британски војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanski-vojnici/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 12:30:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png британски војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanski-vojnici/ 32 32 Британија тајно испратила војници на Кипар за да помагаат при воената интервенција во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-tajno-ispratila-vojnitsi-na-kipar-za-da-pomagaat-pri-voenata-interventsija-vo-gaza/ Fri, 15 Dec 2023 19:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=723271

Најмалку 500 британски војници се испратени на Кипар во тајност, вели извештај што го откриваат британски медиуми.

Владата на Обединетото Кралство претходно објави дека 1.000 војници се распоредени за поддршка на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври, но нивната локација остана непозната.

Сепак, писмото на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Хепи до член на парламентот открива дека 500 од тие војници биле испратени во британските бази во Кипар, на околу 370 kilometri од Појасот Газа. Во писмото, исто така, се наведува дека војници се испратени во Египет, Израел и Либан, но бројот на војниците не е наведен.

На ваквите извештаи, кипарскиот претседател, Никос Христодулидес, негираше дека неговата земја се користи за давање воена помош за Израел.

Немам такви информации. Нашата земја не може да се користи како база за воени операции“, изјави Христодулидес.

The post Британија тајно испратила војници на Кипар за да помагаат при воената интервенција во Газа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 500 британски војници се испратени на Кипар во тајност, вели извештај што го откриваат британски медиуми. Владата на Обединетото Кралство претходно објави дека 1.000 војници се распоредени за поддршка на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври, но нивната локација остана непозната. Сепак, писмото на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Хепи до член на парламентот открива дека 500 од тие војници биле испратени во британските бази во Кипар, на околу 370 kilometri од Појасот Газа. Во писмото, исто така, се наведува дека војници се испратени во Египет, Израел и Либан, но бројот на војниците не е наведен. На ваквите извештаи, кипарскиот претседател, Никос Христодулидес, негираше дека неговата земја се користи за давање воена помош за Израел.
Немам такви информации. Нашата земја не може да се користи како база за воени операции“, изјави Христодулидес.

The post Британија тајно испратила војници на Кипар за да помагаат при воената интервенција во Газа appeared first on Република.

]]>
НАТО: 200 британски војници пристигнаа на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nato-200-britanski-vojnitsi-pristignaa-na-kosovo/ Fri, 06 Oct 2023 20:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=688732

НАТО соопшти дека првиот контингент од 200 британски војници пристигнал на Косово како дел од КФОР.
Ова распоредување доаѓа по конфликтот меѓу косовската полиција и напаѓачите на 24 септември во селото Бањска во општина Звечан.

„Првиот контингент од 200 британски војници пристигна во Косово за да ја засили мировната мисија на НАТО на Косово“, се наведува во соопштението.

Се додава дека ова е важен чекор напред за да се обезбедат силите на КФОР што му се потребни за исполнување на мандатот на ОН за одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе.

Романската влада, во вторникот објави дека исто така испраќа околу 100 дополнителни војници за поддршка на КФОР.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека во текот на јануари следната година на Косово ќе бидат стационирани дополнителни 150 германски војници.

НАТО спроведува мировна операција на Косово од 1999 година во согласност со неговиот мандат според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

КФОР во Косово моментално има над 4.500 војници од 27 сојузници и партнери на НАТО.

 

The post НАТО: 200 британски војници пристигнаа на Косово appeared first on Република.

]]>

НАТО соопшти дека првиот контингент од 200 британски војници пристигнал на Косово како дел од КФОР. Ова распоредување доаѓа по конфликтот меѓу косовската полиција и напаѓачите на 24 септември во селото Бањска во општина Звечан. „Првиот контингент од 200 британски војници пристигна во Косово за да ја засили мировната мисија на НАТО на Косово“, се наведува во соопштението. Се додава дека ова е важен чекор напред за да се обезбедат силите на КФОР што му се потребни за исполнување на мандатот на ОН за одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе. Романската влада, во вторникот објави дека исто така испраќа околу 100 дополнителни војници за поддршка на КФОР. Во меѓувреме, медиумите објавија дека во текот на јануари следната година на Косово ќе бидат стационирани дополнителни 150 германски војници. НАТО спроведува мировна операција на Косово од 1999 година во согласност со неговиот мандат според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. КФОР во Косово моментално има над 4.500 војници од 27 сојузници и партнери на НАТО.  

The post НАТО: 200 британски војници пристигнаа на Косово appeared first on Република.

]]>
Панки: По тепачката со унпрофорците, поминав 20 дена Ивкова слава кај Шешељ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/panki-po-tepachkata-so-unproforcite-pominav-20-dena-ivkova-slava-kaj-sheshelj/ Fri, 11 Nov 2022 15:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=572846

„Ние белја не баравме, тие си ја бараа“, вели Панки за легендарната тепачка од 90-тите, кога во неговата кафана се пресмета со пијани британски војници. Пејачот на „Куку леле“ во „Еден на еден“ раскажува како дошло до пресметката во која „заиграле“ и сталаци од микрофони, а вмешана била и препарирана мечка.


