брод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brod/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 21:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brod/ 32 32 Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dva-broda-so-migranti-se-prevrtea-kaj-madagaskar-25-zaginati/ Mon, 25 Nov 2024 21:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=841707

Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.

Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.

На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе. Мајот е на околу 1.600 километри од Могадишу.

Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.

Министерството за надворешни работи на Мадагаскар побара помош од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН.

Секоја година, многу млади Сомалијци тргнуваат на опасни патувања во потрага по подобар живот во странство.

 

The post Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати appeared first on Република.

]]>

Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти. Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот. На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе. Мајот е на околу 1.600 километри од Могадишу. Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек. Министерството за надворешни работи на Мадагаскар побара помош од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН. Секоја година, многу млади Сомалијци тргнуваат на опасни патувања во потрага по подобар живот во странство.  

The post Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати appeared first on Република.

]]>
Хрватски капетан доби 30 години затвор во Турција, на неговиот брод откриле 137 килограми кокаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatski-kapetan-dobi-30-godini-zatvor-vo-turtsija-na-negoviot-brod-otkrile-137-kilogrami-kokain/ Mon, 16 Sep 2024 21:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=816927

Хрватскиот капетан Марко Бекавац од Сплит со првостепена пресуда е осуден на 30 години затвор откако минатата година во турското пристаниште Ерегли во товарот на неговиот брод бил пронајден кокаин.

Тој се наоѓа во турскиот истражен центар во Анкара од октомври минатата година, кога полицијата пронашла 137 килограми кокаин на брод под панамско знаме кој превезувал јаглен од Колумбија.

Тогаш беа уапсени 10 морнари, шестмина од Филипините, по еден од Финска, Полска и Русија и Бекавац, кого турските власти го сметаат за одговорен за командната одговорност. Покрај капетанот Бекавац, судот го прогласи за виновен и првиот офицер на палубата, додека останатите обвинети беа ослободени.

 

The post Хрватски капетан доби 30 години затвор во Турција, на неговиот брод откриле 137 килограми кокаин appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот капетан Марко Бекавац од Сплит со првостепена пресуда е осуден на 30 години затвор откако минатата година во турското пристаниште Ерегли во товарот на неговиот брод бил пронајден кокаин. Тој се наоѓа во турскиот истражен центар во Анкара од октомври минатата година, кога полицијата пронашла 137 килограми кокаин на брод под панамско знаме кој превезувал јаглен од Колумбија. Тогаш беа уапсени 10 морнари, шестмина од Филипините, по еден од Финска, Полска и Русија и Бекавац, кого турските власти го сметаат за одговорен за командната одговорност. Покрај капетанот Бекавац, судот го прогласи за виновен и првиот офицер на палубата, додека останатите обвинети беа ослободени.  

The post Хрватски капетан доби 30 години затвор во Турција, на неговиот брод откриле 137 килограми кокаин appeared first on Република.

]]>
Руското пристаниште „Кавказ“ се уште гори: Украинската морнарица го потврди нападот на траектот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskoto-pristanishte-kavkaz-se-ushte-gori-ukrainskata-mornaritsa-go-potvrdi-napadot-na-traektot/ Fri, 23 Aug 2024 10:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=809412

Сè уште не е изгаснат пожарот во руското пристаниште „Кавказ“, преку кое се снабдуваат руските сили со гориво и со оружје.

Претходно, украинската морнарица потврди дека во вчерашниот напад уништен е траект натоварен со цистерни со гориво.

„Кавказ“ е едно од најголемите руски пристаништа на Црното Море. Неговите услуги ги користат бродовите и за комерцијален извоз и за снабдување со гориво на Крим, незаконски анектиран од Русија во 2014 година.

The post Руското пристаниште „Кавказ“ се уште гори: Украинската морнарица го потврди нападот на траектот appeared first on Република.

]]>

Сè уште не е изгаснат пожарот во руското пристаниште „Кавказ“, преку кое се снабдуваат руските сили со гориво и со оружје. Претходно, украинската морнарица потврди дека во вчерашниот напад уништен е траект натоварен со цистерни со гориво. „Кавказ“ е едно од најголемите руски пристаништа на Црното Море. Неговите услуги ги користат бродовите и за комерцијален извоз и за снабдување со гориво на Крим, незаконски анектиран од Русија во 2014 година.

The post Руското пристаниште „Кавказ“ се уште гори: Украинската морнарица го потврди нападот на траектот appeared first on Република.

]]>
Брод полн со сандаци шампањско од 19. век најден во Балтичкото Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brod-poln-so-sandatsi-shampansko-od-19-vek-najden-vo-baltichkoto-more/ Fri, 26 Jul 2024 07:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=800379

Полската нуркачка група „Балтиктек“ објави дека минатата недела откриле место на бродолом којшто се случил во 19 век, во Балтичкото Море, кај шведскиот брег. Бродот бил натоварен со сандаци со шампањско.

Потонатиот брод е натоварен со сандаци со шампањ, минерална вода и порцелан... Пронајдовме околу сто шишиња шампањско. Нуркам 40 години, често се случува да има ковчег или два, но остаток од брод со олкав товар - ваков наод не ми се случил досега, изјави Томаш Стачура, одговорен шеф на нуркачите.

Наоѓалиштето е на околу 20 наутички милји јужно од шведскиот остров Оланд. Нуркачите, инаку, со години се на дното на Балтичкото Море, барајќи потонати бродови и други наоди.

Истражувавме нови места од чиста љубопитност и тогаш наидовме на овој потонат брод, појасни водечкиот нуркач.

Наоѓањето на минералната вода во затворени глинени шишиња овозможило да се утврди дека бродот потонал во втората половина на 19 век.

