брисел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brisel/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 18:29:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брисел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brisel/ 32 32 Димитриеска-Кочоска од Брисел: Посветени сме на реформите и на инвестиции што ќе не приближат до ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-od-brisel-posveteni-sme-na-reformite-i-na-investitsii-shto-ke-ne-priblizhat-do-eu/ Fri, 08 Nov 2024 18:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=835698

Владата е силно посветена на спроведување на реформите што се дел од Реформската агенда и кои претставуваат вистински патоказ за побрзо приближување кон ЕУ и за подигнување на стандардот на граѓаните, порача денеска во Брисел министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средби со претставници од Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР).

- Она што е клучно и на што Владата посветува внимание е спроведувањето на реформите со цел постигнување забрзан економски раст. Покрај Реформската агенда, која заедно е утврдена со ЕК, имаме многу активности предвидени во Програмата за работа 2024-2028 година, а кои ќе носат промени за подобро утре, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа посочи дека еден од најзначајните документи кои ги отсликува политиките што ќе се креираат – Буџетот за 2025 година, е подготвен и доставен во собраниска процедура.

- Она на што ќе бидеме посветени меѓу другото се реализација на инвестициите затоа што тие носат економски раст, но секако приоритет е и борбата со криминалот и корупцијата, истакна министерката за финансии.

Димитриеска-Кочоска нагласи дека претстои многу работа во реализација на реформите и при тоа се заблагодари за поддршката што земјата ја добива од ЕУ. Во разговорите на средбите беше нагласено дека напредокот во спроведувањето на реформите, како и зајакнување на капацитетите на администрацијата, ќе отворат можност и за поголем пристап до средства од фондовите на ЕУ и за зголемени инвестиции.

Димитриеска-Кочоска, вчера во Брисел учествуваше на конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ организирана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, каде беше еден од говорниците на панелот насловен „Проширување на Европа: По која цена и со каква структура?“, а пред тоа имаше средба и со претставници на Европската народна партија (ЕПП).

The post Димитриеска-Кочоска од Брисел: Посветени сме на реформите и на инвестиции што ќе не приближат до ЕУ appeared first on Република.

]]>

Владата е силно посветена на спроведување на реформите што се дел од Реформската агенда и кои претставуваат вистински патоказ за побрзо приближување кон ЕУ и за подигнување на стандардот на граѓаните, порача денеска во Брисел министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средби со претставници од Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР).
- Она што е клучно и на што Владата посветува внимание е спроведувањето на реформите со цел постигнување забрзан економски раст. Покрај Реформската агенда, која заедно е утврдена со ЕК, имаме многу активности предвидени во Програмата за работа 2024-2028 година, а кои ќе носат промени за подобро утре, рече Димитриеска-Кочоска.
Таа посочи дека еден од најзначајните документи кои ги отсликува политиките што ќе се креираат – Буџетот за 2025 година, е подготвен и доставен во собраниска процедура.
- Она на што ќе бидеме посветени меѓу другото се реализација на инвестициите затоа што тие носат економски раст, но секако приоритет е и борбата со криминалот и корупцијата, истакна министерката за финансии.
Димитриеска-Кочоска нагласи дека претстои многу работа во реализација на реформите и при тоа се заблагодари за поддршката што земјата ја добива од ЕУ. Во разговорите на средбите беше нагласено дека напредокот во спроведувањето на реформите, како и зајакнување на капацитетите на администрацијата, ќе отворат можност и за поголем пристап до средства од фондовите на ЕУ и за зголемени инвестиции. Димитриеска-Кочоска, вчера во Брисел учествуваше на конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ организирана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, каде беше еден од говорниците на панелот насловен „Проширување на Европа: По која цена и со каква структура?“, а пред тоа имаше средба и со претставници на Европската народна партија (ЕПП).

The post Димитриеска-Кочоска од Брисел: Посветени сме на реформите и на инвестиции што ќе не приближат до ЕУ appeared first on Република.

]]>
Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-vo-brisel-na-sredba-so-evropratenikot-vaitz-poveke-nema-dilemi-deka-balkanskite-zemji-treba-da-se-zachlenat-vo-eu/ Fri, 08 Nov 2024 09:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=835409

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со pотпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.

Известувачот Ваитз рекол дека Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.

Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.

Тој изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност.
На крај, Вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.

The post Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со pотпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Известувачот Ваитз рекол дека Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел. Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици. Тој изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност. На крај, Вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.

The post Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-fokusirani-sme-na-realizatsija-na-reformite-i-na-napredokot-na-evropskiot-pat/ Thu, 07 Nov 2024 15:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=835239

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел.

Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.

Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни, посочи Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото.

Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавните финансии на начин што обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост.

За време на престојот во Брисел Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

The post Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел. Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.
Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни, посочи Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото. Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавните финансии на начин што обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост. За време на престојот во Брисел Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

The post Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-od-brisel-prodolzhuvame-da-gi-jakneme-makedonskite-odbranbeni-kapatsiteti-i-kapatsitetite-na-alijansata/ Thu, 17 Oct 2024 12:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=828150

Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На претстојните состаноци ќе разговараме за зајакнување на отпорноста и одбраната на Евроатлантската област, Средниот исток, за операциите на НАТО, како и за поддршката за Украина. Остануваме силно посветени на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и на вредностите во кои веруваме. Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата appeared first on Република.

Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rute-nato-ke-se-posveti-na-izgradba-na-pobezbeden-svet-za-nashite-gragani-2/ Tue, 01 Oct 2024 14:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=821457

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.

– Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно, рече Руте.

Тој посочи дека за време на неговиот мандат на чело НАТО ќе се посвети на три главни приоритети – обезбедување гаранции дека Алијансата ќе може да одговори на сите закани, поддршка на Украина во борбата против руската агресија и справување со растечките глобални предизвици поврзани со евроатлантската безбедност.

– Основна цел на НАТО е да ја гарантира нашата безбедност. Во измината деценија постигнавме драматичен напредок во зајакнување на способноста на нашите сили за справување со која било закана, од кој било правец, рече Руте.

Според него, за справување со новите предизвици, НАТО ќе мора да ја засили трансатлантската одбранбена индустрија и да ги зголеми нејзините производствените капацитети, да инвестира во иновации и да ги обезбеди синџирите за снабдување.

– За да ја оствариме неопходната способност, потребни ни се поголеми трошоци за одбраната. Ќе работам со сојузниците да обезбедиме доволно инвестиции во потребните области и да ја зајакнеме нашата колективна безбедност, додаде Руте.

Руте нагласи и дека поддршката за Украина претставува инвестирање во сопствената безбедност, бидејќи опстојувањето на независна и слободна Украина е гаранција за мирот и стабилноста на Европа. Тој посочи дека ја посетил Украина неколку пати од почетокот на војната и бил сведок на бруталноста на руска агресија, но и на храброста на украинскиот народ во неговата борба за слобода.

– Цената на поддршката на Украина е многу, многу помала, од цената со која би се соочиле доколку му дозволиме на (рускиот претседател Владимир) Путин да го добие она што го сака, порача Руте.

Тој потсети дека на последниот Самит на НАТО во јули годинава во Вашингтон, членките на Алијансата се обврзаа на долгорочна поддршка за Украина и за трасирање на нејзиниот пат кон членство во Пактот.

– Ќе работам со сојузниците за целосно спроведување на нашите одлуки и за продолжување на напорите за приближување на Украина до НАТО, рече Руте.

На новинарско прашање за неговиот став во однос на барањето на Киев за дозвола за користење на проектилите со голем дострел донирани од западните земји за напади на руска територија, Руте рече дека согласно меѓународното право Украина има право да се брани и таа одбрана не се ограничува само во рамки на нејзините граници, но нагласи дека одлуката за евентуално одобрување на користењето на тие ракети не е во надлежност на НАТО, туку за тоа решаваат земјите членки индивидуално.

Во однос на заканите на Путин за можна употреба на нуклеарно оружје, Руте рече дека Западот редовно добива закани од Кремљ, но дека засега апсолутно нема показатели за опасноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија.

Тој натаму посочи дека фокусот на НАТО мора да остане на евроатлантската безбедност и на сигурноста на неговите милијарда жители во услови на глобален раст на заканите.

– Во таа насока ќе работам на зајакнување на нашето партнерство со голем број земји во поблиското и подалечното опкружување, кои ги споделуваат нашите вредности. Европската Унија е наш уникатен и суштински партнер. Постојат многу области за зајакнување на нашата соработка, од поддршката на Украина, до справување со хибридните закани, истакна Руте.

