британски премиер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanski-premier/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Oct 2022 07:01:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png британски премиер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanski-premier/ 32 32 Кој е Риши Сунак, кој денеска и официјално ќе стане нов британски премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-e-rishi-sunak-koj-deneska-i-oficijalno-kje-stane-nov-britanski-premier/ Tue, 25 Oct 2022 06:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=565170

Новиот лидер на Конзервативната партија, Риши Сунак, денеска ќе стане британски премиер.

Владата го објави денешниот распоред, според кој премиерката во заминување Лиз Трас во 9 часот по локално време ќе го има својот последен настап со кабинетот, по што треба да одржи говор пред Даунинг стрит 10, јави Би-би-си.

Потоа, во 10:15 часот по локално време, Трас ќе замине во Бакингемската палата на последна аудиенција кај кралот Чарлс III, каде и формално ќе поднесе оставка.

Како нов лидер на Конзервативната партија, Сунак потоа ќе замине во Бакингемската палата на својата прва аудиенција кај кралот Чарлс III, каде што ќе биде официјално побарано да формира влада.

Новиот премиер потоа ќе одржи говор пред Даунинг стрит, што е планиран за околу 11:35 часот по локално време.

Тој ќе биде првиот британски премиер со азиско потекло. Син е на имигранти кои имаат индиски корени, а во Обединетото Кралство имигрирале од Источна Африка.

Неговиот татко бил општ лекар, а неговата мајка работела во аптека. Риши го доселиле во 1980 година, а денеска со неговите 42 години тој ќе влезе во историјата и како најмладиот премиер што го имала Велика Британија од 1812 година.

Во споредба со неговите претходници, според анализата на „Би-би-си“, тој има најбрзорастечка кариера од пратеник до премиер во модерната историја. Од денот кога стана пратеник, до доаѓањето на премиерската функција поминаа само седум години. До неа тој доаѓа од вториот обид.

Пред да дојде до државна функција тој работел за познатата инвестициска банка „Голдман Сакс“, како и во два хеџ-фонда – посебен вид инвестициски фонд кој ги инвестира парите на богатите поединци и организации. Негова сопруга е Акшата Мурти, ќерка на индискиот милијардер Нарајана Мурти. Имајќи ја предвид „нивната заедничка тежина“, парот се проценува дека „тежи“ 730 милиони фунти (околу 840 милиони евра). Со тоа, тој е и еден од најбогатите премиери што некогаш ги имала Велика Британија.

Во врска со неговата сопруга, Сунак го следеа и контроверзии. Изминатото лето се соочи и со критики дека таа не платила данок на приходите од странство – што не е нелегално. Сепак, иако не е задолжително, по критиките Мурти решила да плаќа и дополнително даноци.

 

 

The post Кој е Риши Сунак, кој денеска и официјално ќе стане нов британски премиер appeared first on Република.

]]>

Новиот лидер на Конзервативната партија, Риши Сунак, денеска ќе стане британски премиер. Владата го објави денешниот распоред, според кој премиерката во заминување Лиз Трас во 9 часот по локално време ќе го има својот последен настап со кабинетот, по што треба да одржи говор пред Даунинг стрит 10, јави Би-би-си. Потоа, во 10:15 часот по локално време, Трас ќе замине во Бакингемската палата на последна аудиенција кај кралот Чарлс III, каде и формално ќе поднесе оставка. Како нов лидер на Конзервативната партија, Сунак потоа ќе замине во Бакингемската палата на својата прва аудиенција кај кралот Чарлс III, каде што ќе биде официјално побарано да формира влада. Новиот премиер потоа ќе одржи говор пред Даунинг стрит, што е планиран за околу 11:35 часот по локално време. Тој ќе биде првиот британски премиер со азиско потекло. Син е на имигранти кои имаат индиски корени, а во Обединетото Кралство имигрирале од Источна Африка. Неговиот татко бил општ лекар, а неговата мајка работела во аптека. Риши го доселиле во 1980 година, а денеска со неговите 42 години тој ќе влезе во историјата и како најмладиот премиер што го имала Велика Британија од 1812 година. Во споредба со неговите претходници, според анализата на „Би-би-си“, тој има најбрзорастечка кариера од пратеник до премиер во модерната историја. Од денот кога стана пратеник, до доаѓањето на премиерската функција поминаа само седум години. До неа тој доаѓа од вториот обид. Пред да дојде до државна функција тој работел за познатата инвестициска банка „Голдман Сакс“, како и во два хеџ-фонда – посебен вид инвестициски фонд кој ги инвестира парите на богатите поединци и организации. Негова сопруга е Акшата Мурти, ќерка на индискиот милијардер Нарајана Мурти. Имајќи ја предвид „нивната заедничка тежина“, парот се проценува дека „тежи“ 730 милиони фунти (околу 840 милиони евра). Со тоа, тој е и еден од најбогатите премиери што некогаш ги имала Велика Британија. Во врска со неговата сопруга, Сунак го следеа и контроверзии. Изминатото лето се соочи и со критики дека таа не платила данок на приходите од странство – што не е нелегално. Сепак, иако не е задолжително, по критиките Мурти решила да плаќа и дополнително даноци.    

