броила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/broila/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Dec 2023 13:37:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png броила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/broila/ 32 32 Бислимовски вели дека евтината струја се врати кај граѓаните, но проблемот со броилата сѐ уште е актуелен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-veli-deka-evtinata-struja-se-vrati-kaj-graganite-no-problemot-so-broilata-s-ushte-e-aktuelen/ Wed, 06 Dec 2023 13:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=720355

Додека проблемот со броилата сѐ уште е актуелен, Марко Бислимоски потврдува дека официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата игнорирајќи го овој проблем.

Бислимоски вели дека никој нема да биде оштетен.

Кај нас во Македонија сите броила се дигитални, но не значи дека секое дигитално броило има далечинско отчитување. Како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени, така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за декември ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

На социјалните мрежи се споделуваат две фотографии направени после 13 часот кога треба да има евтина струја, а на кои се гледа дека броилото работи во скапата, а не евтината тарифа. Броилото е од новите, што значи не спаѓа во групата броила чии домаќинства ќе останат без евтина струја затоа што се од стар тип кај кои треба рачно подесување.

Тоа покажува дека и кај новите броила процесот не се одвивал автоматски, односно дека не сите домаќинства кои имаат од таквите броила користат ефтина струја во периодот меѓѕ 13 и 15 часот. Инаку, како што забележувате на втората фотографија, стрелката покажува на Т1, што значи скапа тарифа, наместо на Т2 што значи евтина тарифа.

Бислимовски додаде во однос на снабдувањето со електрична енергија според податоците со коишто располага ЕСМ производните капацитети се во добра кондиција.

Не е исклучена можноста за да постои зголемување на цената на струјата поради што потрошувачката на електричната енергија е намалена за 10% заради поставувањето на фотоволтаци– но секако ќе се најдат соодветни креативни решенија што е во наши рамки. Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми“ – истакна Бислимоски.

The post Бислимовски вели дека евтината струја се врати кај граѓаните, но проблемот со броилата сѐ уште е актуелен appeared first on Република.

]]>

Додека проблемот со броилата сѐ уште е актуелен, Марко Бислимоски потврдува дека официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата игнорирајќи го овој проблем. Бислимоски вели дека никој нема да биде оштетен.
Кај нас во Македонија сите броила се дигитални, но не значи дека секое дигитално броило има далечинско отчитување. Како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени, така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за декември ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
На социјалните мрежи се споделуваат две фотографии направени после 13 часот кога треба да има евтина струја, а на кои се гледа дека броилото работи во скапата, а не евтината тарифа. Броилото е од новите, што значи не спаѓа во групата броила чии домаќинства ќе останат без евтина струја затоа што се од стар тип кај кои треба рачно подесување. Тоа покажува дека и кај новите броила процесот не се одвивал автоматски, односно дека не сите домаќинства кои имаат од таквите броила користат ефтина струја во периодот меѓѕ 13 и 15 часот. Инаку, како што забележувате на втората фотографија, стрелката покажува на Т1, што значи скапа тарифа, наместо на Т2 што значи евтина тарифа. Бислимовски додаде во однос на снабдувањето со електрична енергија според податоците со коишто располага ЕСМ производните капацитети се во добра кондиција.
Не е исклучена можноста за да постои зголемување на цената на струјата поради што потрошувачката на електричната енергија е намалена за 10% заради поставувањето на фотоволтаци– но секако ќе се најдат соодветни креативни решенија што е во наши рамки. Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми“ – истакна Бислимоски.
 
The post Бислимовски вели дека евтината струја се врати кај граѓаните, но проблемот со броилата сѐ уште е актуелен appeared first on Република.

]]>
Од први декември ќе има евтина дневна тарифа, граѓаните да дозволат да се направи читање на броилата, порачуваат од компанијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-prvi-dekemvri-ke-ima-evtina-dnevna-tarifa-graganite-da-dozvolat-da-se-napravi-chitane-na-broilata-porachuvaat-od-kompanijata/ Wed, 06 Sep 2023 11:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=679285

При крај сме со подготовките и како што ветивме до 1 декември годинава се ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија, а до крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани, порача денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.

