Брнабиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brnabikj/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Sep 2023 11:19:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Брнабиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brnabikj/ 32 32 Брнабиќ: Не сум оптимист, но би сакала во Брисел да се постигне договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-ne-sum-optimist-no-bi-sakala-vo-brisel-da-se-postigne-dogovor/ Thu, 14 Sep 2023 11:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=681890

ремиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денес дека не е оптимист оти денеска во Брисел ќе се постигне договор меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Не сум оптимист во контекст на тоа што го зборувавме. Можете да видите дека во земјава се обидуваат да ја ослабат позицијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на Владата на Србија во вакви тешки моменти. Во моментот кога претседателот треба да се фокусира на одбрана на интересите на Србија, тие (опозицијата) зборуваат глупости за салами паризeри и за тоа дали претседателот јадел или не, што е бесмислено и ја покажува нивната неодговорност, изјави Брнабиќ на ТВ Пинк.

Брнабиќ истакна дека претседателот на Србија има доволно фокус и емоционална стабилност да го остави сето тоа зад себе и денес на најдобар начин да ги брани државните интереси

The post Брнабиќ: Не сум оптимист, но би сакала во Брисел да се постигне договор appeared first on Република.

]]>

Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-razgovorite-vo-brisel-ke-bidat-teshki-kurti-ne-saka-sproveduvane-na-briselskiot-dogovor/ Tue, 12 Sep 2023 08:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=681150

Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.

Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.

Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација.

Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.

Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи, изјави српската премиерка.

Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.

The post Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.
Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.
Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација. Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.
Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи, изјави српската премиерка.
Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.

The post Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ на Блед: Што и да направиме не е доволно добро за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-na-bled-shto-i-da-napravime-ne-e-dovolno-dobro-za-eu/ Mon, 28 Aug 2023 20:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=676732

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денеска на Бледскиот стратешки форум изјави дека нејзината земја чека повеќе од 20 години на членство во ЕУ и дека граѓаните се веќе заморени, бидејќи што и да направат не доволно добро, но и дека никој на Западен Балкан нема подобра опција од ЕУ, .

Таа посочи дека Македонија го сменила името и дека сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, а Србија и 10 години од почетокот на преговорите се уште е во преговори.

Датумот за почеток на преговори значи многу за Западен Балкан, но не и за Европската Унија, рече Ана Брнабиќ и додаде дека ЕУ гледа на Западен Балкан како да што и да направи не е доволно добро.

-Тоа е како на девојче да и кажеш дека здолништето и е предолго, пресоблечи се, а потоа велат е сега е прекратко, пресоблечи се, сега ти се долги ракавите. Ова е бескраен процес и навистина да не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека никој на Западен Балкан нема подобра опција или план Б, бидејќи станува збор за европски земји, кои се наоѓаат во средината на ЕУ.

-Добро кажа албанскиот премиер Еди Рама – не се работи за проширување, туку за довршување, ние сме опкружени со ЕУ. Ние сме географски, културно, историски дел од Европа. Нашите работни места доаѓаат од компании од ЕУ, инвестициите се од ЕУ, извезуваме или во ЕУ или во регионот. Би било добро за нас, но и за ЕУ, конечно да го направи тој конечен чекор, со политичка одлука да го прифати Западен Балкан, рече Брнабиќ.

