бремена жена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bremena-zena/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Feb 2023 14:10:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бремена жена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bremena-zena/ 32 32 Бремена жена останала заглавена во лифт откако утрово била исклучена струјата во „Џевахир“ поради неплатени сметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bremena-zhena-ostanala-zaglavena-vo-lift-otkako-utrovo-bila-iskluchena-strujata-vo-dhevahir-poradi-neplateni-smetki/ Tue, 14 Feb 2023 14:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=608940

Апелираме до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, откако утринава била исклучена струјата во кулата Б на Џевахир скај сити во Скопје.

Ангелов посочи дека откако снемало струја во оваа кула, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт. Порача да се изнајде решение за да не се дојде повторно во ваква ситуација, бидејќи постои можност некој да се повреди.

Денеска околу 9.45 часот снемало струја во кулата Б на Џевахир скај сити, една од високите 40-катници во Скопје. Од страна на неколку граѓани дојде информацијата до Центарот за управување со кризи, по што од Секторот за операции и координации, конкретно РЦУК Скопје, е стапено во контакт со ЕВН. Најпрвин им било одговорено дека поради техничка неисправност на ниско напонската мрежа дошло до прекин на електричната енергија во висококатницата Б, појасни Ангелов.

Нешто подоцна, како што рече, биле известени дека исклучувањето се случило поради неплатени сметки во кулата Б од Џевахир скај сити.

Со ЕВН е стапено усно во комуникација. Џевахир скај сити кулите, вклучително и кулата Б, се високи 40 ката. Без да навлегуваме во имотно правните побарувања и обврски меѓу ЕВН и кулата Б од Џевахир скај сити, конкретно управителите кои ја стопанистуваат оваа кула, апелираме до ЕВН и до управителите да не дозволат да се повтори ваква состојба, бидејќи хипотетички во оваа четириесеткатница, во некои од лифтовите, може некој да остане заглавен. Не треба да чекаме некој да настрада, да биде повреден, за навремено да се реагира, рече Ангелов.

The post Бремена жена останала заглавена во лифт откако утрово била исклучена струјата во „Џевахир“ поради неплатени сметки appeared first on Република.

]]>

Апелираме до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, откако утринава била исклучена струјата во кулата Б на Џевахир скај сити во Скопје. Ангелов посочи дека откако снемало струја во оваа кула, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт. Порача да се изнајде решение за да не се дојде повторно во ваква ситуација, бидејќи постои можност некој да се повреди.
Денеска околу 9.45 часот снемало струја во кулата Б на Џевахир скај сити, една од високите 40-катници во Скопје. Од страна на неколку граѓани дојде информацијата до Центарот за управување со кризи, по што од Секторот за операции и координации, конкретно РЦУК Скопје, е стапено во контакт со ЕВН. Најпрвин им било одговорено дека поради техничка неисправност на ниско напонската мрежа дошло до прекин на електричната енергија во висококатницата Б, појасни Ангелов.
Нешто подоцна, како што рече, биле известени дека исклучувањето се случило поради неплатени сметки во кулата Б од Џевахир скај сити.
Со ЕВН е стапено усно во комуникација. Џевахир скај сити кулите, вклучително и кулата Б, се високи 40 ката. Без да навлегуваме во имотно правните побарувања и обврски меѓу ЕВН и кулата Б од Џевахир скај сити, конкретно управителите кои ја стопанистуваат оваа кула, апелираме до ЕВН и до управителите да не дозволат да се повтори ваква состојба, бидејќи хипотетички во оваа четириесеткатница, во некои од лифтовите, може некој да остане заглавен. Не треба да чекаме некој да настрада, да биде повреден, за навремено да се реагира, рече Ангелов.

The post Бремена жена останала заглавена во лифт откако утрово била исклучена струјата во „Џевахир“ поради неплатени сметки appeared first on Република.

]]>
Спасена бремена жена по 40 часа поминати под урнатините во Хатај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/spasena-bremena-zhena-po-40-chasa-pominati-pod-urnatinite-vo-hataj/ Wed, 08 Feb 2023 09:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=606332

Спасувачките екипи од под рушевините во Хатај спасиле жена во деветиот месец од бременоста по 40 часа од разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.

Нехир Илкова останала заробена под урнатините на зградата која се срушила, а таа била спасена од спасувачите кои ги испратила инстанбулската општина Умраније.

Во земјотресот, според последните информации, животот го загубија најмалку 7.200 лица.

The post Спасена бремена жена по 40 часа поминати под урнатините во Хатај appeared first on Република.

]]>

Спасувачките екипи од под рушевините во Хатај спасиле жена во деветиот месец од бременоста по 40 часа од разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија. Нехир Илкова останала заробена под урнатините на зградата која се срушила, а таа била спасена од спасувачите кои ги испратила инстанбулската општина Умраније. Во земјотресот, според последните информации, животот го загубија најмалку 7.200 лица.

The post Спасена бремена жена по 40 часа поминати под урнатините во Хатај appeared first on Република.

]]>