Успеавме да го фотографираме печатот на шишето, коешто, се покажа, припаѓа на германскиот бренд „Селтерс“. Овие печати во тоа време имале специфичен облик, додаде Стачура.

Нуркачите ги информирале шведските обласни власти за новото откритие. Според наводите, шампањот нема да биде извлечен во скоро време поради административни ограничувања.

Тука лежел 170 години, па нека остане така уште една година. Ќе имаме повеќе време правилно да се подготвиме за оваа операција, заклучи Стачура.

The post Брод полн со сандаци шампањско од 19. век најден во Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>

Полската нуркачка група „Балтиктек“ објави дека минатата недела откриле место на бродолом којшто се случил во 19 век, во Балтичкото Море, кај шведскиот брег. Бродот бил натоварен со сандаци со шампањско. Потонатиот брод е натоварен со сандаци со шампањ, минерална вода и порцелан... Пронајдовме околу сто шишиња шампањско. Нуркам 40 години, често се случува да има ковчег или два, но остаток од брод со олкав товар - ваков наод не ми се случил досега, изјави Томаш Стачура, одговорен шеф на нуркачите. Наоѓалиштето е на околу 20 наутички милји јужно од шведскиот остров Оланд. Нуркачите, инаку, со години се на дното на Балтичкото Море, барајќи потонати бродови и други наоди. Истражувавме нови места од чиста љубопитност и тогаш наидовме на овој потонат брод, појасни водечкиот нуркач. Наоѓањето на минералната вода во затворени глинени шишиња овозможило да се утврди дека бродот потонал во втората половина на 19 век. Успеавме да го фотографираме печатот на шишето, коешто, се покажа, припаѓа на германскиот бренд „Селтерс“. Овие печати во тоа време имале специфичен облик, додаде Стачура. Нуркачите ги информирале шведските обласни власти за новото откритие. Според наводите, шампањот нема да биде извлечен во скоро време поради административни ограничувања. Тука лежел 170 години, па нека остане така уште една година. Ќе имаме повеќе време правилно да се подготвиме за оваа операција, заклучи Стачура.

The post Брод полн со сандаци шампањско од 19. век најден во Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>
Брод на британската морнарица погоден со проектил во Аденскиот Залив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brod-na-britanskata-mornaritsa-pogoden-so-proektil-vo-adenskiot-zaliv/ Sun, 09 Jun 2024 08:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=785848

Морнарицата на Велика Британија денеска соопшти дека брод се запалил откако бил погоден од проектил во Аденскиот Залив.

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО), која е дел од британската кралска морнарица, соопшти дека бродот бил погоден „од непознат проектил на задниот дел“ околу 23:40 часот по Гринич во саботата на околу 70 наутички милји (130 километри) југозападно од Аден во Јемен.

Ударот „резултирал со пожар“, соопшти УКМТО, додавајќи дека нема жртви. Извршена е контрола на штетите беше во тек и бродот продолжи кон следното пристаниште. Агенцијата не соопшти детали за нападот на бродот, но советуваше претпазливост при транзит во областа, пренесе ДПА.

Аденскиот Залив, во близина на јеменскиот брег, ги поврзува Арапското и Црвеното Море. Хутите, поддржана од Иран, постојано напаѓаат трговски бродови во областа од почетокот на војната во Газа во октомври.

The post Брод на британската морнарица погоден со проектил во Аденскиот Залив appeared first on Република.

]]>

Морнарицата на Велика Британија денеска соопшти дека брод се запалил откако бил погоден од проектил во Аденскиот Залив. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО), која е дел од британската кралска морнарица, соопшти дека бродот бил погоден „од непознат проектил на задниот дел“ околу 23:40 часот по Гринич во саботата на околу 70 наутички милји (130 километри) југозападно од Аден во Јемен. Ударот „резултирал со пожар“, соопшти УКМТО, додавајќи дека нема жртви. Извршена е контрола на штетите беше во тек и бродот продолжи кон следното пристаниште. Агенцијата не соопшти детали за нападот на бродот, но советуваше претпазливост при транзит во областа, пренесе ДПА. Аденскиот Залив, во близина на јеменскиот брег, ги поврзува Арапското и Црвеното Море. Хутите, поддржана од Иран, постојано напаѓаат трговски бродови во областа од почетокот на војната во Газа во октомври.

The post Брод на британската морнарица погоден со проектил во Аденскиот Залив appeared first on Република.

]]>
Затворен Босфор откако се насука товарен брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatvoren-bosfor-otkako-se-nasuka-tovaren-brod/ Tue, 07 May 2024 10:59:49 +0000 https://republika.mk/?p=774977

Босфорскиот теснец, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако товарен брод од Украина се насука, соопштија турските власти за ДПА.

Брод по име „Алексис“ превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Се случи дефект на моторот во близина на излезот од пловниот пат, изјави за ДПА портпаролот на Управата за крајбрежна безбедност.

Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот.

Босфорот е прометен канал и служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија.

Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.

The post Затворен Босфор откако се насука товарен брод appeared first on Република.

]]>

Босфорскиот теснец, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако товарен брод од Украина се насука, соопштија турските власти за ДПА.
Брод по име „Алексис“ превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Се случи дефект на моторот во близина на излезот од пловниот пат, изјави за ДПА портпаролот на Управата за крајбрежна безбедност.
Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот. Босфорот е прометен канал и служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија. Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.

The post Затворен Босфор откако се насука товарен брод appeared first on Република.