Дел од броилата се т.н. смарт броила, тие ќе ги смениме дури преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200.000 корисници ќе имаат веќе сетирани тарифи, а другите би биле во текот на месецот. Многу ќе зависи од потрошувачите и достапноста на броилата, рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.

Тој ги замоли граѓаните да им бидат достапни броилата, за како што рече, да можат нивните читачи да ги прочитаат, бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата.

Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред се оди од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира како што треба да се сетира, појасни Салтировски.

Нагласи дека во викенд куќи не можеме да се сетира броилото ако куќата е затворена.

Ако луѓето се на работа, а не се дома, а броилото е внатре не можеме да го сетираме. Во Арачиново броилата се надвор и таму со сигурност ќе бидат сетирани затоа што во изминатиов период тој проект е завршен, рече Салтировски.

Министерот Бектеши потсети дека одлуката за воведување на евтина дневна тарифа на електричната енергија ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) кое е независно тело.

Воведувањето на дневна евтина тарифа е поврзано со производството, со капацитетот на ЕСМ за да произведува струја во тие пикови. Согласно анализите кои се направени одлучивме сите заедно евтина дневна тарифа да биде воведена на 1 декември. Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да имаат евтина дневна тарифа од 1 декември да им дозволат пристап на службите на ЕВН до броилата за да можат да интервенираат. Ако броилото не е достапно тоа ќе биде сетирано од наредниот месец, посочи Бектеши.

The post Од први декември ќе има евтина дневна тарифа, граѓаните да дозволат да се направи читање на броилата, порачуваат од компанијата appeared first on Република.

]]>

При крај сме со подготовките и како што ветивме до 1 декември годинава се ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија, а до крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани, порача денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.
Дел од броилата се т.н. смарт броила, тие ќе ги смениме дури преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200.000 корисници ќе имаат веќе сетирани тарифи, а другите би биле во текот на месецот. Многу ќе зависи од потрошувачите и достапноста на броилата, рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.
Тој ги замоли граѓаните да им бидат достапни броилата, за како што рече, да можат нивните читачи да ги прочитаат, бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата.
Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред се оди од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира како што треба да се сетира, појасни Салтировски.
Нагласи дека во викенд куќи не можеме да се сетира броилото ако куќата е затворена.
Ако луѓето се на работа, а не се дома, а броилото е внатре не можеме да го сетираме. Во Арачиново броилата се надвор и таму со сигурност ќе бидат сетирани затоа што во изминатиов период тој проект е завршен, рече Салтировски.
Министерот Бектеши потсети дека одлуката за воведување на евтина дневна тарифа на електричната енергија ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) кое е независно тело. Воведувањето на дневна евтина тарифа е поврзано со производството, со капацитетот на ЕСМ за да произведува струја во тие пикови. Согласно анализите кои се направени одлучивме сите заедно евтина дневна тарифа да биде воведена на 1 декември. Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да имаат евтина дневна тарифа од 1 декември да им дозволат пристап на службите на ЕВН до броилата за да можат да интервенираат. Ако броилото не е достапно тоа ќе биде сетирано од наредниот месец, посочи Бектеши.  

The post Од први декември ќе има евтина дневна тарифа, граѓаните да дозволат да се направи читање на броилата, порачуваат од компанијата appeared first on Република.

]]>
Од 1 јули ќе се воведат различни тарифи на електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-juli-kje-se-vovedat-razlichni-tarifi-na-elektrichna-energija/ Sat, 30 Apr 2022 08:29:40 +0000 https://republika.mk/?p=495626

Најавуваните примени со воведување различни тарифи за домаќинствата во зависност од потрошувачката на електрична енергија се воведуваат од 1 јули, најави премиерот Димитар Ковачевски, објаснувајќи ги мерките за намалување на последиците од енергетската криза.

Се прават калкулации за воведување нова методологија, за утврдување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, кои се на регулираниот пазар на електрична енергија, што се менува од 1 јули, со тоа што ефектите ќе бидат дополнително утврдени, нагласи Ковачевски.

