бродови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brodovi/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 18:22:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бродови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brodovi/ 32 32 За влакно избегнат судир на два брода во Лефкада https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-vlakno-izbegnat-sudir-na-dva-broda-vo-lefkada/ Thu, 08 Aug 2024 20:13:16 +0000 https://republika.mk/?p=804727

Погледнете како за влакни е избегнат судир на два брода ма Лефкада.

The post За влакно избегнат судир на два брода во Лефкада appeared first on Република.

]]>

Погледнете како за влакни е избегнат судир на два брода ма Лефкада.

The post За влакно избегнат судир на два брода во Лефкада appeared first on Република.

]]>
Хутите се заканија дека сите американски бродови ќе бидат нивна мета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hutite-se-zakanija-deka-site-amerikanski-brodovi-ke-bidat-nivna-meta/ Mon, 15 Jan 2024 19:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=733382

Портпаролот на Хутите, Насрулдин Амер најави дека ќе ги прошират своите цели на американските бродови.

Бродот не мора нужно да плови кон Израел за ние да го таргетираме, доволно е што е американски. На САД им се заканува губење на поморската безбедност, наведе Амер.

Тој истакна дека британските и американските бродови станале легитимни цели поради нападите што двете земји ги почнаа во Јемен.

Претходно Хутите презедоа одговорност за денешниот напад врз американски товарен брод во Аденски Залив.

Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа изјави дека нивните поморски сили спровеле воена операција во која со проектили гаѓале американски брод во Аденски Залив. Тој додаде дека неизбежно ќе следи одговор на американските и британските напади и дека секој таков напад ќе биде казнет.

The post Хутите се заканија дека сите американски бродови ќе бидат нивна мета appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Хутите, Насрулдин Амер најави дека ќе ги прошират своите цели на американските бродови. Бродот не мора нужно да плови кон Израел за ние да го таргетираме, доволно е што е американски. На САД им се заканува губење на поморската безбедност, наведе Амер. Тој истакна дека британските и американските бродови станале легитимни цели поради нападите што двете земји ги почнаа во Јемен. Претходно Хутите презедоа одговорност за денешниот напад врз американски товарен брод во Аденски Залив. Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа изјави дека нивните поморски сили спровеле воена операција во која со проектили гаѓале американски брод во Аденски Залив. Тој додаде дека неизбежно ќе следи одговор на американските и британските напади и дека секој таков напад ќе биде казнет.

The post Хутите се заканија дека сите американски бродови ќе бидат нивна мета appeared first on Република.

]]>
Хути: Бродовите во Црвеното Море нема да бидат нападнати доколку немаат врска со Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/huti-brodovite-vo-tsrvenoto-more-nema-da-bidat-napadnati-dokolku-nemaat-vrska-so-izrael/ Mon, 08 Jan 2024 13:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=730849

Членот на Врховниот политички совет на јеменската милитантна група Хути, Мухамед Али Ел Хути, предложи денеска меѓународните бродски компании и министерствата за транспорт да објават дека бродовите кои минуваат низ теснецот Баб Ел Мандеб во Црвеното Море немаат врска со Израел за да не бидат нападнати од Хутите.

Тој истакна дека овој предлог е „едноставно и евтино решение“ за деескалација на тензиите во Црвеното Море.

Ова е лесен чекор кој ве штити од уцените на Америка и Велика Британија и трошоците за транспортно осигурување, рече Али Ел Хути на „Х“, додавајќи дека за овој чекор не е потребна милитаризација на Црвеното Море и нема да му наштети на меѓународниот превоз.

Според него, на овој начин се зајакнува довербата на јеменските вооружени сили дека бродовите дејствуваат транспарентно и ги спречува САД и нивните сојузници да го искористат морето и да го милитаризираат.

Бродовите ќе продолжат безбедно да пловат без никакви пречки и ќе ја избегнат маката да се вртат околу Кејп Добра Надеж. Тоа е лесен и евтин начин, рече претставникот на движењето Хути.

Ако бродот даде соодветна изјава, но сепак се упати кон израелско пристаниште, ќе биде на „црната листа“ и ќе биде заробен следниот пат кога ќе се обиде да го премине Црвеното Море, предупреди Ел Хути.

Тој повтори дека јеменските вооружени сили работат во Црвеното Море за да ја запрат „криминалната терористичка израелска агресија и да ја укинат опсадата на Газа“

The post Хути: Бродовите во Црвеното Море нема да бидат нападнати доколку немаат врска со Израел appeared first on Република.

