Брегзит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bregzit/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Jun 2023 07:47:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Брегзит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bregzit/ 32 32 Мнозинството Британци сметаат дека Обединетото кралство згреши што ја напушти ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mnozinstvoto-britantsi-smetaat-deka-obedinetoto-kralstvo-zgreshi-shto-ja-napushti-eu/ Fri, 23 Jun 2023 07:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=654289

Седум години по референдумот за Брегзит, повеќе од 50 отсто од Британците сметаат дека земјата направила грешка, покажува најновото истражување на јавното мислење, цитирано од ДПА.

Истражувањето е спроведено на почетокот на јуни врз репрезентативен примерок од 1.525 возрасни лица, од кои само 34 отсто и натаму сметаат дека Брегзит е вистинската одлука.

Резултатите, објавени од Институтот Тони Блер, исто така, покажуваат дека 18 отсто од оние кои гласале за напуштање на ЕУ сега сметаат дека одлуката била погрешна. Речиси 80 отсто сметаат дека Обединетото Кралство во иднина треба да има поблиски односи со ЕУ, при што 43 отсто сакаат Велика Британија повторно да се приклучи на ЕУ, а 13 отсто се за враќање само на единствениот пазар.

Нешто повеќе од една петтина од луѓето поддржуваат поблиски односи со ЕУ, но не како членка или дел од единствениот пазар.

Авторите на истражувањето, Антон Списак и Христос Цулакис, исто така, предупредуваат дека „се чини дека ставовите на оние кои гласаа на референдумот во 2016 година не се драматично променети. Место тоа, клучен двигател на оваа промена се ставовите на оние испитаници на возраст од 18 до 24 години кои не гласале во 2016 година, но кои во голема мера веруваат дека одлуката за заминување била погрешна“.

Поголемиот дел од промените се чини дека се должат на помладите луѓе кои влегоа во електоратот, место значителен дел од гласачите кои го сменија своето мислење, додаваат тие.

придвижи дебатата напред од повторното водење на старите битки за тоа дали Брегзит е исправен или не, до дискусија како би требало да изгледа подобрениот иден однос со ЕУ“, нагласи тој. „ЕУ секогаш ќе остане клучен стратешки сојузник“.

The post Мнозинството Британци сметаат дека Обединетото кралство згреши што ја напушти ЕУ appeared first on Република.

]]>

Седум години по референдумот за Брегзит, повеќе од 50 отсто од Британците сметаат дека земјата направила грешка, покажува најновото истражување на јавното мислење, цитирано од ДПА. Истражувањето е спроведено на почетокот на јуни врз репрезентативен примерок од 1.525 возрасни лица, од кои само 34 отсто и натаму сметаат дека Брегзит е вистинската одлука. Резултатите, објавени од Институтот Тони Блер, исто така, покажуваат дека 18 отсто од оние кои гласале за напуштање на ЕУ сега сметаат дека одлуката била погрешна. Речиси 80 отсто сметаат дека Обединетото Кралство во иднина треба да има поблиски односи со ЕУ, при што 43 отсто сакаат Велика Британија повторно да се приклучи на ЕУ, а 13 отсто се за враќање само на единствениот пазар. Нешто повеќе од една петтина од луѓето поддржуваат поблиски односи со ЕУ, но не како членка или дел од единствениот пазар. Авторите на истражувањето, Антон Списак и Христос Цулакис, исто така, предупредуваат дека „се чини дека ставовите на оние кои гласаа на референдумот во 2016 година не се драматично променети. Место тоа, клучен двигател на оваа промена се ставовите на оние испитаници на возраст од 18 до 24 години кои не гласале во 2016 година, но кои во голема мера веруваат дека одлуката за заминување била погрешна“.
Поголемиот дел од промените се чини дека се должат на помладите луѓе кои влегоа во електоратот, место значителен дел од гласачите кои го сменија своето мислење, додаваат тие.
придвижи дебатата напред од повторното водење на старите битки за тоа дали Брегзит е исправен или не, до дискусија како би требало да изгледа подобрениот иден однос со ЕУ“, нагласи тој. „ЕУ секогаш ќе остане клучен стратешки сојузник“.

The post Мнозинството Британци сметаат дека Обединетото кралство згреши што ја напушти ЕУ appeared first on Република.

]]>
Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради изгубеното производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bregzit-ja-chini-velika-britanija-100-milijardi-funti-godishno-poradi-izgubenoto-proizvodstvo/ Tue, 31 Jan 2023 10:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=602926

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ.

Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг по повод утрешната трета годишнина од излезот на Велика Британија од ЕУ.

Како што се наведува, деловните инвестиции се послаби, а недостигот на работна сила е сè поакутен проблем.

Економистите Ана Андраде и Ден Хансон веруваат дека економијата е четири отсто помала отколку што би можела да биде, при што деловните инвестиции значително заостануваат, а недостигот од работници во ЕУ се зголемува.

Дали Велика Британија изврши чин на економско самоповредување кога гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година? Досегашните докази продолжуваат да сугерираат дека е така, изјавија Андраде и Хансон.

Тие исто така додаваат дека главниот заклучок е дека прекинот со единствениот пазар можеби се одразил на британската економија побрзо од очекуваното.

Податоците ги демантираат тврдењата на британскиот премиер Риши Сунак дека Брегзит е „огромна можност“ за Велика Британија што почнува да се остварува, бидејќи прекинот на врските со ЕУ и овозможува на Британија да создаде слободни пристаништа за да ја поттикне трговијата и да ги реформира правилата за финансиски услуги во корист на банките во лондонски Сити.

The post Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради изгубеното производство appeared first on Република.

]]>

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ. Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг по повод утрешната трета годишнина од излезот на Велика Британија од ЕУ. Како што се наведува, деловните инвестиции се послаби, а недостигот на работна сила е сè поакутен проблем. Економистите Ана Андраде и Ден Хансон веруваат дека економијата е четири отсто помала отколку што би можела да биде, при што деловните инвестиции значително заостануваат, а недостигот од работници во ЕУ се зголемува. Дали Велика Британија изврши чин на економско самоповредување кога гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година? Досегашните докази продолжуваат да сугерираат дека е така, изјавија Андраде и Хансон. Тие исто така додаваат дека главниот заклучок е дека прекинот со единствениот пазар можеби се одразил на британската економија побрзо од очекуваното. Податоците ги демантираат тврдењата на британскиот премиер Риши Сунак дека Брегзит е „огромна можност“ за Велика Британија што почнува да се остварува, бидејќи прекинот на врските со ЕУ и овозможува на Британија да создаде слободни пристаништа за да ја поттикне трговијата и да ги реформира правилата за финансиски услуги во корист на банките во лондонски Сити.

The post Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради изгубеното производство appeared first on Република.

]]>
За градоначалникот на Лондон Брегзит не функционира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-gradonachalnikot-na-london-bregzit-ne-funktsionira/ Thu, 12 Jan 2023 13:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=596253

Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска ќе ја повика британската влада да ја признае „огромната штета“ предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија и да признае дека Брегзит не функционира.

По две години негирање и избегнување, сега мораме да се соочиме со тешката вистина: Брегзит не функционира, вели Кан, долгогодишен противник на Брегзит, во говор во кој имале увид некои светски агенции.

Брегзит ја ослабе економијата, го наруши единството и го наруши угледот на земјата, се наведува во говорот и се додава дека штетата од Брегзит не е непоправлива.

Ни треба поголемо усогласување со нашите европски соседи, вели Кан.

Поддршката за Брегзит никогаш не била толку ниска. Според анкетите, помалку од една третина од Британците веруваат дека тоа била правилна одлука.

Кан во текот на денот ќе и се обрати на британската бизнис заедница во лондонскиот финансиски кварт Сити.

The post За градоначалникот на Лондон Брегзит не функционира appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска ќе ја повика британската влада да ја признае „огромната штета“ предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија и да признае дека Брегзит не функционира. По две години негирање и избегнување, сега мораме да се соочиме со тешката вистина: Брегзит не функционира, вели Кан, долгогодишен противник на Брегзит, во говор во кој имале увид некои светски агенции. Брегзит ја ослабе економијата, го наруши единството и го наруши угледот на земјата, се наведува во говорот и се додава дека штетата од Брегзит не е непоправлива. Ни треба поголемо усогласување со нашите европски соседи, вели Кан. Поддршката за Брегзит никогаш не била толку ниска. Според анкетите, помалку од една третина од Британците веруваат дека тоа била правилна одлука. Кан во текот на денот ќе и се обрати на британската бизнис заедница во лондонскиот финансиски кварт Сити.

The post За градоначалникот на Лондон Брегзит не функционира appeared first on Република.