The post Брнабиќ на Блед: Што и да направиме не е доволно добро за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денеска на Бледскиот стратешки форум изјави дека нејзината земја чека повеќе од 20 години на членство во ЕУ и дека граѓаните се веќе заморени, бидејќи што и да направат не доволно добро, но и дека никој на Западен Балкан нема подобра опција од ЕУ, . Таа посочи дека Македонија го сменила името и дека сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, а Србија и 10 години од почетокот на преговорите се уште е во преговори. Датумот за почеток на преговори значи многу за Западен Балкан, но не и за Европската Унија, рече Ана Брнабиќ и додаде дека ЕУ гледа на Западен Балкан како да што и да направи не е доволно добро. -Тоа е како на девојче да и кажеш дека здолништето и е предолго, пресоблечи се, а потоа велат е сега е прекратко, пресоблечи се, сега ти се долги ракавите. Ова е бескраен процес и навистина да не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат, изјави Брнабиќ. Таа посочи дека никој на Западен Балкан нема подобра опција или план Б, бидејќи станува збор за европски земји, кои се наоѓаат во средината на ЕУ. -Добро кажа албанскиот премиер Еди Рама – не се работи за проширување, туку за довршување, ние сме опкружени со ЕУ. Ние сме географски, културно, историски дел од Европа. Нашите работни места доаѓаат од компании од ЕУ, инвестициите се од ЕУ, извезуваме или во ЕУ или во регионот. Би било добро за нас, но и за ЕУ, конечно да го направи тој конечен чекор, со политичка одлука да го прифати Западен Балкан, рече Брнабиќ.

The post Брнабиќ на Блед: Што и да направиме не е доволно добро за ЕУ appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Србија стана полноправна членка на ЕУ во дигиталната сфера https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-srbija-stana-polnopravna-chlenka-na-eu-vo-digitalnata-sfera/ Thu, 27 Jul 2023 12:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=665905

Премиерката на Р.Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека во последните шест до седум години, секторот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) станал еден од трите клучни мотори на развојот на српската економија и дека Србија практично станала полноправна членка на Европската унија во оваа сфера, јави дописникот на МИА од Белград.

На презентацијата на програмата „Дигитална Европа“ во Научно-технолошкиот парк во Белград, Брнабиќ изјави дека во првите пет месеци, заклучно со мај, извозот на ИКТ услуги достигнал 1,3 милијарди евра, што е за 41 отсто повеќе од лани, а минатата година била рекордна во оваа смисла со извоз на ИКТ од 2,7 милијарди евра.

-Со потпишувањето на Договорот за учество во програмата Дигитална Европа на крајот на јуни во Брисел и денес, кога го одбележуваме првиот повик до нашите компании, научни институти, факултети, тимови на микро, мали и средни претпријатија да се јават со нивните проекти за финансирање од програмата Дигитална Европа практично станавме полноправна членка на ЕУ во оваа сфера, рече Брнабиќ.

Таа истакна дека е особено задоволна што оваа агенда ја „турка“ од 2016 година и ја препознала како најголем развоен потенцијал на Србија.

Како што рече, Србија има добри шанси до 2027 година да искористи значителен дел од 7,5 милијарди евра доделени од ЕУ.

Брнабиќ очекува дека во следните три години ИКТ секторот апсолутно ќе биде моторот на развојот на српската економија, што значи дека Србија успешно се трансформирала во земја чиј развој се заснова на знаење и иновации.

Таа најави дека во 2024 година, БИО4 кампусот веќе ќе биде изграден во голем обем со цел Србија да стане клучна земја во Централна и Југоисточна Европа за биотехнологија и вештачка интелигенција.

- Ако зборуваме за вештачка интелигенција и суперкомпјутер, тоа е нашиот фокус. Пред три недели имавме состанок на кој разговаравме за суперкомпјутерот, кој веќе го имаме во државниот DATA центар во Крагуевац. Во моментов тој суперкомпјутер го користат целосно бесплатно 30 факултети и 20 старт-ап компании. Верувам дека во текот на 2024 година веројатно ќе дојдеме до точка целосно да го искористиме. И денес треба да размислуваме за купување на уште еден - побрз и понапреден суперкомпјутер, рече Брнабиќ.

The post Брнабиќ: Србија стана полноправна членка на ЕУ во дигиталната сфера appeared first on Република.