Во новата епизода на популарното ток-шоу, која ќе се емитува во недела од 18.30 на Канал 5, Панки и Роберт Саздов зборуваат и за нивните 30 години на музичката сцена, чудните колекции, справувањето со животните трагедии...

The post Панки: По тепачката со унпрофорците, поминав 20 дена Ивкова слава кај Шешељ appeared first on Република.

]]>

„Ние белја не баравме, тие си ја бараа“, вели Панки за легендарната тепачка од 90-тите, кога во неговата кафана се пресмета со пијани британски војници. Пејачот на „Куку леле“ во „Еден на еден“ раскажува како дошло до пресметката во која „заиграле“ и сталаци од микрофони, а вмешана била и препарирана мечка. Во новата епизода на популарното ток-шоу, која ќе се емитува во недела од 18.30 на Канал 5, Панки и Роберт Саздов зборуваат и за нивните 30 години на музичката сцена, чудните колекции, справувањето со животните трагедии...

The post Панки: По тепачката со унпрофорците, поминав 20 дена Ивкова слава кај Шешељ appeared first on Република.

]]>
Британски војници не ги праќаат на Балкан бидејќи имаат секс скандали https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/britanski-vojnici-ne-gi-prakjaat-na-balkan-bidejkji-imaat-seks-skandali/ Sun, 19 Jun 2022 19:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=517386

Поради шокантните снимки на кои се гледаат оргиите на британските војници, откажано е годишното распоредување на стотина британски падобранци како дел од мисиите на НАТО на Балканот. Во писмото до генералите и командантите, новиот шеф на британската армија, генерал Сер Патрик Сандерс, рече дека не е подготвен да ги „ризикува мисијата и угледот на армијата“ со испраќање во странство војници кои учествувале во инцидентот, пренесува Гардијан.

Според извештаите на медиумите, осум падобранци од 16-та бригада за воздушни напади се под истрага откако биле снимени како имаат секс со една жена, цивил, во касарната Мервил во Колчестер, Источен Есекс, додека десетици други го гледале чинот.

На видеата од инцидентот се гледаат врски во различни делови од базата, а на една од видеата наводно се гледаат полуголи војници како се поздравуваат додека еден од нив е во интимна врска со црвенокоса жена, пишува Сан.

Иако воената полиција утврди дека нема елементи за кривично гонење, генералот Сандерс рече дека активноста може да се толкува како „омаловажување на жените“ и дека е „спротивна на воените вредности и стандарди“, објави Тајмс, кој имаше увид во писмото.

Весникот наведува дека се верува дека жената тајно престојувала во касарната дури 31 пати за пет месеци. Се забележува дека инцидентот уследи по низа други случаи на недолично однесување за време на вежба во Македонија во мај, кога членовите на Третиот падобрански баталјон беа обвинети за „непрофесионално однесување“ за време на вежбата, заедно со војници од други единици.

Наместо десетдневна воена вежба на НАТО во Босна и Херцеговина и Косово и Метохија, од падобранците се бара „да размислат каде не ги исполниле очекувањата од британската војска“.

The post Британски војници не ги праќаат на Балкан бидејќи имаат секс скандали appeared first on Република.

]]>

Поради шокантните снимки на кои се гледаат оргиите на британските војници, откажано е годишното распоредување на стотина британски падобранци како дел од мисиите на НАТО на Балканот. Во писмото до генералите и командантите, новиот шеф на британската армија, генерал Сер Патрик Сандерс, рече дека не е подготвен да ги „ризикува мисијата и угледот на армијата“ со испраќање во странство војници кои учествувале во инцидентот, пренесува Гардијан. Според извештаите на медиумите, осум падобранци од 16-та бригада за воздушни напади се под истрага откако биле снимени како имаат секс со една жена, цивил, во касарната Мервил во Колчестер, Источен Есекс, додека десетици други го гледале чинот. На видеата од инцидентот се гледаат врски во различни делови од базата, а на една од видеата наводно се гледаат полуголи војници како се поздравуваат додека еден од нив е во интимна врска со црвенокоса жена, пишува Сан. Иако воената полиција утврди дека нема елементи за кривично гонење, генералот Сандерс рече дека активноста може да се толкува како „омаловажување на жените“ и дека е „спротивна на воените вредности и стандарди“, објави Тајмс, кој имаше увид во писмото. Весникот наведува дека се верува дека жената тајно престојувала во касарната дури 31 пати за пет месеци. Се забележува дека инцидентот уследи по низа други случаи на недолично однесување за време на вежба во Македонија во мај, кога членовите на Третиот падобрански баталјон беа обвинети за „непрофесионално однесување“ за време на вежбата, заедно со војници од други единици. Наместо десетдневна воена вежба на НАТО во Босна и Херцеговина и Косово и Метохија, од падобранците се бара „да размислат каде не ги исполниле очекувањата од британската војска“.

The post Британски војници не ги праќаат на Балкан бидејќи имаат секс скандали appeared first on Република.

]]>