]]>
Британците во шок што мора да чекаат на граница: Велат Французите ги мразат поради Брегзит, затоа им ги контролираат пасошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britancite-vo-shok-shto-mora-da-chekaat-na-granica-velat-francuzite-gi-mrazat-poradi-bregzit-zatoa-im-gi-kontroliraat-pasoshite/ Tue, 26 Jul 2022 16:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=533457

Кога Велика Британија пред една година одлучи дека повеќе не сака да биде членка на Европската Унија, официјален Лондон го претстави договорот за Брегзит како одлука која ќе го подобри квалитетот на животот на обичните Британци. Сепак, напуштањето на ЕУ, кое се уште не е целосно административно завршено, прилично ги погодуваат обичните граѓани.

Имено, веќе неколку денови во евротунелот под Ла Манш владее неопислив хаос. Илјадници британски граѓани и туристи чекаат со часови да ја поминат француската граница и да влезат во ЕУ, чиј член повеќе не се.

Десетици илјади очајни и шокирани луѓе чекаа и до седум часа да поминат низ пристаништето Довер каде што француската полиција проверува дали имаат визи за патување во Унијата.

https://twitter.com/SkyNews/status/1551118767677136897?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1551118767677136897%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3978399%2Fzasto-britanci-toliko-cekaju-na-francuskoj-granici

Француските власти за метежот го обвинуваат недостигот од персонал на контролните пунктови, но британските медиуми тврдат дека целиот хаос го „подмачкал“ шефот на француската гранична полиција, кој важи за голем противник на Брегзит.

Фернанд Гонтие е обвинет дека намерно не стационирал доволно луѓе во Довер кои би помогнале да се олесни преминувањето на Британците.

https://www.youtube.com/watch?v=6SOFONH-4M0&feature=emb_title

Британската влада, наводно, размислува за слични мерки против сопствениците на пасоши на ЕУ кои влегуваат во Обединетото Кралство, но одлуката е одложена додека новиот премиер не ја преземе функцијата.

Поригорозните проверки на британските пасоши по Брегзит предизвикаа просечното време на обработка од страна на француските официјални лица речиси тројно да се зголеми, од околу 25-30 секунди на помеѓу 70 секунди и три минути.

Долгото чекање пред тунелот, во комбинација со хаосот на аеродромите кој со денови владее поради недостигот на персонал, отпуштен за време на пандемијата, го прават одењето на летните одмори вистински „кошмар“ за Британците.

The post Британците во шок што мора да чекаат на граница: Велат Французите ги мразат поради Брегзит, затоа им ги контролираат пасошите appeared first on Република.

]]>

Кога Велика Британија пред една година одлучи дека повеќе не сака да биде членка на Европската Унија, официјален Лондон го претстави договорот за Брегзит како одлука која ќе го подобри квалитетот на животот на обичните Британци. Сепак, напуштањето на ЕУ, кое се уште не е целосно административно завршено, прилично ги погодуваат обичните граѓани. Имено, веќе неколку денови во евротунелот под Ла Манш владее неопислив хаос. Илјадници британски граѓани и туристи чекаат со часови да ја поминат француската граница и да влезат во ЕУ, чиј член повеќе не се. Десетици илјади очајни и шокирани луѓе чекаа и до седум часа да поминат низ пристаништето Довер каде што француската полиција проверува дали имаат визи за патување во Унијата. https://twitter.com/SkyNews/status/1551118767677136897?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1551118767677136897%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3978399%2Fzasto-britanci-toliko-cekaju-na-francuskoj-granici Француските власти за метежот го обвинуваат недостигот од персонал на контролните пунктови, но британските медиуми тврдат дека целиот хаос го „подмачкал“ шефот на француската гранична полиција, кој важи за голем противник на Брегзит. Фернанд Гонтие е обвинет дека намерно не стационирал доволно луѓе во Довер кои би помогнале да се олесни преминувањето на Британците. https://www.youtube.com/watch?v=6SOFONH-4M0&feature=emb_title Британската влада, наводно, размислува за слични мерки против сопствениците на пасоши на ЕУ кои влегуваат во Обединетото Кралство, но одлуката е одложена додека новиот премиер не ја преземе функцијата. Поригорозните проверки на британските пасоши по Брегзит предизвикаа просечното време на обработка од страна на француските официјални лица речиси тројно да се зголеми, од околу 25-30 секунди на помеѓу 70 секунди и три минути. Долгото чекање пред тунелот, во комбинација со хаосот на аеродромите кој со денови владее поради недостигот на персонал, отпуштен за време на пандемијата, го прават одењето на летните одмори вистински „кошмар“ за Британците.