]]>

Премиерката на Р.Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека во последните шест до седум години, секторот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) станал еден од трите клучни мотори на развојот на српската економија и дека Србија практично станала полноправна членка на Европската унија во оваа сфера, јави дописникот на МИА од Белград. На презентацијата на програмата „Дигитална Европа“ во Научно-технолошкиот парк во Белград, Брнабиќ изјави дека во првите пет месеци, заклучно со мај, извозот на ИКТ услуги достигнал 1,3 милијарди евра, што е за 41 отсто повеќе од лани, а минатата година била рекордна во оваа смисла со извоз на ИКТ од 2,7 милијарди евра. -Со потпишувањето на Договорот за учество во програмата Дигитална Европа на крајот на јуни во Брисел и денес, кога го одбележуваме првиот повик до нашите компании, научни институти, факултети, тимови на микро, мали и средни претпријатија да се јават со нивните проекти за финансирање од програмата Дигитална Европа практично станавме полноправна членка на ЕУ во оваа сфера, рече Брнабиќ. Таа истакна дека е особено задоволна што оваа агенда ја „турка“ од 2016 година и ја препознала како најголем развоен потенцијал на Србија. Како што рече, Србија има добри шанси до 2027 година да искористи значителен дел од 7,5 милијарди евра доделени од ЕУ. Брнабиќ очекува дека во следните три години ИКТ секторот апсолутно ќе биде моторот на развојот на српската економија, што значи дека Србија успешно се трансформирала во земја чиј развој се заснова на знаење и иновации. Таа најави дека во 2024 година, БИО4 кампусот веќе ќе биде изграден во голем обем со цел Србија да стане клучна земја во Централна и Југоисточна Европа за биотехнологија и вештачка интелигенција. - Ако зборуваме за вештачка интелигенција и суперкомпјутер, тоа е нашиот фокус. Пред три недели имавме состанок на кој разговаравме за суперкомпјутерот, кој веќе го имаме во државниот DATA центар во Крагуевац. Во моментов тој суперкомпјутер го користат целосно бесплатно 30 факултети и 20 старт-ап компании. Верувам дека во текот на 2024 година веројатно ќе дојдеме до точка целосно да го искористиме. И денес треба да размислуваме за купување на уште еден - побрз и понапреден суперкомпјутер, рече Брнабиќ.

The post Брнабиќ: Србија стана полноправна членка на ЕУ во дигиталната сфера appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Посетата на Пленковиќ е позитивен импулс за во иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-posetata-na-plenkovik-e-pozitiven-impuls-za-vo-idnina/ Fri, 23 Jun 2023 17:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=654506

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Суботица по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Србија смета дека односите со Хрватска се многу важни и дека е искрено заинтересирана за развој на севкупните односи и подобрување на соработката.

„Оваа посета на премиерот Пленковиќ денес, како и мојата неодамнешна посета на Загреб, се многу важни и даваат позитивен импулс за формирање на значително подобри односи во иднина“, рече Брнабиќ во Суботица, на отворањето на хрватскиот дом „Матица“.

Таа оцени дека интензивирањето на средбите и посетите ќе биде многу важно за понатамошни дискусии и доближување на решавањето на отворените прашања меѓу двете земји.

Секое заладување на односите меѓу Србија и Хрватска, според неа, секогаш прво се чувствува кај припадниците на малцинските национални заедници, Србите во Хрватска и Хрватите во Србија.

The post Брнабиќ: Посетата на Пленковиќ е позитивен импулс за во иднина appeared first on Република.

]]>

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Суботица по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Србија смета дека односите со Хрватска се многу важни и дека е искрено заинтересирана за развој на севкупните односи и подобрување на соработката.
„Оваа посета на премиерот Пленковиќ денес, како и мојата неодамнешна посета на Загреб, се многу важни и даваат позитивен импулс за формирање на значително подобри односи во иднина“, рече Брнабиќ во Суботица, на отворањето на хрватскиот дом „Матица“.
Таа оцени дека интензивирањето на средбите и посетите ќе биде многу важно за понатамошни дискусии и доближување на решавањето на отворените прашања меѓу двете земји. Секое заладување на односите меѓу Србија и Хрватска, според неа, секогаш прво се чувствува кај припадниците на малцинските национални заедници, Србите во Хрватска и Хрватите во Србија.