Премиерот сепак не објасни до колку киловати ќе значи плаќање по пониската тарифа, туку дека со оваа методологија се оневозможува злоупотреба на електричната енергија.

Оние што ги злоупотребиле броилата за домаќинствата за вршење некакви активности или злоупотреба на електричната енергија на пример, за копање криптовалути, ќе плаќаат повисока цена во согласност со потрошувачката и со тоа енергијата што ја добиваат нема да може да биде субвенционирана од државата или да биде дел од пресметката од цената што ја плаќаат сите граѓани, објасни Ковачевски.

The post Од 1 јули ќе се воведат различни тарифи на електрична енергија appeared first on Република.

Граѓани на Црна Гора нашле уште еден начин како да ги намалат високи сметки за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gragjani-na-crna-gora-nashle-ushte-eden-nachin-kako-da-gi-namalat-visoki-smetki-za-struja/ Thu, 03 Feb 2022 13:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=453623

Граѓани на Црна Гора нашле уште еден начин како да ги намалат високи сметки за струја. Имено, тие почнале да купуваат паметни телефони со апликација која го попречува работењето на броилата.

На неколку затворени групи на социјалните мрежи и форуми наводно се продаваат телефони со специјален софтвер и инсталирани апликации кои ја намалуваат потрошувачката на струја. Продавачот на телефонот на Фејсбук тврди дека пред продажбата секој клиент може да се увери дека апликацијата работи и дека навистина ги намалува потрошените киловати.

Наводно цената зависи од типот на броилото. Ако се работи за старо броило, доволно е да се издвојат од 10 до 200 евра за еден уред. Според коментарите на снаодливите граѓани, на дигитално броило потешко се краде струја. Првиот начин кој е ефикасен, но за кој трговците тврдат дека е лесно да се открие, е да се блокира работата на броилото со електро шок.

Поскапата варијанта и најзастапена е набавката на специјални, силни магнети кои ја забавуваат работата на броилото, а може да се нарачаат и онлајн. Како што пренесуваат локалните медиуми, корисник на Фејсбук кој продава телефони во Подгорица, тврди дека има апликација која го попречува работењето на броилата и со тоа ја забавува потрошувачката. Паметни телефони со инсталирани апликации за попречување на работата на броилото тој на Фејсбук групи ги продавал од 160 до 280 евра во зависност од моделот на телефонот.

The post Граѓани на Црна Гора нашле уште еден начин како да ги намалат високи сметки за струја appeared first on Република.

]]>

Граѓани на Црна Гора нашле уште еден начин како да ги намалат високи сметки за струја. Имено, тие почнале да купуваат паметни телефони со апликација која го попречува работењето на броилата. На неколку затворени групи на социјалните мрежи и форуми наводно се продаваат телефони со специјален софтвер и инсталирани апликации кои ја намалуваат потрошувачката на струја. Продавачот на телефонот на Фејсбук тврди дека пред продажбата секој клиент може да се увери дека апликацијата работи и дека навистина ги намалува потрошените киловати. Наводно цената зависи од типот на броилото. Ако се работи за старо броило, доволно е да се издвојат од 10 до 200 евра за еден уред. Според коментарите на снаодливите граѓани, на дигитално броило потешко се краде струја. Првиот начин кој е ефикасен, но за кој трговците тврдат дека е лесно да се открие, е да се блокира работата на броилото со електро шок. Поскапата варијанта и најзастапена е набавката на специјални, силни магнети кои ја забавуваат работата на броилото, а може да се нарачаат и онлајн. Како што пренесуваат локалните медиуми, корисник на Фејсбук кој продава телефони во Подгорица, тврди дека има апликација која го попречува работењето на броилата и со тоа ја забавува потрошувачката. Паметни телефони со инсталирани апликации за попречување на работата на броилото тој на Фејсбук групи ги продавал од 160 до 280 евра во зависност од моделот на телефонот.

The post Граѓани на Црна Гора нашле уште еден начин како да ги намалат високи сметки за струја appeared first on Република.

]]>