]]>
Ирански командоси упаднаа на израелски брод: Се спуштиле од хеликоптер Ми-17 и го запленија пловилото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iranski-komandosi-upadnaa-na-izraelski-brod-se-spushtile-od-helikopter-mi-17-i-go-zaplenija-ploviloto/ Sat, 13 Apr 2024 12:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=765687

Иранската револуционерна гарда го заплени бродот „MSC Aries“ за кој вели дека е „поврзан со Израел“, јавува иранската државна новинска агенција ИРНА.

Иранците најавија дека ќе го преместат бродот во иранските територијални води, пренесува Ројтерс.

Операцијата била изведена така што иранските командоси се симнале од хеликоптер на брод кој пловел под знаме на Португалијаи. Сето тоа се случило во Ормутскиот Теснец на околу 80 километри североисточно од градот Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), извести британската трговска поморска служба.

Официјален претставник на иранската одбрана сподели снимка на која се гледаат командоси како слегуваат од хеликоптер на куп контејнери на палубата на бродот. Се слуша како член на екипажот во авионот вели: „Не излегувајте“.

Од Zodiac Maritime потврдија дека се сопственици на запленетиот брод „MSC Aries“, на кој имало 25 членови на екипажот. Тие потврдија дека бродот е пренасочен кон Иран.

„Ние тесно соработуваме со релевантните власти за да ја обезбедиме нивната благосостојба и безбедно враќање на бродот“, се вели во соопштението.

Даниел Хагари, портпарол на израелската армија објави:

„Иран ќе ги сноси последиците ако одлучи дополнително да ја ескалира ситуацијата. Ние сме во состојба на готовност. Ја зголемивме нашата подготвеност да го заштитиме Израел од понатамошна иранска агресија. Подготвени сме да одговориме“.

Информациите за инцидентот доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Иран и Израел. Светот со денови очекуваше дека Иран или неговите партнери ќе го нападнат Израел како одмазда за минатонеделниот напад врз иранската амбасада во Дамаск, во кој загина висок командант на иранската Револуционерна гарда и уште шест офицери.

Израел не ја презеде одговорноста за воздушниот напад на иранската амбасада на 1 април, но иранскиот врховен лидер Али Хамнеи рече дека „Израел мора да биде казнет и ќе биде казнет“ за операцијата, за која рече дека се чини дека била извршена на иранска територија.

Командантот на Воената морнарица на Револуционерната гарда на Иран во вторникот рече дека Техеран го гледа присуството на Израел во ОАЕ како закана. Тој посочи дека Техеран може да го затвори Ормускиот теснец, влезот во Заливот, доколку смета дека е потребно.

Градот Фуџаира се наоѓа на источната страна на Ормускиот теснец. Хутите, кои се на страната на Иран, со месеци организираат напади врз бродови во Црвеното Море.

The post Ирански командоси упаднаа на израелски брод: Се спуштиле од хеликоптер Ми-17 и го запленија пловилото appeared first on Република.

]]>

Иранската револуционерна гарда го заплени бродот „MSC Aries“ за кој вели дека е „поврзан со Израел“, јавува иранската државна новинска агенција ИРНА. Иранците најавија дека ќе го преместат бродот во иранските територијални води, пренесува Ројтерс. Операцијата била изведена така што иранските командоси се симнале од хеликоптер на брод кој пловел под знаме на Португалијаи. Сето тоа се случило во Ормутскиот Теснец на околу 80 километри североисточно од градот Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), извести британската трговска поморска служба. Официјален претставник на иранската одбрана сподели снимка на која се гледаат командоси како слегуваат од хеликоптер на куп контејнери на палубата на бродот. Се слуша како член на екипажот во авионот вели: „Не излегувајте“. Од Zodiac Maritime потврдија дека се сопственици на запленетиот брод „MSC Aries“, на кој имало 25 членови на екипажот. Тие потврдија дека бродот е пренасочен кон Иран. „Ние тесно соработуваме со релевантните власти за да ја обезбедиме нивната благосостојба и безбедно враќање на бродот“, се вели во соопштението. Даниел Хагари, портпарол на израелската армија објави: „Иран ќе ги сноси последиците ако одлучи дополнително да ја ескалира ситуацијата. Ние сме во состојба на готовност. Ја зголемивме нашата подготвеност да го заштитиме Израел од понатамошна иранска агресија. Подготвени сме да одговориме“. Информациите за инцидентот доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Иран и Израел. Светот со денови очекуваше дека Иран или неговите партнери ќе го нападнат Израел како одмазда за минатонеделниот напад врз иранската амбасада во Дамаск, во кој загина висок командант на иранската Револуционерна гарда и уште шест офицери. Израел не ја презеде одговорноста за воздушниот напад на иранската амбасада на 1 април, но иранскиот врховен лидер Али Хамнеи рече дека „Израел мора да биде казнет и ќе биде казнет“ за операцијата, за која рече дека се чини дека била извршена на иранска територија. Командантот на Воената морнарица на Револуционерната гарда на Иран во вторникот рече дека Техеран го гледа присуството на Израел во ОАЕ како закана. Тој посочи дека Техеран може да го затвори Ормускиот теснец, влезот во Заливот, доколку смета дека е потребно. Градот Фуџаира се наоѓа на источната страна на Ормускиот теснец. Хутите, кои се на страната на Иран, со месеци организираат напади врз бродови во Црвеното Море.

The post Ирански командоси упаднаа на израелски брод: Се спуштиле од хеликоптер Ми-17 и го запленија пловилото appeared first on Република.

]]>
Брод со 200 тони помош стигна до Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brod-so-200-toni-pomosh-stigna-do-gaza/ Fri, 15 Mar 2024 10:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=755079

Брод со речиси 200 тони храна од Кипар до Газа стигна денеска до бреговите на таа палестинска енклава, јавува Ројтерс, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Брод во сопственост на шпанската невладина организација „Отворени раце“ исплови од пристаништето Ларнака, како дел од тестирањето на новиот поморски коридор за директна испорака на помош во Појасот Газа.

