Брера Струмица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brera-strumitsa/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 16:20:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Брера Струмица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brera-strumitsa/ 32 32 Брера Струмица ќе игра против Сараево во младинската Лига на шампиони https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/brera-strumitsa-ke-igra-protiv-saraevo-vo-mladinskata-liga-na-shampioni/ Tue, 03 Sep 2024 18:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=812833

Македонскиот претставник во фудбалската младинската Лига на шампиони, Брера Струмица, го доби за противник Сараево на денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион со која беа одредени паровите за воведното квалификациско коло.

Својот премиерен настап на европската сцена младинците на Брера Струмица ќе го имаат на 18 овој месец на домашен терен, додека реваншот е закажан за 3 октомври.

Победникот од пресметката меѓу младинските шампиони на Македонија и на БиХ во второто квалификациско коло ќе игра против израелскиот првак Макаби Петах Тиква.

Од оваа година за прв пат во младинската Лига на шампиони учествуваат претставници од сите 54 земји членки на УЕФА, а Брера Струмица ќе се обиде да стане првиот македонски клуб што ќе обезбеди пласман во второто квалификациско коло.

The post Брера Струмица ќе игра против Сараево во младинската Лига на шампиони appeared first on Република.

]]>

Македонскиот претставник во фудбалската младинската Лига на шампиони, Брера Струмица, го доби за противник Сараево на денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион со која беа одредени паровите за воведното квалификациско коло. Својот премиерен настап на европската сцена младинците на Брера Струмица ќе го имаат на 18 овој месец на домашен терен, додека реваншот е закажан за 3 октомври. Победникот од пресметката меѓу младинските шампиони на Македонија и на БиХ во второто квалификациско коло ќе игра против израелскиот првак Макаби Петах Тиква. Од оваа година за прв пат во младинската Лига на шампиони учествуваат претставници од сите 54 земји членки на УЕФА, а Брера Струмица ќе се обиде да стане првиот македонски клуб што ќе обезбеди пласман во второто квалификациско коло.

The post Брера Струмица ќе игра против Сараево во младинската Лига на шампиони appeared first on Република.

]]>
Судија му судеше на сопругот на фудбалски терен https://arhiva3.republika.mk/vesti/sudija-mu-sudeshe-na-soprugot-na-fudbalski-teren/ Wed, 16 Aug 2023 06:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=672497

Викендов на македонските фудбалски терени видовме ситуација каква што немало досега.

Судијката Ирена Величковска беше четврти судија на дуелот помеѓу Брера Струмица и Воска Спорт. Оваа ситуација немаше да привлече посебно внимание ако нејзиниот сопруг, Александар Ристевски не настапуваше во тимот на Брера, објави порталот „Штипски Асови“.

„Судиската четворка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На стартот на сезоната Брера оствари две победи. Среќен сум што играм за овој тим“, изјави Ристевски за „Штипски Асови“.

The post Судија му судеше на сопругот на фудбалски терен appeared first on Република.

]]>

Викендов на македонските фудбалски терени видовме ситуација каква што немало досега. Судијката Ирена Величковска беше четврти судија на дуелот помеѓу Брера Струмица и Воска Спорт. Оваа ситуација немаше да привлече посебно внимание ако нејзиниот сопруг, Александар Ристевски не настапуваше во тимот на Брера, објави порталот „Штипски Асови“.
„Судиската четворка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На стартот на сезоната Брера оствари две победи. Среќен сум што играм за овој тим“, изјави Ристевски за „Штипски Асови“.

The post Судија му судеше на сопругот на фудбалски терен appeared first on Република.

]]>