Новиот генерален секретар на НАТО најави и засилување на соработката со земјите од Блискиот Исток, северна Африка и регионот на Сахел со цел зајакнување на стабилноста во јужното соседство на Алијансата.

– Мора да направиме повеќе за справување со заканите од тероризмот по нашите држави и население, порача Руте и во тој контекст ја нагласи соработката со властите на Ирак и ирачкиот регион Курдистан во борбата против терористичките групи и пред се против организацијата Исламска држава.

Руте нагласи дека посебно внимание ќе посвети на зајакнување на соработката со земјите од Индо-пацифичкиот регион во справувањето со заедничките предизвици, па затоа на претстојниот состанок на министрите за одбрана на НАТО кон средината на овој месец во Брисел, првпат ќе бидат поканети да учествуваат и нивните колеги од Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.

– Со својата поддршка на руската воена индустрија, Кина ја овозможува руската војна против Украина. Кина не може да продолжи да го овозможува најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, без да се соочи со последици по нејзините интереси и репутација, истакна Руте, нагласувајќи дека за својата „илегална војна против Украина“, Русија добива поддршка и од Северна Кореја и Иран.

Тој им се заблагодари и на сите, како што рече, мажи и жени во униформа кои и служат на Алијансата, затоа што секојдневно во пракса ја штитат слободата на земјите членки, често пати и во услови на големи ризици по нивните животи.

Руте воедно му се заблагодари и на досегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговата работа, како и на сите земји членки на НАТО за нивната поддршка при неговиот избор на новата должност во раководењето со, како што рече, најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.

The post Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани appeared first on Република.

]]>

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста. – Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно, рече Руте. Тој посочи дека за време на неговиот мандат на чело НАТО ќе се посвети на три главни приоритети – обезбедување гаранции дека Алијансата ќе може да одговори на сите закани, поддршка на Украина во борбата против руската агресија и справување со растечките глобални предизвици поврзани со евроатлантската безбедност. – Основна цел на НАТО е да ја гарантира нашата безбедност. Во измината деценија постигнавме драматичен напредок во зајакнување на способноста на нашите сили за справување со која било закана, од кој било правец, рече Руте. Според него, за справување со новите предизвици, НАТО ќе мора да ја засили трансатлантската одбранбена индустрија и да ги зголеми нејзините производствените капацитети, да инвестира во иновации и да ги обезбеди синџирите за снабдување. – За да ја оствариме неопходната способност, потребни ни се поголеми трошоци за одбраната. Ќе работам со сојузниците да обезбедиме доволно инвестиции во потребните области и да ја зајакнеме нашата колективна безбедност, додаде Руте. Руте нагласи и дека поддршката за Украина претставува инвестирање во сопствената безбедност, бидејќи опстојувањето на независна и слободна Украина е гаранција за мирот и стабилноста на Европа. Тој посочи дека ја посетил Украина неколку пати од почетокот на војната и бил сведок на бруталноста на руска агресија, но и на храброста на украинскиот народ во неговата борба за слобода. – Цената на поддршката на Украина е многу, многу помала, од цената со која би се соочиле доколку му дозволиме на (рускиот претседател Владимир) Путин да го добие она што го сака, порача Руте. Тој потсети дека на последниот Самит на НАТО во јули годинава во Вашингтон, членките на Алијансата се обврзаа на долгорочна поддршка за Украина и за трасирање на нејзиниот пат кон членство во Пактот. – Ќе работам со сојузниците за целосно спроведување на нашите одлуки и за продолжување на напорите за приближување на Украина до НАТО, рече Руте. На новинарско прашање за неговиот став во однос на барањето на Киев за дозвола за користење на проектилите со голем дострел донирани од западните земји за напади на руска територија, Руте рече дека согласно меѓународното право Украина има право да се брани и таа одбрана не се ограничува само во рамки на нејзините граници, но нагласи дека одлуката за евентуално одобрување на користењето на тие ракети не е во надлежност на НАТО, туку за тоа решаваат земјите членки индивидуално. Во однос на заканите на Путин за можна употреба на нуклеарно оружје, Руте рече дека Западот редовно добива закани од Кремљ, но дека засега апсолутно нема показатели за опасноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија. Тој натаму посочи дека фокусот на НАТО мора да остане на евроатлантската безбедност и на сигурноста на неговите милијарда жители во услови на глобален раст на заканите. – Во таа насока ќе работам на зајакнување на нашето партнерство со голем број земји во поблиското и подалечното опкружување, кои ги споделуваат нашите вредности. Европската Унија е наш уникатен и суштински партнер. Постојат многу области за зајакнување на нашата соработка, од поддршката на Украина, до справување со хибридните закани, истакна Руте. Новиот генерален секретар на НАТО најави и засилување на соработката со земјите од Блискиот Исток, северна Африка и регионот на Сахел со цел зајакнување на стабилноста во јужното соседство на Алијансата. – Мора да направиме повеќе за справување со заканите од тероризмот по нашите држави и население, порача Руте и во тој контекст ја нагласи соработката со властите на Ирак и ирачкиот регион Курдистан во борбата против терористичките групи и пред се против организацијата Исламска држава. Руте нагласи дека посебно внимание ќе посвети на зајакнување на соработката со земјите од Индо-пацифичкиот регион во справувањето со заедничките предизвици, па затоа на претстојниот состанок на министрите за одбрана на НАТО кон средината на овој месец во Брисел, првпат ќе бидат поканети да учествуваат и нивните колеги од Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд. – Со својата поддршка на руската воена индустрија, Кина ја овозможува руската војна против Украина. Кина не може да продолжи да го овозможува најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, без да се соочи со последици по нејзините интереси и репутација, истакна Руте, нагласувајќи дека за својата „илегална војна против Украина“, Русија добива поддршка и од Северна Кореја и Иран. Тој им се заблагодари и на сите, како што рече, мажи и жени во униформа кои и служат на Алијансата, затоа што секојдневно во пракса ја штитат слободата на земјите членки, често пати и во услови на големи ризици по нивните животи. Руте воедно му се заблагодари и на досегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговата работа, како и на сите земји членки на НАТО за нивната поддршка при неговиот избор на новата должност во раководењето со, како што рече, најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.  

The post Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани appeared first on Република.

]]>
На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-1-oktomvri-nema-letovi-od-aerodromot-vo-brisel/ Fri, 27 Sep 2024 17:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=820385

На 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел, се вели во соопштението од аеродромот. Одлуката е донесена поради претстојниот штрајк на безбедносниот персонал.

Се очекува да бидат погодени околу 50.000 патници. Аеродромот ќе прифати само некои од планираните слетувања, објавија локалните медиуми.

The post На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел appeared first on Република.

]]>

На 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел, се вели во соопштението од аеродромот. Одлуката е донесена поради претстојниот штрајк на безбедносниот персонал. Се очекува да бидат погодени околу 50.000 патници. Аеродромот ќе прифати само некои од планираните слетувања, објавија локалните медиуми.

The post На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел appeared first on Република.

]]>
Муртезани: Членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-chlenki-na-eu-se-podgotveni-da-ni-pomognat-za-pobrzo-zaokruzhuvane-na-pristapniot-protses/ Tue, 24 Sep 2024 16:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=819353

Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК).

Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

- Тоа што земјите кандидати од Западниот Балкан првпат се вклучени во механизмот на владеење на правото, којшто до сега беше исклучиво наменет само за земјите членки, е многу битен чекор во тоа што ние го нарекуваме „фејзинг ин“ (постепено вклучување) и ова е уште една потврда дека ЕУ се отвора кон земјите кандидати и постојано не вклучува во механизмите коишто се само за членките во ЕУ, порача Муртезани, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Европската Унија.

Тој посочи дека главен акцент во дискусиите на состанок бил ставен на владеењето на правото, односно на состојбите во правосудството и реформите на правосудниот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал и слободата на говорот и медиумите.

- Досегашните напори на земјите кандидати, а во случајов и на Република Македонија, секако дека се добро прифатени и бевме охрабрени да продолжиме со реформите. Пред нас се големи пречки и предизвици, коишто сме цврсто решени да ги надминеме, рече Муртезани.

