Бриони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brioni/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 08:14:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бриони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brioni/ 32 32 Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре гостува на фестивалот РУТА на Бриони https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-dishi-utre-gostuva-na-festivalot-ruta-na-brioni/ Thu, 15 Aug 2024 08:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=806722

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ в петок на 16 август ќе гостува на Бриони во Хрватска во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“.

Текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година. Режисер на претставата е Димче Николовски, а драматург Александра Бошковска. Преводот го направи Благоја Бошковски. Сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите во претставата ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

„Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка - глобална драма. Lungs (Бели дробови), низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи релативно младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот.

Актерите Јасмина Василева и Димитрија Доксевски за „Диши“ истакнуваат дека претставата навигира низ сите погоре поставени прашања, толкувајќи ги токму во „еден здив“ преку експериментирање со минималистички актерски израз зададен од самиот автор. Оваа драма е напишана за да се изведе на празна сцена. „Нема сценографија, нема мебел, нема реквизити и нема беспредметно дејствие. Нема  промена на костими. Не би требало да се користи светло и звук за да се укаже на промена на времето или просторот“ – велат актерите.

Со претставата „Диши“, Драмски театар Скопје гостувал во Сараево во рамки на фестивалот РУТА и во Приштина на Интернационален театарски фестивал.

Драмски театар Скопје ја известува публиката дека подготовките за есенското издание на РУТА што ќе се одржува од 15 до 20 октомври во Скопје се во тек, и за љубителите на театарот најавува уште едно одлично издание на фестивалот.

The post Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре гостува на фестивалот РУТА на Бриони appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ в петок на 16 август ќе гостува на Бриони во Хрватска во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“. Текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година. Режисер на претставата е Димче Николовски, а драматург Александра Бошковска. Преводот го направи Благоја Бошковски. Сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите во претставата ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски. „Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка - глобална драма. Lungs (Бели дробови), низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи релативно младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот. Актерите Јасмина Василева и Димитрија Доксевски за „Диши“ истакнуваат дека претставата навигира низ сите погоре поставени прашања, толкувајќи ги токму во „еден здив“ преку експериментирање со минималистички актерски израз зададен од самиот автор. Оваа драма е напишана за да се изведе на празна сцена. „Нема сценографија, нема мебел, нема реквизити и нема беспредметно дејствие. Нема  промена на костими. Не би требало да се користи светло и звук за да се укаже на промена на времето или просторот“ – велат актерите. Со претставата „Диши“, Драмски театар Скопје гостувал во Сараево во рамки на фестивалот РУТА и во Приштина на Интернационален театарски фестивал. Драмски театар Скопје ја известува публиката дека подготовките за есенското издание на РУТА што ќе се одржува од 15 до 20 октомври во Скопје се во тек, и за љубителите на театарот најавува уште едно одлично издание на фестивалот.

The post Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре гостува на фестивалот РУТА на Бриони appeared first on Република.

]]>
Бриони – омилениот остров на Тито, кој како да застанал во негово време https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/brioni-omileniot-ostrov-na-tito-koj-kako-da-zastanal-vo-negovo-vreme/ Sun, 03 Sep 2023 13:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=678384

Нема место на Јадранот каде што не е навлезен модерен туризам, каде што не се реновирани хотели и не се отворени бројни ресторани и кафулиња, освен  наБриони.

Таму како времето да застанало, се е старо, запоставено. Еден од трите хотели, Кармен, нема ниту клима во собите, бањите речиси се распаѓаат, а нема ниту рецепција.

Љубителите на голф можат да се обидат во овој елитен спорт на неколку дупки, но тој е далеку под стандардот што преовладува во голфот.

Сафарито во кое имало животни кои ги добил на подарок поранешниот владетел  Јосип Броз, сега е речиси пусто, останале само зебри, ноеви, говеда, а останати се само слонот од времето на Тито и папагалот Коки.

The post Бриони – омилениот остров на Тито, кој како да застанал во негово време appeared first on Република.

]]>

Нема место на Јадранот каде што не е навлезен модерен туризам, каде што не се реновирани хотели и не се отворени бројни ресторани и кафулиња, освен  наБриони. Таму како времето да застанало, се е старо, запоставено. Еден од трите хотели, Кармен, нема ниту клима во собите, бањите речиси се распаѓаат, а нема ниту рецепција. Љубителите на голф можат да се обидат во овој елитен спорт на неколку дупки, но тој е далеку под стандардот што преовладува во голфот. Сафарито во кое имало животни кои ги добил на подарок поранешниот владетел  Јосип Броз, сега е речиси пусто, останале само зебри, ноеви, говеда, а останати се само слонот од времето на Тито и папагалот Коки.

The post Бриони – омилениот остров на Тито, кој како да застанал во негово време appeared first on Република.

]]>