британски новинар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanski-novinar/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 21:21:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png британски новинар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanski-novinar/ 32 32 Бразилската полиција негира дека е пронајдено телото на исчезнатиот британски новинар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brazilskata-policija-negira-deka-e-pronajdeno-teloto-na-ischeznatiot-britanski-novinar/ Mon, 13 Jun 2022 21:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=514758

Бразилската федерална полиција соопшти дека не се точни информациите дека телата на британскиот новинар Дом Филипс и староседелецот експерт Бруно Переира биле пронајдени во амазонската џунгла.

Во соопштението на полицијата се наведува дека досега е пронајден само биолошки материјал и предмети од исчезнатите, како што претходно и беше објавено, пренесуваат британските медиуми.

 

Реакцијата на полицијата доаѓа откако бразилскиот портал „Г1“, повикувајќи се на сопругата на Филипс, објави дека се пронајдени телата на Филипс и Переира, кои исчезнаа пред повеќе од една недела во џунглата.

Во неделата беше пронајдена облека на Переира, со лична карта на негово име, како и ранец со облека на Филипс и чизмите на двајцата мажи.

Очевидци изјавија дека ги виделе двајцата како патуваат по реката на 5 јуни.

Двајцата мажи тргнале на новинарска задача во оддалечената област на џунглата, на границата на Бразил со Перу и Колумбија, каде што се наоѓаат повеќето нерегистрирани членови на домородни племиња. На тој простор има банди кои шверцуваат кокаин, а реонот е полн и со шумокрадци и ловокрадци, како и диви копачи на руда.

The post Бразилската полиција негира дека е пронајдено телото на исчезнатиот британски новинар appeared first on Република.

]]>

Бразилската федерална полиција соопшти дека не се точни информациите дека телата на британскиот новинар Дом Филипс и староседелецот експерт Бруно Переира биле пронајдени во амазонската џунгла. Во соопштението на полицијата се наведува дека досега е пронајден само биолошки материјал и предмети од исчезнатите, како што претходно и беше објавено, пренесуваат британските медиуми.   Реакцијата на полицијата доаѓа откако бразилскиот портал „Г1“, повикувајќи се на сопругата на Филипс, објави дека се пронајдени телата на Филипс и Переира, кои исчезнаа пред повеќе од една недела во џунглата. Во неделата беше пронајдена облека на Переира, со лична карта на негово име, како и ранец со облека на Филипс и чизмите на двајцата мажи. Очевидци изјавија дека ги виделе двајцата како патуваат по реката на 5 јуни. Двајцата мажи тргнале на новинарска задача во оддалечената област на џунглата, на границата на Бразил со Перу и Колумбија, каде што се наоѓаат повеќето нерегистрирани членови на домородни племиња. На тој простор има банди кои шверцуваат кокаин, а реонот е полн и со шумокрадци и ловокрадци, како и диви копачи на руда.

The post Бразилската полиција негира дека е пронајдено телото на исчезнатиот британски новинар appeared first on Република.

]]>