]]>

Членот на Врховниот политички совет на јеменската милитантна група Хути, Мухамед Али Ел Хути, предложи денеска меѓународните бродски компании и министерствата за транспорт да објават дека бродовите кои минуваат низ теснецот Баб Ел Мандеб во Црвеното Море немаат врска со Израел за да не бидат нападнати од Хутите. Тој истакна дека овој предлог е „едноставно и евтино решение“ за деескалација на тензиите во Црвеното Море. Ова е лесен чекор кој ве штити од уцените на Америка и Велика Британија и трошоците за транспортно осигурување, рече Али Ел Хути на „Х“, додавајќи дека за овој чекор не е потребна милитаризација на Црвеното Море и нема да му наштети на меѓународниот превоз. Според него, на овој начин се зајакнува довербата на јеменските вооружени сили дека бродовите дејствуваат транспарентно и ги спречува САД и нивните сојузници да го искористат морето и да го милитаризираат. Бродовите ќе продолжат безбедно да пловат без никакви пречки и ќе ја избегнат маката да се вртат околу Кејп Добра Надеж. Тоа е лесен и евтин начин, рече претставникот на движењето Хути. Ако бродот даде соодветна изјава, но сепак се упати кон израелско пристаниште, ќе биде на „црната листа“ и ќе биде заробен следниот пат кога ќе се обиде да го премине Црвеното Море, предупреди Ел Хути. Тој повтори дека јеменските вооружени сили работат во Црвеното Море за да ја запрат „криминалната терористичка израелска агресија и да ја укинат опсадата на Газа“

The post Хути: Бродовите во Црвеното Море нема да бидат нападнати доколку немаат врска со Израел appeared first on Република.

]]>
Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-brodska-kompanija-objavi-deka-go-suspendira-minuvaneto-na-brodovite-niz-tsrvenoto-more/ Tue, 02 Jan 2024 19:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=729103

Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови.
„Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во тек.

Во неделата, контејнерски брод во сопственост на компанијата пријави дека бил погоден од проектил додека минувал низ теснецот Баб ал-Мандеб, а потоа бил нападнат од четири бунтовнички бродови кои им припаѓале на хутите кои се обидувале да го преземат.

„Во иднина, бродовите ќе се пренасочуваат преку Ртот добра надеж“, на самиот југ на Африка, соопштија од Маерск.

The post Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови. „Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во тек. Во неделата, контејнерски брод во сопственост на компанијата пријави дека бил погоден од проектил додека минувал низ теснецот Баб ал-Мандеб, а потоа бил нападнат од четири бунтовнички бродови кои им припаѓале на хутите кои се обидувале да го преземат. „Во иднина, бродовите ќе се пренасочуваат преку Ртот добра надеж“, на самиот југ на Африка, соопштија од Маерск.

The post Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Судир на бродови во Северното Море: Едниот потона, се трага по преживеани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudir-na-brodovi-vo-severnoto-more-edniot-potona-se-traga-po-prezhiveani/ Tue, 24 Oct 2023 08:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=694403

Британски товарен брод потона откако утринава се судри со друг брод во Северното Море кај германскиот брег.

Неколку луѓе се водат како исчезнати додека спасувачите очајнички бараат преживеани.

Бродовите „Полеси“ и „Верити“ се судрија во раните утрински часови на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, соопшти германската централна команда за поморски вонредни ситуации.

Еден од бродовите „Верити“, кој пловел под британско знаме, потонал, пишува Дејли мејл.

Од командата за итни случаи соопштија дека едно лице е извлечено од водата и дека му е укажана лекарска помош, а спасувачите трагаат по уште неколку лица кои се исчезнати.

Се наведува дека бродот тргнал од Бремен во Германија за англиското пристаниште Имингем.

Вториот брод „Полеси“, кој пловел под знамето на Бахамите, останал на површина со 22 лица.

The post Судир на бродови во Северното Море: Едниот потона, се трага по преживеани appeared first on Република.

]]>

Британски товарен брод потона откако утринава се судри со друг брод во Северното Море кај германскиот брег. Неколку луѓе се водат како исчезнати додека спасувачите очајнички бараат преживеани. Бродовите „Полеси“ и „Верити“ се судрија во раните утрински часови на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, соопшти германската централна команда за поморски вонредни ситуации. Еден од бродовите „Верити“, кој пловел под британско знаме, потонал, пишува Дејли мејл. Од командата за итни случаи соопштија дека едно лице е извлечено од водата и дека му е укажана лекарска помош, а спасувачите трагаат по уште неколку лица кои се исчезнати. Се наведува дека бродот тргнал од Бремен во Германија за англиското пристаниште Имингем. Вториот брод „Полеси“, кој пловел под знамето на Бахамите, останал на површина со 22 лица.