Мисијата, која најмногу ја финансираат Обединетите Арапски Емирати, ја организира американската невладина организација „World Central Kitchen“, додека шпанската невладина организација „Open Arms“ го обезбедува бродот, пренесува Ројтерс.

Втората пратка со помош ќе биде испратена од Кипар во Газа во наредните денови, рече кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, додавајќи дека Кипар може да игра сè поголема улога во доставувањето помош за Газа по море.

Хуманитарните организации имаат намера да достават помош директно до Газа, која е под блокада од почетокот на израелската офанзива како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

 

The post Брод со 200 тони помош стигна до Газа appeared first on Република.

]]>

Брод со речиси 200 тони храна од Кипар до Газа стигна денеска до бреговите на таа палестинска енклава, јавува Ројтерс, повикувајќи се на изјави на очевидци. Брод во сопственост на шпанската невладина организација „Отворени раце“ исплови од пристаништето Ларнака, како дел од тестирањето на новиот поморски коридор за директна испорака на помош во Појасот Газа. Мисијата, која најмногу ја финансираат Обединетите Арапски Емирати, ја организира американската невладина организација „World Central Kitchen“, додека шпанската невладина организација „Open Arms“ го обезбедува бродот, пренесува Ројтерс. Втората пратка со помош ќе биде испратена од Кипар во Газа во наредните денови, рече кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, додавајќи дека Кипар може да игра сè поголема улога во доставувањето помош за Газа по море. Хуманитарните организации имаат намера да достават помош директно до Газа, која е под блокада од почетокот на израелската офанзива како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.  

The post Брод со 200 тони помош стигна до Газа appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-3-000-patnitsi-na-norveshki-brod-staveni-vo-karantin-poradi-somnezhi-za-kolera/ Mon, 26 Feb 2024 08:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=748332

Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на брод за крстарење во близина на источноафриканскиот остров Маурициус поради сомневање за појава на колера, пренесува „Телма“.

По серијата гастроинтестинални заболувања на бродот „Норвиџн доун“, властите во Маурициус одбија да му дозволат на бродот да се закотви во пристаништето на главниот град Порт Луис во неделата, откако францускиот остров Ла Реунион веќе го врати бродот.

Јужна Африка моментално ја доживува една од најлошите епидемии на колера во последните години.

Повеќето од 2.184 патници требаше да го започнат своето патување кон дома уште вчера. Во исто време, 2.279 нови патници првично требаше да се качат во Порт Луис, соопшти пристанишната управа. На бродот има и 1.026 членови на екипажот.

Вработените во Министерството за здравство вчера зеле примероци од околу 15 лица на бродот. Резултатите од истрагата се очекуваат утре.

Според властите, најмалку 14 патници и еден член на екипажот боледуваат од дијареја и повраќање. Тие се изолирани во нивните соби.

Американската компанија „Норвиџн круз лајн“ соопшти дека мал број патници на „Норвиџн доун“ имале благи симптоми на стомачно заболување на дванаесетдневното патување од Јужна Африка.

The post Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на брод за крстарење во близина на источноафриканскиот остров Маурициус поради сомневање за појава на колера, пренесува „Телма“. По серијата гастроинтестинални заболувања на бродот „Норвиџн доун“, властите во Маурициус одбија да му дозволат на бродот да се закотви во пристаништето на главниот град Порт Луис во неделата, откако францускиот остров Ла Реунион веќе го врати бродот. Јужна Африка моментално ја доживува една од најлошите епидемии на колера во последните години. Повеќето од 2.184 патници требаше да го започнат своето патување кон дома уште вчера. Во исто време, 2.279 нови патници првично требаше да се качат во Порт Луис, соопшти пристанишната управа. На бродот има и 1.026 членови на екипажот. Вработените во Министерството за здравство вчера зеле примероци од околу 15 лица на бродот. Резултатите од истрагата се очекуваат утре. Според властите, најмалку 14 патници и еден член на екипажот боледуваат од дијареја и повраќање. Тие се изолирани во нивните соби. Американската компанија „Норвиџн круз лајн“ соопшти дека мал број патници на „Норвиџн доун“ имале благи симптоми на стомачно заболување на дванаесетдневното патување од Јужна Африка.

The post Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера appeared first on Република.

]]>
Потона брод со туристи кај Канкун, најмалку четворица се мртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/potona-brod-so-turisti-kaj-kankun-najmalku-chetvoritsa-se-mrtvi/ Tue, 30 Jan 2024 13:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=738625

Најмалку четворица загинаа при потонување на брод со туристи во близина на мексиканскиот град Канкун.

Бродот кој патувал од Исла Мухереш до Пуерто Хуарез, бил погоден од силни бранови, а водата навлегла во внатрешноста, поради што бродот почнал да тоне.

Со бродот се превезувале 16 и тројца членови на екипажот, соопштија надлежните.

Помеѓу загинатите двајца се мажи, една е жена и една е девојка, а седум лица се водат како исчезнати. Сè уште не е соопштен идентитетот на загинатите.

Во тек е а акцијата за спасување, при што досега спасени се осум луѓе.

The post Потона брод со туристи кај Канкун, најмалку четворица се мртви appeared first on Република.

]]>

Најмалку четворица загинаа при потонување на брод со туристи во близина на мексиканскиот град Канкун. Бродот кој патувал од Исла Мухереш до Пуерто Хуарез, бил погоден од силни бранови, а водата навлегла во внатрешноста, поради што бродот почнал да тоне. Со бродот се превезувале 16 и тројца членови на екипажот, соопштија надлежните. Помеѓу загинатите двајца се мажи, една е жена и една е девојка, а седум лица се водат како исчезнати. Сè уште не е соопштен идентитетот на загинатите. Во тек е а акцијата за спасување, при што досега спасени се осум луѓе.