The post Кој е Риши Сунак, кој денеска и официјално ќе стане нов британски премиер appeared first on Република.

]]>
Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rishi-sunak-kje-bide-noviot-britanski-premier/ Mon, 24 Oct 2022 13:26:19 +0000 https://republika.mk/?p=564999

Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер откако неговата противкандидатка Пени Мурдан ја повлече својата кандидатура.

Претходно и поранешниот британски премиер Борис Џонсон се повлече од трката за британски премиер.

Во изминатите неколку дена, за жал, дојдов до заклучок дека едноставно не би било правилно. Не можете ефективно да владеете ако немате обединета партија во Парламентот, рече Џонсон.

The post Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер appeared first on Република.

]]>

Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер откако неговата противкандидатка Пени Мурдан ја повлече својата кандидатура. Претходно и поранешниот британски премиер Борис Џонсон се повлече од трката за британски премиер.
Во изминатите неколку дена, за жал, дојдов до заклучок дека едноставно не би било правилно. Не можете ефективно да владеете ако немате обединета партија во Парламентот, рече Џонсон.

The post Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер appeared first on Република.

]]>
Неизвесна трка за нов британски премиер: Трас во блага предност пред Риши Сунак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/neizvesna-trka-za-nov-britanski-premier-tras-vo-blaga-prednost-pred-rishi-sunak/ Wed, 03 Aug 2022 08:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=536306

Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, која е фаворитка за наследник на Борис Џонсон на позицијата британски премиер, има многу потесна предност пред нејзиниот ривал, министерот за финансии, Риши Сунак отколку што првично се мислеше.

Резултатите од анкета за гласањето на членството на Конзервативната партија, спроведена од италијанската агенција „Техне“ од 19 до 27 јули врз 807 партиски членови, покажуваат дека Трас има поддршка од 48 отсто од членовите на Конзервативната партија во споредба со 43 отсто за поранешниот министер за финансии.

Тоа укажува на многу понеизвесна трка отколку во претходната анкета на членовите на Конзервативната партија, спроведена од „ЈуГов“ (YouGov) од 20 до 21 јули, која покажа дека Трас води со 24 отсто пред Сунак.

Сунак и Трус се натпреваруваат во летната турнеја низ Британија за гласовите на околу 200.000 членови на Конзервативната партија кои ќе го изберат следниот премиер, а победникот се очекува да биде објавен на 5 септември.

The post Неизвесна трка за нов британски премиер: Трас во блага предност пред Риши Сунак appeared first on Република.

]]>

Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, која е фаворитка за наследник на Борис Џонсон на позицијата британски премиер, има многу потесна предност пред нејзиниот ривал, министерот за финансии, Риши Сунак отколку што првично се мислеше. Резултатите од анкета за гласањето на членството на Конзервативната партија, спроведена од италијанската агенција „Техне“ од 19 до 27 јули врз 807 партиски членови, покажуваат дека Трас има поддршка од 48 отсто од членовите на Конзервативната партија во споредба со 43 отсто за поранешниот министер за финансии. Тоа укажува на многу понеизвесна трка отколку во претходната анкета на членовите на Конзервативната партија, спроведена од „ЈуГов“ (YouGov) од 20 до 21 јули, која покажа дека Трас води со 24 отсто пред Сунак. Сунак и Трус се натпреваруваат во летната турнеја низ Британија за гласовите на околу 200.000 членови на Конзервативната партија кои ќе го изберат следниот премиер, а победникот се очекува да биде објавен на 5 септември.

The post Неизвесна трка за нов британски премиер: Трас во блага предност пред Риши Сунак appeared first on Република.

]]>