The post Брнабиќ: Посетата на Пленковиќ е позитивен импулс за во иднина appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Нема да предложам смена на министерот Братислав Гашиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-nema-da-predlozham-smena-na-ministerot-bratislav-gashik/ Thu, 15 Jun 2023 13:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=651765

Нема да предложам разрешување на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, тој нема лична одговорност за трагедиите што се случија, работеше сериозно и одговорно, полицијата постапи ефикасно и брзо по злосторството, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ во српското Собрание за време на расправата за предлогот за гласање недоверба на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, поднесен од група пратеници од опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Шефот на пратеничката група на Народната странка (НС) Мирослав Алексиќ како овластен предлагач побара одговорност од Гашиќ по масовните убиства во Србија, велејќи дека никој не вели дека некој е виновен туку дека е одговорен.

Премиерката Ана Брнабиќ за време на дискусијата праша која е лична одговорност на министерот Гашиќ.

Овој кворум на најдобар начин покажа колку навистина се грижите да зборувате за овие работи. Барањето за разрешување на Гашиќ е едно од вашите основни барања овде, како и на протестот, па дали е можно два дена вие како организатори на протестот да не можете да се соберете за да имате кворум да разговарате за тоа, праша Брнабиќ.

Таа посочи дека тоа покажува непочитување кон оние луѓе кои секојдневно шетаат и протестираат, но и кон институциите.

Прозивате мртви деца и ја споредувате власта со тоа, вам на честа. А за вашата чест ви кажав што мислам пред неколку недели, изјави Брнабиќ.

Таа кажа дека никому не треба да му се заканува и ја обвини опозицијата дека создава атмосфера во која се закануваат и напаѓаат само владини претставници.

Резултатот од таа атмосфера е физички нападнати само нашите пратеници, луѓе кои се доволно храбри да го кажат своето мислење кое е различно од вашето. Нападнати се Лав Пајкиќ, Света Вујачиќ, Бакарец, тие се физички нападнати. И мене ми се закануваа, тоа стана како ’добар ден‘, толку е брутално што веќе не можете ни да се борите против тоа. Претпоставувам дека заслужуваме да не бркаат по улиците, да ни сè закануваат, а на оние кои се борат против насилството им е дозволено да не тепаат. Да не зборуваме за заканите кон Вучиќ и неговото семејство, од Вукан до Данило, рече премиерката.

The post Брнабиќ: Нема да предложам смена на министерот Братислав Гашиќ appeared first on Република.

]]>

Нема да предложам разрешување на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, тој нема лична одговорност за трагедиите што се случија, работеше сериозно и одговорно, полицијата постапи ефикасно и брзо по злосторството, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ во српското Собрание за време на расправата за предлогот за гласање недоверба на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, поднесен од група пратеници од опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград. Шефот на пратеничката група на Народната странка (НС) Мирослав Алексиќ како овластен предлагач побара одговорност од Гашиќ по масовните убиства во Србија, велејќи дека никој не вели дека некој е виновен туку дека е одговорен. Премиерката Ана Брнабиќ за време на дискусијата праша која е лична одговорност на министерот Гашиќ.
Овој кворум на најдобар начин покажа колку навистина се грижите да зборувате за овие работи. Барањето за разрешување на Гашиќ е едно од вашите основни барања овде, како и на протестот, па дали е можно два дена вие како организатори на протестот да не можете да се соберете за да имате кворум да разговарате за тоа, праша Брнабиќ.
Таа посочи дека тоа покажува непочитување кон оние луѓе кои секојдневно шетаат и протестираат, но и кон институциите.
Прозивате мртви деца и ја споредувате власта со тоа, вам на честа. А за вашата чест ви кажав што мислам пред неколку недели, изјави Брнабиќ.
Таа кажа дека никому не треба да му се заканува и ја обвини опозицијата дека создава атмосфера во која се закануваат и напаѓаат само владини претставници.
Резултатот од таа атмосфера е физички нападнати само нашите пратеници, луѓе кои се доволно храбри да го кажат своето мислење кое е различно од вашето. Нападнати се Лав Пајкиќ, Света Вујачиќ, Бакарец, тие се физички нападнати. И мене ми се закануваа, тоа стана како ’добар ден‘, толку е брутално што веќе не можете ни да се борите против тоа. Претпоставувам дека заслужуваме да не бркаат по улиците, да ни сè закануваат, а на оние кои се борат против насилството им е дозволено да не тепаат. Да не зборуваме за заканите кон Вучиќ и неговото семејство, од Вукан до Данило, рече премиерката.