The post Потона брод со туристи кај Канкун, најмалку четворица се мртви appeared first on Република.

]]>
Украинците уништиле новоизграден руски борбен брод во Керч на Крим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-unishtile-novoizgraden-ruski-borben-brod-vo-kerch-na-krim/ Mon, 06 Nov 2023 08:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=698648

Украински проектил уништи нов брод на руската морнарица во градот Керч на полуостровот Крим, соопштија синоќа украинските воздухопловни сили.

Генерал-полковник Микола Олешчук на својот канал на Телеграм објави видео од нападот на бродоградилиштето Залиј во Керч, на крајниот исток на полуостровот. Од снимката не може да се утврди дали бродот навистина бил погоден.

За нападот објавија и руски медиуми, повикувајќи се на информации добиени од Министерството за одбрана во Москва.

Руските медиуми пренесуваат дека бродоградилиштето било нападнато во саботата вечерта. Од 15 ракети насочени кон таа локација, 13 од нив биле соборени од противвоздушна одбрана, пренесоа медиумите, додавајќи дека руското министерство потврдило оштетување на еден брод.

Бродоградилиштето Залиј е едно од најголемите во Источна Европа. Тоа е под санкции на западните земји.

Олешук тврди дека бродот требало да биде испратен во Црното Море за да истрела крстосувачки ракети на украинска територија.

 

The post Украинците уништиле новоизграден руски борбен брод во Керч на Крим appeared first on Република.

]]>

Украински проектил уништи нов брод на руската морнарица во градот Керч на полуостровот Крим, соопштија синоќа украинските воздухопловни сили. Генерал-полковник Микола Олешчук на својот канал на Телеграм објави видео од нападот на бродоградилиштето Залиј во Керч, на крајниот исток на полуостровот. Од снимката не може да се утврди дали бродот навистина бил погоден. За нападот објавија и руски медиуми, повикувајќи се на информации добиени од Министерството за одбрана во Москва. Руските медиуми пренесуваат дека бродоградилиштето било нападнато во саботата вечерта. Од 15 ракети насочени кон таа локација, 13 од нив биле соборени од противвоздушна одбрана, пренесоа медиумите, додавајќи дека руското министерство потврдило оштетување на еден брод. Бродоградилиштето Залиј е едно од најголемите во Источна Европа. Тоа е под санкции на западните земји. Олешук тврди дека бродот требало да биде испратен во Црното Море за да истрела крстосувачки ракети на украинска територија.  

The post Украинците уништиле новоизграден руски борбен брод во Керч на Крим appeared first on Република.

]]>
Едно безживотно тело пронајдено, две лица спасени по судирот меѓу двата брода кај германскиот брег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/edno-bezzhivotno-telo-pronajdeno-dve-litsa-spaseni-po-sudirot-megu-dvata-broda-kaj-germanskiot-breg/ Tue, 24 Oct 2023 12:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=694536

Едно безживотно тело е пронајдено, а две лица се спасени откако два товарни брода се судрија во Северното Море, кај брегот на Германија, соопшти денеска Поморската агенција за вонредни состојби.

На бродот „Верити“ имало седум лица, соопшти Централната команда на поморската служба и нагласи дека потрагата по преостанатите четири исчезнати лица е во тек, пренесуваат британските медиуми.

Бродовите „Полесие“ и „Верити“ се судрија во раните утрински часови на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, соопшти германската централна команда за поморски вонредни состојби.

Еден од бродовите, „Верити“, што пловел под британско знаме, очигледно потонал.

Се наведува дека бродот тргнал од Бремен, Германија, кон англиското пристаниште Имингем, а вториот брод, „Полесие“ под знамето на Бахамите, останал на површината на водата со 22 лица на него.

The post Едно безживотно тело пронајдено, две лица спасени по судирот меѓу двата брода кај германскиот брег appeared first on Република.

]]>

Едно безживотно тело е пронајдено, а две лица се спасени откако два товарни брода се судрија во Северното Море, кај брегот на Германија, соопшти денеска Поморската агенција за вонредни состојби. На бродот „Верити“ имало седум лица, соопшти Централната команда на поморската служба и нагласи дека потрагата по преостанатите четири исчезнати лица е во тек, пренесуваат британските медиуми. Бродовите „Полесие“ и „Верити“ се судрија во раните утрински часови на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, соопшти германската централна команда за поморски вонредни состојби. Еден од бродовите, „Верити“, што пловел под британско знаме, очигледно потонал. Се наведува дека бродот тргнал од Бремен, Германија, кон англиското пристаниште Имингем, а вториот брод, „Полесие“ под знамето на Бахамите, останал на површината на водата со 22 лица на него.

The post Едно безживотно тело пронајдено, две лица спасени по судирот меѓу двата брода кај германскиот брег appeared first on Република.

]]>
Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-brod-so-zhito-isplovi-od-ukrainskoto-pristanishte/ Fri, 22 Sep 2023 07:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=683997

Вториот товарен брод, „Аројат“, го напушти украинското црноморско пристаниште Чорноморск откако натовари жито, изјави денеска извор од индустријата.

Бродовите „Ресилиент Африка“ и „Аројат“ пристигнаа во Украина во саботата и требаше да заминат откако ќе натоварат речиси 20.000 тони пченица за Африка и Азија.

Бродот „Ресилиент Африка“ ја напушти Украина во вторникот со товар од 3.000 метрички тони пченица.