The post Судир на бродови во Северното Море: Едниот потона, се трага по преживеани appeared first on Република.

]]>
Товарни бродови со украинско жито блокирани во пристаништата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tovarni-brodovi-so-ukrainsko-zito-blokirani-vo-pristanishtata/ Wed, 02 Nov 2022 08:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=568581

Товарни бродови со украинско жито денеска беа блокирани во пристаништата бидејќи Москва побара гаранции за заштита на руската флота во хуманитарниот коридор во Црното Море за извоз на жито.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека „на коридорот за транспорт на жито му треба сигурна и долгорочна заштита“.
„Русија мора јасно да сфати дека ќе добие остар глобален одговор на секоја мерка што го нарушува нашиот извоз на храна“, рече Зеленски.
Тој додаде дека тоа е „витално прашање за десетици милиони луѓе“.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера во разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е „потребно“ од Киев да се добијат „реални гаранции за строго почитување на договорот од Истанбул, конкретно дека хуманитарниот коридор нема да биде употребен за воени цели“.
Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина.
Русија во саботата објави дека го „суспендира“ учеството во договорот откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим. Нападите беа извршени користејќи го „хуманитарниот коридор“ во Црното Море за извоз на украинско жито.
Од друга страна, од Украина велат дека Русија користела лажен изговор за да не го спроведе договорот.

The post Товарни бродови со украинско жито блокирани во пристаништата appeared first on Република.

]]>

Товарни бродови со украинско жито денеска беа блокирани во пристаништата бидејќи Москва побара гаранции за заштита на руската флота во хуманитарниот коридор во Црното Море за извоз на жито. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека „на коридорот за транспорт на жито му треба сигурна и долгорочна заштита“. „Русија мора јасно да сфати дека ќе добие остар глобален одговор на секоја мерка што го нарушува нашиот извоз на храна“, рече Зеленски. Тој додаде дека тоа е „витално прашање за десетици милиони луѓе“. Рускиот претседател Владимир Путин вчера во разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е „потребно“ од Киев да се добијат „реални гаранции за строго почитување на договорот од Истанбул, конкретно дека хуманитарниот коридор нема да биде употребен за воени цели“. Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина. Русија во саботата објави дека го „суспендира“ учеството во договорот откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим. Нападите беа извршени користејќи го „хуманитарниот коридор“ во Црното Море за извоз на украинско жито. Од друга страна, од Украина велат дека Русија користела лажен изговор за да не го спроведе договорот.

The post Товарни бродови со украинско жито блокирани во пристаништата appeared first on Република.

]]>
Бродовите на Пиреас закотвени на пристаништето поради штрајк на синдикатите на морнарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brodovite-na-pireas-zakotveni-na-pristanishteto-poradi-shtrajk-na-sindikatite-na-mornarite/ Tue, 25 Oct 2022 10:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=565377

Бродовите и траектите на најголемото грчко пристаниште Пиреас во Атина денеска остануваат закотвени поради 24-часовниот штрајк организиран од синдикатите на морнарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот започна една минута по полноќ и ќе трае до полноќ вечерва, а синдикатите бараат нови колективни договори, повлекување на нацртот за новиот законик на приватно поморско право, како и зголемувања на платите. Бродските компании објавија измени во програмата, а сите денешни редовни линии од Пиреас до островите се откажани. Синдикатите на вработените во поморството ќе учествуваат и во генералниот штрајк на 9 ноември организиран од двата најголеми грчки синдикати.

The post Бродовите на Пиреас закотвени на пристаништето поради штрајк на синдикатите на морнарите appeared first on Република.

]]>

Бродовите и траектите на најголемото грчко пристаниште Пиреас во Атина денеска остануваат закотвени поради 24-часовниот штрајк организиран од синдикатите на морнарите, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот започна една минута по полноќ и ќе трае до полноќ вечерва, а синдикатите бараат нови колективни договори, повлекување на нацртот за новиот законик на приватно поморско право, како и зголемувања на платите. Бродските компании објавија измени во програмата, а сите денешни редовни линии од Пиреас до островите се откажани. Синдикатите на вработените во поморството ќе учествуваат и во генералниот штрајк на 9 ноември организиран од двата најголеми грчки синдикати.

The post Бродовите на Пиреас закотвени на пристаништето поради штрајк на синдикатите на морнарите appeared first on Република.