The post Британците во шок што мора да чекаат на граница: Велат Французите ги мразат поради Брегзит, затоа им ги контролираат пасошите appeared first on Република.

]]>
ЕУ му се закани на Лондон поради договорот за Cеверна Ирска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-mu-se-zakani-na-london-poradi-dogovorot-za-ceverna-irska/ Mon, 13 Jun 2022 19:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=514706

ЕУ ѝ се закани на Велика Британија со правна постапка откако владата на Обединетото Кралство претстави нацрт-закон со кој се предлага еднострана промена на трговскиот договор за Cеверна Ирска по Брегзит.

Со значителна загриженост ја забележуваме одлуката на владата на Обединетото Кралство да го воведе нацрт-законот - порача заменик-претседателот на Европската комисија, Марош Шефчович.

Тој истакна дека ЕУ нема повторно да преговара за договорот за Брегзит и дека Брисел сега ќе размисли за продолжување на суспендираната „постапка за прекршување“ против Британија, како и отворање нови правни дела.

The post ЕУ му се закани на Лондон поради договорот за Cеверна Ирска appeared first on Република.

]]>

ЕУ ѝ се закани на Велика Британија со правна постапка откако владата на Обединетото Кралство претстави нацрт-закон со кој се предлага еднострана промена на трговскиот договор за Cеверна Ирска по Брегзит.
Со значителна загриженост ја забележуваме одлуката на владата на Обединетото Кралство да го воведе нацрт-законот - порача заменик-претседателот на Европската комисија, Марош Шефчович.
Тој истакна дека ЕУ нема повторно да преговара за договорот за Брегзит и дека Брисел сега ќе размисли за продолжување на суспендираната „постапка за прекршување“ против Британија, како и отворање нови правни дела.

The post ЕУ му се закани на Лондон поради договорот за Cеверна Ирска appeared first on Република.

]]>
Би-Би-Си: Расправата за функционирањето на Брегзит далеку од завршена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bi-bi-si-raspravata-za-funkcioniranjeto-na-bregzit-daleku-od-zavrshena/ Wed, 18 May 2022 07:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=503659

Сметката за несогласувањата околу трговските аранжмани по Брегзит, може да ја платат компаниите и домаќинствата, па се отвора прашањето, ќе се осмелат ли Европската Унија и Велика Британија да се впуштат во трговска војна, пишуваат британски медиуми.

Претставници на ЕУ во повеќе наврати предупредуваа на „сериозни“ последици, доколку Велика Британија укине дел од северноирскиот протокол.

Во ноември, ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени предупреди дека целиот Договор за трговија и соработка што постои за да се обезбеди трговија без царина и без квоти меѓу ЕУ и Велика Британија, зависи од тоа колку Лондон го почитува протоколот.

Но, во поново време, бидејќи војната во Украина ги зголеми трошоците за живот, Ковени со помирувачки тон зборува дека ЕУ прво сака да бара решение. Истовремено, Ковени предупредува дека секоја еднострана акција на Лондон може да предизвика „многу тешко лето“, наведува Би-Би-Си.

Постои ризик, Унијата да укине дел од, или цел, договор, еднострано, иако не толку бргу, што би ѝ овозможило царинење на британска стока. Во мнозинството случаи, таков чекор бара известување година дена однапред и интервентна арбитражна постапка.

ЕУ може да повлече и други потези, на пример кога британските рибарски бродови влегуваат во водите на ЕУ.

Економисти предупредуваат дека ЕУ може, како во трговски спорови со САД, да цели и на политички чувствителни производи за зголемување царина за да се зголеми нивното влијание. ЕУ, исто така, може да се фокусира на индустрии сместени во делови на североисточна Англија и Мидлендс, што на минатите избори се свртија од лабуристи на конзервативци. Некои од овие подрачја значително се потпираат на извозот во ЕУ.

Кога целата роба произведена во Британија би имала исти царински стапки како да доаѓа од други земји, надвор од ЕУ, земјоделските производи би можеле да бидат погодени со данок од 10 отсто, а млечните дури 35 проценти кога се продаваат во ЕУ.

Сите царини, наметнати на британска стока, би значеле за европските купувачи поголеми сметки и не би му биле благодарни на Брисел, додава Би-Би-Си.

Поради тоа, како и барањата секој одговор да биде „пропорционален“, мнозинство економисти предупредува дека таквата акција мора да биде селективна.