Испораките се тест за способноста на Украина повторно да ги отвори поморските патишта откако договорот постигнат со посредство на ОН за да и се дозволи на Украина да извезува жито, пропадна по повлекувањето на Русија.

Украина минатиот месец објави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за да ги ослободи бродовите заглавени во нејзините пристаништа откако Русија ја нападна земјата во февруари 2022 година и да го заобиколи неуспешниот договор.

Москва изврши чести напади со беспилотни летала и ракети врз инфраструктурата за извоз на жито во Украина.

Трите поморски пристаништа во Одеса, вклучувајќи го и Чорноморск, испорачаа десетици милиони тони жито за време на руската инвазија според договор со посредство на ОН.

The post Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште appeared first on Република.

]]>

Вториот товарен брод, „Аројат“, го напушти украинското црноморско пристаниште Чорноморск откако натовари жито, изјави денеска извор од индустријата. Бродовите „Ресилиент Африка“ и „Аројат“ пристигнаа во Украина во саботата и требаше да заминат откако ќе натоварат речиси 20.000 тони пченица за Африка и Азија. Бродот „Ресилиент Африка“ ја напушти Украина во вторникот со товар од 3.000 метрички тони пченица. Испораките се тест за способноста на Украина повторно да ги отвори поморските патишта откако договорот постигнат со посредство на ОН за да и се дозволи на Украина да извезува жито, пропадна по повлекувањето на Русија. Украина минатиот месец објави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за да ги ослободи бродовите заглавени во нејзините пристаништа откако Русија ја нападна земјата во февруари 2022 година и да го заобиколи неуспешниот договор. Москва изврши чести напади со беспилотни летала и ракети врз инфраструктурата за извоз на жито во Украина. Трите поморски пристаништа во Одеса, вклучувајќи го и Чорноморск, испорачаа десетици милиони тони жито за време на руската инвазија според договор со посредство на ОН.

The post Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште appeared first on Република.

]]>
Ковид меѓу патниците на насуканиот брод на Гренланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kovid-megu-patnitsite-na-nasukaniot-brod-na-grenland/ Thu, 14 Sep 2023 11:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=681900

Тројца патници на насуканиот брод за крстарење „Оушн Експлорер“ се заразени со коронавирус, соопшти денеска операторот со бродот Аурора експедиции.

Луксузниот крузер се насука на Гренланд, а на него има 206 луѓе.

Информациите за заразените беа објавени по третиот неуспешен обид за ослободување на бродот, откако друг брод вчера се обиде да го извлече крузерот за време на плима.

На почетокот на оваа недела, бродот за крстарење имаше два неуспешни обиди да исплови при висока плима.

The post Ковид меѓу патниците на насуканиот брод на Гренланд appeared first on Република.

]]>

Тројца патници на насуканиот брод за крстарење „Оушн Експлорер“ се заразени со коронавирус, соопшти денеска операторот со бродот Аурора експедиции. Луксузниот крузер се насука на Гренланд, а на него има 206 луѓе. Информациите за заразените беа објавени по третиот неуспешен обид за ослободување на бродот, откако друг брод вчера се обиде да го извлече крузерот за време на плима. На почетокот на оваа недела, бродот за крстарење имаше два неуспешни обиди да исплови при висока плима.

The post Ковид меѓу патниците на насуканиот брод на Гренланд appeared first on Република.

]]>
Во Мексико запленет чамец со речиси три тони кокаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-meksiko-zaplenet-chamets-so-rechisi-tri-toni-kokain/ Wed, 16 Aug 2023 08:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=672600

Мексиканската морнарица запленила отворен чамец со речиси три тони кокаин, на околу 360 километри од брегот на Пацификот, во близина на одморалиштето Акапулко.

Морнарицата соопшти дека се приведени три лица кои биле во пловилото. Во чамецот биле пронајдени 80 вреќи во кои имало 2.800 килограми кокаин.

 

The post Во Мексико запленет чамец со речиси три тони кокаин appeared first on Република.

]]>

Мексиканската морнарица запленила отворен чамец со речиси три тони кокаин, на околу 360 километри од брегот на Пацификот, во близина на одморалиштето Акапулко. Морнарицата соопшти дека се приведени три лица кои биле во пловилото. Во чамецот биле пронајдени 80 вреќи во кои имало 2.800 килограми кокаин.  

The post Во Мексико запленет чамец со речиси три тони кокаин appeared first on Република.

]]>
Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brod-so-migranti-potona-vo-la-mansh-najmalku-shestmina-zaginati/ Sat, 12 Aug 2023 12:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=671388

Најмалку шестмина мигранти се удавија денеска кога нивниот чамец потона во Ла Манш, според новиот официјален извештај за несреќата.

Портпаролот на француската поморска полиција изјави дека петмина до 10 патници се водат за исчезнати и по нив се трага.

Брзата помош згрижила 55 мигранти.

Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода.

Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година.

The post Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати appeared first on Република.

]]>

Најмалку шестмина мигранти се удавија денеска кога нивниот чамец потона во Ла Манш, според новиот официјален извештај за несреќата. Портпаролот на француската поморска полиција изјави дека петмина до 10 патници се водат за исчезнати и по нив се трага. Брзата помош згрижила 55 мигранти. Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода. Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година.

The post Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати appeared first on Република.

]]>
Пожарот на товарниот брод кај холандскиот брег е изгаснат по речиси седум дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozharot-na-tovarniot-brod-kaj-holandskiot-breg-e-izgasnat-po-rechisi-sedum-dena/ Tue, 01 Aug 2023 14:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=667708

Пожарот на товарен брод што превезувал нови автомобили е изгаснат по речиси седум дена, соопшти денеска холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство.

