoshi/ 32 32 Јаневска: Бруцошите од првиот месец ќе добиваат субвенциониран оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-brutsoshite-od-prviot-mesets-ke-dobivaat-subventsioniran-obrok/ Sat, 24 Aug 2024 13:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=809737

Бруцошите добиваат право на субвенциониран оброк уште од првиот месец на студиите, а студентите што се на интегрирани студии од 3+2 години ќе имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии. Министерството за образование и наука ги прифати овие барања на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерката Весна Јаневска изјави дека младите се приоритет на оваа Влада, а тоа значи дека нивниот глас се слуша при креирањето на политики.

Универзитетското студентско собрание ни достави три барања, од кои две прифативме веднаш. Така, студентите кои годинава се запишуваат во прва година, до 5 септември можат да аплицираат за студентски оброк. Јас ги повикувам сите бруцоши кои се надеваат дека ќе стекнат статус на студенти, да го искористат овој рок и да аплицираат“, рече министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по работната посета на основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.

Објасни дека министерството по службена должност ќе направи проверка дали апликантите стекнале статус на редовни студенти.

Со измени во Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно – истражувачките кадри, Министерството за образование и наука ќе ја спречи дискриминацијата што досега ја имале студентите на интегрирани студии од 3+2 години, кои не можеа да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии. Министерката Јаневска изјави дека и на ова барање на студентите, веднаш одговориле позитивно.

Студентите доставија и барање за усвојување на Закон за младински стандард. Нивниот предлог е неопходно подетално да го погледнеме, но, се надевам, дека во најскоро време и тоа ќе го завршиме“, рече министерката Јаневска.

 

The post Јаневска: Бруцошите од првиот месец ќе добиваат субвенциониран оброк appeared first on Република.

]]>

Бруцошите добиваат право на субвенциониран оброк уште од првиот месец на студиите, а студентите што се на интегрирани студии од 3+2 години ќе имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии. Министерството за образование и наука ги прифати овие барања на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерката Весна Јаневска изјави дека младите се приоритет на оваа Влада, а тоа значи дека нивниот глас се слуша при креирањето на политики.
Универзитетското студентско собрание ни достави три барања, од кои две прифативме веднаш. Така, студентите кои годинава се запишуваат во прва година, до 5 септември можат да аплицираат за студентски оброк. Јас ги повикувам сите бруцоши кои се надеваат дека ќе стекнат статус на студенти, да го искористат овој рок и да аплицираат“, рече министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по работната посета на основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.
Објасни дека министерството по службена должност ќе направи проверка дали апликантите стекнале статус на редовни студенти. Со измени во Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно – истражувачките кадри, Министерството за образование и наука ќе ја спречи дискриминацијата што досега ја имале студентите на интегрирани студии од 3+2 години, кои не можеа да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии. Министерката Јаневска изјави дека и на ова барање на студентите, веднаш одговориле позитивно.
Студентите доставија и барање за усвојување на Закон за младински стандард. Нивниот предлог е неопходно подетално да го погледнеме, но, се надевам, дека во најскоро време и тоа ќе го завршиме“, рече министерката Јаневска.
 

The post Јаневска: Бруцошите од првиот месец ќе добиваат субвенциониран оброк appeared first on Република.

]]>
Бруцошите имаат право на бесплатен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/brutsoshite-imaat-pravo-na-besplaten-prevoz/ Mon, 18 Sep 2023 11:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=682883

Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, потсетуваме дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.

Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот.

Потребни документи:

• Потврда за редовен студент (не постара од еден месец)
• Оригинал индекс и лична карта на увид
• 200 ден (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“

На бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 год).

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.

За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopjee.

Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет.

Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.

The post Бруцошите имаат право на бесплатен превоз appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, потсетуваме дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста. Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот. Потребни документи: • Потврда за редовен студент (не постара од еден месец) • Оригинал индекс и лична карта на увид • 200 ден (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“ На бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 год). Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа. За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopjee. Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.

The post Бруцошите имаат право на бесплатен превоз appeared first on Република.