]]>
Испловија нови пет бродови со жито од украинските пристаништа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/isplovija-novi-pet-brodovi-so-zito-od-ukrainskite-pristanishta/ Wed, 14 Sep 2022 10:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=550664

Уште пет бродови со жито испловија утрово од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана, јави Анадолија.

Турција, Обединетите Нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море. Тие беа блокирани поради војната во Украина.

Во Истанбул е воспоставен Заеднички координативен центар со официјални лица од трите земји и од ОН, кои ги надгледуваат испораките.

The post Испловија нови пет бродови со жито од украинските пристаништа appeared first on Република.

]]>

Уште пет бродови со жито испловија утрово од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана, јави Анадолија. Турција, Обединетите Нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море. Тие беа блокирани поради војната во Украина. Во Истанбул е воспоставен Заеднички координативен центар со официјални лица од трите земји и од ОН, кои ги надгледуваат испораките.

The post Испловија нови пет бродови со жито од украинските пристаништа appeared first on Република.

]]>
Се судрија танкер за хемикалии и товарен брод во близина на Јапонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-sudrija-tanker-za-hemikalii-i-tovaren-brod-vo-blizina-na-japonija/ Sat, 20 Aug 2022 10:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=542279

Јапонски танкер за транспорт на хемикалии денеска се судри со кинески товарен брод во близина на брегот на југозападна Јапонија.

Крајбрежната стража соопшти дека нема повредени и додаде дека двата брода се закотвени и дека истрагата е во тек.

Од моторот на кинескиот брод, кој првично почна да тоне, истекло мало количество масло но истекувањето е ставено под контрола.

Јапонскиот танкер го напушти пристаништето Кобе за да земе хемикалии од друго јапонско пристаниште и не превезувал товар во моментот на несреќата.

На местото на несреќата се испратени нуркачи.

Причината за несреќата се уште не е утврдена. Според претставник на јапонската крајбрежна стража, екипажот на кинескиот брод изјавил дека јапонскиот танкер ненадејно се скршнал кон нив.

The post Се судрија танкер за хемикалии и товарен брод во близина на Јапонија appeared first on Република.

]]>

Јапонски танкер за транспорт на хемикалии денеска се судри со кинески товарен брод во близина на брегот на југозападна Јапонија. Крајбрежната стража соопшти дека нема повредени и додаде дека двата брода се закотвени и дека истрагата е во тек. Од моторот на кинескиот брод, кој првично почна да тоне, истекло мало количество масло но истекувањето е ставено под контрола. Јапонскиот танкер го напушти пристаништето Кобе за да земе хемикалии од друго јапонско пристаниште и не превезувал товар во моментот на несреќата. На местото на несреќата се испратени нуркачи. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Според претставник на јапонската крајбрежна стража, екипажот на кинескиот брод изјавил дека јапонскиот танкер ненадејно се скршнал кон нив.

The post Се судрија танкер за хемикалии и товарен брод во близина на Јапонија appeared first on Република.

]]>
Турско МО: Уште четири бродови со житарици ја напуштија Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tursko-mo-ushte-chetiri-brodovi-so-zitarici-ja-napushtija-ukraina/ Wed, 17 Aug 2022 08:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=541237

Уште четири бродови натоварени со житарици испловија од Украина, соопшти турското Министерство за одбрана.

Испораките на житарици од украински пристаништа продолжуваат според плановите, додаваат оттаму, пренесува Анадолија.

Министерството на Твитер појаснува дека утрово уште четири бродови тргнале од пристаништата Одеса и Черноморск, натоварени со сончогледова сачма, сончогледово масло и пченка.

The post Турско МО: Уште четири бродови со житарици ја напуштија Украина appeared first on Република.

]]>

Уште четири бродови натоварени со житарици испловија од Украина, соопшти турското Министерство за одбрана. Испораките на житарици од украински пристаништа продолжуваат според плановите, додаваат оттаму, пренесува Анадолија. Министерството на Твитер појаснува дека утрово уште четири бродови тргнале од пристаништата Одеса и Черноморск, натоварени со сончогледова сачма, сончогледово масло и пченка.

The post Турско МО: Уште четири бродови со житарици ја напуштија Украина appeared first on Република.

]]>
Уште три брода натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-tri-broda-natovareni-so-zito-isplovile-od-ukrainskite-pristanishta/ Fri, 05 Aug 2022 10:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=537045

Уште три брода со жито испловиле од украинските пристаништа и се упатиле кон Турција за инспекција.

Како што соопшти турското министерство за одбрана, бродовите носат вкупно 58.000 тони пченка.