Министерот посочи дека новата Влада мора особено да посвети внимание и во скора иднина „да ги санира последиците нанесени од претходната Влада со донесувањето на Кривичниот законик“, кој, како што нагласи, во Брисел го гледаат како на антиевропски и во спротивност со европските вредности.

- Мора да донесеме Кривичен законик којшто е согласно стандардите на Европската Унија, за тоа да не стане пречка за понатамошното напредување на земјата кон полноправно членство, потенцира Муртезани.

Во однос на забелешката во Извештајот за злоупотреба на инструментот „европско знаменце“ за носење закони по забрзана постапка, Муртезани нагласи дека партиите од сегашната владина коалиција уште кога беа во опозиција ја критикуваа ваквата пракса и за усвојување на законски решенија коишто немаа никаква врска со ЕУ и европското законодавство.

- Таа пракса веќе се напушта во Собранието. Ние мора, и Собранието и сите институции, да ги хармонизираме со начинот на функционирање којшто го бара ЕУ. Во Извештајот, а и денеска на состанокот, беше упатена многу силна порака дека во Собранието не треба да се гледаат тесните политички интереси, туку дека помеѓу сите во Собранието мора да постои дијалог за стратешката определба, односно за стратешките насоки на државата, потенцира Муртезани во изјавата за МИА.

За време на денешниот престој во Брисел, Муртезани имаше и куси средби и со колегите од трите други земји кандидати за членство во ЕУ од Западниот Балкан, како и со некои од министрите учесници на заседанието на ГАК, меѓу кои и со германската државна министерка за Европа, Ана Лирман и со новиот француски министер за Европа и надворешни работи Жан-Ноел Баро.

На средбите било договорено Муретзани и Лирман да одржат билатерална средба на 14 октомври во Брисел, додека новоименуваниот француски министер најавил интерес да ја посети земјава.

- Постојат голем број на сфери и области каде што ние може да учиме од нив и од сите европски земји. Мојата импресија од состанокот е дека сите се спремни да ни помогнат, со нивна експертиза или со каква било помош, во овој процес (на евроинтеграција), којшто за нашата земја станува предолг, за да го заокружиме колку што е можно најбрзо, порача Муртезани.

The post Муртезани: Членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес appeared first on Република.

]]>

Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
- Тоа што земјите кандидати од Западниот Балкан првпат се вклучени во механизмот на владеење на правото, којшто до сега беше исклучиво наменет само за земјите членки, е многу битен чекор во тоа што ние го нарекуваме „фејзинг ин“ (постепено вклучување) и ова е уште една потврда дека ЕУ се отвора кон земјите кандидати и постојано не вклучува во механизмите коишто се само за членките во ЕУ, порача Муртезани, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Европската Унија.
Тој посочи дека главен акцент во дискусиите на состанок бил ставен на владеењето на правото, односно на состојбите во правосудството и реформите на правосудниот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал и слободата на говорот и медиумите.
- Досегашните напори на земјите кандидати, а во случајов и на Република Македонија, секако дека се добро прифатени и бевме охрабрени да продолжиме со реформите. Пред нас се големи пречки и предизвици, коишто сме цврсто решени да ги надминеме, рече Муртезани.
Министерот посочи дека новата Влада мора особено да посвети внимание и во скора иднина „да ги санира последиците нанесени од претходната Влада со донесувањето на Кривичниот законик“, кој, како што нагласи, во Брисел го гледаат како на антиевропски и во спротивност со европските вредности.
- Мора да донесеме Кривичен законик којшто е согласно стандардите на Европската Унија, за тоа да не стане пречка за понатамошното напредување на земјата кон полноправно членство, потенцира Муртезани.
Во однос на забелешката во Извештајот за злоупотреба на инструментот „европско знаменце“ за носење закони по забрзана постапка, Муртезани нагласи дека партиите од сегашната владина коалиција уште кога беа во опозиција ја критикуваа ваквата пракса и за усвојување на законски решенија коишто немаа никаква врска со ЕУ и европското законодавство.
- Таа пракса веќе се напушта во Собранието. Ние мора, и Собранието и сите институции, да ги хармонизираме со начинот на функционирање којшто го бара ЕУ. Во Извештајот, а и денеска на состанокот, беше упатена многу силна порака дека во Собранието не треба да се гледаат тесните политички интереси, туку дека помеѓу сите во Собранието мора да постои дијалог за стратешката определба, односно за стратешките насоки на државата, потенцира Муртезани во изјавата за МИА.
За време на денешниот престој во Брисел, Муртезани имаше и куси средби и со колегите од трите други земји кандидати за членство во ЕУ од Западниот Балкан, како и со некои од министрите учесници на заседанието на ГАК, меѓу кои и со германската државна министерка за Европа, Ана Лирман и со новиот француски министер за Европа и надворешни работи Жан-Ноел Баро. На средбите било договорено Муретзани и Лирман да одржат билатерална средба на 14 октомври во Брисел, додека новоименуваниот француски министер најавил интерес да ја посети земјава.
- Постојат голем број на сфери и области каде што ние може да учиме од нив и од сите европски земји. Мојата импресија од состанокот е дека сите се спремни да ни помогнат, со нивна експертиза или со каква било помош, во овој процес (на евроинтеграција), којшто за нашата земја станува предолг, за да го заокружиме колку што е можно најбрзо, порача Муртезани.

The post Муртезани: Членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со порака од Брисел: Критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата, повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-poraka-od-brisel-kriterium-za-chlenstvo-vo-eu-da-bidat-postignuvanata-poveke-ne-mozheme-da-prifakame-ultimatumi/ Fri, 20 Sep 2024 05:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=817995

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.

Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, каде вчера присуствуваше во работна посета, придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани. Мицкоски заедно со лидерите на останатите пет земји од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек што го организираше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, а имаше средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

Во објава на платформата Икс по средбата, Фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа. 

Мицкоски нагласи дека на овие средби се разговарало за европската перспектива на регионот и на нашата држава, при што потенцирал дека ние остануваме фокусирани да предлагаме решенија за предизвиците.

Премиерот посочи дека речиси две и пол децении откако го започна патот кон членство во ЕУ, земјава е жртва на билатерални проблеми, односно на билатерализација на претпристапниот процес и сега наместо да зборуваме за зачленување во Европската Унија, ние „се бориме да започнеме преговори во кои ќе ги зајакнеме институциите и ќе ги збогатиме капацитетите“.

- Поради билатерални прашања, поради прашања кои што се поврзани од средниот век, ние не можеме да се развиваме како држава за 21-от век, а камоли пак да зборуваме за нешто повеќе. Така што уште еднаш потенцирав дека ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и  принципот тие се таму, а вие сте надвор и ако сакате да бидете таму, треба тоа да го прифатите... простете, но ние не можеме да го прифатиме. А од друга страна ни велат дека има желба да бидеме членка во Европската Унија. Мојот одговор на таа теза е, ако има желба, тогаш има и начин, нагласи Мицкоски.

The process of integration with the European Union should be based on achievements and not on bilateralization, i.e. bilateral issues, Prime Minister Hristijan Mickoski said in Brussels on Th

Тој потенцира дека бевме понижени многу пати иако во името на европските вредности и желбата да бидеме дел од европското семејство, променивме знаме, банкноти, неколку пати менувавме Устав и сменивме име, за на крај да се соочиме со ултиматум.

- Тоа не се тие европски вредности во кои што мојата генерација се вљуби. Јас сум подготвен да разговарам со секого, додека не најдеме вистински пат, кој што овој пат нема да биде понижувачки. Да ни дозволат да ги јакнеме институциите и да ги збогатиме нашите капацитети како држава, тоа е она што го барам. Дали е многу? Јас мислам дека не е многу, изјави Мицкоски.

Премиерот порача и дека регионот и државата се уморни од ставањето на страна и од пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата, па затоа мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот пристапен процес.

The post Мицкоски со порака од Брисел: Критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата, повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми appeared first on Република.