Бродот Фермантел Хајвеј, што превезуваше 3.783 нови автомобили, од кои 498 електрични, гореше непрекинато од 25 јули, а пожарникарите одлучија да не го гаснат пожарот со вода поради страв да не го дестабилизираат бродот, што е закотвен во близина на бродски патишта во Северното Море.

Состојбата на бродот е стабилна, нема индиции дека пожарот се уште гори, се вели во соопштението на Министерството.

The post Пожарот на товарниот брод кај холандскиот брег е изгаснат по речиси седум дена appeared first on Република.

]]>

Пожарот на товарен брод што превезувал нови автомобили е изгаснат по речиси седум дена, соопшти денеска холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство. Бродот Фермантел Хајвеј, што превезуваше 3.783 нови автомобили, од кои 498 електрични, гореше непрекинато од 25 јули, а пожарникарите одлучија да не го гаснат пожарот со вода поради страв да не го дестабилизираат бродот, што е закотвен во близина на бродски патишта во Северното Море. Состојбата на бродот е стабилна, нема индиции дека пожарот се уште гори, се вели во соопштението на Министерството.

The post Пожарот на товарниот брод кај холандскиот брег е изгаснат по речиси седум дена appeared first on Република.

]]>
Најмалку 59 мигранти се удавија кога потона брод кај Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-59-migranti-se-udavija-koga-potona-brod-kaj-grtsija/ Wed, 14 Jun 2023 12:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=651358

Бројот на загинати од најсмртоносниот бродолом со мигранти кај Грција оваа година се зголеми, а официјални лица соопштија дека најмалку 59 луѓе ги загубиле животите, а голем број сѐ уште се водат како исчезнати.

Жртвите, речиси сите мажи од Авганистан и Пакистан, се удавија кога бродот со кој патуваа се преврте кај јужниот дел на Пелопонез. Бродот, за кој се претпоставува дека превезувал неколку стотици луѓе, тргнал од источна Либија кон Италија. Не е јасно дали се работи за рибарски или товарен брод.

Има драматичен пораст на бројот на смртни случаи кој се зголемува од час во час“, рече еден висок функционер. „Големите се шпекулациите дека на бродот имало дури 600 луѓе, но тоа не е потврдено. Бродот е под вода. Потона.

Околу 104 патници биле спасени до средата попладне, рече тој.

Грчкиот јавен радиодифузер, ЕРТ, објави сцени без преседан во Каламата, градот на Пелопонез, каде што беа однесени мртвите и повредените.

 

The post Најмалку 59 мигранти се удавија кога потона брод кај Грција appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати од најсмртоносниот бродолом со мигранти кај Грција оваа година се зголеми, а официјални лица соопштија дека најмалку 59 луѓе ги загубиле животите, а голем број сѐ уште се водат како исчезнати. Жртвите, речиси сите мажи од Авганистан и Пакистан, се удавија кога бродот со кој патуваа се преврте кај јужниот дел на Пелопонез. Бродот, за кој се претпоставува дека превезувал неколку стотици луѓе, тргнал од источна Либија кон Италија. Не е јасно дали се работи за рибарски или товарен брод.
Има драматичен пораст на бројот на смртни случаи кој се зголемува од час во час“, рече еден висок функционер. „Големите се шпекулациите дека на бродот имало дури 600 луѓе, но тоа не е потврдено. Бродот е под вода. Потона.
Околу 104 патници биле спасени до средата попладне, рече тој. Грчкиот јавен радиодифузер, ЕРТ, објави сцени без преседан во Каламата, градот на Пелопонез, каде што беа однесени мртвите и повредените.  

The post Најмалку 59 мигранти се удавија кога потона брод кај Грција appeared first on Република.

]]>
Четворица туристи загинаа откако се преврти брод во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-turisti-zaginaa-otkako-se-prevrti-brod-vo-italija/ Mon, 29 May 2023 07:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=645565

Четири лица загинаа во бродска несреќа на езерото Маџоре во северна Италија, соопштија утрово противпожарната бригада и италијанската новинска агенција АНСА.

Како што пренесе ДПА, пожарникарите првично соопштија дека три тела биле извлечени откако брод се превртел на јужниот крај на езерото во близина на градот Лисанца, на околу 50 километри северозападно од Милано.

Новинската агенција АНСА подоцна соопшти дека четвртото тело било пронајдено на длабочина од 16 метри блиску до потонатиот брод, додавајќи дека се верува дека нема други исчезнати лица.

АНСА соопшти дека туристичкиот брод, на кој имало околу 24 лица, се превртел во неделата поради ненадеен силен ветар. Дваесет луѓе се спасени неповредени.

Според претседателот на регионот Ломбардија, Атилио Фонтана, едриличарскиот брод долг 16 метри бил изнајмен од туристи.

The post Четворица туристи загинаа откако се преврти брод во Италија appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа во бродска несреќа на езерото Маџоре во северна Италија, соопштија утрово противпожарната бригада и италијанската новинска агенција АНСА. Како што пренесе ДПА, пожарникарите првично соопштија дека три тела биле извлечени откако брод се превртел на јужниот крај на езерото во близина на градот Лисанца, на околу 50 километри северозападно од Милано. Новинската агенција АНСА подоцна соопшти дека четвртото тело било пронајдено на длабочина од 16 метри блиску до потонатиот брод, додавајќи дека се верува дека нема други исчезнати лица. АНСА соопшти дека туристичкиот брод, на кој имало околу 24 лица, се превртел во неделата поради ненадеен силен ветар. Дваесет луѓе се спасени неповредени. Според претседателот на регионот Ломбардија, Атилио Фонтана, едриличарскиот брод долг 16 метри бил изнајмен од туристи.

The post Четворица туристи загинаа откако се преврти брод во Италија appeared first on Република.