Првиот брод со жито од почетокот на војната, ја напушти Украина претходно неделава. Бродот го помина Црното Море согласно договорот постигнат меѓу завојуваните страни со посредување на Обединетите Нации и Турција. Ја помина инспекцијата во средата во Истанбул, па се упати кон Либан.

Бродовите што денеска тргнале од Украина се меѓу повеќе од десет товарни бродови, натоварени со жито, блокирани на украински пристаништа од почетокот на војната, кон крајот на февруари.

Иако со овие бродови десетици илјади тони жито сега почнуваат да се испорачуваат, тоа и понатаму е само дел од дваесетте милиони тони жито, што според наводите на Украина, се заробени во нејзините силоси и пристаништа и што мора да бидат испорачани, со цел да се ослободи место за новата жетва.

The post Уште три брода натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа appeared first on Република.

]]>

Уште три брода со жито испловиле од украинските пристаништа и се упатиле кон Турција за инспекција. Како што соопшти турското министерство за одбрана, бродовите носат вкупно 58.000 тони пченка. Првиот брод со жито од почетокот на војната, ја напушти Украина претходно неделава. Бродот го помина Црното Море согласно договорот постигнат меѓу завојуваните страни со посредување на Обединетите Нации и Турција. Ја помина инспекцијата во средата во Истанбул, па се упати кон Либан. Бродовите што денеска тргнале од Украина се меѓу повеќе од десет товарни бродови, натоварени со жито, блокирани на украински пристаништа од почетокот на војната, кон крајот на февруари. Иако со овие бродови десетици илјади тони жито сега почнуваат да се испорачуваат, тоа и понатаму е само дел од дваесетте милиони тони жито, што според наводите на Украина, се заробени во нејзините силоси и пристаништа и што мора да бидат испорачани, со цел да се ослободи место за новата жетва.

The post Уште три брода натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа appeared first on Република.

]]>
САД: Руските бродови не се добредојдени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-ruskite-brodovi-ne-se-dobredojdeni/ Fri, 22 Apr 2022 04:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=492047

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руските бродови не се добредојдени во САД.

Бајден најави дека, по Европската Унија, и Вашингтон ќе им забрани на сите руски бродови да пристапуваат во американските пристаништа.

Ова се однесува на сите бродови што пловат под руско знаме, се во сопственост на Русија или се управувани од руски субјекти.

The post САД: Руските бродови не се добредојдени appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руските бродови не се добредојдени во САД. Бајден најави дека, по Европската Унија, и Вашингтон ќе им забрани на сите руски бродови да пристапуваат во американските пристаништа. Ова се однесува на сите бродови што пловат под руско знаме, се во сопственост на Русија или се управувани од руски субјекти.

The post САД: Руските бродови не се добредојдени appeared first on Република.

]]>
„Воени игри“ го наполнија Медитеранот со американски и руски воени бродови: Носач на авиони, разурнувачи, бомбардери, ракети „Калибар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voeni-igri-go-napolnija-mediteranot-so-amerikanski-i-ruski-voeni-brodovi-nosach-na-avioni-razurnuvachi-bombarderi-raketi-kalibar/ Sat, 09 Apr 2022 20:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=485992

Во Средоземното Море во изминатиов период се одвива многу чувствителен американско-руски маневар, пишува италијанскиот весник „Ил Џорнале“.

Од една страна, руската морнарица се обидува да изврши притисок врз бродовите на НАТО да ги концентрираат кон Јонското Море, а од друга страна, САД продолжуваат да испраќаат бомбардери Б-52 над Европа за да ја следат ситуацијата одозгора.

Најновата сателитска снимка покажува што се случува во близина на италијанските води на Јонското Море, кај брегот на Калабрија:

„Играта“ што ја играат американскиот носач на авиони „Труман“ и рускиот разурнувач „Кулаков“ изгледа како партија шах: едниот го чека потегот на другиот - пишува весникот.

https://twitter.com/SpartacusGladia/status/1512779244912488458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512779244912488458%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3910097%2Fmediteran-kljuca-od-ruskih-i-americkih-ratnih-brodova-tu-su-nosac-aviona-truman-bombarderi-ruski-razarac-kulakov-rakete-kalibar

Носачот на авиони „Труман“ е предводник на НАТО флотата во Медитеранот, а друг италијански весник „Република“ пишува дека бродот носи ловци-бомбардери „Ф-18 Хорнет“ кои „вежбаат“ за евентуално да им пружат помош на земјите околу Црното и Балтичкото Море, кои се поблиску до војната во Украина.