]]>
Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-pochnuvaat-upisite-na-ukim-na-23-fakulteti-ima-slobodni-10-473-mesta-za-brutsoshite/ Wed, 30 Aug 2023 07:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=677174

На 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се официјалните датуми од првиот рок за пријавување кандидати за упис во прва година за претстојната академска година, иако и досега беше овозможено и е во тек електронското аплицирање преку системот за студентски сервиси iKnow https://www.iknow.ukim.edu.mk/

Според Конкурсот на УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10 473 места, од кои 5074 за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма.

Со над илјада слободни места за повеќе студиски програми и годинава се Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство/ФИНКИ (1150), Природно-математичкиот факултет (1050) и Правниот факултет (1055). Филозофскиот факултет располага со 915 слободни места за бруцоши, Филолошкиот факултет – 775, Медицинскиот – 760, Економскиот факултет – 700, Машинскиот – 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии/ФЕИТ – 570…

Во пресрет на уписите, проректорката за настава на Скопскиот универзитет, проф. д-р Христина Спасевска, за МИА изјави дека оваа година кандидатите може да избираат 195 студиски програми на прв циклус студии: интегрирани петгодишни студиски програми, четиригодишни, тригодишни и стручни студии.

Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор. Следејќи го бројот на веќе пријавените кандидати, имајќи ги предвид демографските движења во државата, како и бројот на матурантите кои сакаат да студираат во странство, интересот треба да остане барем ист како и претходната академска година, посочи проф. Спасевска.

Откако ќе се пријават за упис, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. На факултетите на кои покрај успехот од средно училиште има и приемен испит, проверката на знаења и умеења е на 1 септември, а прелиминарната листа со резултатите ќе биде објавена на 6 септември. Конечната ранг-листа на примени на сите факултети ќе биде објавена на 11-ти, а на 12 и 13 септември е запишувањето на кандидатите кои од 1 октомври ќе бидат студенти на УКИМ.

Вториот рок за уписи на Скопскиот универзитет е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември 2023.

The post Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите appeared first on Република.

]]>

На 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се официјалните датуми од првиот рок за пријавување кандидати за упис во прва година за претстојната академска година, иако и досега беше овозможено и е во тек електронското аплицирање преку системот за студентски сервиси iKnow https://www.iknow.ukim.edu.mk/ Според Конкурсот на УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10 473 места, од кои 5074 за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма. Со над илјада слободни места за повеќе студиски програми и годинава се Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство/ФИНКИ (1150), Природно-математичкиот факултет (1050) и Правниот факултет (1055). Филозофскиот факултет располага со 915 слободни места за бруцоши, Филолошкиот факултет – 775, Медицинскиот – 760, Економскиот факултет – 700, Машинскиот – 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии/ФЕИТ – 570… Во пресрет на уписите, проректорката за настава на Скопскиот универзитет, проф. д-р Христина Спасевска, за МИА изјави дека оваа година кандидатите може да избираат 195 студиски програми на прв циклус студии: интегрирани петгодишни студиски програми, четиригодишни, тригодишни и стручни студии.
Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор. Следејќи го бројот на веќе пријавените кандидати, имајќи ги предвид демографските движења во државата, како и бројот на матурантите кои сакаат да студираат во странство, интересот треба да остане барем ист како и претходната академска година, посочи проф. Спасевска.
Откако ќе се пријават за упис, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. На факултетите на кои покрај успехот од средно училиште има и приемен испит, проверката на знаења и умеења е на 1 септември, а прелиминарната листа со резултатите ќе биде објавена на 6 септември. Конечната ранг-листа на примени на сите факултети ќе биде објавена на 11-ти, а на 12 и 13 септември е запишувањето на кандидатите кои од 1 октомври ќе бидат студенти на УКИМ. Вториот рок за уписи на Скопскиот универзитет е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември 2023.

The post Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите appeared first on Република.

]]>
Во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за бруцоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tek-e-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentski-domovi-za-brucoshi/ Tue, 13 Sep 2022 10:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=550321

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16.9.2022 година.

Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата.

Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30.9.2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

 

The post Во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за бруцоши appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16.9.2022 година. Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата. Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30.9.2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.  

The post Во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за бруцоши appeared first on Република.

]]>