Бриџит Бринк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bridzit-brink/ За подобро да се разбереме Thu, 19 May 2022 06:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бриџит Бринк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bridzit-brink/ 32 32 Сенатот ја одобри Бриџит Бринк за американска амбасадорка во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/senatot-ja-odobri-bridzit-brink-za-amerikanska-ambasadorka-vo-ukraina/ Thu, 19 May 2022 06:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=504130

Сенатот на САД едногласно ја одобри дипломатката Бриџит Бринк за амбасадор во Украина, пополнувајќи го критичното место што е празно три години.

Брзата потврда ја истакна желбата на двете страни да испратат амбасадор за поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски додека тој се соочува со руската инвазија.

Одлуката на Сенатот е донесена истиот ден кога американската амбасада во Киев беше повторно отворена по тримесечното затворање поради руската инвазија на 24 февруари.

Сенатот, исто така, се очекува да одобри речиси 40 милијарди американски долари воена и хуманитарна помош за Киев подоцна оваа недела, финансирање што е веќе изгласано во Претставничкиот дом.

Бриџит Бринк е родена во Мичиген, зборува руски и моментално е амбасадор на САД во Словачка. Таа е дипломат 25 години, работела во Узбекистан и Грузија, како и на неколку високи позиции во Стејт департментот и Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Во Киев нема американски амбасадор од мај 2019 година, кога Трамп ненадејно ја отповика тогашната американска амбасадорка во Украина, Мари Јованович.

The post Сенатот ја одобри Бриџит Бринк за американска амбасадорка во Украина appeared first on Република.

]]>

Сенатот на САД едногласно ја одобри дипломатката Бриџит Бринк за амбасадор во Украина, пополнувајќи го критичното место што е празно три години. Брзата потврда ја истакна желбата на двете страни да испратат амбасадор за поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски додека тој се соочува со руската инвазија. Одлуката на Сенатот е донесена истиот ден кога американската амбасада во Киев беше повторно отворена по тримесечното затворање поради руската инвазија на 24 февруари. Сенатот, исто така, се очекува да одобри речиси 40 милијарди американски долари воена и хуманитарна помош за Киев подоцна оваа недела, финансирање што е веќе изгласано во Претставничкиот дом. Бриџит Бринк е родена во Мичиген, зборува руски и моментално е амбасадор на САД во Словачка. Таа е дипломат 25 години, работела во Узбекистан и Грузија, како и на неколку високи позиции во Стејт департментот и Советот за национална безбедност на Белата куќа. Во Киев нема американски амбасадор од мај 2019 година, кога Трамп ненадејно ја отповика тогашната американска амбасадорка во Украина, Мари Јованович.

The post Сенатот ја одобри Бриџит Бринк за американска амбасадорка во Украина appeared first on Република.

]]>
Бајден ја именуваше Бриџит Бринк за новa амбасадорка на САД во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ja-imenuvashe-bridzit-brink-za-nova-ambasadorka-na-sad-vo-ukraina/ Mon, 25 Apr 2022 18:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=493492

Американскиот претседател Џо Бајден ја именуваше Бриџит Бринк за новa амбасадорка на САД во Украина, пренесе Би-би-си, откако позицијата американски амбасадор во Украина беше празна речиси три години.

Овој потег доаѓа во време кога Вашингтон ја засилува својата поддршка за Украина, во услови на руската инвазија.

Претходно денеска, Белата куќа објави дека Бринк ќе се премести од позицијата амбасадор на САД во Словачка, за да ја пополни „клучната позиција“ во Украина која беше празна во последните три години.

Бринк во моментов ја извршува функцијата амбасадор на САД во Словачка, дипломат е веќе 25 години и има работено во Узбекистан и Грузија, како и на неколку високи позиции во Стејт департментот и Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Белата куќа додаде оти децениското искуство на Бринк ја прави уникатно соодветна за овој момент во историјата на Украина.

Најавата за именувањето на Бринк на оваа позиција е по посетата на Украина од страна на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин кои во Киев се сретнаа со украинскиот претседател Володомир Зеленски и други високи украински претставници.

The post Бајден ја именуваше Бриџит Бринк за новa амбасадорка на САД во Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден ја именуваше Бриџит Бринк за новa амбасадорка на САД во Украина, пренесе Би-би-си, откако позицијата американски амбасадор во Украина беше празна речиси три години. Овој потег доаѓа во време кога Вашингтон ја засилува својата поддршка за Украина, во услови на руската инвазија. Претходно денеска, Белата куќа објави дека Бринк ќе се премести од позицијата амбасадор на САД во Словачка, за да ја пополни „клучната позиција“ во Украина која беше празна во последните три години. Бринк во моментов ја извршува функцијата амбасадор на САД во Словачка, дипломат е веќе 25 години и има работено во Узбекистан и Грузија, како и на неколку високи позиции во Стејт департментот и Советот за национална безбедност на Белата куќа. Белата куќа додаде оти децениското искуство на Бринк ја прави уникатно соодветна за овој момент во историјата на Украина. Најавата за именувањето на Бринк на оваа позиција е по посетата на Украина од страна на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин кои во Киев се сретнаа со украинскиот претседател Володомир Зеленски и други високи украински претставници.

The post Бајден ја именуваше Бриџит Бринк за новa амбасадорка на САД во Украина appeared first on Република.

]]>