Рускиот разурнувач „Кулаков“, пак, е брод од советската ера, кој беше целосно модернизиран во 2010 година. Експертите велат дека е опремен и со крстосувачки ракети „Калибар“, истото оружје со кое Русите ја гаѓаат територијата на Украина.

Бродот е во движење заедно со големиот руски крстосувач „Варјаг“ кој може истовремено да погоди повеќе цели и затоа го нарекуваат „убиец на носачи на авиони“.

„Варјаг“ е трет по големина крстосувач од класата „Глори“, со наведувани ракети, изграден за советската морнарица, а сега и служи на руската морнарица.

Бродот се наоѓа во близина на италијанските води од февруари, како дел од досега невидена концентрацијата на силите на руската морнарица: крстосувачи, борбени авиони, фрегати и подморници, од кои едната веројатно е на нуклеарен погон. Сите бродови се опремени и со руски крстосувачки ракети „Калибар“.

Ваквата концентрација на руски бродови во Средоземното Море е последица на намерата на Москва да го контролира движењето на НАТО, како и да се интервенира за да го спречат влегувањето на непријателските бродови во Црното Море.

Американскиот носач „Труман“, осмиот во американската морнарица од класата „Нимиц“, како обезбедување чека бомбардери „Б-52“ кои го надлетуваат подрачјето каде што се наоѓаат руските екипажи.

Во сегашната ситуација, руските „Варјаг“ и „Кулаков“ го следат „Труман“ во Јонското Море. Но, за Москва тоа маневрирање не е лесно бидејќи долгиот престој на море и создава проблеми на нејзината флота, која не успева да стигне до Крим за снабдување, бидејќи Турција го спречува минувањето на воените бродови низ Босфор.

Се чини дека и Пентагон ги преиспитува своите приоритети: „Труман“ бил изненаден од украинската криза бидејќи пред нејзиниот почеток бил на мисија во водите на Персискиот залив, а му било наредено да застане и подоцна да отплови кон Медитеранот, каде му се придружија неколку крстосувачи.

The post „Воени игри“ го наполнија Медитеранот со американски и руски воени бродови: Носач на авиони, разурнувачи, бомбардери, ракети „Калибар“ appeared first on Република.

]]>

Во Средоземното Море во изминатиов период се одвива многу чувствителен американско-руски маневар, пишува италијанскиот весник „Ил Џорнале“. Од една страна, руската морнарица се обидува да изврши притисок врз бродовите на НАТО да ги концентрираат кон Јонското Море, а од друга страна, САД продолжуваат да испраќаат бомбардери Б-52 над Европа за да ја следат ситуацијата одозгора. Најновата сателитска снимка покажува што се случува во близина на италијанските води на Јонското Море, кај брегот на Калабрија:
„Играта“ што ја играат американскиот носач на авиони „Труман“ и рускиот разурнувач „Кулаков“ изгледа како партија шах: едниот го чека потегот на другиот - пишува весникот.
https://twitter.com/SpartacusGladia/status/1512779244912488458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512779244912488458%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3910097%2Fmediteran-kljuca-od-ruskih-i-americkih-ratnih-brodova-tu-su-nosac-aviona-truman-bombarderi-ruski-razarac-kulakov-rakete-kalibar Носачот на авиони „Труман“ е предводник на НАТО флотата во Медитеранот, а друг италијански весник „Република“ пишува дека бродот носи ловци-бомбардери „Ф-18 Хорнет“ кои „вежбаат“ за евентуално да им пружат помош на земјите околу Црното и Балтичкото Море, кои се поблиску до војната во Украина. Рускиот разурнувач „Кулаков“, пак, е брод од советската ера, кој беше целосно модернизиран во 2010 година. Експертите велат дека е опремен и со крстосувачки ракети „Калибар“, истото оружје со кое Русите ја гаѓаат територијата на Украина. Бродот е во движење заедно со големиот руски крстосувач „Варјаг“ кој може истовремено да погоди повеќе цели и затоа го нарекуваат „убиец на носачи на авиони“. „Варјаг“ е трет по големина крстосувач од класата „Глори“, со наведувани ракети, изграден за советската морнарица, а сега и служи на руската морнарица. Бродот се наоѓа во близина на италијанските води од февруари, како дел од досега невидена концентрацијата на силите на руската морнарица: крстосувачи, борбени авиони, фрегати и подморници, од кои едната веројатно е на нуклеарен погон. Сите бродови се опремени и со руски крстосувачки ракети „Калибар“. Ваквата концентрација на руски бродови во Средоземното Море е последица на намерата на Москва да го контролира движењето на НАТО, како и да се интервенира за да го спречат влегувањето на непријателските бродови во Црното Море. Американскиот носач „Труман“, осмиот во американската морнарица од класата „Нимиц“, како обезбедување чека бомбардери „Б-52“ кои го надлетуваат подрачјето каде што се наоѓаат руските екипажи. Во сегашната ситуација, руските „Варјаг“ и „Кулаков“ го следат „Труман“ во Јонското Море. Но, за Москва тоа маневрирање не е лесно бидејќи долгиот престој на море и создава проблеми на нејзината флота, која не успева да стигне до Крим за снабдување, бидејќи Турција го спречува минувањето на воените бродови низ Босфор. Се чини дека и Пентагон ги преиспитува своите приоритети: „Труман“ бил изненаден од украинската криза бидејќи пред нејзиниот почеток бил на мисија во водите на Персискиот залив, а му било наредено да застане и подоцна да отплови кон Медитеранот, каде му се придружија неколку крстосувачи.