]]>

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.
Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, каде вчера присуствуваше во работна посета, придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани. Мицкоски заедно со лидерите на останатите пет земји од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек што го организираше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, а имаше средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Во објава на платформата Икс по средбата, Фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа.  Мицкоски нагласи дека на овие средби се разговарало за европската перспектива на регионот и на нашата држава, при што потенцирал дека ние остануваме фокусирани да предлагаме решенија за предизвиците. Премиерот посочи дека речиси две и пол децении откако го започна патот кон членство во ЕУ, земјава е жртва на билатерални проблеми, односно на билатерализација на претпристапниот процес и сега наместо да зборуваме за зачленување во Европската Унија, ние „се бориме да започнеме преговори во кои ќе ги зајакнеме институциите и ќе ги збогатиме капацитетите“.
- Поради билатерални прашања, поради прашања кои што се поврзани од средниот век, ние не можеме да се развиваме како држава за 21-от век, а камоли пак да зборуваме за нешто повеќе. Така што уште еднаш потенцирав дека ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и  принципот тие се таму, а вие сте надвор и ако сакате да бидете таму, треба тоа да го прифатите... простете, но ние не можеме да го прифатиме. А од друга страна ни велат дека има желба да бидеме членка во Европската Унија. Мојот одговор на таа теза е, ако има желба, тогаш има и начин, нагласи Мицкоски.
The process of integration with the European Union should be based on achievements and not on bilateralization, i.e. bilateral issues, Prime Minister Hristijan Mickoski said in Brussels on Th Тој потенцира дека бевме понижени многу пати иако во името на европските вредности и желбата да бидеме дел од европското семејство, променивме знаме, банкноти, неколку пати менувавме Устав и сменивме име, за на крај да се соочиме со ултиматум. - Тоа не се тие европски вредности во кои што мојата генерација се вљуби. Јас сум подготвен да разговарам со секого, додека не најдеме вистински пат, кој што овој пат нема да биде понижувачки. Да ни дозволат да ги јакнеме институциите и да ги збогатиме нашите капацитети како држава, тоа е она што го барам. Дали е многу? Јас мислам дека не е многу, изјави Мицкоски. Премиерот порача и дека регионот и државата се уморни од ставањето на страна и од пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата, па затоа мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот пристапен процес.

The post Мицкоски со порака од Брисел: Критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата, повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски во посета на Брисел: Средби со лидерите на ЕУ и колегите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/premierot-mitskoski-vo-poseta-na-brisel-sredbi-so-liderite-na-eu-i-kolegite-od-zapaden-balkan/ Thu, 19 Sep 2024 05:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=817601

Премиерот Христијан Мицкоски, во придржба на министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.

За време на престојот во седиштето на ЕУ, Мицкоски ќе присуствува на работен ручек што за него и за останатите лидери од земјите од Западниот Балкан го организира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што информира вчера портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро,  на работниот ручек ќе стане збор за односите меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан, како и за имплементацијата на Планот за раст на регионот, што го подготви Европската комисија и за реформиските агенди поврзани со него.

Дополнително, Мицкоски ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

Мицкоски вчера најави дека главна тема на неговите средби во Брисел ќе биде Планот за раст на Западниот Балкан, истакнувајќи дека Владата подготвила фантастичен документ за реформската агенда, кој веќе е доставен до Брисел.

– Kryeministri Hristian Mickoski në prag të vizitës në Bruksel theksoi se në rend dite do të jetë Plani i rritjes, ndërsa nëse flitet për procesin e integrimeve evropiane do t’i mbrojë intere

Со формирањето на Владата го поднесовме во канцеларијата на Европската комисија тука во Скопје, за потоа да пристигне во Брисел. Тоа е целта на мојата посета и работен ручен со старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, рече Мицкоски.

Доколку на средбите во Брисел стане збор за евроинтеграцискиот процес, како што рече Мицкоски, тој е оној кој што треба да ги брани и да ги одбрани македонските национални интереси, како и во минатото, кога беше во опозиција, така и сега како претседател на Владата.

Дури сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, по повеќе од две и пол децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската Унија и повеќе од деценија и пол откако официјално го добивме првиот позитивен Извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори. Ние не сме во можност да ги почнеме преговорите, не заради тоа што не ги почитуваме Копенхашките критериуми, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, коишто ниту еден народ, ниту една држава ги немала, изјави Мицкоски.

На новинарско прашање дали на разговорите во Брисел може да стане збор и за идејата за уставни измени со одложено дејство, Мицкоски одговори дека не би сакал да коментира, но оти позициите на Владата по ова прашање се јасни.

Позицијата на ВМРО ДПМНЕ, позицијата на Владата е јасна. Мојата позиција е јасна. Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да зборуваме за вредности, за почитување на човековите права и да знаеме дека ако го отпочнеме преговорите, како што ни беше ветувано во таа 2018 година, дека за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската Унија, изјави Мицкоски, додавајќи дека се останато се приказни и замки на коишто ниту Владата, а ниту тој како човек, немаат намера да наседнуваат.

Владата на денешната сеница ја разгледа и Информацијата за програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија, во која како главна цел е трансформирањето

Во однос на идејата за уставни измени со одложено дејство, уште и наречена „француски предлог плус“, шефот на дипломатијата Муцински во гостување на националниот радиодифузен сервис МРТ1, изјави дека станува збор за надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба, со цел да бидеме апсолутно сигурни дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ повеќе нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат.

Тоа не значи дека некоја земја членка по тој пат нема да може да не блокира по однос на неиспорачување на реформи во делот на јавни финансии или владеењето на правото, но да престанат овие билатерални барања кои што не влечат повеќе од 30 години, изјави Муцунски.

Според него, тоа може да се постигне преку институциите на ЕУ, доколку Унијата е сериозно посветена кон нас и кон регионот.

Гаранцијата примарно ја бараме преку институциите на Европската Унија, на начин што ќе има сериозна посветеност не само кон нас, туку и кон регионот. И сметаме дека покрај одложената примена на уставните измени, примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и воспоставување на некој систем помеѓу нашата држава и европските институции, може да биде праведлив пат напред, изјави Муцунски.

Според него, кога има желба кај земјите на ЕУ, ќе се најде начин како да се убеди една членка којашто прави проблем, доколку прашањето е стратешко.

Новата Влада на Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и

Ние им велиме патот којшто сте го нацртале ни штети, а ќе ви штети и вам, па дајте да нацртаме нов пат. И не само тоа, туку нудиме и логично решение, изјави Муцунски, додавајќи дека не треба да поставуваме рокови, туку дека треба да бидеме, конструктивни, проактивни и фокусирани на реформската агенда.

За патувањето на премиерот во Брисел, Муцунски во интревјуто рече дека Мицкоски „ќе го повтори и презентира сето она за кое што е разговарано во последниот период“.

Тоа што ќе го каже Мицкоски е тоа што го кажуваме подолг период на средбите со нашите меѓународни партнери. Ние сакаме решение, сакаме конструктивни и добри односи, но истовремено не сме за решение по секоја цена, затоа што такво решение не е ниту во наш интерес, ниту во интерес на европските чинители. Секако по овие прашања, се консултираме и со сите наши клучни стратешки партнери. Ние сме земја членка на НАТО, а претендираме да станеме земја членка на ЕУ. Сакаме да бидеме земја што ќе биде симбол за стабилност. Од таа гледна точка, премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период, изјави Муцунски.

„Францускиот предлог плус“ предвидува одложено дејство на уставните измени, односно нивно усвојување пред официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ, но тие да стапат во сила на крајот од преговарачкиот процес. Ова, според  неофицијални информации од МНР, е едно од решенијата што ги нуди македонската Влада за излез од ќор-сокакот во кој се најде земјата на европскиот пат.

Инаку за време на престојот во Брисел, предвидено е Муцунски да се сретне и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг и да се обрати на прием организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 септември.

