бренд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brend/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Jun 2022 13:53:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бренд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brend/ 32 32 На Грција и пречи регистрацијата на турското туристичко бренд име за Егејот – „Turkaegean“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-grcija-i-prechi-registracijata-na-turskoto-turistichko-brend-ime-za-egejot-turkaegean/ Tue, 28 Jun 2022 13:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=520802

Грција подготвува соодветна правна реакција во однос на туристичката кампања и барањето Турција да го регистрира бренд-името „Turkaegean“ (Турски Егеј) во надлежните служби на Европската Унија.

Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, во интервју за телевизијата „Скај“ објасни дека не станува збор за признавање на конкретното трговско име од Европската Унија, туку е одлука на приватна канцеларија во Мадрид. Иконому истакна дека, сепак, Грција ќе реагира, додавајќи дека САД не го прифатиле и не го признале конкретниот термин.

Министерот за туризам на Грција, Василис Кикиљас, говорејќи за „ЕРТ“ објасни дека ќе покренат правна процедура.

The post На Грција и пречи регистрацијата на турското туристичко бренд име за Егејот – „Turkaegean“ appeared first on Република.

]]>

Грција подготвува соодветна правна реакција во однос на туристичката кампања и барањето Турција да го регистрира бренд-името „Turkaegean“ (Турски Егеј) во надлежните служби на Европската Унија. Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, во интервју за телевизијата „Скај“ објасни дека не станува збор за признавање на конкретното трговско име од Европската Унија, туку е одлука на приватна канцеларија во Мадрид. Иконому истакна дека, сепак, Грција ќе реагира, додавајќи дека САД не го прифатиле и не го признале конкретниот термин. Министерот за туризам на Грција, Василис Кикиљас, говорејќи за „ЕРТ“ објасни дека ќе покренат правна процедура.

The post На Грција и пречи регистрацијата на турското туристичко бренд име за Егејот – „Turkaegean“ appeared first on Република.

]]>
Шаќири: ФИНКИ е бренд во државата и ќе биде препознатлив меѓу сите нови генерации на студенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-finki-e-brend-vo-drzavata-i-kje-bide-prepoznatliv-megju-site-novi-generacii-na-studenti/ Wed, 15 Jun 2022 16:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=515654

ФИНКИ е бренд во државата и сигурен сум дека и понатаму ќе остане препознатлив по квалитетот на знаењето кое им го нуди на младите и ќе биде избор на многумина од новите генерации кои допрва ќе влегуваат во светот на академското образование. Ова го истакна министерот за образование и наука на денешната церемонија организирана по повод 11-тиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на која беа доделени и дипломите на околу 600 студенти кои ги завршија студиите од прв и втор циклус на студии во изминатите три години.

Дозволете да упатам искрени честитки до раководството и до сите вработени на ФИНКИ за доброто менаџирање на наставната и научно – истражувачката дејност, за сите досега создадени генерации на информатичари, програмери, графички дизајнери и така натаму, како и за огромниот придонес кон развојот на општеството во изминатите 11 години. Продолжете да работите со успех. Бидете и понатаму столб на високото образование и придонесувајте кон развојот на државата, рече Шаќири.

Министерот потенцираше дека оваа високообразовна установа е основана во вистинско време, кога како што рече, се наѕираше растот на потребата од ИТ кадар во општеството.

ФИНКИ е клучен партнер на Министерството за образование и наука во процесот на дигитализација на образованието и сигурен сум дека активностите во тој дел ќе ги продолжиме со уште поинтензивно темпо во периодот што следи. Тоа ни го наметнуваат глобалните образовни трендови и текови, а добра поука извлековме и од пандемијата, која ни наложи да обезбедиме поголема флексибилност и адаптибилност на образовниот систем кој се покажа дека не е отпорен на такви неочекувани промени, но за среќа брзо го прилагодивме на новите вонредни околности, што секако, без поддршката од овој факултет немаше да се случи, нагласи министерот за образование.

Шаќири упати честитки и до дипломираните студенти и до магистрите, за сите стекнати знаења и вештини кои, изрази уверување дека ќе им обезбедат добра иднина.

Знам дека голем дел од вас веќе имаат работни ангажмани. Дел можеби допрва ќе се вклучат на пазарот на трудот, но јасно е дека за сите вас има место и тоа токму на ова поднебје. Можеби до вас ќе стигнат и понуди да работите надвор од државата. Но, би било добро, а ќе речам и би било патриотски, да ги разгледате прво домашните опции за работа и да дадете личен придонес во развојот на државата која ве образувала и вложила во вас. Возвратете и’, ќе се чувствувате спокојно и гордо еден ден, рече министерот, потенцирајќи дека сите се кадри од факултет кој создал многу иновации во различни општествени сегменти, па така и од нив се очекува да бидат носители на нови промени за подобро утре.

Осврнувајќи се на изградбата на новиот објект на ФИНКИ, Шаќири рече дека процесот е започнат, но за жал и запрен на околу 30 проценти реализација, што беше наложено од низа непредвидливи работи, а како последна ја посочи економската криза. Сепак, изрази уверување дека како министер ќе даде максимум за оваа работа што побрзо да се заврши.

The post Шаќири: ФИНКИ е бренд во државата и ќе биде препознатлив меѓу сите нови генерации на студенти appeared first on Република.