The post „Воени игри“ го наполнија Медитеранот со американски и руски воени бродови: Носач на авиони, разурнувачи, бомбардери, ракети „Калибар“ appeared first on Република.

]]>
НАТО во источното крило испраќа 40.000 војници и воени бродови, во Словачка се распоредени 1.200 војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-vo-istochnoto-krilo-isprakja-40-000-vojnici-i-voeni-brodovi-vo-slovachka-se-rasporedeni-1-200-vojnici/ Sat, 26 Feb 2022 16:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=464357

Во Словачка ќе бидат распоредени околу 1.200 странски војници од другите земји членки на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина, соопшти денеска словачкото Министерство за одбрана.

Планот е дел од иницијативата на НАТО да се осигури дека земјите членки од источното крило на Алијансата се дополнително заштитени со испраќањето дополнителни сили за нивна заштита.

Словачка се граничи со Украина и од завчера во неа почнаа да пристигнуваат првите неколку илјади бегалци од војната кај соседната земја .

Словачкиот министер за одбрана, Јарослав Над, изјави дека очекува пристигнување на сили од Холандија и Германија. Германија ќе обезбеди и систем за зајакнување на словачката воздушна одбрана. Планот сè уште не е официјално одобрен.

Министерот Над додаде дека словачката Влада одобрила испраќање оружје и гориво во Украина во вредност од 11 милиони евра.

За прв пат во историјата на Алијансата синоќа се донесе одлука за употреба и преместување на силите за брз одговор на НАТО. Таквата акција немаше за време на Студената војна. Оваа оперативна група вклучува 40.000 војници, во која се и 13.700 од германската армија. Копнените сили ќе бидат стационирани западно од Украина, во Романија. Италија испраќа четири борбени авиони, како и Норвешка.

Поранешниот бугарски министер за одбрана, Георги Панајотов, за Нова ТВ коментираше дека НАТО не се подготвува никого да нападне, туку Бугарија и нејзините сојузници се подготвуваат да се одбранат.

НАТО не се подготвува никому да објави војна, додаде тој.

Во Бугарија во моментов има четири борбени авиони од Шпанија, но доколку ситуацијата се развие во негативен правец, во земјата може да дојдат и други сојузнички сили на НАТО, беше категоричен тој.

The post НАТО во источното крило испраќа 40.000 војници и воени бродови, во Словачка се распоредени 1.200 војници appeared first on Република.

]]>

Во Словачка ќе бидат распоредени околу 1.200 странски војници од другите земји членки на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина, соопшти денеска словачкото Министерство за одбрана. Планот е дел од иницијативата на НАТО да се осигури дека земјите членки од источното крило на Алијансата се дополнително заштитени со испраќањето дополнителни сили за нивна заштита. Словачка се граничи со Украина и од завчера во неа почнаа да пристигнуваат првите неколку илјади бегалци од војната кај соседната земја . Словачкиот министер за одбрана, Јарослав Над, изјави дека очекува пристигнување на сили од Холандија и Германија. Германија ќе обезбеди и систем за зајакнување на словачката воздушна одбрана. Планот сè уште не е официјално одобрен. Министерот Над додаде дека словачката Влада одобрила испраќање оружје и гориво во Украина во вредност од 11 милиони евра. За прв пат во историјата на Алијансата синоќа се донесе одлука за употреба и преместување на силите за брз одговор на НАТО. Таквата акција немаше за време на Студената војна. Оваа оперативна група вклучува 40.000 војници, во која се и 13.700 од германската армија. Копнените сили ќе бидат стационирани западно од Украина, во Романија. Италија испраќа четири борбени авиони, како и Норвешка. Поранешниот бугарски министер за одбрана, Георги Панајотов, за Нова ТВ коментираше дека НАТО не се подготвува никого да нападне, туку Бугарија и нејзините сојузници се подготвуваат да се одбранат.
НАТО не се подготвува никому да објави војна, додаде тој.
Во Бугарија во моментов има четири борбени авиони од Шпанија, но доколку ситуацијата се развие во негативен правец, во земјата може да дојдат и други сојузнички сили на НАТО, беше категоричен тој.