]]>
Бугарија испраќа брод „Св. Кирил и Методиј“ на Антарктик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-ispraka-brod-sv-kiril-i-metodij-na-antarktik/ Tue, 02 May 2023 13:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=636110

Пловењето на научноистражувачкиот брод „Св. Кирил и Методиј“ до Ледениот континент историски настан од вредност и за поморските сили и за бугарската наука, изјави денеска претседателот Румен Радев на приемот на НИК 421 во Варна. Тој им честиташе на членовите на екипажот што им дадоа причина на сите Бугари да се гордеат со нив и што уште еднаш ја докажаа високата професионалност, моралната сила и одговорноста на родната морнарица, пренесува Бугарската телеграфска агенција (БТА).

Со децении, бугарските научници и истражувачи, со голема професионалност и посветеност, ја позиционираа нашата земја на Белиот континент и на светската мапа на научни достигнувања, но многу често нивните истражувачки напори беа попречени од ограничените логистички можности на земјата, рече Радев.

Според него, денес Бугарија прави одлучувачки чекор за да се наметне како поморска земја со зголемени амбиции и способности да учествува во истражувачки мисии и експедиции не само на Антарктикот, туку и во морските простори и во светските океани.

Радев изрази благодарност до раководството на Вишата поморска школа во Варна, командата на морнарицата и до проф. Христо Пимпирев и научната заедница за воспоставеното конструктивно партнерство и за напорите направени за стекнување, реставрација и модернизација на научноистражувачкиот брод.

Вашата кауза отвори нови, досега незамисливи, можности за нашата земја во областа на научното истражување, логистичка поддршка на експедиции, контрола врз националните морски простори, учество во различни студии за морската екологија и потребите на морската индустрија, како и како решавање на специјализирани задачи за потребите на нашите поморски сили, додаде Радев.

Радев изрази длабока благодарност до инспираторот на бугарските поларни експедиции - професор Пимпирев, и додаде дека со својот висок професионализам и безгранична посветеност на поларната работа, на бугарската програма, придонел за успехот и на оваа мисија, пренесува БТА.

Тој имал и специјална честитка за Бугарската телеграфска агенција за „иновативниот пристап во покривањето на експедицијата“.

Им заблагодарил и на медиумите кои ги натерале Бугарите „да се соживуваат со овој историски успех за нашата земја посветен на светската наука и напредокот на човештвото“.

За значаен придонес и учество во поморските интердисциплинарни истражувања и реализација на патување без несреќи до островот Ливингстон, Антарктик, за успешно спроведување на мисијата на 31-та бугарска антарктичка експедиција, Румен Радев на екипажот му ја додели претседателската значка на честа. од НИК 421. Истата награда им беше доделена и на учесниците на 31. Бугарска антарктичка експедиција, бидејќи му беше врачена на проф. Пимпирев, пренесе БТА.

The post Бугарија испраќа брод „Св. Кирил и Методиј“ на Антарктик appeared first on Република.

]]>

Пловењето на научноистражувачкиот брод „Св. Кирил и Методиј“ до Ледениот континент историски настан од вредност и за поморските сили и за бугарската наука, изјави денеска претседателот Румен Радев на приемот на НИК 421 во Варна. Тој им честиташе на членовите на екипажот што им дадоа причина на сите Бугари да се гордеат со нив и што уште еднаш ја докажаа високата професионалност, моралната сила и одговорноста на родната морнарица, пренесува Бугарската телеграфска агенција (БТА).
Со децении, бугарските научници и истражувачи, со голема професионалност и посветеност, ја позиционираа нашата земја на Белиот континент и на светската мапа на научни достигнувања, но многу често нивните истражувачки напори беа попречени од ограничените логистички можности на земјата, рече Радев.
Според него, денес Бугарија прави одлучувачки чекор за да се наметне како поморска земја со зголемени амбиции и способности да учествува во истражувачки мисии и експедиции не само на Антарктикот, туку и во морските простори и во светските океани. Радев изрази благодарност до раководството на Вишата поморска школа во Варна, командата на морнарицата и до проф. Христо Пимпирев и научната заедница за воспоставеното конструктивно партнерство и за напорите направени за стекнување, реставрација и модернизација на научноистражувачкиот брод.
Вашата кауза отвори нови, досега незамисливи, можности за нашата земја во областа на научното истражување, логистичка поддршка на експедиции, контрола врз националните морски простори, учество во различни студии за морската екологија и потребите на морската индустрија, како и како решавање на специјализирани задачи за потребите на нашите поморски сили, додаде Радев.
Радев изрази длабока благодарност до инспираторот на бугарските поларни експедиции - професор Пимпирев, и додаде дека со својот висок професионализам и безгранична посветеност на поларната работа, на бугарската програма, придонел за успехот и на оваа мисија, пренесува БТА. Тој имал и специјална честитка за Бугарската телеграфска агенција за „иновативниот пристап во покривањето на експедицијата“. Им заблагодарил и на медиумите кои ги натерале Бугарите „да се соживуваат со овој историски успех за нашата земја посветен на светската наука и напредокот на човештвото“. За значаен придонес и учество во поморските интердисциплинарни истражувања и реализација на патување без несреќи до островот Ливингстон, Антарктик, за успешно спроведување на мисијата на 31-та бугарска антарктичка експедиција, Румен Радев на екипажот му ја додели претседателската значка на честа. од НИК 421. Истата награда им беше доделена и на учесниците на 31. Бугарска антарктичка експедиција, бидејќи му беше врачена на проф. Пимпирев, пренесе БТА.

The post Бугарија испраќа брод „Св. Кирил и Методиј“ на Антарктик appeared first on Република.

]]>