The post Премиерот Мицкоски во посета на Брисел: Средби со лидерите на ЕУ и колегите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски, во придржба на министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел. За време на престојот во седиштето на ЕУ, Мицкоски ќе присуствува на работен ручек што за него и за останатите лидери од земјите од Западниот Балкан го организира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Како што информира вчера портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро,  на работниот ручек ќе стане збор за односите меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан, како и за имплементацијата на Планот за раст на регионот, што го подготви Европската комисија и за реформиските агенди поврзани со него. Дополнително, Мицкоски ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Мицкоски вчера најави дека главна тема на неговите средби во Брисел ќе биде Планот за раст на Западниот Балкан, истакнувајќи дека Владата подготвила фантастичен документ за реформската агенда, кој веќе е доставен до Брисел. – Kryeministri Hristian Mickoski në prag të vizitës në Bruksel theksoi se në rend dite do të jetë Plani i rritjes, ndërsa nëse flitet për procesin e integrimeve evropiane do t’i mbrojë intere
Со формирањето на Владата го поднесовме во канцеларијата на Европската комисија тука во Скопје, за потоа да пристигне во Брисел. Тоа е целта на мојата посета и работен ручен со старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, рече Мицкоски.
Доколку на средбите во Брисел стане збор за евроинтеграцискиот процес, како што рече Мицкоски, тој е оној кој што треба да ги брани и да ги одбрани македонските национални интереси, како и во минатото, кога беше во опозиција, така и сега како претседател на Владата.
Дури сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, по повеќе од две и пол децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската Унија и повеќе од деценија и пол откако официјално го добивме првиот позитивен Извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори. Ние не сме во можност да ги почнеме преговорите, не заради тоа што не ги почитуваме Копенхашките критериуми, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, коишто ниту еден народ, ниту една држава ги немала, изјави Мицкоски.
На новинарско прашање дали на разговорите во Брисел може да стане збор и за идејата за уставни измени со одложено дејство, Мицкоски одговори дека не би сакал да коментира, но оти позициите на Владата по ова прашање се јасни.
Позицијата на ВМРО ДПМНЕ, позицијата на Владата е јасна. Мојата позиција е јасна. Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да зборуваме за вредности, за почитување на човековите права и да знаеме дека ако го отпочнеме преговорите, како што ни беше ветувано во таа 2018 година, дека за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската Унија, изјави Мицкоски, додавајќи дека се останато се приказни и замки на коишто ниту Владата, а ниту тој како човек, немаат намера да наседнуваат.
Владата на денешната сеница ја разгледа и Информацијата за програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија, во која како главна цел е трансформирањето Во однос на идејата за уставни измени со одложено дејство, уште и наречена „француски предлог плус“, шефот на дипломатијата Муцински во гостување на националниот радиодифузен сервис МРТ1, изјави дека станува збор за надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба, со цел да бидеме апсолутно сигурни дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ повеќе нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат.
Тоа не значи дека некоја земја членка по тој пат нема да може да не блокира по однос на неиспорачување на реформи во делот на јавни финансии или владеењето на правото, но да престанат овие билатерални барања кои што не влечат повеќе од 30 години, изјави Муцунски.
Според него, тоа може да се постигне преку институциите на ЕУ, доколку Унијата е сериозно посветена кон нас и кон регионот.
Гаранцијата примарно ја бараме преку институциите на Европската Унија, на начин што ќе има сериозна посветеност не само кон нас, туку и кон регионот. И сметаме дека покрај одложената примена на уставните измени, примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и воспоставување на некој систем помеѓу нашата држава и европските институции, може да биде праведлив пат напред, изјави Муцунски.
Според него, кога има желба кај земјите на ЕУ, ќе се најде начин како да се убеди една членка којашто прави проблем, доколку прашањето е стратешко. Новата Влада на Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и
Ние им велиме патот којшто сте го нацртале ни штети, а ќе ви штети и вам, па дајте да нацртаме нов пат. И не само тоа, туку нудиме и логично решение, изјави Муцунски, додавајќи дека не треба да поставуваме рокови, туку дека треба да бидеме, конструктивни, проактивни и фокусирани на реформската агенда.
За патувањето на премиерот во Брисел, Муцунски во интревјуто рече дека Мицкоски „ќе го повтори и презентира сето она за кое што е разговарано во последниот период“.
Тоа што ќе го каже Мицкоски е тоа што го кажуваме подолг период на средбите со нашите меѓународни партнери. Ние сакаме решение, сакаме конструктивни и добри односи, но истовремено не сме за решение по секоја цена, затоа што такво решение не е ниту во наш интерес, ниту во интерес на европските чинители. Секако по овие прашања, се консултираме и со сите наши клучни стратешки партнери. Ние сме земја членка на НАТО, а претендираме да станеме земја членка на ЕУ. Сакаме да бидеме земја што ќе биде симбол за стабилност. Од таа гледна точка, премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период, изјави Муцунски.
„Францускиот предлог плус“ предвидува одложено дејство на уставните измени, односно нивно усвојување пред официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ, но тие да стапат во сила на крајот од преговарачкиот процес. Ова, според  неофицијални информации од МНР, е едно од решенијата што ги нуди македонската Влада за излез од ќор-сокакот во кој се најде земјата на европскиот пат. Инаку за време на престојот во Брисел, предвидено е Муцунски да се сретне и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг и да се обрати на прием организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 септември.

The post Премиерот Мицкоски во посета на Брисел: Средби со лидерите на ЕУ и колегите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-do-petok-mitskoski-vo-rabotna-poseta-na-brisel/ Wed, 18 Sep 2024 15:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=817548

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во Брисел Мицкоски заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Потоа, претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Состанок е предвиден и со Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) Герт Јан Компан.

Оваа дипломатска средба на претседателот на Владата Мицкоски е со цел интензивирање на досегашната соработка и е важна за процесот за пристапување на Македонија кон Европската Унија.

На состаноците ќе бидат опфатени низа прашања кои се однесуваат на регионална стабилност, зголемена економска соработка, усогласување на реформите со европските стандарди, владеење на правото и бескомпромисната борба на Владата против корупцијата и криминалот.

The post Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел appeared first on Република.

]]>

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел. Во Брисел Мицкоски заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен. Потоа, претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Состанок е предвиден и со Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) Герт Јан Компан. Оваа дипломатска средба на претседателот на Владата Мицкоски е со цел интензивирање на досегашната соработка и е важна за процесот за пристапување на Македонија кон Европската Унија. На состаноците ќе бидат опфатени низа прашања кои се однесуваат на регионална стабилност, зголемена економска соработка, усогласување на реформите со европските стандарди, владеење на правото и бескомпромисната борба на Владата против корупцијата и криминалот.

The post Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-posetata-na-brisel-podgotvivme-najkvaliteten-dokument-za-planot-za-rast-ke-gi-odbranime-i-natsionalnite-interesi/ Wed, 18 Sep 2024 08:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=817353

Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколкку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси. Позицијата на Владата за уставните измени, како што рече, е јасна и сакаме да знаеме дека ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе завршиме тој пат и е бидеме членка на ЕУ.

Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски рече дека Планот за раст е доставен до Европската комисија и во Скопје и во Брисел од страна на македонската Влада која потенцираше дека подготвила фантастичен документ.

Први и најквалитетен документ, којшто долги месеци беше во застој. Со формирањето на Владата тоа го поднесовме во канцеларијата на Европската комисија тука во Скопје, а потоа да тоа пристигне во Брисел. Тоа е целта на мојата посета и работен ручен со старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен - рече Мицкоски.

Доколку стане збор за евроинтеграцискиот процес, како што рече, се разбира тој е кој што треба да ги брани и да ги одбрани македонските национални интереси, како што беше и во минатото, кога беше во опозиција, така и сега како Влада.

Дури сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и половина децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската унија, повеќе од деценија и пол откако официјално го добивме првиот позитивен Извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори. Ние не сме во можност да почнеме не заради тоа што не ги почитуваме Копенхашките критериуми, не затоа што сме љубители на европските вредности, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, коишто ниту еден наро, ниту една држава ги немала, како што ги имаме ние - изјави Мицкоски порачуваји македонските граѓани да бидат сигурни дека ќе се борат и ќе се изборат за македонските национални интереси.

На новинарско прашање дали ставот што го има, околу уставните измени со одложено дејство може да биде дел и од разговорите во Брисел, Мицкоски со одговор дека не би сакал да коментира, но оти се јасни позициите на Владата по ова прашање.

Не би сакал да коментирам, позицијата на ВМРО ДПМНЕ, позицијата на Владата е јасна. Мојата позиција е јасна. Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување на чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да збориме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во таа 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската унија - изјави Мицкоски.

Се останато, дополни, се приказни и замки на коишто како Влада, а ниту пак јас како човек имам намера да наседнувам.