The post НАТО во источното крило испраќа 40.000 војници и воени бродови, во Словачка се распоредени 1.200 војници appeared first on Република.

]]>
Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turcija-go-zatvori-preminot-na-ruskite-voeni-brodovi-niz-crnoto-more/ Sat, 26 Feb 2022 16:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=464338

Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море, во екот на руската инвазија на Украина, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Им благодарам на мојот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови низ Црното Море и значителната воена и хуманитарна поддршка за Украина се исклучително важни денес. Луѓето од Украина никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Зеленски на Твитер.

Турција претходно одговори дека не може да го спречи минувањето на руските воени бродови низ нејзините теснеци кои излегуваат на Црното Море.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за турскиот весник „Хуриет“ изјави дека Турција не може да го запре минувањето на бродовите, повикувајќи се на клаузула од Конвенцијата од Монтре која им дозволува на бродовите да се вратат во нивната матична база на тој начин.

Украина во четвртокот побара од Турција да ги затвори каналите Босфор и Дарданели за руските воени бродови.

Во случај на војна во која Турција не учествува, постојат мерки што може да се преземат во однос на земјите што учествуваат во војната, рече Чавушоглу.

Сепак, тој објасни дека „доколку има барање бродовите на завојуваните земји да се вратат во своите бази, тогаш тоа мора да се дозволи“.

The post Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море appeared first on Република.

]]>

Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море, во екот на руската инвазија на Украина, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Им благодарам на мојот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови низ Црното Море и значителната воена и хуманитарна поддршка за Украина се исклучително важни денес. Луѓето од Украина никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Зеленски на Твитер.
Турција претходно одговори дека не може да го спречи минувањето на руските воени бродови низ нејзините теснеци кои излегуваат на Црното Море. Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за турскиот весник „Хуриет“ изјави дека Турција не може да го запре минувањето на бродовите, повикувајќи се на клаузула од Конвенцијата од Монтре која им дозволува на бродовите да се вратат во нивната матична база на тој начин. Украина во четвртокот побара од Турција да ги затвори каналите Босфор и Дарданели за руските воени бродови.
Во случај на војна во која Турција не учествува, постојат мерки што може да се преземат во однос на земјите што учествуваат во војната, рече Чавушоглу.
Сепак, тој објасни дека „доколку има барање бродовите на завојуваните земји да се вратат во своите бази, тогаш тоа мора да се дозволи“.

The post Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море appeared first on Република.

]]>
Русија подготвена да пука на бродови кои илегално влегуваат во нејзините води https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-podgotvena-da-puka-na-brodovi-koi-ilegalno-vleguvaat-vo-nejzinite-vodi/ Mon, 14 Feb 2022 12:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=458354

Русија е подготвена да отвори оган врз странски бродови и подморници кои илегално влегуваат во нејзините територијални води, изјави денеска висок руски воен претставник, а пренесе руската новинска агенција „Интерфакс“.

Сепак, таквата одлука би била донесена само на „највисоко ниво“, додаде функционерот, а пренесува „Ројтерс“.

САД во саботата негираа дека извршиле воени операции во руски територијални води, откако официјална Москва објави дека брод на руската морнарица избркал една американска подморница во руските води во Пацификот.

The post Русија подготвена да пука на бродови кои илегално влегуваат во нејзините води appeared first on Република.

]]>

Русија е подготвена да отвори оган врз странски бродови и подморници кои илегално влегуваат во нејзините територијални води, изјави денеска висок руски воен претставник, а пренесе руската новинска агенција „Интерфакс“. Сепак, таквата одлука би била донесена само на „највисоко ниво“, додаде функционерот, а пренесува „Ројтерс“. САД во саботата негираа дека извршиле воени операции во руски територијални води, откако официјална Москва објави дека брод на руската морнарица избркал една американска подморница во руските води во Пацификот.

The post Русија подготвена да пука на бродови кои илегално влегуваат во нејзините води appeared first on Република.

]]>