ЕУ би можела да ја зголеми бирократијата и да им го отежне животот на компаниите, што се обидуваат да продаваат на нејзиниот пазар. Моментално, три четвртини од извозниците од британскиот североисток, оценуваат дека формалности по Брегзит, ја прават продажбата во ЕУ попредизвикувачка. Ова го покажуваат податоците на Економската комора, како и дека извозот во однос на 2019 година, паднал за над 10 проценти.

Теоретски, Велика Британија би можела да реагира со воведување сопствена царина. Тоа наметнување на европските произведувачи, дополнително би им го отежнал натпреварот во Велика Британија, а веќе се виде дека продажбата им опаѓа по Брегзит.

Но опцијата, што Велика Британија досега ја избегнуваше, може да значи поголеми трошоци за автомобили од европско производство и повисоки цени на основни намирници, во период кога сите британски домаќинства се веќе на колена под притисок од зголемени сметки.

Речиси пет години по референдумот, расправата за тоа како Брегзит би требало да функционира, е далеку од завршена, заклучува Би-Би-Си.

The post Би-Би-Си: Расправата за функционирањето на Брегзит далеку од завршена appeared first on Република.

]]>

Сметката за несогласувањата околу трговските аранжмани по Брегзит, може да ја платат компаниите и домаќинствата, па се отвора прашањето, ќе се осмелат ли Европската Унија и Велика Британија да се впуштат во трговска војна, пишуваат британски медиуми. Претставници на ЕУ во повеќе наврати предупредуваа на „сериозни“ последици, доколку Велика Британија укине дел од северноирскиот протокол. Во ноември, ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени предупреди дека целиот Договор за трговија и соработка што постои за да се обезбеди трговија без царина и без квоти меѓу ЕУ и Велика Британија, зависи од тоа колку Лондон го почитува протоколот. Но, во поново време, бидејќи војната во Украина ги зголеми трошоците за живот, Ковени со помирувачки тон зборува дека ЕУ прво сака да бара решение. Истовремено, Ковени предупредува дека секоја еднострана акција на Лондон може да предизвика „многу тешко лето“, наведува Би-Би-Си. Постои ризик, Унијата да укине дел од, или цел, договор, еднострано, иако не толку бргу, што би ѝ овозможило царинење на британска стока. Во мнозинството случаи, таков чекор бара известување година дена однапред и интервентна арбитражна постапка. ЕУ може да повлече и други потези, на пример кога британските рибарски бродови влегуваат во водите на ЕУ. Економисти предупредуваат дека ЕУ може, како во трговски спорови со САД, да цели и на политички чувствителни производи за зголемување царина за да се зголеми нивното влијание. ЕУ, исто така, може да се фокусира на индустрии сместени во делови на североисточна Англија и Мидлендс, што на минатите избори се свртија од лабуристи на конзервативци. Некои од овие подрачја значително се потпираат на извозот во ЕУ. Кога целата роба произведена во Британија би имала исти царински стапки како да доаѓа од други земји, надвор од ЕУ, земјоделските производи би можеле да бидат погодени со данок од 10 отсто, а млечните дури 35 проценти кога се продаваат во ЕУ. Сите царини, наметнати на британска стока, би значеле за европските купувачи поголеми сметки и не би му биле благодарни на Брисел, додава Би-Би-Си. Поради тоа, како и барањата секој одговор да биде „пропорционален“, мнозинство економисти предупредува дека таквата акција мора да биде селективна. ЕУ би можела да ја зголеми бирократијата и да им го отежне животот на компаниите, што се обидуваат да продаваат на нејзиниот пазар. Моментално, три четвртини од извозниците од британскиот североисток, оценуваат дека формалности по Брегзит, ја прават продажбата во ЕУ попредизвикувачка. Ова го покажуваат податоците на Економската комора, како и дека извозот во однос на 2019 година, паднал за над 10 проценти. Теоретски, Велика Британија би можела да реагира со воведување сопствена царина. Тоа наметнување на европските произведувачи, дополнително би им го отежнал натпреварот во Велика Британија, а веќе се виде дека продажбата им опаѓа по Брегзит. Но опцијата, што Велика Британија досега ја избегнуваше, може да значи поголеми трошоци за автомобили од европско производство и повисоки цени на основни намирници, во период кога сите британски домаќинства се веќе на колена под притисок од зголемени сметки. Речиси пет години по референдумот, расправата за тоа како Брегзит би требало да функционира, е далеку од завршена, заклучува Би-Би-Си.

The post Би-Би-Си: Расправата за функционирањето на Брегзит далеку од завршена appeared first on Република.

]]>