Мицкоски присуствуваше на означување почеток на доградба на ОУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

The post Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколкку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси. Позицијата на Владата за уставните измени, како што рече, е јасна и сакаме да знаеме дека ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе завршиме тој пат и е бидеме членка на ЕУ. Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски рече дека Планот за раст е доставен до Европската комисија и во Скопје и во Брисел од страна на македонската Влада која потенцираше дека подготвила фантастичен документ.
Први и најквалитетен документ, којшто долги месеци беше во застој. Со формирањето на Владата тоа го поднесовме во канцеларијата на Европската комисија тука во Скопје, а потоа да тоа пристигне во Брисел. Тоа е целта на мојата посета и работен ручен со старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен - рече Мицкоски.
Доколку стане збор за евроинтеграцискиот процес, како што рече, се разбира тој е кој што треба да ги брани и да ги одбрани македонските национални интереси, како што беше и во минатото, кога беше во опозиција, така и сега како Влада.
Дури сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и половина децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската унија, повеќе од деценија и пол откако официјално го добивме првиот позитивен Извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори. Ние не сме во можност да почнеме не заради тоа што не ги почитуваме Копенхашките критериуми, не затоа што сме љубители на европските вредности, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, коишто ниту еден наро, ниту една држава ги немала, како што ги имаме ние - изјави Мицкоски порачуваји македонските граѓани да бидат сигурни дека ќе се борат и ќе се изборат за македонските национални интереси.
На новинарско прашање дали ставот што го има, околу уставните измени со одложено дејство може да биде дел и од разговорите во Брисел, Мицкоски со одговор дека не би сакал да коментира, но оти се јасни позициите на Владата по ова прашање.
Не би сакал да коментирам, позицијата на ВМРО ДПМНЕ, позицијата на Владата е јасна. Мојата позиција е јасна. Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување на чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да збориме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во таа 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската унија - изјави Мицкоски.
Се останато, дополни, се приказни и замки на коишто како Влада, а ниту пак јас како човек имам намера да наседнувам. Мицкоски присуствуваше на означување почеток на доградба на ОУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

The post Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Француски предлог плус е стопирање на билатерализацијата во пристапните преговори со ЕУ, Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира она за што сме разговарале во последниот период https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-frantsuski-predlog-plus-e-stopirane-na-bilateralizatsijata-vo-pristapnite-pregovori-so-eu-mitskoski-vo-brisel-ke-go-povtori-i-prezentira-ona-za-shto-sme-razgovarale-vo-posledniot-period/ Mon, 16 Sep 2024 20:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=816916

Француски предлог плус е надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба на таков начин, да ние ќе бидеме апсолутно сигурни, без никаква дилема, дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, дека понатаму нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат. Што не значи дека некоја земја членка по тој пат нема да може да не блокира по однос на неиспорачување реформи во делот на јавни финансии, по однос на неиспорачување на реформи во делот на владеење на правото, но да престанат овие билатерални барања кои што повеќе од 30 години не влечат нас, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, појаснува дека тоа може да се постигне преку институциите на ЕУ, доколку Унијата е сериозно посветена на нас и регионот.

Гаранцијата примарно ја бараме преку институциите на Европската Унија, на начин што ќе има сериозна посветеност не само кон нас, туку и кон регионот. И сметаме дека покрај одложената примена на уставните измени, примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и воспоставување на некој систем помеѓу нашата држава и европските институции, може да биде праведлив пат напред, изјави Муцунски.

Според негои, кога има желба кај земјите членки ќе се најде начин да се убеди членка којашто прави проблем, доколку е стратешко прашањето. Прашањето е, како што вели тој, дали ЕУ е искрена дека сака да се прошири кон Западниот Балкан, а тој „верува дека е искрена“.

Ние им велиме патот којшто сте го нацртале ни штети на нас, ќе ви штети и на вас, дајте да нацртаме нов пат. И не само тоа, туку нудиме и логично решение... Поборници сме на концептот дека брзоплети одлуки во надворешната политика носат добри решенија. Видовме како една претходна власт, по неколку месеци формирање на Владата, сакаше да наметне дека таа ги наоѓа најсоодветните решенија во надворешната политика, па не доведе до оваа ситуација со протоколи, со уставни промени, со милион проблеми од техничка природа, со наводно подобрување на меѓусебните односи, но потоа се што ќе им побараа – прифаќаа. И сега ние сме доведени до таква ситуација да треба работата од многу подредена состојба да ја извадиме на ситуација каде што имаме барем минимално достоинство и интегритет да ја движиме државата напред, изјави Муцунски.

Не сметам, подвлекува министерот, дека треба да располагаме со рокови, туку дека треба да бидеме, конструктивни, проактивни и фокусирани на реформската агенда.

За патувањето на премиерот Христијан Мицкоски во Брисел неделава, Муцунски вели дека „премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период“.

Тоа што ќе го каже Мицкоски е тоа што го кажуваме подолг период на средбите со нашите меѓународни партнери. Ние сакаме решение, сакаме конструктивни и добри односи, но истовремено не сме за решение по секоја цена, затоа што такво решение не е ниту во наш интерес, ниту во интерес на европските чинители. Граѓаните треба да бидат сигурни дека имаат влада што сето тоа што го зборува во јавност, го зборува на сите наши средби. Ние, секако по овие прашање, се консултираме и со сите наѓи клучни стратешки партнери, и ќе повторам сме земја членка на НАТО, а претендираме да станеме земја членка на ЕУ. Сакаме да бидеме земја што ќе биде симбол за стабилност. Од таа гледна точка, премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период, изјави Муцунски.

Во однос на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, Муцунски вели дека очекува извинување од Бугарија и не би сакал да се разочара од соседот.

Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување, изјави Муцунски.

Според министерот, отсуството на реакција веднаш по средбата се должи на авионската несреќа која се случи во Бугарија неколку часа претходно.

Бидејќи гледаме дека има прозивки, единствен начин да реагирате за вакво нешто, кога гледате дека се случила институционална протколарна грешка од другата страна е начинот на којшто ние реагиравме денеска како МНР. Усна реакција на лице место не е формална рекација и дипломатскиот протокол многу строго ги регулира овие прашања, вели Муцунски.

На прашање што доколку Бугарија остане на објаснувањето дека не станува збор ниту за официјална ниту за работна средба и дека поради тоа не се следел вообичаениот протокол, Муцунски вели дека во тој случај се навлегува во прашањето за билатералните односи.

The post Муцунски: Француски предлог плус е стопирање на билатерализацијата во пристапните преговори со ЕУ, Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира она за што сме разговарале во последниот период appeared first on Република.

]]>

Француски предлог плус е надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба на таков начин, да ние ќе бидеме апсолутно сигурни, без никаква дилема, дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, дека понатаму нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат. Што не значи дека некоја земја членка по тој пат нема да може да не блокира по однос на неиспорачување реформи во делот на јавни финансии, по однос на неиспорачување на реформи во делот на владеење на правото, но да престанат овие билатерални барања кои што повеќе од 30 години не влечат нас, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, појаснува дека тоа може да се постигне преку институциите на ЕУ, доколку Унијата е сериозно посветена на нас и регионот.
Гаранцијата примарно ја бараме преку институциите на Европската Унија, на начин што ќе има сериозна посветеност не само кон нас, туку и кон регионот. И сметаме дека покрај одложената примена на уставните измени, примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и воспоставување на некој систем помеѓу нашата држава и европските институции, може да биде праведлив пат напред, изјави Муцунски.
Според негои, кога има желба кај земјите членки ќе се најде начин да се убеди членка којашто прави проблем, доколку е стратешко прашањето. Прашањето е, како што вели тој, дали ЕУ е искрена дека сака да се прошири кон Западниот Балкан, а тој „верува дека е искрена“.
Ние им велиме патот којшто сте го нацртале ни штети на нас, ќе ви штети и на вас, дајте да нацртаме нов пат. И не само тоа, туку нудиме и логично решение... Поборници сме на концептот дека брзоплети одлуки во надворешната политика носат добри решенија. Видовме како една претходна власт, по неколку месеци формирање на Владата, сакаше да наметне дека таа ги наоѓа најсоодветните решенија во надворешната политика, па не доведе до оваа ситуација со протоколи, со уставни промени, со милион проблеми од техничка природа, со наводно подобрување на меѓусебните односи, но потоа се што ќе им побараа – прифаќаа. И сега ние сме доведени до таква ситуација да треба работата од многу подредена состојба да ја извадиме на ситуација каде што имаме барем минимално достоинство и интегритет да ја движиме државата напред, изјави Муцунски.
Не сметам, подвлекува министерот, дека треба да располагаме со рокови, туку дека треба да бидеме, конструктивни, проактивни и фокусирани на реформската агенда. За патувањето на премиерот Христијан Мицкоски во Брисел неделава, Муцунски вели дека „премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период“.
Тоа што ќе го каже Мицкоски е тоа што го кажуваме подолг период на средбите со нашите меѓународни партнери. Ние сакаме решение, сакаме конструктивни и добри односи, но истовремено не сме за решение по секоја цена, затоа што такво решение не е ниту во наш интерес, ниту во интерес на европските чинители. Граѓаните треба да бидат сигурни дека имаат влада што сето тоа што го зборува во јавност, го зборува на сите наши средби. Ние, секако по овие прашање, се консултираме и со сите наѓи клучни стратешки партнери, и ќе повторам сме земја членка на НАТО, а претендираме да станеме земја членка на ЕУ. Сакаме да бидеме земја што ќе биде симбол за стабилност. Од таа гледна точка, премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период, изјави Муцунски.
Во однос на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, Муцунски вели дека очекува извинување од Бугарија и не би сакал да се разочара од соседот.
Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување, изјави Муцунски.
Според министерот, отсуството на реакција веднаш по средбата се должи на авионската несреќа која се случи во Бугарија неколку часа претходно.
Бидејќи гледаме дека има прозивки, единствен начин да реагирате за вакво нешто, кога гледате дека се случила институционална протколарна грешка од другата страна е начинот на којшто ние реагиравме денеска како МНР. Усна реакција на лице место не е формална рекација и дипломатскиот протокол многу строго ги регулира овие прашања, вели Муцунски.
На прашање што доколку Бугарија остане на објаснувањето дека не станува збор ниту за официјална ниту за работна средба и дека поради тоа не се следел вообичаениот протокол, Муцунски вели дека во тој случај се навлегува во прашањето за билатералните односи.

