британка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanka/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Sep 2022 10:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png британка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/britanka/ 32 32 Група мажи силувале Британка во хотел на Родос https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grupa-mazi-siluvale-britanka-vo-hotel-na-rodos/ Wed, 07 Sep 2022 10:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=548268

Група од пет до осум мажи, наводно, групно силувала Британка во хотел на грчкиот остров Родос.

Жената (31) тврди дека таа и нејзините пријатели ги запознале мажите од Белгија во ноќен клуб во приморското одморалиште Фалираки.

Таа рекла дека мажите – на возраст меѓу 30 и 35 години – потоа ја однеле неа и нејзините пријатели во нивната хотелска соба во Фалираки.

Британка и рекла на полицијата во Грција дека имала консензуален секс со еден од мажите на балконот од хотелот и во собата, пишува локалниот весник Димократики.

Таа рече дека во еден момент нејзините пријатели ја напуштиле собата.

Жената тврдела дека група мажи потоа ја нападнале и групно ја силувале.

На полицијата и рекла дека побегнала од хотелот и со такси се вратила до местото каде што престојувала.

Жената го пријавила наводното групно силување во полиција во понеделникот наутро во 7 часот по локално време.

Полицијата во Родос започна истрага и оттогаш уапси четворица Белгијци, на возраст од 31, 31, 32 и 35 години, кои не се именувани.

Британката ги идентификувала сите четворица мажи како нејзини наводни силувачи.

Инспекторите зеле примероци на ДНК од четворицата мажи, додека полицијата продолжува да трага по други осомничени.

 

The post Група мажи силувале Британка во хотел на Родос appeared first on Република.

]]>

Група од пет до осум мажи, наводно, групно силувала Британка во хотел на грчкиот остров Родос. Жената (31) тврди дека таа и нејзините пријатели ги запознале мажите од Белгија во ноќен клуб во приморското одморалиште Фалираки. Таа рекла дека мажите – на возраст меѓу 30 и 35 години – потоа ја однеле неа и нејзините пријатели во нивната хотелска соба во Фалираки. Британка и рекла на полицијата во Грција дека имала консензуален секс со еден од мажите на балконот од хотелот и во собата, пишува локалниот весник Димократики. Таа рече дека во еден момент нејзините пријатели ја напуштиле собата. Жената тврдела дека група мажи потоа ја нападнале и групно ја силувале. На полицијата и рекла дека побегнала од хотелот и со такси се вратила до местото каде што престојувала. Жената го пријавила наводното групно силување во полиција во понеделникот наутро во 7 часот по локално време. Полицијата во Родос започна истрага и оттогаш уапси четворица Белгијци, на возраст од 31, 31, 32 и 35 години, кои не се именувани. Британката ги идентификувала сите четворица мажи како нејзини наводни силувачи. Инспекторите зеле примероци на ДНК од четворицата мажи, додека полицијата продолжува да трага по други осомничени.  

The post Група мажи силувале Британка во хотел на Родос appeared first on Република.

]]>
Пијана мајка порачала такси до Украина „за да помогне“, мамурна ја разбудил повикот од банката https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pijana-majka-porachala-taksi-do-ukraina-za-da-pomogne-mamurna-ja-razbudil-povikot-od-bankata/ Sat, 19 Mar 2022 09:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=475291

Мајката на две деца од Велика Британија тврди дека по „чашка повеќе“ нарачала такси за Украина, а единственото нешто што ја спасило од вртоглав трошок е што немала доволно пари на сметката - иако возачот на „Убер“ девет пати се обидел да подигне пари.

Леони Филдес (34) во саботата вечерта излегла да го прослави роденденот на својата пријателка, на кој почнале да зборуваат за војната во Украина, а дебатата набрзо излегла од контрола.

За британските медиуми таа споделила дека веќе испила неколку дупли џинови и самбука, па решила да повика такси и да оди „да им помогне на Украинците“. Цената на превозот до Украина била проценета на 4.578 фунти (oколу 337 илјади денари), но убер-апликацијата веднаш сигнализирала дека нема доволно пари на сметката.

Леони тврди дека „едвај се сеќава“ на својата луда идеја, но на нејзината ризична грешка се потсетила кога ја разбудил повик од банката од каде ѝ кажале дека некој дури девет пати се обидел да подигне пари од нејзината сметка.

Леони вели дека сега ѝ е мило што немала доволно пари на нејзината сметка.

Следниот ден не се сеќавав што направив. Ме разбуди повик од банката, ми рекоа дека мислат дека картичката ми е украдена и дека „Убер“ девет пати се обидел да ми ги повлече парите. Потоа малку ми се врати сеќавањето. Им кажав дека мислам дека тоа сум јас и им се извинив. Се сетив дека баравме да земеме удобен автомобил, најголемиот автомобил што го имаат, зошто патот е долг, изјави Леони и додаде дека не знае што би направила доколку имала доволно пари на сметката.

Додала и дека час и половина подоцна не можела да добие никакво такси за да ја однесе дома.

Веднаш ми се јавија за да ме однесат во Украина, но не ми одговорија на повикот да ме однесат во куќа оддалечена 10 минути, вели бесно таа.

„Убер“ соопшти дека го истражува случајот.

The post Пијана мајка порачала такси до Украина „за да помогне“, мамурна ја разбудил повикот од банката appeared first on Република.

]]>

Мајката на две деца од Велика Британија тврди дека по „чашка повеќе“ нарачала такси за Украина, а единственото нешто што ја спасило од вртоглав трошок е што немала доволно пари на сметката - иако возачот на „Убер“ девет пати се обидел да подигне пари. Леони Филдес (34) во саботата вечерта излегла да го прослави роденденот на својата пријателка, на кој почнале да зборуваат за војната во Украина, а дебатата набрзо излегла од контрола. За британските медиуми таа споделила дека веќе испила неколку дупли џинови и самбука, па решила да повика такси и да оди „да им помогне на Украинците“. Цената на превозот до Украина била проценета на 4.578 фунти (oколу 337 илјади денари), но убер-апликацијата веднаш сигнализирала дека нема доволно пари на сметката. Леони тврди дека „едвај се сеќава“ на својата луда идеја, но на нејзината ризична грешка се потсетила кога ја разбудил повик од банката од каде ѝ кажале дека некој дури девет пати се обидел да подигне пари од нејзината сметка. Леони вели дека сега ѝ е мило што немала доволно пари на нејзината сметка.
Следниот ден не се сеќавав што направив. Ме разбуди повик од банката, ми рекоа дека мислат дека картичката ми е украдена и дека „Убер“ девет пати се обидел да ми ги повлече парите. Потоа малку ми се врати сеќавањето. Им кажав дека мислам дека тоа сум јас и им се извинив. Се сетив дека баравме да земеме удобен автомобил, најголемиот автомобил што го имаат, зошто патот е долг, изјави Леони и додаде дека не знае што би направила доколку имала доволно пари на сметката.
Додала и дека час и половина подоцна не можела да добие никакво такси за да ја однесе дома.
Веднаш ми се јавија за да ме однесат во Украина, но не ми одговорија на повикот да ме однесат во куќа оддалечена 10 минути, вели бесно таа.
„Убер“ соопшти дека го истражува случајот.

The post Пијана мајка порачала такси до Украина „за да помогне“, мамурна ја разбудил повикот од банката appeared first on Република.

]]>