британска фунта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanska-funta/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Sep 2022 07:25:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png британска фунта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanska-funta/ 32 32 Еврото и британската фунта ноќеска на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evroto-i-britanskata-funta-nokjeska-na-novo-rekordno-nisko-nivo-vo-odnos-na-dolarot/ Mon, 26 Sep 2022 07:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=554181

Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации.

Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година.

Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок курс досега во однос на доларот.

Во утринското тргување и двете валути почнаа благо да закрепнуваат.

The post Еврото и британската фунта ноќеска на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот appeared first on Република.

]]>

Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации. Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година. Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок курс досега во однос на доларот. Во утринското тргување и двете валути почнаа благо да закрепнуваат.

The post Еврото и британската фунта ноќеска на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот appeared first on Република.

]]>
Првпат по 37 години, британската фунта падна под 1,10 за долар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prvpat-po-37-godini-britanskata-funta-padna-pod-1-10-za-dolar/ Sat, 24 Sep 2022 12:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=553788

Британската фунта падна под симболичната вредност од 1,10 за долар и се приближи на својот историски минимум, откако буџетските најави на Лондон ги загрижија инвеститорите за здравјето на јавните финансии во време кога Британија може веќе да е во рецесија.

Во споредба со доларот, поттикнат од американската економска издржливост и статусот на резервна валута, британската фунта падна за 2,56 отсто на 1,0972 за долар вчера околу 16 часот по средноевропско време.

Тоа е ниво кое не е достигнато од 1985 година, кога фунтата падна на својот историски минимум од 1,0520 за долар.

 

The post Првпат по 37 години, британската фунта падна под 1,10 за долар appeared first on Република.

]]>

Британската фунта падна под симболичната вредност од 1,10 за долар и се приближи на својот историски минимум, откако буџетските најави на Лондон ги загрижија инвеститорите за здравјето на јавните финансии во време кога Британија може веќе да е во рецесија. Во споредба со доларот, поттикнат од американската економска издржливост и статусот на резервна валута, британската фунта падна за 2,56 отсто на 1,0972 за долар вчера околу 16 часот по средноевропско време. Тоа е ниво кое не е достигнато од 1985 година, кога фунтата падна на својот историски минимум од 1,0520 за долар.  

The post Првпат по 37 години, британската фунта падна под 1,10 за долар appeared first on Република.

]]>
Британската фунта поради ризикот од рецесија падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskata-funta-poradi-rizikot-od-recesija-padna-na-najnisko-nivo-vo-odnos-na-dolarot-od-1985-godina/ Wed, 07 Sep 2022 19:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=548502

Британската фунта денеска падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година поради стравувањата од рецесија и инфлација.

Како знак на тежината на задачата што ја чека новата премиерка Лиз Трас да ја заживее британската економија, фунтата до 14 часот (16:00 часот по средноевропско време) денеска загуби 0,96 отсто на 1,1409 во однос на доларот, што е најниско ниво во последните 37 години, пренесува Бета.

Трас вчера вети дека ќе ја обнови економијата и ќе ја „надмине бурата што ја зафати земјата“, што е многу предизвикувачка работа.

Таа наследи економија во проблеми на работ на потенцијално долга рецесија со рекордна инфлацијата која според прогнозите ќе се влоши во наредните месеци и милиони луѓе кои бараат владина помош за да се справат со астрономските сметки за енергија. јт/

The post Британската фунта поради ризикот од рецесија падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година appeared first on Република.

]]>

Британската фунта денеска падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година поради стравувањата од рецесија и инфлација. Како знак на тежината на задачата што ја чека новата премиерка Лиз Трас да ја заживее британската економија, фунтата до 14 часот (16:00 часот по средноевропско време) денеска загуби 0,96 отсто на 1,1409 во однос на доларот, што е најниско ниво во последните 37 години, пренесува Бета. Трас вчера вети дека ќе ја обнови економијата и ќе ја „надмине бурата што ја зафати земјата“, што е многу предизвикувачка работа. Таа наследи економија во проблеми на работ на потенцијално долга рецесија со рекордна инфлацијата која според прогнозите ќе се влоши во наредните месеци и милиони луѓе кои бараат владина помош за да се справат со астрономските сметки за енергија. јт/

The post Британската фунта поради ризикот од рецесија падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година appeared first on Република.

]]>