The post Муцунски: Француски предлог плус е стопирање на билатерализацијата во пристапните преговори со ЕУ, Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира она за што сме разговарале во последниот период appeared first on Република.

]]>
EУ бара од Унгарија да не им ги праќа мигрантите во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-bara-od-ungarija-da-ne-im-gi-praka-migrantite-vo-brisel/ Tue, 10 Sep 2024 15:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=815052

Европската комисија ја предупреди Унгарија да не ја реализира својата закана за испраќање мигранти кон Брисел. Ова однесување е неприфатливо, изјави портпарол на Комисијата на прес-конференција.

Ова би било прекршување на законодавството на ЕУ и би ги загрозило основните принципи на Шенген зоната, изјави портпаролот.

Вчера Белгија се спротивстави на намерите на Унгарија и повика на интервенција на ЕК. Будимпешта, која претседаваше со Советот на ЕУ од јули, изјави претходно ова лето дека има намера да го олесни издавањето визи за граѓаните на Русија и Белорусија, што повторно предизвика стравувања дека тоа претставува закана за Шенген зоната.

ЕУ во мај годинава ги усвои измените на миграцискиот пакт, на кои се противеа некои од лидерите од земјите членки од централна и источна Европа, меѓу кои и унгарскиот премиер Виктор Орбан, но и полскиот премиер Доналд Туск.

Со измените, меѓу останатото, на земјите членки кои се соочуваат со голем прилив на илегални мигранти, како Италија и Грција, им се дава можноста дел од нив да преместат во други држави од Унијата. Доколку некоја земја членка одбие да ги прифати овие мигранти мора да плати „компензација“.

Шефот на кабинетот на Орбан, Гергеј Гујаш, кон крајот на минатиот месец рече дека Будимпешта со автобуси ќе пренесе илегални мигранти во Брисел, каде што е седиштето на повеќето институции на ЕУ, доколку Унијата опстојува на ставот за спроведување на новите правила за миграција. 

Истата закана во петокот ја повтори и пратеникот во унгарскиот Парламент, Бенце Ретвари од редовите на партијата Фидес на Орбан, кој изјави дека по спроведувањето на новата „европска процедура“ за миграција, Владата на Унгарија е подготвена на илегални мигранти да им понуди „бесплатно патување до Брисел во еден правец“.

Во таа насока беше и изјавата на политичкиот директор на премиерот Орбан, Балаш Орбан, кој истакна дека „Унгарија ја штити целата ЕУ со својата строга гранична контрола, додека Брисел повеќе би сакал политика на отворени граници“, па Будимпешта би можела да му овозможи да почувствува како изгледа прилив на илегални мигранти.

The post EУ бара од Унгарија да не им ги праќа мигрантите во Брисел appeared first on Република.

]]>

Европската комисија ја предупреди Унгарија да не ја реализира својата закана за испраќање мигранти кон Брисел. Ова однесување е неприфатливо, изјави портпарол на Комисијата на прес-конференција.
Ова би било прекршување на законодавството на ЕУ и би ги загрозило основните принципи на Шенген зоната, изјави портпаролот.
Вчера Белгија се спротивстави на намерите на Унгарија и повика на интервенција на ЕК. Будимпешта, која претседаваше со Советот на ЕУ од јули, изјави претходно ова лето дека има намера да го олесни издавањето визи за граѓаните на Русија и Белорусија, што повторно предизвика стравувања дека тоа претставува закана за Шенген зоната. ЕУ во мај годинава ги усвои измените на миграцискиот пакт, на кои се противеа некои од лидерите од земјите членки од централна и источна Европа, меѓу кои и унгарскиот премиер Виктор Орбан, но и полскиот премиер Доналд Туск. Со измените, меѓу останатото, на земјите членки кои се соочуваат со голем прилив на илегални мигранти, како Италија и Грција, им се дава можноста дел од нив да преместат во други држави од Унијата. Доколку некоја земја членка одбие да ги прифати овие мигранти мора да плати „компензација“. Шефот на кабинетот на Орбан, Гергеј Гујаш, кон крајот на минатиот месец рече дека Будимпешта со автобуси ќе пренесе илегални мигранти во Брисел, каде што е седиштето на повеќето институции на ЕУ, доколку Унијата опстојува на ставот за спроведување на новите правила за миграција.  Истата закана во петокот ја повтори и пратеникот во унгарскиот Парламент, Бенце Ретвари од редовите на партијата Фидес на Орбан, кој изјави дека по спроведувањето на новата „европска процедура“ за миграција, Владата на Унгарија е подготвена на илегални мигранти да им понуди „бесплатно патување до Брисел во еден правец“. Во таа насока беше и изјавата на политичкиот директор на премиерот Орбан, Балаш Орбан, кој истакна дека „Унгарија ја штити целата ЕУ со својата строга гранична контрола, додека Брисел повеќе би сакал политика на отворени граници“, па Будимпешта би можела да му овозможи да почувствува како изгледа прилив на илегални мигранти.

The post EУ бара од Унгарија да не им ги праќа мигрантите во Брисел appeared first on Република.

]]>
Унгарија се закани дека на мигрантите ќе им дава бесплатни билети во еден правец до Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-se-zakani-deka-na-migrantite-ke-im-dava-besplatni-bileti-vo-eden-pravets-do-brisel/ Sun, 25 Aug 2024 17:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=809990

Унгарија ќе почне да нуди бесплатни билети во еден правец до Брисел за мигрантите и барателите на азил во земјата објави ахенцијата АП.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергељ Гуљаш, ја објави понудата како одговор на високите казни што неодамна и беа наметнати на Унгарија поради нејзината рестриктивна политика за азил.

Европскиот суд на правдата и нареди на Будимпешта да плати казна од 200 милиони евра за „постојано кршење“ на правилата за азил на блокот, со дополнителна дневна казна од 1 милион евра додека политиката не се усогласи со правото на ЕУ.

Ако ЕУ продолжи да ги присилува регулативите на Унгарија по секоја цена, тогаш на секој мигрант ќе му понудиме „бесплатен превоз до Брисел“, порача Гуљаш.

The post Унгарија се закани дека на мигрантите ќе им дава бесплатни билети во еден правец до Брисел appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе почне да нуди бесплатни билети во еден правец до Брисел за мигрантите и барателите на азил во земјата објави ахенцијата АП. Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергељ Гуљаш, ја објави понудата како одговор на високите казни што неодамна и беа наметнати на Унгарија поради нејзината рестриктивна политика за азил. Европскиот суд на правдата и нареди на Будимпешта да плати казна од 200 милиони евра за „постојано кршење“ на правилата за азил на блокот, со дополнителна дневна казна од 1 милион евра додека политиката не се усогласи со правото на ЕУ.
Ако ЕУ продолжи да ги присилува регулативите на Унгарија по секоја цена, тогаш на секој мигрант ќе му понудиме „бесплатен превоз до Брисел“, порача Гуљаш.