The post Брнабиќ: Нема да предложам смена на министерот Братислав Гашиќ appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ понуди оставка, Вучиќ најави предвремени избори во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-ponudi-ostavka-vuchik-najavi-predvremeni-izbori-vo-srbija/ Wed, 07 Jun 2023 19:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=648968

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на разговорите ќе ги очекува оние кои треба да покажат мала одговорност за српското општество и оти верува дека сепак ќе најде соговорници меѓу оние кои треба да покажат сериозност. Ако не, ќе одиме на избори, рече тој.

„Ќе го забрзаме распуштањето на Собранието бидејќи има рокови“, рече тој по изјавата на премиерката Ана Брнабиќ дека нејзината оставка е на маса.

Тој објасни дека Брнабиќ поднесува оставка до Собранието, а потоа има рок од 30 дена да предложи друг за мандатот.

„Ако Брнабиќ поднесува оставка, СНС нема да сака нов мандат, бидејќи сме задоволни од работата на Ана Брнабиќ. Имаме рок од 45 до 60 дена да одржиме нови избори и соодветно сме подготвени да преговараме со оние кои би сакале некои градски и општински избори, дали треба да се одржат со уште некои избори“, рече тој.

Мнозинството ќе се обиде да биде фер и одмерено и да направи технички договор со „малцинството“.

„Јасно е дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, а сега е само прашање кој месец“, рече тој.

Тој истакна дека нема да има преодна влада. За тоа е потребна негова одлука, за која вели дека никогаш нема да ја донесе.

„Тоа е уништување на Србија, тоа значи дека еден тајкун и неколку центри ќе можат да управуваат со Србија“, смета Вучиќ

The post Брнабиќ понуди оставка, Вучиќ најави предвремени избори во Србија appeared first on Република.

Брнабиќ: Русија денес го прави она што некои други земји ни го направија нам во 1999 и 2008 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabikj-rusija-denes-go-pravi-ona-shto-nekoi-drugi-zemji-ni-go-napravija-nam-vo-1999-i-2008-godina/ Mon, 23 May 2022 10:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=505885

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека Србија во политичка смисла „јасно се има одредено” кон конфликтот во Украина, во согласност со принципите на меѓународното право, јави дописникот на МИА од Белград.

Србија го избра не само својот пат, туку и патот во согласност со сите принципи на меѓународното право. Ако го почитувате својот територијален интегритет, тогаш мора да го почитувате територијалниот интегритет на сите меѓународно признати држави. Сметаме дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на Украина, изјави Брнабиќ на ТВ Хепи.

Таа повтори дека Србија е „единствената земја во Европа” која нема воведено санкции кон Русија.

Политички јасно кажавме каква е нашата позиција, но не се усогласивме со санкциите. Ова често се занемарува. И некои амбасадори заборавија дека не останавме целосно неутрални. Тие мора да имаат повеќе разбирање за нас кога станува збор за санкциите или да се борат за целосно почитување на нашиот територијален интегритет како што се борат за територијалниот интегритет на Украина, рече Брнабиќ.

Таа оцени дека светот е во ситуација во која меѓународниот правен поредок се заснова на „владеење на силата”.

Кога големите сили избираат која резолуција на ОН ќе ја почитуваат во целост, а која да ја прекршат, тогаш доаѓа до меѓународен правен поредок каде што имате само владеење на сила. Русија денес го прави она што некои други земји ни го направија нам во 1999 и 2008 година. Тие ги користат истите фрази, дека морале да нападнат за да спречат потенцијален геноцид, изјави срспката премиерка.

The post Брнабиќ: Русија денес го прави она што некои други земји ни го направија нам во 1999 и 2008 година appeared first on Република.