бремени жени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bremeni-zeni/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 20:48:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бремени жени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bremeni-zeni/ 32 32 Во Газа има 50.000 брeмени жени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-gaza-ima-50-000-breneni-zheni/ Sun, 24 Dec 2023 20:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=726269

Според пресметките на ОН, има околу 50.000 бремени жени во Појасот Газа кој е под опсада на израелската армија, јави ДПА.

Повеќе од 180 деца се раѓаат секој ден во палестинската енклава, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

Лекарите и акушерите даваат се од себе за да обезбедат грижа за новородените бебиња и бремените жени со висок ризик во седумте преостанати оперативни здравствени центри на агенцијата на ОН. На почетокот на војната на 7 октомври имаше 22 здравствени домови во Газа.

Со секој изминат ден, условите за цивилите на окупираната територија стануваат се потешки, резервите на хуманитарна помош се екстремно ограничени, а луѓето се принудени да кампуваат во импровизирани шатори на отворено. Временските услови се влошуваат, а Израел продолжува со напади, забележува ДПА.

Според ОН, повеќе од 1,9 милиони луѓе во Појасот Газа, што изнесува околу 85 отсто од неговото население, веќе се внатрешно раселени. Многумина се засолнети во преполните објекти на ОН.

„Уништувањето на здравствениот систем во Газа е трагедија“, изјави претходно денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. „Но, гледаме дека лекарите, медицинските сестри, возачите на брзата помош и другите продолжуваат да се трудат да спасат животи во услови на постојана неизвесност и прилив на повредени пациенти“, додаде тој и повторно повика на прекин на огнот

The post Во Газа има 50.000 брeмени жени appeared first on Република.

]]>

Според пресметките на ОН, има околу 50.000 бремени жени во Појасот Газа кој е под опсада на израелската армија, јави ДПА. Повеќе од 180 деца се раѓаат секој ден во палестинската енклава, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА). Лекарите и акушерите даваат се од себе за да обезбедат грижа за новородените бебиња и бремените жени со висок ризик во седумте преостанати оперативни здравствени центри на агенцијата на ОН. На почетокот на војната на 7 октомври имаше 22 здравствени домови во Газа. Со секој изминат ден, условите за цивилите на окупираната територија стануваат се потешки, резервите на хуманитарна помош се екстремно ограничени, а луѓето се принудени да кампуваат во импровизирани шатори на отворено. Временските услови се влошуваат, а Израел продолжува со напади, забележува ДПА. Според ОН, повеќе од 1,9 милиони луѓе во Појасот Газа, што изнесува околу 85 отсто од неговото население, веќе се внатрешно раселени. Многумина се засолнети во преполните објекти на ОН. „Уништувањето на здравствениот систем во Газа е трагедија“, изјави претходно денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. „Но, гледаме дека лекарите, медицинските сестри, возачите на брзата помош и другите продолжуваат да се трудат да спасат животи во услови на постојана неизвесност и прилив на повредени пациенти“, додаде тој и повторно повика на прекин на огнот

The post Во Газа има 50.000 брeмени жени appeared first on Република.

]]>
Концерт за виолина и пијано со изведувачи од Грција на Скопско Лето 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-za-violina-i-pijano-so-izveduvachi-od-grtsija-na-skopsko-leto-2023/ Fri, 07 Jul 2023 09:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=658874

Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023, вечер во фоајето на Националната опера и балет ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција, со изведба на неколку дела на класична музика за виолина и пијано од истакнати грчки композитори.

Обожавателите на класичната музика ќе имаат исклучителна можност првпат во Скопје да ги проследат делата „Шепот на ветрот“ од Димитрис Терзакис, „Мала суита од популарни грчки мелодии од Додеканезите“ од Јанис Констадинидис и сонатите за виолина и пијано од Борис Папандопуло и францускиот композитор Сезар Франк, во изведба на двајцата виртуози на пијано и виолина.

Гостувањето на уметниците од Грција е во организација на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Република Грција во Скопје во соработка со Фестивалот Скопско лето 2023. Компанијата ОКТА АД – Скопје, како верен партнер на културни настани, е главен спонзор на овој концерт.

Пијанистот Уве Матшке (Uwe Matschke) е роден во Германија, а студирал на музичката школа „Франц Лист“ во Вајмар и на Академијата „Франц Лист“ во Будимпешта. Од 1987 година живее и работи во Грција, каде што е професор по пијано на Катедрата за музичка наука и уметност на Универзитетот во Солун, а член е и на солунскиот Државниот симфониски оркестар. Има одржано многубројни солистички концерти во Москва, Минхен, Хамбург, Порто, Лајпциг и Дрезден, а настапувал со симфониски оркестри од многу европски земји и со познати во светот камерни оркестри како што се Гевандаус квартет од Лапциг, Лајпцигер Штрајх квартет и Гудачкиот квинтет од Дрезден. Неговиот вешт начин на интерпретација кој се одликува со голема чувствителност, континуирано наидува на признание од музичките критичари.