The post Унгарија се закани дека на мигрантите ќе им дава бесплатни билети во еден правец до Брисел appeared first on Република.

]]>
Во Брисел нападнат амбасадорот на Азербејџан во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-brisel-napadnat-ambasadorot-na-azerbejdhan-vo-nato/ Wed, 07 Aug 2024 20:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=804340

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата сопруга беа нападнати и ограбени рано утринава на познатата бриселска авенија Луиз.

The post Во Брисел нападнат амбасадорот на Азербејџан во НАТО appeared first on Република.

Пукање во Брисел, најмалку двајца загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukane-vo-brisel-najmalku-dvajtsa-zaginati/ Thu, 27 Jun 2024 11:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=791275

Најмалку две лица се загинати, а тројца се тешко ранети при вооружен напад во близина на јужната железничка станица во Брисел, соопшти полицискиот портпарол.

Истрелите биле испукани во близина на кафуле во бриселскиот кварт Сен Жил. Лицето или лицата осомничени за нападот се во бегство.

Во нападот се ранети три лица, од кои две се во тешка состојба, додека состојбата на третото лице е стабилизирана, изјави портпаролот на полицијата.

Округот беше идентификуван од властите оваа година како едно од жариштата за шверц на дрога во Брисел.

Сепак, полицијата засега не го поврзува инцидентот со дрога.

Агенцијата Франс прес наведува дека во последните неколку години, Белгија бележи зголемување на вооруженото насилство поврзано со ривалството меѓу дилерите на дрога.

Вооружени судири на улиците се водат во Брисел и Антверпен, чие пристаниште стана главна точка каде нелегалниот кокаин од Јужна Америка влегува во Европа.

The post Пукање во Брисел, најмалку двајца загинати appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица се загинати, а тројца се тешко ранети при вооружен напад во близина на јужната железничка станица во Брисел, соопшти полицискиот портпарол. Истрелите биле испукани во близина на кафуле во бриселскиот кварт Сен Жил. Лицето или лицата осомничени за нападот се во бегство.
Во нападот се ранети три лица, од кои две се во тешка состојба, додека состојбата на третото лице е стабилизирана, изјави портпаролот на полицијата. Округот беше идентификуван од властите оваа година како едно од жариштата за шверц на дрога во Брисел. Сепак, полицијата засега не го поврзува инцидентот со дрога. Агенцијата Франс прес наведува дека во последните неколку години, Белгија бележи зголемување на вооруженото насилство поврзано со ривалството меѓу дилерите на дрога. Вооружени судири на улиците се водат во Брисел и Антверпен, чие пристаниште стана главна точка каде нелегалниот кокаин од Јужна Америка влегува во Европа.

The post Пукање во Брисел, најмалку двајца загинати appeared first on Република.

]]>
Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-brisel-i-luksemburg-go-odbelezhaa-veligden/ Sun, 05 May 2024 15:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=774551

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел.

Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел.

Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски.

Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург.

И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.

The post Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден appeared first on Република.

]]>

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел. Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел. Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски. Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург. И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.  

The post Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден appeared first on Република.

]]>
Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-nato-ministerski-sostanok-vo-brisel/ Tue, 02 Apr 2024 15:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=761332

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Брисел каде ќе учествува на НАТО Министерскиот состанокот.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.

The post Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел appeared first on Република.

Во Брисел две лица загинаа во два одвоени инцидента https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-brisel-dve-litsa-zaginaa-vo-dva-odvoeni-intsidenta/ Sun, 24 Mar 2024 17:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=758239

Две лица се убиени во Брисел во текот на ноќта во два одвоени инцидента во услови на пораст на криминалот поврзан со дрога, соопштија извори блиски до белгиската полиција.

Првиот вооружен напад во кој загина едно лице се случи на северот на Брисел, соопшти полицијата, додавајќи дека неколку часа подоцна се случил уште еден вооружен инцидент во близина на центарот на градот.

Насилството во Брисел е зголемено од почетокот на февруари поради улична продажба на дрога.

Пристаништето Антверпен, главното пристаниште за влез на кокаин во Европа, редовно е цел на вооружено насилство од банди, но Брисел досега беше главно поштеден.

The post Во Брисел две лица загинаа во два одвоени инцидента appeared first on Република.

]]>

Две лица се убиени во Брисел во текот на ноќта во два одвоени инцидента во услови на пораст на криминалот поврзан со дрога, соопштија извори блиски до белгиската полиција. Првиот вооружен напад во кој загина едно лице се случи на северот на Брисел, соопшти полицијата, додавајќи дека неколку часа подоцна се случил уште еден вооружен инцидент во близина на центарот на градот. Насилството во Брисел е зголемено од почетокот на февруари поради улична продажба на дрога. Пристаништето Антверпен, главното пристаниште за влез на кокаин во Европа, редовно е цел на вооружено насилство од банди, но Брисел досега беше главно поштеден.

The post Во Брисел две лица загинаа во два одвоени инцидента appeared first on Република.

]]>
Хаос во Брисел: Фармерите ги запалија барикадите и ги пробија полициските кордони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haos-vo-brisel-farmerite-gi-zapalija-barikadite-i-gi-probija-politsiskite-kordoni/ Mon, 26 Feb 2024 10:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=748424

Тотален хаос се случува во Брисел, каде повторно се одржуваат протести на земјоделците, кои се бунат против евтината цена на увозните производи. Фармерите ги запалиле барикадите, но со возила ги пробиле и полициските пунктови. Бриселската полиција одговорила со водени топови.

Тие се трактори влегоа во градот и според портпаролката на полицијата, Илса ван де Кир, во европскиот кварт има околу 300 трактори кои ги блокираа околните улици, пренесува „Тајмс оф Брисел“.

Агенцијата АП информира дека земјоделците направиле бетонски барикади, а околу седиштето на Европската Унија поставиле бодликава жица. Во европскиот кварт и на критичните точки се распоредени неколку стотици полицајци. Неколку патни правци, тунели и станици на метрото се затворени за сообраќај.

Министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат состанок во Брисел. Земјоделците веќе неколку недели водат кампања против, како што велат, престрогите европски еколошки правила и падот на приходите и бараат ЕУ да се повлече од договорот за слободна трговија. Фокусот денеска е на договорот Меркосур со јужноамериканските земји чија цел е да дозволи поевтини производи на пазарите.

Земјоделците бараат и регулирање на пазарите за да се гарантираат стабилни и фер цени, комплетна земјоделска и прехранбена политика за поддршка на агроеколошките пракси и прилагодување на на уредбите за азот.

The post Хаос во Брисел: Фармерите ги запалија барикадите и ги пробија полициските кордони appeared first on Република.

]]>

Тотален хаос се случува во Брисел, каде повторно се одржуваат протести на земјоделците, кои се бунат против евтината цена на увозните производи. Фармерите ги запалиле барикадите, но со возила ги пробиле и полициските пунктови. Бриселската полиција одговорила со водени топови. Тие се трактори влегоа во градот и според портпаролката на полицијата, Илса ван де Кир, во европскиот кварт има околу 300 трактори кои ги блокираа околните улици, пренесува „Тајмс оф Брисел“. Агенцијата АП информира дека земјоделците направиле бетонски барикади, а околу седиштето на Европската Унија поставиле бодликава жица. Во европскиот кварт и на критичните точки се распоредени неколку стотици полицајци. Неколку патни правци, тунели и станици на метрото се затворени за сообраќај. Министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат состанок во Брисел. Земјоделците веќе неколку недели водат кампања против, како што велат, престрогите европски еколошки правила и падот на приходите и бараат ЕУ да се повлече од договорот за слободна трговија. Фокусот денеска е на договорот Меркосур со јужноамериканските земји чија цел е да дозволи поевтини производи на пазарите. Земјоделците бараат и регулирање на пазарите за да се гарантираат стабилни и фер цени, комплетна земјоделска и прехранбена политика за поддршка на агроеколошките пракси и прилагодување на на уредбите за азот.

The post Хаос во Брисел: Фармерите ги запалија барикадите и ги пробија полициските кордони appeared first on Република.

]]>