Виолинистката Данае Папаматеу-Матшке (Danae Papamattheou Matschke) е една од најперспективните грчки виолинистки од помладата генерација. Родена е во Атина, а студирала на Универзитетот Моцартеум во Салцбург и на Универзитетот во Хамбург. Има одржано рецитали во Германија, Кина, САД, Италија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Шведска, Естонија, Финска, Кипар, Велика Британија, а има бројни настапи со симфониски и камерни оркестри од Грција и Германија. Носител е на први награди и специјални признанија за најдобра интерпретација на разни државни и меѓународни натпревари. Докторирала на Универзитетот во Солун. Данае Папаматеу-Митшке настапува со виолина создадена од Карло Фердинандо Ландолфи во Милано во 1760 година.

 

The post Концерт за виолина и пијано со изведувачи од Грција на Скопско Лето 2023 appeared first on Република.

]]>

Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023, вечер во фоајето на Националната опера и балет ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција, со изведба на неколку дела на класична музика за виолина и пијано од истакнати грчки композитори. Обожавателите на класичната музика ќе имаат исклучителна можност првпат во Скопје да ги проследат делата „Шепот на ветрот“ од Димитрис Терзакис, „Мала суита од популарни грчки мелодии од Додеканезите“ од Јанис Констадинидис и сонатите за виолина и пијано од Борис Папандопуло и францускиот композитор Сезар Франк, во изведба на двајцата виртуози на пијано и виолина. Гостувањето на уметниците од Грција е во организација на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Република Грција во Скопје во соработка со Фестивалот Скопско лето 2023. Компанијата ОКТА АД – Скопје, како верен партнер на културни настани, е главен спонзор на овој концерт. Пијанистот Уве Матшке (Uwe Matschke) е роден во Германија, а студирал на музичката школа „Франц Лист“ во Вајмар и на Академијата „Франц Лист“ во Будимпешта. Од 1987 година живее и работи во Грција, каде што е професор по пијано на Катедрата за музичка наука и уметност на Универзитетот во Солун, а член е и на солунскиот Државниот симфониски оркестар. Има одржано многубројни солистички концерти во Москва, Минхен, Хамбург, Порто, Лајпциг и Дрезден, а настапувал со симфониски оркестри од многу европски земји и со познати во светот камерни оркестри како што се Гевандаус квартет од Лапциг, Лајпцигер Штрајх квартет и Гудачкиот квинтет од Дрезден. Неговиот вешт начин на интерпретација кој се одликува со голема чувствителност, континуирано наидува на признание од музичките критичари. Виолинистката Данае Папаматеу-Матшке (Danae Papamattheou Matschke) е една од најперспективните грчки виолинистки од помладата генерација. Родена е во Атина, а студирала на Универзитетот Моцартеум во Салцбург и на Универзитетот во Хамбург. Има одржано рецитали во Германија, Кина, САД, Италија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Шведска, Естонија, Финска, Кипар, Велика Британија, а има бројни настапи со симфониски и камерни оркестри од Грција и Германија. Носител е на први награди и специјални признанија за најдобра интерпретација на разни државни и меѓународни натпревари. Докторирала на Универзитетот во Солун. Данае Папаматеу-Митшке настапува со виолина создадена од Карло Фердинандо Ландолфи во Милано во 1760 година.  

The post Концерт за виолина и пијано со изведувачи од Грција на Скопско Лето 2023 appeared first on Република.

]]>
Трудниците да се вратат на работа, предлага Комисијата за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/trudnicite-da-se-vratat-na-rabota-predlaga-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Tue, 22 Feb 2022 13:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=461972

Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени предложи Комисијата за заразни болести.

Овие две мерки денеска на прес-конференција ги соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, кој посочи дека нив ги донела Комисијата денеска на состанок и ги доставила до министерот за здравство, а потоа тие треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата.

Во врска со првата мерка која се однесува на укинувањето на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата, Мехмедовиќ рече дека тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да се поседува ПЦР тест или КОВИД-сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да се бараат, туку напротив дека при излез од земјава онаа мерка што беше воведена во текот на минатата година дека треба да се поседува или да се покаже на нашите гранични органи, таквата мерка се укинува.

Одговарајќи на новинарски прашања истакна дека за бремените жени досега беше мерката оти може да бидат ослободени од работа, но таа се укинува согласно препораките од релевантна институција и од примерите од светот во кои се препорачува бремените жени кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.

Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна за да можат да бидат побезбедно нивното здравје не само да е поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани, додаде д-р Мехмедовиќ.

The post Трудниците да се вратат на работа, предлага Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени предложи Комисијата за заразни болести. Овие две мерки денеска на прес-конференција ги соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, кој посочи дека нив ги донела Комисијата денеска на состанок и ги доставила до министерот за здравство, а потоа тие треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата. Во врска со првата мерка која се однесува на укинувањето на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата, Мехмедовиќ рече дека тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да се поседува ПЦР тест или КОВИД-сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да се бараат, туку напротив дека при излез од земјава онаа мерка што беше воведена во текот на минатата година дека треба да се поседува или да се покаже на нашите гранични органи, таквата мерка се укинува. Одговарајќи на новинарски прашања истакна дека за бремените жени досега беше мерката оти може да бидат ослободени од работа, но таа се укинува согласно препораките од релевантна институција и од примерите од светот во кои се препорачува бремените жени кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.
Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна за да можат да бидат побезбедно нивното здравје не само да е поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани, додаде д-р Мехмедовиќ.

The post Трудниците да се вратат на работа, предлага Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>